Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Руша Делчева - Чопова

Руша Делчева е родена во Кукуш во 1868 година. Таа е најстарата сестра на Гоце Делчев и прва жена – револуционерка, која рамо до рамо со другите патриоти зела учество во борбите за ослободување на својата татковина Македонија. Извесно време била советник во кукушкото раководно тело на Организацијата и курир.

Во 1909 година со педесетина кукушани, учествувала во соборувањето на детронизираниот султан Абдул Хамид. Во 1912 год. По изгонувањето на османлиските власти од Кукуш, како доброволка дејствувала на чело на чета на Македонско-одринското ополчение. По палењето на Кукуш во Втората балканска војна, емигрира во Бугарија.

Умира на 9 јуни 1945 година во Софија.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik