Роден е на 16 мај 1879 година во с.Голешево, Мелничко. Се школувал во Серското педагошко училиште до 1898 година. До 1900 година учителствувал во Серско, потоа се оддава на револуционерна дејност и дејствувал како секретар на Демирхисарската чета. Во 1901 гдина преминал во четаа на Ј.Сандански, со која учествувал во Илинденското востание во 1903 година.
После Востанието е постојан член на Серскиот револуционерен комитет. Од 1905 година е околиски војвода во Серско и учесник на Рилскиот конгрес како делегат од Струмичкиот револуционерен округ.
По Младотурската револуција учествува во детронирањето на султанот. Еден е од основачите на Народната федеративна партија. Во март 1912 година заедно со А.Бујанове избран за пратеник во Османлискиот парламент.
Во Првата светска војна бил окружен управник во Струмица, а од 1920 година е адвокат во Петрич.
Како санданист бил убиен на 27 септември 1924 година во с,Поровник, Пиринско, од егзекутор на ВМРО. |