Роден е во 1871 година во Прилеп. По професија е учител. Еден е од најпознатите терористи на Организацијата, човек што ги извршувал нејзините специјални наредби во врска со извршувањето на смртните казни врз предавниците, отпадниците и крвниците на македонскиот народ.
Во 1896 година во битолскиот затвор, заедно со Ј.Гавазов и Д.Штипјанчето го прободуваат со ками Мицко Крстев за непристојно однесување, по што тој минува во услуга на српската пропаганда во Македонија.
Загинал при извршувањето на смртната казна што ја изрекла Организацијата врз отпадникот Тоде П.Антов во Прилеп, во борба со турската полиција на 6 јануари 1899 година. |