Роден е во с.Врања, Мелничко, на 1 февруари 1876 година. Син на учител, и самиот, откако го завршил Серското педагошко училиште во 1901 година, неколку години бил учител во с.Шугово.
Станува чтник кај Ј.Сандански и близок соработник на Гоце Делчев, кај кого четникува во 1902 година. Учествува во борбата кај с.Баница, Серско на 4 мај 1903 година, во која загинува Гоце Делчев. По востанието е член на Серскиот окружен комитет и серски војвода. Бил голем противник на врховизмот и соидејник на Ј.Сандански.
Во 1908 година учествува во Младотурската револуција и станува член на Народната федеративна партија. Во 1910 година е избран за член на Централното раководство на НФП.
Учествува во Балканските и во Првата светска војна. Во 1912 година, по ослободувањето на Сер, е назначен за кмет.
По војните станува член на Привременото претставништво на ВМРО.
Бил убиен од неговите противници при операција на слепо црево на 7 јули 1923 година во Софија. |