Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Тодор Поп Антов

Роден е на 28 февруари 1875 година во с.Ваташа, Тиквешко. Основно училиште завршува во родното село, а потоа учи во Солунската егзархиска гимназија. Уште како ученик станува член на ВМОРО во 1894 година. Од 1895 година учителствува во Прилеп каде е избран за член и благајник на Околискиот и Градскиот комитет на ВМОРО. Во 1899 година, на барање на ЦК на ВМОРО е назначен за главен учител во Крива Паланка, а од 1900-1902 година за главен учител во Пехчево, каде ја раковои борбата против врховистичките чети. Во ноември-декември 1902 година е уапсен и затворен во Куршумли ан во Скопје, а во февруари 1903 година го протеруваат во Пехчево.

Од 1904 до 1906 учителствува во Мелник, и е избран за член на околиското аководство на ВМОРО. На Рилскиот конгрес на ВМОРО во 1905 година, учествува како делегат од Серскиот револуционерен окружен комитет, и заедно со Д.Груев, П.Тошев и Х.Силјанов е избран за член на ЦК на ВМОРО.

Во јули 1906 година е уапсен и обвинет за револуционерна дејност, но на судскиот процес во декември 1906  година ослободен. Во почетокот на 1907 година учителствувас во Скопје и е член на Скопскиот окружен револуционерен комитет. Кон крајот на годината, поради револуционерни активности е отпушптен од Егзархијата и тој емигрира во Бугарија.

По Уриетот 1908 година се враќа во Македонија и во 1908-1909 година учителствува во Мелник, а во 1909-1910 година во Мустафалаша, Свиленград. Во 1910 година, заедно со сопругата Поликсена Мосинова од Охрид заминува за Женева каде студира хемија.

Заедно со сопругата учествуваат како доброволци во Балканските војни. Од 191-1915 година учителствува во Ксанти. За време на Првата светска војна е Окружен управник во Кавадарци.

Умира на 29 екември 1954 година во Пловдив.  

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik