Бугарин по потекло, роден во Ловеч, Бугарија на 2 мај 1863 година. По дипломирањето на медицина. учествува како доброволец во српско-бугарската војна.во 1885 година. Завршува и Воено училиште во Софија, каде е соученик на Г.Делчев и Б.Сарафов.
Во летото на 1895 година влегува во Македонија со чети, испратени од Врховниот комитет и учествува во Мелничкото востание. Во 1899 година, заеднио со Б.Сарафов, А.Бузуков, С.Ковачев и Х.Саракинов е избран во раководството на ВМОК. Повторно е реизбран во 1900 година, како потпретседател на ВМОК.
Разочаран од идејните меѓусебни борби меѓу македонско-одринските дејци, во септември 1902 година заминува со чета за Македонија. Г.Делчев го назначува како војвода на Ревизиона чета во Битолско, Охридско и Демирхисарско, за воена подготовка на војводите и четниците.
На 14 март 1903 година Давидов добива соопштение дека војводата Д.Димитров е опсаден кај с.Арбиново. На 15 март Давидов пристигнува со 80 души, но војводата Д.Димитров извлекол и заминал. Под с.Оздолени четата наидува на башибузук и започнала борба во која Т.Давидов е смртно погоден. |