Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Трајко (Цветков) Китанчев

Роден е на 1 септември 1858 година во с. Подмочани, Ресенско. Учел во Ресен, во Цариград, во Киевската Духовна семинарија и една година правни науки на Московскиот универзитет од 1879-1880 година. Во 1881-1882 година станал учител во Петропавловската семинарија, а потоа во Солун и во други градови. Учествува во Српско-бугарската војна во 1885 година како доброволец. После тоа бил и училишен инспектор во Велико Трново.

Во 1892 година е осуден на три години затвор под обвинение дека учествувал во обидот за убиство на Стамболов. Ослободен е на 20 мај 1894 година по што активно се вклучува во политичкиот живот. На 19 септември е избран за пратеник од Трново како кандидат на Демократската партија во Собранието на Бугарија.

Во март 1895 година е избран за претседател на првиот конгрес на македонските друштва во Бугарија.

Трајко Китанчев бил познат и како публицист на многу статии.

Касно ја осетил подмолната игра на кнезот Фердинанд и владата, по неуспехот на Четничката акција, при што умира од инфаркт на 1 август 1895 година, во Софија.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik