Роден е во 1874/75 година во с. Брник, Битолско Мариово.
Уште пред Илинденското востание активно се вклучил во дејноста на ВМОРО.
За време на Илинденското востание учествувал како четник во четата на познатиот прилепски војвода Крсто Гермов и кај И.Кафеџијата.
Во 1904 година станал реонски војвода и самостоен водач на чета. Учествувал во борбите против турскиот аскер и грчките андартски чети што го тероризирале Мариово. Грчкиот андарт и ренегат П.Сугарев со својата чета му го убиваат целото семејство – татко му, браќата и сестрите, вкупно 10 души.
По Младотурската револуција, заедно со Г.Касапчето и А.Стефанов ја возобновуваат револуционерната дејност во Битолско. Од 1910 година дејствува во Горноџумајско со Д.Златков.
Загинал во борба со турскиот аскер во 1911 година кај с. Симитли, Горноџумајско. |