|
Роден е во с.Сухо (денес Сохос), Солунско во 1889 година. Се школувал во Военото училиште во Софија, но се откажал и станал четник на ВМОРО, влегувајќи во четата на Х.Цветков.
Како четник и војвода учествувал во повеќе борби против турскиот аскер. Во епската борба на Ножот во Прилепско, кај планината Бабуна, Трендафил загинал со јуначка смрт, заедно со 54 македонски четници – бесмртници, на 15 јули 1907 година. |