Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Васил Чакаларов

Роден е во 1874 година во с.Смрдеш, Костурско. Голем организатор на национално – ослободителната борба на македонскиот народ во Костурско. После убиството на Костурскиот војвода Кузма Стефов и на Лазар Москов во 1902 година, го презема раководството на Костурскиот реон. Учествувал на Смилевскиот конгрес, заедно со војводата Пандо Кљашев, како претставници на Костурскиот реон. На конгресот Чакаларов бил задолжен да ги води протоколите.

За време на Илинденското востание бил главен раководител на востанието во Костурско. Раководел и учествувал директно при ослободувањето на Клисура и Невеска и во борбите кај с.Вишени, Костурско. По Востанието со чета се движел во Костурско, се борел против андартите и против грчката пропаганда.

Во Првата балканска војна со чета дејствувал во заднината на османлиските сили.

Загинал за време на Втората балканска војна на 6 јули 1913 година, во месноста „Лакото“ на планината Вич, во борба против грчката војска.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik