Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Васил Пасков

Роден е на 3 јануари 1872 година во с.Осиково, Неврокопско. Основното образование го завршува во Неврокоп. Во 1893 година завршува во Солунската машка гимназија, а во 1898 година историја на Софискиот универзитет.

На 1 септември 1899 година станал учител во егзархиската гимназија во Битола, каде предавал општа историја, црковна истиорија логика и психологија. Таму се приклучува кон ВМОРО и бил избран за член на Битоласкиот окружен револуционерен комитет. Учествувал во уредувањето на весникот „На оружје“.

Како осомничен од властите бил протеран од Битола и станал главен учител во егзархиското училиште во Ново Село, Штипско. Во август 1900 година како резултат на Попставревата афера бил уапсен и осуден на 12 години затвиор. Лежел во Куршумли ан во Скопје, но во 1902 година бил амнестиран и се преселил во Неврокоп.

Испратен од Централниот комитет, заминал за Одринско. Бил делегат на конгрењсотр на Петрова нива и бил избран за  негов претседател.

По Илинденското востание отишол во Софија и од 1904 година уредник на в. „Револуционерен лист“. Од ноември 1907 година заедно со П.Јаворов и П.Пенчев уредник во в. „Илинден“.

Умира на 9 септември 1934 година во Велинград.


<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik