Македонија Швајцарија на Балканот | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
По поделбата на Римската империја кон крајот на IV век по Христа, Источното царство, подоцна познато под името Византија, го присоединува кон себе скоро целиот Балкански полуостров. Грчката народност постепено добива надмоќ во тоа царство, но тоа сепак не е Грција. Неколку века Балканот се наоѓа под византиска власт. Во тоа време Полуостровот веќе е поплавен од словенските племиња што доаѓаат преку Дунав. Кон крајот на шестиот век Бугарите го поминуваат Дунав и по многу борби се населуваат во североисточниот дел на Балканскиот полуостров. Тие влегуваат во постојан контакт со Византија - држава составена од различни народности, којашто зафаќала делови од европскиот континент. Официјалниот јазик во оваа држава беше грчкиот, но народот во неа се наречуваше Романи (Ромеи), а не Грци, бидејќи бројот на грчкото население беше незначителен, а и самата држава беше еден вид продолжување на римското царство. Во седмиот век се формира бугарската држава и наскоро се појавува како конкурент на Византија за примат на Балканот. Македонија со векови била во бугарски раце, а во некои случаи бугарската војска стигнува дури до околината на Атина. Србите излегуваат на историската сцена многу подоцна. Кај западните граници на Бугарија, тие влегуваат во судир со неа, а кога Византија ослабнала, се судруваат, за кратко време, и со неа. Во Македонија српската држава се појавува сосем за кратко време - некогаш за десет, другпат за дваесет или триесет години, во XIV век по Христа, во предвечерјето на турската инвазија. Турците владееја со Македонија од крајот на XIV век до 1912 година, т.е. цели пет векови. Во своите меѓусебни спорови балканските држави изнесуваат, секоја поодделно, историски аргументи за оправдување на сопствените аспирации кон Македонија. Овие аргументи се сувопарни, безживотни, од гледна точка на современиот живот и современите потреби. Денес постојат многу посуштински потреби кои би имале неспоредливо поголема тежина, кога би биле мерени аргументите за едно или за друго разрешување на македонското прашање. Но бидејќи од некои земји, особено од српска страна, им се дава тежина на историските спомени, нормално е да не го занемариме потлолно и ова прашање. Самата вистина, притоа, се наоѓа во следниве кратки констатации: Најслаба историска основа за претензии кон Македонија имаат Србите. Ако се тргнува од вакви основи, дури и Турците имаат право да ја сакаат Македонија во границите на својата држава, бидејќи тие владееле со неа цели пет векови, а таа значи петнаесет пати повеќе од Србите, кои во Македонија престојувале само во одделни области. Турците владееја со цела Македонија и притоа во неа имаа половина милион свои сонародници, без да се земат во предвид сто и педесетте илјади Албанци-муслимани и стотината илјади исламизирани Бугари, како и другите жители-муслимани. И покрај тоа што турското население, во своето мнозинство, веќе се иселило во Турција, сепак во некои македонски околии се уште живеат поголеми групи турско население. Од национална и од историска гледна точка Србија не може да има претензии кон Македонија. Во таа смисла правата иа другите се очигледни и големи; пред нив беспомошен застанува секој шовинистички сентиментализам. како оној на белградската пропагаидна централа, којашто доста придонесе за вештачкото усложнување на балканската политичка ситуација. Откако виде дека преку сплетки и среќа ногата и стапна во Македонија, српската интелигенција си сугерира дека може да ги среди работите на целиот простор од Алпите, па се до Црното Море. Таа стана нескротлива во своите политички лудости, нарушувајќи им го спокојството на балканските народи. Своите заблуди таа ги прогласи за свети максими, а нејзината пропаганда настојува целосно да ги избрише фактате, кои самите претставуваат свети вистини. Претензиите на Србија кои Македонија имаат потполно освојувачки карактер. Но Србија водела три војни за таа земја од 1912 година наваму, велат српските адвокати. За освојување на туѓа земја некој може да води и триесет војни. Всушност три или четири војни воделе за Македонија од 1912 година наваму, исто така, Грција и Бугарија; но тие тоа го правеле со спокојна совест, бидејќи се бореле за ослободување на своите браќа - Грците за своите браќа по македонското крајбрежје, а Бугарите за своите браќа што живеат низ цела Македонија. Србите немаа кого да ослободуваат во Македонија. Во најново време од српска страна се истакнати пред светската јавност аргументи од економска природа. Таквите аргументи се појавија бидејќи надежите на Србија за одземање на Босна и Херцеговина од австро-унгарска власт, станаа минимални. Имено затоа, српската државна политика решава да притиска кон Солун, очекувајќи го скорешното распаѓање на Турција, Голема пропаганда развива Белград, а уште поголема е активноста на српската дипломатија, чија цел е да придобие влијателни влади, а исто така, и општественото мнение за задоволување на српските претензии кон Македонија, поради божемните економски побуди. Стопанските потреби ја принудиле Србија да гледа на југ - кон Македонија. Но затоа, во таков случај, уште пред да ги распореди своите органи на власта во таа земја, таа го одрече националното име на месните Бугари? Зошто веднаш ни ги одзеде црквите и ни ги затвори училиштата? И зошто, подоцна, по 1918 година, кога еден нов неочекуван среќен случај ги стави под нејзина власт земјите од бившата австро-унгарска монархија, побрза со денационализаторските мерки против Хрватите и против другите националности? И овојпат ли поради економски побуди? Откако стапија во Македонија, српските власти веднаш започнаа со прогонувања на месната бугарска интелигенција заедно со учителите, свештениците и владиците, прибегнуаајќи до апсења, заплашувања и убиства. Воведоа режим којшто го принуди населението, уште во првите седмици по победата над Турција, да мечтае за враќањето на турската аласт. Овие мерки поради какви економски побуди беа применувани? Во текот на само дваесет години, двапати посакаа да им го променат вековното бугарско име на Македонските Словени, и тоа секогаш во придружба на нечуен терор, еднаш ги нарекоа Срби, а потоа - Југословени. Својот животен простор Србија не треба да го бара во македонската земја, бидејќи таа е за самата Македонија нејзин единствен животен простор; Македонија не е африканска земја, та да биде третирана како нечија колонија. Српската држава имаше 47 илјади квадратни километри, а за да излезе на солунското пристаниште сака да ја завладее Македонија, која има 65 илјади квадратни километри и е населена со несрпско население. Тоа дека неа не ја интересираат економските побуди, јасно се гледа од фактот дека таа најостро се спротивставува на идејата за автономна или независна Македонија. Стопанските и трговските потреби на Србија можат да бидат задоволени во голема мера преку солунското пристаниште, ако Јадранското Море, до коешто таа етнографски е поблизу, стане недостапно за неа; тоа може да стане само ако Македонија е независна, но преку добрососедски односи и договори. За да може читателот да добие појасна претстава, до каква мера се неоправдани српските претензии врз Македонија, ќе се послужиме со некои споредби. Нека да си замислиме дека Чехија (Чешка) ќе прогласи оти има насушна потреба од Трст и дека ќе се обиде да го завладее, поминувајќи низ целата територија помеѓу Виена и Пасау. На тој начин таа би покорила, околу 3-4 милиони германско и извесен број италијанско и словенечко население. Притоа, Чехија (Чешка) би требало да го прогласи тоа население за чешко по националност. Оваа акција би била идентична со акцијата на Србите во Македонија. Чешките национални граиици се приближно толку далеку од водите на Јадранското Море, колку што се српските од Егејското Море. Друг пример: Унгарија ги сака Трст и Сплит, но за да ја постигне својата цел ги покорува Кроација (Храатска) и Словенија со 6-7 милиони словенско население, прогласувајќи го тоа население за унгарско. И таа е толку оддалечена од Јадранот, колку што е вистинската Србија од Солун. Трет пример: Швајцарија си сугерира дека и е неопходно пристаништето во Џенова. За да ја постигне таа своја цел, таа треба да се обиде да ги завладее италијанските области на некогашниот Пиемонт со градовите Милано и Торино, т.е. една тери.торија поголема од самата Швајцарија, како што и Македонија е поголема од Србија. Притоа, Швајцарија да се зафати да ги претвара насила тамошните Италијанци во некаква друга народност. Во својот стремеж кон југ, српската државна лолитика сретна отпор не само од страна нз македонското население, кое во своето мнозинство е бугарско, но и од страна на грчката политика. *** Историски претензии, поголеми од српските, пројавуваат и Грците, заради некогашното владеење на Византија над македонските области. На овие претензии можат да се спротивстават следниве аргументи: денешна Грција не може целосно да се поистоветува со Византија, како што, на пример, Австро-унгарската империја не може да се изедначува по секоја цена само со една од нациите, коишто влегувале во неа; грчкиот јазик и грчките обичаи преовладуваа во Византија, како што, општо земено, германскиот јазик и тон преовладуваа во Австро-Унгарија. Освен тоа, грчко население не живее во Македонија, со исклучок на приморските градови. И уште нешто - Византија владееше со простор, којшто опираше до Унгарија, Јадранско Море, Кавказ и Крим; денешните Грци би требало да претендираат за сите овие земји. Ако се постапува вака, Бугарија треба, од своја страна, да ги побара земјите на просторот од Будимпешта до Цариград, Атина и Јадранското Море, бидејќи нејзините граници опирале до споменатите места. Турците, пах, треба да ги преместат своите граници до Виена, бидејќи на два пати стигнуваа до неа. Ако се тргне од историските спомени, под власта на Рим треба да биде ставена скоро цела Европа, заедно со Англија, како и цела Северна Африка и Блискиот Исток, бидејќи во далечното минато тие со векови биле под власта на римското царство. Тоа се, секако, наивни и смешни претензии. Меѓутоа, со нив некои земји прават сериозна политика, а Грците до ден-денес продолжуваат да даваат на разни духовни лица титули, коишто напомнуваат за некогашното византиско државно и црковно владеење со земјите до долниот тек на реката Дунав. Повеќе од јасно е, дека на историски претензии најповеќе можат да се повикуваат Турците и Бугарите, затоа што и едните и другите долго владееле со Македонија и имале, а и денес имаат таму свое население. Во помал обем можат да претендираат Грците, бидејќи автохтоното грчко население во Македонија не било многубројно, и во неа никогаш немало грчка државна власт, туку византиска. Српските историски претензии, пак, се најслаби и не можат да се споредуваат со бугарските и турските, па дури ни со грчките. Грчките аспирации кон Македонија, макар само врз нејзиниот јужен дел, доскоро имаа сосем слаба национална опора. Веќе наведовме дека од времето на Византија, па се до пред дваесет и пет години, бројот на грчкото население беше петпати помал од оној на македонските Бугари; во целата земја нивниот број никогаш не бил поголем од десет-единаесет проценти. Грчката теза беше дека сите што се православни, се Грци. Не само целата бугарска нација туку и останатите христијански народи на Балканот беа прогласени за Елини што зборуваат на други јазици. По оваа логика требаше и сите Руси, дури до Сибир, да бидат прогласени за Грци. Тоа е исто како да се прогласат сите католици низ целиот свет за Италијанци, бидејќи првобитниот католички центар се создаде во Италија, како што првиот центар на православието бил во рацете на грчкиот клир околу Цариградската патријаршија. Правени се обиди од некои Грци да се претстави бројот на бугарското население на начин што и одговара на големо-грчката теза. Но тие обиди се разбивани од фактите, регистрирани и од самата турска власт во текот на темните векови на нејзиното владеење. Во текот на тие пет векови Турција, во ниту еден момент, не била заинтересирана да ја поддржува бугарската национална кауза на штета на Грците, туку принципот бил спротивен - преку дадените од султанот, уште при паѓањето на Цариград, привилегии на грчката патријаршија, грчкото духовенство векови наред непречено работело за денационализација на бугарскиот народ, Власите, Албанците и др. И сепак, Турците петстотини години наред чесно го означувале во своите архиви словенското население во Маквдонија како бугарско. Најверојатно и до ден-денес во Турција се зачувани многу од тие архиви. Нема сомнение дека турското сведоштво во врска со националноста на македонското население треба од секој добронамерник да биде прифатено како најобјективно. Во најново време од грчка страна се оперира со бројот на доведените од Мала Азија и населени во Македонија Грци, караманлии, Ерменци и лази. Меѓутоа, се ислушта од предвид фактот дека голем број Бугари биле принудени од грчкиот режим да ја налуштат Македонија, и дека нивната желба да се вратат во татковината никогаш не угаснала. Мораме да истакнеме дека во грчките влади до денес постои намера за прогонување на целокупното бугарско население од Јужна Македонија. Скоро без прекин се приложуваат во секојдневниот живот најразлични методи за прогонување на бугарите, а мислата за нивното потполно искоренување од родните им места во последно време како да станува опсесија за грчките власти. Таа своја мисла тие самите ја именуваат "размена на населенијата". Всушност не станува збор за размена, бидејќи за евентуално прогонетите Бугари, кои би дошле во Бугарија, последнава нема на своја територија грчко население за да го испрати во Грција. Но и да би имала, ваквиот начин на "разрешување" на македонското прашање би бил најнесреќен; само ќе ги изостри уште повеќе непријателствата и страстите; сите причини за недоразбирањата околу Македонија, а и претензиите на соседите кон неа, ќе останат. Со ваквото решение ќе се прогласи за виновен оној што страда, обесправениот. Бугарското население под грчка власт е изложено на страшни страдања. Би требало да се преземат мерки за враќање на неговите права. Требаше грчката држава да го приложи во практиката договорот за заштита на малцинствата, а големите сили да се заинтересираат дали тој навистина се применува. Наместо да одговараат за својата докажана виновност, грчките влади заговараат искоренување на Бугарите од родните им огништа .. Им изгледа погодно, новиот поредок во светот, очекуван со толку надежи, да започне со истата бесправност што тие ја озакониле во својата држава. Не треба да се иселуваат месните жители, населени во Македонија пред петнаесет векови, туку обратно - прогонетите од родните им огништа Македонци, треба да се вратат во своите родни места. Да се потсетиме на зборовите на претседателот Вилсон: "Народите и областите не треба повеќе да бидат разменувани помеѓу одделните влади како обични движни предмети, или како предмети за размена во некоја игра. Во оваа војна не треба да биде вршено никакво територијално преуредување коешто не им одговара на интересите и потребите на заинтересираните населенија и коешто би било само обична клаузула за договарања и компромиси меѓу амбициите на државите што си соперничат. Секоја националност треба да ги види остварени своите стремежи во возможни рамки и на начин кој ќе овозможи да се отстранат сите стари и нови причини за разногласие и антагонизам од што, во иднина, би произлегле нови опасности за мирот во Европа"[6]. Присвоената од Грција македонска територија веќе е прогласена како неопходна за неа житница, макар што пред да ја заземе таа земја, стара Грција живееше цели сто години без нејзиното жито. Грција има потреба и од многу други прехранбени артикли коишто и ден-денес увезува од соседните држави: увезува и од Bугарија, на приmер, многу добиток. Ако проблемот се разгледува од гледна точка на една независна Македонија, тогаш прашањето за оваа нова грчка житница не може воопшто да се разгледува. Доколку, пак, грчкото население остане во Македонија, тоа ќе се исхранува од македонската земја и за него повеќе нема да се грижи грчката држава. Што се однесува до Стара Грција, таа и натаму ќе успева да се исхрани со помош на својата трговија, така како што било секогаш во минатото. Самиот Елефтерос Венизелос, најпознатиот Грк во ново време и голем државник, jавно ја убедуваше грчката нација во 1912 година дeка повеќето македонски земји, вклучувајќи ги тука Драма, Кавала, Серес со неговото плодородно поле, pа се до Солун, треба да и припаднат на Бугарија. Уште поостварливо е од гледна точка на балканскиот мир па и поради ред други причини, овие подрачја да претставуваат дел од идната независна македонска држава. *** По своја волја или не, во најново време некои албански кругови отпечатија карти и објавија статии, во кои границите на Албанија се проектираат до реката Вардар, т.е. ја опфаќаат скоро половината од македонската територија. Се разбира, дека таквите претензии се повеќе од смешни. Но овие претензiи, исто така, можат да го дадат својот придонес кон балкаnските недоразбирања. Во Западна Македонија има албанско население. Тоа никогаш нe било негирано од страна на Македонските Бугари, за разлика од Србите и Грците, кои секогаш сакале да го потиснат. Тоа население живее во близина на денешната албанска државна граница; тоа е далеку од центарот на Македонија, на каде што сpоменатите пропагандни карти и статии ја насочуваат Албанија. Во цела Западна Македонија апсолутно преовладува бугарското население. Областите во коишто живеат македонските Албанци, економски и географски и припаѓаат на Македонија; повеќето од ние се одделени од Албанија со високи планини, како што, на пример, Пиринеите ја одделиле Франција од Шпанија. Некои истакнати Албанци со право истакнуваат, дека тие области како неотуѓива македонска територија, при евентуалната независна Македонија можат да се вклучат во одделни кантони, со сите национални права и слободи, какви што се предвидуваат за целата земја. Никогаш од бугарска страна не е негиран националниот идентитет на Албанците и Грците во Македонија. Оваа околност е од посебно значење за секој кој сака темелно да ги проучува односите на Балканот, имајќи ја предвид и нивната морална страна. *** Претензиите на Бугарија, засновани врз националниот принцип, се потполно разбирливи. Ако Грција и Албанија мислат дека имаат право да претендираат за мали делови од македонската земја, во кои живеат нивни сонародници, поради истите причини Бугарија претендира за скоро цела Македонија. Но од Белград и од Атина се изнесува еден чуден доказ, а имено, дека во Македонија нема Бугари. Бидејќи тоа негирање на бугарската народност има големо значење за политичките односи на балканот, а посебно за македонското прашање, се наложува да укажеме на тоа каква е вистииата. Токму затоа што Словените во Македонија се Бугари, од грчка и од српска страна таму е воведен познатиот терор и се присутни жестоки судири. Имено, во тие борби македонскиот Словен ја покажува на највидлив начин својата бугарска припадност. Зошто населението во околината на Атина и Белград, коешто е грчко односно српско, не се бори, не протестира, а тоа се случува токму во Македонија? Горенаведената белградска и атинска теза всушност претставува извор на најстари конфликти на Балканот. Затоа, иако не сосем детално, но сепак поопширно ќе се задржиме врз прашањето - дали се Бугари македонските Словени? Безброј сведоштва има, пред сe, во грчки и во српски извори, дека тие Словени се Бугари. Србите сопреа да ги означуваат како Бугари во своите периодични изданија и во научиите си трудови одвај од 50-60 години наваму, откако нивната државна политика, обесхрабрена во северна насока - против Австро-Унгарија, се насочи кон југ. Ние би можеле да му презентираме на читателот цел том со српски докази за бугарскиот карактер на Македонија. Грците, пак, секојдневно испаѓаат во необична и донекаде смешна противречност. Нивната официјална пропаганда одречува дека во Македонија има Бугари. Во исто време секојдневно слушаме или читаме во грчки весници како грчки државници (а да не зборуваме за грчките народни маси) - зборуваат протав Бугарите во Македонија. Секогаш кога некој Грк сака да го покаже својот лош однос кон македонските Словени, тој ги означува со нивното вистинско име Бугари. А кога сакаат да ја доведат во заблуда странската јавност, тогаш велат дека во Македонија нема Бугари. Целокупната историја на бугарската нација е реконструирана од бугарски историчари и од странски автори врз основа на сведоштва што ни ги оставиле древните грчки писатели, како и врз основа на документи зачувани во Ватикан, Венеција, Виена и на други места. Никогаш, се разбира, на грчките средновековни автори не им паѓало на ум да го негираат бугарското име иа заселените во Македонија Словени. Тие, како и самиот грчки народ, до таква мера ги сметаат за Бугари што на византискиот император Василиј II му ја прилепија титулата "Бугароубиец", откако тој го победил во 1014 година бугарскиот цар Самоил кој царувал во Македонија. Заробените од Василиј II петнаесет илјади бугарски војници беа ослепени, при што на секои сто души бил оставен по еден војник со едно око за да биде одведена ослепената војска кај нејзиниот цар во Охрид, кој цели четириесет години неуморно војуваше против Византија, опрен, пред сe, врз преданоста на македонските Бугари. Бранителите на српско-грчката теза во странство понекогаш велат, дека македонските Словени не биле ниту Бугари, ниту Срби. Но тие не ни објаснуваат зошто во текот на петвековното ропство тие Словени се декларирале само како Бугари. Кога во XIV век српскиот крал Душан зазеде некои области во Македонија, веднаш ги додаде кон својата титула и зборовите "цар бугарски“, а тоа значи дека тој македонските Словени ги сметал за Бугари. Доаѓајќи во Македонија во 1912 година, српската власт затвори 761 бугарска црква и 641 училиште, а грчката - 378 цркви и 340 училишта; како едните така и другите ги изгонија бугарските учители и бугарското духовенство. Од српска страна неуморно се пишува за неупатената јавност дека Бугарската егзархија вршела пролаганда, ги бугаризирала Словените во Македонија и ги создавала горенаведените цркви и училишта. Ако е така, тоа 6и значело колата да се впрегне пред воловите; затоа што пред уште да има бугарска држава и Бугарска егзархија, а имено уште во 1830 година се подигна масовно бугарско народно движење за автокефална црква и за самостојна просвета. Тоа е најголемото движење на Бугарите од турската инвазија на Балканот наваму. Станува збор за бугарската преродба којашто најенергично беше започната имено од македонските Бугари. Таа се овенча во 1870 година со создавањето, со декрет на турскиот султан, на Бугарската егзархија, како врховен орган на новопрогласената Бугарска национална црква. Во тоа време, да повториме, целата бугарска нација се наоѓаше под турска власт, така што никој не би можел да тврди дека пропагандата на се уште непостоечката бугарска држава одиграла тука некаква улога. Со сопствени сили и средства, по своја волја и самосвест бугарската нација се бореше и победи. Токму тогаш се спроведе и најзначајниот референдум, на кој бугарската нација самата покажа, иако сеуште беше под турска власт, до каде се простираат нејзините етнографски граници. Цела Македонија влегуваше во тие граници, како и скоро целиот регион околу реката Морава, со центар градот Ниш, којшто и беше подарен на Србија во 1878 година од страна на рускиот император. Архивите на сите дипломатски канцеларии во светот, особено за периодот до 1912 година, се полни со документи за Бугари во Македонија. По таа година освојувачите на Македонија, српските и грчките власти, започнуваат да ги афирмираат пред општествената јавност своите официјални тези. Македонската ослободителна борба, меѓутоа, и натаму продолжува да сведочи во корист на македонската бугарштина. Сите енциклопедии до 1912 година, исто така сведочат дека во Македонија живеат Бугари. По таа година, од политички побуди, во некои податливи печатени изданија проникнуваат сомнежи во врска со вистинскиот лик на македонските Словени. Научниците од различни земји, кои се запознаени со Македонија, турската власт и сите други објективни посматрачи ги сметаат македонските Словени за Бугари и тоа не само заради литературниот бугарски јазик, којшто тие со право го вовеле во своите училишта, туку врз основа на сите други карактеристики, според кои се определува каква е соодветната националност. Векови наред во Македонија не постоеја училишта и тоа не само за Бугарите туку и за друтите народности, вклучувајќи ги тука и Турците. Месните дијалекти на македонските Словени, со право, се сметани од сите за бугарски јазик. Секоја нација се служи со заеднички литературен јазик, но во секоја нација се среќаваат и одделни дијалекти. Што се однесува до бугарските дијалекти во Македонија, кај нив не се забележуваат такви разлики од останатите бугарски дијалекти, какви што, на пример, постојат во дијалектите на германската, италијанската и ред други нации. Говорот на швајцарските Германци, по се изгледа, е најнеразбирливиот германски дијалект за Германците од другите подрачја. Но тоа не ги спречило Швајцарците од германско потекло да го сметаат за свој германскиот литературен јазик. Исто така, пред доаѓањето на режимите на националното угнетување во Македонија по 1912 година, тамошната бугарштина се служеше официјално со оној литературен јазик, којшто е заеднички за сите Бугари во светот и во чиешто изградување мошне голем придонес имаат бугарските културни дејци од Македонија. Во голем број меѓународни документи е признаена бугарската народност во Македонија. Таа е признаена индиректно и во договорот, склучен помеѓу Грција, Србија и Бугарија спроти Балканските војни. Долг е списокот од имиња на патешественици, научници, истакнати новинари и политичари од кругот на различни кулгурни нации, кои аргументарано докажуваат дека словенското население во Македонија е бугарско. Меѓу нив се наоѓаат и имињата на најпознатите слависти во светот; исто така, тука се наоѓаат и имињата на големите словенски историчари и слависти, какви што се Кондаков, Шафарик, Јагиќ, Нидерле, Флорински, Миљуков, Державин и др. Се разбира, сосем непотребно е овде да наведуваме фрагменти од нивните дела. Но ќе додадеме дека и политичари како Бисмарк, Лојд, Џорџ и Винстон Черчил без двоумење ја истакнувале вистината дека во Македонија живеат Бугари. Винстон Черчил, за време на Првата светска војна, се застапуваше на Бугарија да и бидат дадени областите, во коишто преовладува бугарско население[7]. Бисмарк изјави во Рајхстагот, дека бугарската нација живее во Македонија до Солун и на исток до Црното Море[8]. Политичките и стратегиските планови на некои од големите сили се причина Македонија да не биде вклунена во границите на бугарската држава, коишто биле дефинирани со Сан-Стефанскиот договор во 1878 година. На ваков заклучок не упатуваат сите факти од блиското минато: во тоа не уверуваат и книгите на сериозни автори[9]. Признанија од овој тип прават и самите претставници на спомнатите големи сили на Берлинскот конгрес, кога се одлучувало Македонија да остане во границите на Турција, но исто така и по ослободувањето на Бугарија[10]. Само еднаш беше спроведена анкета од страна на авторитетни специјалисти по овие прашања што ја познаваат и Македонија. Тоа е познатата "Карнегиева анкета". Таа е формирана поради недоразбирањата и меѓусебните обвинувања помеѓу балканските сојузници - Бугарија, Грција, Србија и Црна Гора, коишто по победата над Турција, започнаа во 1913 година меѓусебна војна. Судејќи според податоците во таа анкета, словенското население во Македонија е бугарско. Меѓу членовите на оваа комисија беа францускиот сенатор и бивш министер Жистен Гадар, истакнатаот англиски општественик и познавач на Македонија Х.Н. Брајлсфорд, познатиот руски политичар и историчар проф. Милјуков и др.[11] Српската антибугарска пропаганда тврди дека македонското население е српско; грчката пропаганда тврди дека е грчко, додека болшевичката пропаганда во најново време настојува да афирмира една невистина, дека божем во Македонија немало Бугари, туку некаква друга нација - "македонска". Ваква нација историјата не познава; додека "Македонец" во географска смисла се наречуваат и Гркот и Албанецот и Турчинот и Влавот. Истата појава е присутна, исто така, и во Босна, каде што и Хрватот - католик, и муслиманот, како што и православниот Србин изјавуваат дека се "босанци". Со тоа секој од нив сака да каже дека е од Босна и ништо повеќе од тоа, бидејќи босанска нација не постои. Се разбира, дека такви случаи можат да се најдат и во други земји. Кога некој ви каже дека е Баварец, Саксонец или Трусин, вие знаете дека тој е Германец. Во етнографска смисла на зборот и во Швајцарија не постои швајцарска нација, нема швајцарски јазик. И под комунистичка ознака сосем јасно на виделина се појавува српско-грчката шовинистичка намера - ако може да се создаде некаква си македонска нација; поради својата ништожност таа ќе виси во почетокот во воздух, а потоа ќе биде проголтана од Белград и Атина. За да може полесно да се изврши оваа етнографска операција, на ниту една друга месна народност нема да и се прилепи името "Македонец" како национално; тие ќе си останат Турци, Грци, Албанци, Власи. Тито ја поддржува тезата за постоење на македонска нација за да им се допаѓа сe повеќе и повеќе на Србите, меѓу коишто тој ја има најголемата своја опора. Секое дејство против бугарските национални права претставува негов залог како пред националистите така и пред шовинистички расположените српски комунисти. Болшевичкиот, пак, центар во Москва ја прифатил истата теза со цел да се придобијат колку што се може повеќе Грци и Срби за сопствената политика на Балканот; а тоа се прави преку жртвување на бугарската народност во Македонија, во чијашто корист, дури и во времето на болшевичкиот режим, руски професори од типот на Державин, Селишчев и др. даваат во своите трудови обилни историски, етнографски и други докази. Сите тие обиди многу ни напомнуваат за "мудроста", со којашто версајските уредувачи на Балканот по Првата светска војна ги запишаа своите имиња во историјата и ги предизвикаа добро познатите последици. И тие ја жртвуваа вистината пред шовинизмот и грабливоста на Белград и Атина. Плашејќи се од автономијата или независноста иа Македонија, бидејќи таму немаат свој етнос, Србите, како и сите други, кои сакаат да ги реализираат таму сопствените планови што и се туѓи на Македонија, со терор се обидуваат да го денационализираат тамошното бугарско население; насила сакаат да го направат барем "македонско" за да не е бугарско. Се обидуваат да го натераат народот да го прифати географското име на земјата, за свое национално име. Понекогаш измислуваат и теории, даваат примери, како некаде се случило географско име да стане национално. Ги спомнуваат Швајцарија и Америка. Меѓутоа, тие забораваат дека во Америка и во Швајцарија никој никому не затворал училишта и цркви, не му ја прогонувал надвор од земјата интелигенцијата, не се служел со убиства, за да му наметне друго национално име. Освен тоа, ако во една Швајцарија луѓето се нарекуваат "Швајцарци', тоа го прават сите - и тамошните Французи, Германците и Италијанците. Додека во Македонија туѓите власти не го сметаат името "Македонец" за национално име на Грците, Турците Албанците итн., а им го наметнуваат сосила само на Бугарите. Ниту еден швајцарски Германец, или Французин, или Италијанец нема да го негира своето етничко потекло, нема да каже дека неговиот јазик е "швајцарски", туку ќе го означи со неговото вистинско име - француски, германски или италијански. Една од големите цели на македонската ослободителна борба била премавнувањето на секое насилство врз националната свест на луѓето. Имено затоа, како што се спротивставило на територијалните претензии на соседните држави, македонското движење се објавува и против сите други манипулации од типот на белградските и атинските обиди за негирање на една или на друга националност. Нека читателот не се чуди шго се задржавме со поопшти објаснувања врз негирањето на бугарската националност во Македонија, којашто поробувачите ја прогонуваат и настојуваат да ја уништат. Независно од своите жртви и тегоби, бугарската националност, меѓутоа, не бара за себе никакви привилегии во една независна Македонија, а се залага за рамноправност помеѓу сите националности. Без оглед на политичките граници што би ја одделувале независна Македонија од соседните држави, народностите што живеат во неа нема да сакаат да ја прекинат својата етничка и културна врска со етничките заедници, чиишто составни делови претставуваат тие. Вакво чувство на духовно заедништво гледаме на пример, кај швајцарските Французи во однос на францускате нација. Тие не престанале да ги манифестираат пред светот на извонреден начин пројавите на францускиот дух и култура. Никој, притоа, не се сомнева во нивната лојалност кон Швајцарија. Исто така стојат работите и со швајцарските Гермамци. Можат да се наведат и други примери од овој вид. Ние ги земаме како посебно поучен образец односите помеѓу националностите во Швајцарија. Нивните заеднички напори ја создаваат големата општественд сила што ја крепи нивната заедничка држава. Разрешувањето на македонското прашање што се препорачува од македонското ослободително движење не е ниту бугарско решение, ниту грчко, ниту албанско, ниту турско итн,; тоа е балканско решение бидејќи е корисно за сите балкански народи. Основен двигател на усилбите за остварување на идејата "Македонија на Македонците" може да биде единствено солидарноста меѓу локалните народности. Идејата за независна Македонија може да победи првенствено преку оваа своја политичка содржина - солидарноста. Откако ќе стане непотребна борбата за национален опстанок, ќе се неутрализираат сам/и од себе националните страсти. Зафатен се повеќе и повеќе со други проблеми и потреби, целокупниот живот во независна Македонија ќе и се доближи уште повеќе на швајцарската стварност. *** Во 1912 година четирите христијански држави на Балканот (Бугарија, Србија, Грција и Црна Гора) се здружија со намера божем да ги ослободат своите браќа од турското ропство. Покрај Бугарите и Грците во Македонија, своето ослободуеање го очекуваа и Грците во Епир и низ егејските острови, не вклучувајќи ги тука оние во Мала Азија; Србите и Црногорците во Новопазарскиот санџак и оние на Косово; Бугарите и Грците во Тракија. Во нотата што и беше предадена на турската влада пред започнувањето на војиата, од Турција се бараше да им даде права и слободи на нејзините граѓани од христијанска вероисповед, а во Македонија да биде воведеиа автономна управа. Ние немаме намера овде да опишуваме детално како се развија односите меѓу четирите сојузници. Едно, меѓутоа, е јасно, а тоа е дека тие откако ја добија војната, заборавија на содржината од споменатата нота; не се присетија ни за ставот на македонското ослободително движење, кое се бореше токму за автономија. Бугарија, исто така, неочекувано се согласи со ставот на Србија и Грција за поделба на македонската земја. Иако по своите прокламации беше ослободителна, војната заврши со резултат, којшто ја направи освојувачка. Избувна војна и меѓу самите сојузници. Македонија беше поделена на три дела: Грција присвои над триесет илјади квадратни километри македонска територија, Србија - околу дваесет и пет илјади, а Бугарија - седум илјади квадратни километри. Така, ослободителната војна и донесе на Македонија поделба и национално ропство. Додека борбата на Македонците под турска впаст се водеше за добивање на политичка слобода, сега ќе треба да се води борба и за зачувување на националниот идентитет, бидејќи српскиот и грчкиот режим веднаш се зафатија да ги денационализираат Бугарите. *** Аспирациите на балканските држави, меѓутоа, не запреа дотука. Бугарија се почувствува жестоко ограбена, додека нејзината народност во Македонија беше изложена на уништување. Поради тоа таа ќе го чека моментот за да ги исправи неправдите што и се нанесени. Србија, од своја страна, не е задоволна од приграбеното и ќе настојува да заграби колку што е можно повеќе бугарска земја, живеејќи, пред се, со мислата да ја освои Јужна Македонија со Солун. Грција, за да го задржи приграбеното, или пак, за да стане позначаен фактор на полуостровот, нема да се откаже од намерата да навлезе колку што е можио подлабоко кон центарот на Македонија. Се разбира, секоја од трите држави ќе изнесува аргументи за оправдување на сопствената теза. Овие спорови го сочинуваат јадрото на балканските недоразбирања, коишто станаа мошне досадни за јавноста. Сметаме дека ќе биде корисно да направиме споредба меѓу аспирациите на балканските држави за да може читателот попрецизно да се ориентира во врска со нив. Мораме да истакнеме дека секоја од овие држави се раководи од својата национална идеја. За некои од нив контурите на таа идеи завршуваа во земји, коишто се наоѓаат на Балканот. Меѓутоа, за Романија и за Србија тие контури се оцртуваа далеку на север во поседите на Австро-унгарската монархија. Границите на грчките идеали се наоѓаа во Мала Азија, некаде помеѓу Смирна (Измир) и Анкара. Кога се договорија за војна со Турција, четирите држави имаа намера да направат значаен чекор кон остварувањето на сопствените национални идеали. Во тој момент, меѓутоа, се чинеше дека само Бугарите ќе успеат во најголема мера да и се доближат на конечната реализација на своите цели, бидејќи објект на сојузничките напади беа европските делови на Турција, каде што живееја се уште неослободените Бугари. Останатите три сојузници ќе можеа да добијат по некое парче земја, населено од нивни сонародници. Поголемиот дел од европска Турција би бил приклучен кон Бугарија и кон автономна Македонија, во којашто пак бугарштината преовладува. Тоа значи дека ослободувањето на македонските Бугари се остварува. Во таквиот стек на околностите, меѓутоа, бугарските сојузници гледаа неприфатливо за нив зајакнување на политичката, воената и економската моќ на бугарштината. Уште помалку можеа да се помират со мислата, Бугарија евентуално да ја анектира Македонија. Под изговор да се зачува рамнотежата меѓу балканските држави, а всушност поради чисто егоистички побуди, беше склучен таен српско-грчки договор против нивната сојузничка Бугарија. Необично е што имено балканските држави го истакнаа принцилот за рамнотежа, кога децении наред ги напрегаа своите материјални и духовни сили за да ги остварат своите национални идеали, така што би била уништена секоја трага од рамнотежа помеѓу нив. Меѓутоа, како што со таа формула - рамнотежата, така и со други непримерни за нивниот раст формули и пози се служеа балканските влади и нивните монарси. Беа заразени дури и со цезаризам и империјализам, а изигруваа и големи величини. Во периодот од 1912 до 1918 година, дали со сопствени напори, или со туѓа помош, или пак, поради среќните околности, на теорија или на практика, ги покажаа своите национални аспирации. Некои од нив целосно ги остварија зацртаните задачи и цели, други тоа го постигнаа во ограничени размери, додека трети не добија скоро ништо. Овде ќе приложиме мала табела со приближни бројки, којашто сликовито ги прикажува нивните стремежи и фактичките им добивки. Таа овозможува да се направи споредба помеѓу одделните државни аспирации, а исто така да се види до која мера, во чија корист и на чија штета се променила рамнотежата на Балканот по нивната реализација.
Албанија беше создадена за време на Балкамските војни, но и таа имаше свои мационални аспирации, во својата основа потполно оправдани, затоа што сакаше да го придобие Косово. Ако успееше да го земе тоа што фактички е албанско, таа мала држава двојно ќе ги зголемеше својата територија и своето население. Турција, пак, не се откажала да се смета за европска земја, бидејќи до ден-денес поседува 25 илјади квадратни километри европска територија, а во нејзини раце се и Протоците. чиешто животно значење за Европа е добро познато. Таа, од своја страна, посакуваше да ги зачува под своја власт сите територии на Балканскиот полуостров, коишто се наоѓаа во нејзините граници до 1912 година. Ако не сакаше да ги зачува овие територии, немаше да дојде до војната со балканските христијански држави. На тие територии, без да го сметаме Цариград, живееја околу 5,5 милиони жители; од кои само еден милион беа Турци. При максимално задоволување на аслирациите на балканските држави, сосем јасно е дека тие би приграбиле области во коишто живеат многубројни малцинства. Така, на освоените од Грција територии одвај би имало 50 насто грчко население. Во некои од териториите што успеа да присвои Романија, малцинствата претставуваат 50 насто од населението. Србија, подоцна маречена Југославија, ја прошири својата власт над Македонија, Босна, Херцеговина, Далмација, Кроација (Хрватска), Словенија, Банат итн., каде што другите народности, општо земено, претставуваа 70 насто од населението, а имаше и такви големи области, во коишто никогаш немало ниту еден Србин. Доколку Турција би ги задржала под своја власт управуваните од неа до 1912 година балкански територии, би владеала таму над туѓи националности, коишто беа петпати помногубројни од месното турско население. Ако Бугарија, за времв на Балканските војни, успееше да ги присвои посакуваните земји, таму таа ќе имаше околу 50 проценти бугарско население, а можеби и 60 проценти, со оглед на тоа што голем дел од турското население заминуваше кон Мала Азија. Во таков случај, во Македонија бугарскиот процент на населението би бил 60 од сто. Меѓутоа, ниту Македонија, ниту Тракија не останаа во рамките на Бугарија, туку само мали делови од нив. Повеќето балкански држави до 1918 годмна ги остварија своите аспирации, вклучувајќи во своите држави бројно население од туѓо потекло; и албанскиот народ доби своја држава. Македонија, којашто водеше тешка борба за своето ослободување и за чиешто спасување божем започна Балканската војна, доби ново, уште потешко ропство. Сите подоцнежни балкански комбинаторики, сите таму склучени пактови и догоеори и сите политички шпекулации безмилосно ја одминуваа неправдата што и беше сторена на Македонија. И никогаш досега не дојде до спроведлив споразум помеѓу балканските држави, без којшто не може да се очекува спокојна и среќна политичка иднина. Се здружија балкански држави со 55-милионско население, ја поканија и Бугарија да му се приклучи на нивниот сојуз, но под услов да не го покренува прашањето за настаните во Македонија. Повеќепати настаните му даваа поука на Балканот дека тој може да се задржи и одлично да се брани, само ако во темелите на неговото обединување стои правда и меѓусебно почитување. Сите комбинации, бидејќи се погрешни, ќе бидат прегазени од настаните. Македонското ослободително движење од 56 години наваму укажува дека првиот услов за единство, мир и просперитет на Балканот е создавањето на независна Македонија. Трите соседи на Швајцарија - Германци, Французи и Италијанци - заедно имаат над 150 милиони население. Соодносот со Швајцарија е 35 спрема 1. И сепак, овие народи се согласија да ја остават Швајцарија слободна и спокојна. Трите соседи на Македонија - Србија, Грција и Бугарија, немаат повеќе од 20 милиони население. Соодносот со Македонија е 7 спрема 1. И сепак си дозволија да ја делат, да војуваат за неа, меѓусебно да се пустошат во минатото, без да постојат изгледи да сопрат да го прават истото и во иднина. Балканските несреќи ја прават независна Македонија понеопходна, отколку што тоа била Швајцарија во минатото, заради познатите европски недоразбирања.
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Подготвува: Цане Ѓорѓиевски |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||