Македонија Швајцарија на Балканот | ||||||||
По Француската револуција, идејата за самоопределување на нациите стана еваигелие за цивилизираниот свет. Таа и денес зазема почесно место меѓу принципите, истакнати како неизбежни услови за праведен светски поредок. Во текот на Првата светска војна, претседателот Вилсон беше апостол на идејата за национално самоопределување, вклучена и во познатите четиринаесет точки. Во текот на Втората светска војна, Атлантската повелба му даде свечен израз на истиот принцип. Националното обединување на Германија и на Италија во втората половина на XIX век, стремежот на повеќе други националности кон независност и обединување - ја наоѓаат својата вистинска опора во идејата за самоопределување. Словените, Романците, Италијанците, а во извесна мера и Унгарците, беа откинати од Австро-Унгарската монархија врз основа на тоа политичко убедување. Кога на определена националност и се пречи да го оствари своето обединување, одговорните фактори во меѓународната политика скоро секогаш избегнуваат да признаат дека дејствувале против тој свет принцип; се даваат сосем други објаснувања за нивното однесување. Потполно објасниво е зошто балканските нации се стремеа кон ослободување од многувековното турско ропство и зошто потоа настојуваа да постигнат целосно национално обединување. Романците и Србите го остварија своето обединување. Грција се оформи како независна држава, но не успеа да ги припои кон себе посакуваните области во Мала Азија. Бугарите и Албанците не го постигнаа своето целосно национално обединување, иако земјите, во коишто тие живеат, надвор од границите на бугарската и на албанската држава, непосредно граничат со нив. Бугарите, меѓутоа, формално беа обединети со договорот од Сан Стефано, потпишан во 1878 година. Со него заврши победоносната војна на Русија против Турција. Се чини дека со овој договор скоро целосно се разрешува фамозното Источно прашање, што опфаќаше редица национални копнежи и го засегаше турското наследство. Меѓутоа, очекувањата не се остварија. Токму тогаш се зароди една нова гранка на Источного прашање, којашто до ден-денес остана драматична. Станува збор за македонското прашање. Планот за заедничка држава на сите Бугари, поткрепен од Русија, беше спречен од други големи сили поради стратегиски и политички мотиви, иако и нивната општествена јавност имаше симпатии кон започнатото од Русија ослободување на бугарштината. На Македонија и се определи и натаму да остане под власта на Турците, а членот 23 од Берлинскиот договор, со којшто се ревидираа решенијата на Сан Стефанскиот договор, за неа предвидуваше реформи со кои таа ќе дојдеше мошне близу до автономијата. Како и во други случаи, така и овој пат турската влада виртуозно успеваше да ја одлага примената на реформите, користејќи ги постојаните антагоиизми и надмудрувањата меѓу големите сили. Македонија никогаш не ги доби ветените правдини. Имено затоа, македонските Бугари се зафатија, потпомогнати и од други националности во земјата, да ги извојуваат со борба. Овие усилби одлучно го ставија на сцена македонското прашање. За неговата актуализација, покрај другите причини, мошне важна улога одигра и правната регулатива во член 23 од Берлинскиот договор. Создателите на македонското ослободително движење со пророчка видовитост прогласија дека спасот е во братството помеѓу различните македонски националиости, и во политичкото осамостојување на Македонија. Ако кај нив не постоеше оваа идеа, немаше да се дојде до самостојни македонски организации со сопствена политичка идеологија. Создателите на ВМРО ги повикаа македонските националности - Власи, Грци, Албанци итн. да се здружат во борбата против тиранијата на турската власт и со заеднички сили да извојуваат автономија во рамките на Турската империја. Тие ги повикаа на заедиичка борба и оние Турци, коишто се свесни за ретроградноста на владеачкиот режим и за својата тешка економско-социјална положба. За оправданоста на нашата борба јасно зборува и фактот што и самите Турци во првите 25 години од овој век извршија две револуции против диктатурата на султанот и целосно го отстранија од власта. Се кренаа, и Албанците, и Арапите, иако тие беа фанатизирани муслимани, а султанот, како што знаеме, беше халиф на целиот муслимански свет. Македонските дејци имаа за цел да се борат само за автономија и за ништо друго. Заради овој свој став, тие ја придобија моралната поткрепа на сите приврзаници на балканската солидарност, вклучувајќи го тука и огромното мнозинство од слободните Бугари во Бугарија. ВМРО прифаќаше Бугарија да не ја владее македонската земја. Таа сметаше дека е потребно, исто така, и Грција да не владее над македонски области, а уште помалку тоа да го прави Србија. Во време кога принципот за национално обединување беше најпочитуван, македонските дејци-Бугари препорачуваа пријателски соживот помеѓу народностите, откажувајќи се од обединувањето со Бугарија. Тие поставуваа само еден услов: европска гаранција за автономијата. *** Целта на ВМРО беше да предизвика интервенција на големите сили и, на тој начин, да се наложи автономијата. Притоа, за да се дојде до интервенција, како единствено ефикасен метод е прифатен методот на вооружената борба. Ниту една од балканските држави не успеала да се ослободи без примена на вооружена борба. Во почетокот на XIX век востанија кренаа Србите, Романците и Грците; востанија беа кренати во втората половина на истиот век во Бугарија; востанија мораше да крева и Македонија. На ваквите цели целосно им се посветија зачетниците иа македонското револуционерно движење, кои повлекоа со себе стотици, а набргу и илјадници интелигентни Бугари, како и целокупниот бугарски народ во Македонија, вклучувајќи ги и најсиромашните колибари по планините. Идејата ја прифатија целосно и поголемиот дел од Власите, коишто се истакнаа со своите подвизи во текот на борбата. Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) е основана во Солун, во 1893 година. Во почетокот таа претставуваше заедништво од изолирани конспиративни групи по многу села и градови на земјата. Набргу нејзината мрежа ги опфаќа сите возрасни Бугари. Клетва за верност кон борбата се дава на масовни собранија, во цркви и училишта, а исто така, и по планините. Во конспирацијата неминовно влегуваат и жените. Се создаваат селски, околиски и окружни комитети, а на чело на целата организација стои Централен комитет од тројца рамноправни и со иста одговорност членови. Се создава четнички институт. Четите можат да се сметаат за мали подвижни гарнизони на организираниот народ, чиешто место на престој е секаде и никаде. Тие имаат за задача да ги извршуваат наредбите на околиските и на окружните комитети, како и на Централниот комитет во разни домени од конспиративниот живот на организацијата - агитација, реализација на судски решенија, вооружување, прибирање на средства, коитрола врз просветни и стопански иницијативи и сл. Постои, исто така, тајна вооружена милиција во сите градови и села. Низ целата земја функционира тајна пошта. Голем дел од функциите на државата ги врши тајната организација. Овде нема да се задржуваме поопштирно врз развојот на самата револуционерна борба, којашто веќе има полувековна историја. Таа е, можеби, најславната ослободителна борба во новата историја на Балканот. А и според начинот на своето уредување, како и според масовното учество на народот во неа, ВМРО, исто така, немаше соодветен конкурент на Балканот. За време на востанието во Битолскиот округ во 1903 година под оружје беше 10 од сто од населението т.е. приближно толку колку што војници се мобилизираат во една модерна држава. Целокупното останато население во округот им помагаше на востаниците со сите расположливи сили. Голем дел од жителите на овој округ, кои работеа во далечниот Цариград, добивајќи известување за претстојното востание, се вратија навреме во своите села и се вклучија во бојните групи. Мошне ретки се таквите масовни востанија и кај другите балкански народи. Пилсудски забележал дека за време на познатото полско востание од 1863 година, едвај 1 од сто од населението на востанатите области зело учество во вооружените активности. Се разбира, кога се зборува за македонското движење, не треба да се мисли само на ВМРО. Исто толку стар е и легалниот разгранок на македонските ослободителни активности. Легални македонски организации има во емигрантските средини коишто, исто така, настојуваат да и помогнат на поробената татковина. Важна цел на нивната активност е придобивањето на јавното мислење во странство. Во таа смисла тие остваруваат контакти со странски влади, меѓународни организации и хуманитарни здруженија во разни делови на светот. Емигрантски македонски здруженија имало првенствено во Бугарија и во Америка. Студентски друштва постоеле во повеќе големи европски градови. Бројот на македонските емигранти во Бугарија постепено достигна половина милион луѓе. Во Бугарија, а и во други земји се издаваат весници и книги, додека во самата Македонија се печатат нелегални револуционерни листови. По Младотурската револуција во 1908 година, се создадоа услови, иако за кратко време, да се води легална борба. Во тоа време во Македонија беа спроведени и парламентарни избори, формирани се политички клубови, а ВМРО ги распушти своите кадри, но откако сфати дека од новиот младотурски режим Македонија нема да го добие очекуваното, одново, во 1910 година, ги повика под своето знаме. *** За разлика од српските, а во извесна мера и од грчките државни четнички движења во европскиот дел на Турција, македонската организација е дело на месното население коешто е претежно бугарско. Ова го потврдуваат и сите странци коишто имале можност да ја проучуваат ситуацијата на самото место. Помеѓу нив е и авторитетниот англиски општественик и политичар X. Н. Брајлсфорд, кој пишува: "Во самата Македонија српската кауза претставува вештачко движење, без било каква важност. Тоа напредува, само ако Турците го поттикнуваат како противтежа на застрашувачката бугарска пропаганда. Ова српско движење не е ништо друго освен една чисто политичка пропаганда, управувана и финансирана од Белград, додека бугарскиот револуционерен комитет, и покрај симпатиите на Софија, е чисто македонска организација"[12]. Всушност, српските чети што се појавија во пограничните македонски села, не беа ништо друго освен органи на Српското министерство за одбрана и Министерството за внатрешни работи. Овие чети немаа ниту своја идеологија; наместо нив политички мислеше и ја насочуваше нивната чисто антибугарска дејност во Македонија српската државна власт, којашто се ослонуваше на турската благонаклоност. Исто таква беше и ситуацијата со четите што Атина ги испраќаше во некои јужномакедонски региони, со таа разлика што тие беа прифаќани и потпомагани од месното грчко население, додека српските чети, за да си обезбедат престој во сиромашните погранични села, сметаа единствено на својот нож и на своите пари. Овие две надворешни пропаганди се здружија против ВМРО и ги тероризираа Бугарите. Вдахновувани од соодветните државни централи, спомнатите четнички движења беа далеку од идејата за автономија. Нивната задача беше да го попречуваат остварувањето токму на таквата автономија, плашејќи се од надмоќта на бугарското мнозинство во земјата. Толерантниот однос на Турците кон нив лесно може да се објасни, ако се има предвид дека објект на нивните напади беше, пред се, ВМРО; а колку што повеќе се спречува дејноста на ВМРО, толку поневозможна станува автономијата, сметаа Турците. *** Народното движење, предводено од ВМРО, настојуваше по секоја цена да остане независно. Уште од самото негово создавање се правени обиди за негово потчинување на туѓи политики и надворешни фактори. Најсериозни беа два обида - едниот од десно, а другиот од лево. Како десен можеме да го оквалификуваме обидот на познатиот Врховен комитет, којшто првобитно беше организиран од македонската емиграција во Бугарија. Откако се најде, за определено време, под влијание на екстремните националисти, овој комитет се обиде да ја стави под своја контрола ВМРО, како и да преземе, со помош на испраќани од Бугарија чети, некои од пограничиите македонски региони, чиешто население одамна беше вклучено во редовите на ВМРО и беше започнало да се вооружува. Започнаа судири на Бугари со Бугари, трагичниот спомен за коишто и ден-денес не е исчезнат. ВМРО победи, додека врховистачкото движење што ги имаше симпатиите и лошо прикриваната поткрепа на влијателни државни кругови во Софија, исчезна. На страната на ВМРО застанаа сите демократски ориентирани општествени кругови во Бугарија и поголемиот дел од интелигенцијата. Позициите на ВМРО, нејзината самостојност и нејзиниот стремеж кон автономија, а не кон обединување со Бугарија, вдахновено беа изнесувани пред бугарската јавност од редица истакнати бугарски културни дејци, меѓу кои се наоѓаше и големиот поет Јаворов, кој, со пушка во рака, се бореше за ослободувањето на Македонија. Така, уште во времето на турското владеење во Македонија, ВМРО, во исто време, водеше борба против трите соседни присоединувачки политики - на Белград, на Атина и на Софија. Оваа борба претставува вистинско демантирање на сите оние што се обидувале да ја негираат самостојноста на македонското ослобидтелно движење и неговиот стремеж кон политичка самостојност на Македонија. Во времето на турското владеење се правени обиди, и од лево, и од десно, за влијание врз ВМРО. Овој обид го опфати само еден од револуционерните окрузи и се однесува на ограничен број луѓе. Меѓутоа, нападот од лево се одигра со сета своја силина главно меѓу двете светски војни, обилно поткрепуван со финансиски средства од болшевичката централа. Пред доаѓањето на советската армија на Балканот, овие обиди немаа скоро никакви резултати. Македонското движење херојски се бранеше и не дозволи преку него да се остварат плановите на Третата интернационала. Оваа одбрана ќе заземе важно место во историјата на македонската кауза. Во неа Македонците дадоа многубројни и скапи жртви. Од својот самостоен статус движењето никогаш не се откажа. Во одбрана на својата самостојност тоа повеќепати влегува во судир со бугарски партии и бугарски влади. И во врска со тоа можат да се презентираат сведоштва на компетентни лица од странство. Алфред Рапапорт, којшто ја познава одлично ситуацијата во Македонија, каде што бил австриски делегат во врска со спроведувањето на Мирцштегските реформи, вели: "Никогаш Македонската организација не се откажала од својата целосна независност во однос на софиската влада. Се разбира, во текот на трите војни таа се грижеше за воената дисциплина, но таа тоа го правеше како сојузиик, а не како потчинета. Во време на мир таа независност беше уште поочигледна, и ќе мора да се напише комплетната нова историја на Бугарија за да се одбележат сите етапи од развојот на бугарско-македонските односи. И покрај сосем природното чувство на национална солидарност, никогаш тие односи не биле доволно блиски, какви што отсекогаш биле односите помеѓу белградската и атинската влада и нивните национални пропаганди коишто дејствуваа во Македонија во последните години на турското ропство"[13]. Во логичка врска со неговата независност се наоѓа и беспартијноста на македонското движење. Во поробена Македонија на македонците не им беше дозволено да имаат свои партии. Таму можеше да биде од корист само тактизирањето со една или со друга партија на поробувачот. Меѓу македонската емиграција во Бугарија не беа создавани македонски политички партии. Некои македонски емигранти членуваа во разни бугарски партии, но секогаш тие ги ставаа интересите на ослободителната борба над партиските интереси. Во таа смисла беспартијноста на движењето претставуваше своевидна догма. Само малкумина емигранти-комунисти настојуваа да внесат партиска идеологија во македонските организации. Сите други беа свесни дека движењето има своја содржајна и традиционална идеологија, којашто бараше, пред се, обединување околу ослободителната идеја. По својата приврзаност кон демократијата, ВМРО зазема видно место меѓу досегашните револуционерни деижења на Балканот, И по своите идеали, и по своето уредување, таа е демократска. Таа ја одразува во себе народната традиција. Заедничките проблеми меѓу македонските Бугари отсекогаш се решавале заеднички; автохтоните народни институции, здружени јата, коишто, особено во градовите, постоеја и во времето на турското ропство, беа израз на демократскиот дух на народот. Комитетите на ВМРО, од селанскиот до Централниот, се избираат од делегати кои, од своја страна, исто така, се избираат од народот. Околиски, окружни и општи конгреси на организацијата се свикувани на секои три или четири години, ако тоа, се разбира, не било спречено од непредвидени околности. Спомнатиот погоре Брајлсфорд вели: "Главната специфичност на бугарскиот комитет е во неговата демократска организација, чијашто политика и програма се диктираат од македонското јавно мислење... Неговите водачи беа Бугари по јазик и по народност, но и покрај тоа, нивната програма никогаш го немала за своја цел присоединувањето на Македонија кон Бугарија"[14]. Според статутот на ВМРО, нејзини членови можат да бидат лица од различни националности и со различни политички убедувања; доволно е тие да ја прифатат само целта на организацијата и да бидат дисциплинирани. Подвлекуваме дека ниту една друга револуционерна организација на Балканот, судејќи според нејзините политички, социјални и национални погледи, не била толку слободољубива како ВМРО. Споредете ги нивните статути и програми и самите ќе се уверите во тоа. Освен тоа ниту една реаолуционерна организација или политичка партија на Балканот не го опфаќала во своите редови така масовно целиот народ, како што тоа е случај со ВМРО. Којзнае дали е потребно да додаваме дека ВМРО, според своите цели и својата дејност, е творечка организација, а не разурнувачка. Во неа нема ништо авантуристичко или анархистичко. И покрај продолжителноста на борбата што и е наложена од режимите на поробувачите, таа неуморно го поттикнувала народот кон творечки активности, а и самата е иницијатор за повеќе градежни, културни, просветни, здравствени и стопански дела, сметајќи дека материјалното и духовното издигање на народот претставува висока цел. Веќе ја спомнавме нејзината голема заслуга за ослободувањето на селаните од средновековното крепосништво и преминувањето на сопственоста врз земјата во нивни раце. Погрешно е да се смета дека македонските вооружени групи имале само борбени задачи. Тие му донеле на народот многу повеќе книги за читање отколку оружје. Многу повеке предавања за хигиена, за просвета и за економски просперитет одржале пред народот отколку за бунт. По иницијатива на ВМРО се изградени цркви и училишта, планинарски домови, а на некои места и болници; се создадоа Рајфајзенови каси (каси за заемна помош), вечерни училишта, шумарски и други кооперации, водни заедници, читалишта, спортски друштва, музички групи, туристички друштва итн. Многу повеќе можеше да се постигне, се разбира, во времето на турското владеење. Новодојдените српски и грчки власти не им дозволија на Бугарите да формираат свои општествени здруженија и под најневина форма. На некој може да му изгледа неверојатно, но ВМРО е иницијатор и инспиратор не само на бројни револуционерни акции но и на многу легални културни иницијативи. За легални активности таа потрошила не помалку средства од оние што биле потрошени за чисто револуционерна дејност. Бројни нејзини усилби биле насочени кон лекување на раните што на народот му ги нанел поробувачот или за обнова на разурнатото. Како по основниот мотив на нејзината појава - борбата против ропството, така и по секојдневните свои стремежи и сугестии, таа останува прогресивен фактор и носител на култура. Доколку пак услевала да раководи со општествениот живот, таа обезбедувала сигурност, ред и морал и тоа многу подобар од оној што бил обезбедуван од државите што владееле со Македонија. Паралелно со тоа, таа секогаш настојувала да ја штеди народната крв; никогаш не заборавала дека е претставник на малоброен народ. Започнатата од неа борба всушност претставува легална самоодбрана. Причината за судирот се наоѓа во поробувачот, којшто посегнал врз слободата, имотот и животот на народот. На ист начин и се наметнати на ВМРО сите дополнителни фронтови на коишто таа морала да војува, не по нејзина иницијатива. Идеите на ВМРО, како и нејзините правила, од 1893 година до денес остануваат непроменети. Нејзината политичка цел беше оправдана од сите настани што го вознемируваат Балканот од половина век наваму. Оваа политичка цел - слободна и независна Македонија, ја оправдаа дури и комунистичките недоразбирања. И покрај познатата дисциллина во комунистичкиот свет, во врска со нерешеното македонско прашање комунистичките влади и организации на балканските држави влегоа во остри полемики. Како што веќе истакнавме, ВМРО одлучно му се спротивставува на националното угнетување; бара рамноправност за сите народности во Македонија за да може секоја од нив слободно да се развива. Национализмот на активистите од ВМРО, независно од која народност се тие, треба да биде сфаќан, имено, во таа смисла. ВМРО е против налагањето на туѓи фактори во Македонија; таа самата никогаш немала намера да се налага на други. Што се однесува, пак, до организираната македонска емиграција во Бугарија, таа никогаш не пројавила властољубје во тамошниот општествен живот. Македонската јавност во Бугарија е на мислење дека сите Бугари се должни морално да ја поткрепуваат борбата за ослободување на Македонија. Според неа, бугарските партии и бугарските политичари секогаш треба да се чувствуваат поблиски до поробениот Бугарин отколку до партии и групи во земјите поробувачи на Македонија. Македонското ослободително движење тешко ги доживувало пречките што му биле поставувани од страна на Бугари. Никогаш не се случило тоа да ги потцени интересите и постоењето на бугарската држава. Тоа не е против ниту една од балканските држави, ако тие не посегнуваат врз правата на Македонија. Идеите на македонските револуционери се целосно опфатени од дух на слобода и демократија. ВМРО на никого не му дава ни најмалку право да угнетува кого и да било во Македонија, туку секогаш се залагала за целосна слобода и рамноправност на сите во неа. *** Неопходно ли беше во времето на турското владеење по секоја цена да се пристапи кон вооружена борба? Ние веќе накусо споменавме дека сите балкански народи водеа вооружена борба за своето ослободување од турското ропство. Вистина е, меѓутоа, дека во времето на турското владеење не постоеше асимилаторска политика. И по петвековно тешко ропство одделните народности во Турција опстанаа и го дочекаа своето политичко воскреснување. Во времето на својата инвазија на Балканот, Турците, на некои места исламизираа дел од христијанското население. Потоа сите христијански народи беа оставени спокојно да живуркаат во истата заостанатост и сиромаштија, во каква што султаните го држеа муслиманското население. Разликата беше само во тоа што муслиманите ги опашуваа сабјите, ја пролеваа својата крв по бојните полиња и се чувствуваа господари над имотот, трудот и честа на христијаните. Христијанските националности можеа и да не прибегнуваат до бунт, до револуционерни средства, но нивниот живот би бил толку среќен, колку што може да биде среќен еден орел со пресечени крилја. Стремежите на христијаните кон напредок не и се допаѓа на реакционерната стара турска владеачка елита. Обидите да се добијат граѓански и политички права не се остварија поради сомневањето дека се сака отцепување на христијанските области од турската држава. Со вооружени судири неизбежно би завршиле на крајот сите легални иницијативи што ќе го засегнат апсолутизмот на султанската власт и политичката семоќ на нејзините претставници. А христијаните, особено македонските Бугари, требаше да се ослободат од многустран гнет - и духовен, и политички, и економски. Имајќи го предвид тоа како порано се разви ситуацијата во Бугарија, а пред тоа и во другите балкански земји, основачите на ВМРО, одлично запознаени со условите во Македонија, пристапија кон создавање на револуционерна организација. Прашањето дали во времето на турското владеење беше апсолутно потребна нелегална дејност, се поставува одвреме навреме во македонски средини, затоа што Македонците апсолутно не очекуваа дека ќе попаднат под друго, уште потешко ропство - грчко и српско. Опседнати од оваа ситуација, тие, постфактум, доаѓаат до констатацијата дека турскиот режим бил цвеќе во споредба со новото ропство и дека поради тоа би можело во турско врвме да се избегнат револуционерните борби, штом националната посебност не била загрозена. Меѓутоа, историјата на евролските народи, а и американската историја, потполно не уверуваат дека секој народ кој би се нашол на местото на македонските Бугари, би прибегнал кон револуција против режим каков што беше турскиот. Беа извршени повеќе револуции од страна на западни народи против сопствените домашни режими, во чие време немало таква бесправност, каква што имаше во Турција, а немало ни национално угнетување од типот на она што режимите на Грција и Србија го воспоставија во Македонија. Ако е потребно уште еднаш да објасниме зошто македонските Бугари, а со нив и другите народности, нелегално се борат против српскиот и грчкиот режим, кои се христијански, подобро е да го слушнеме мислењето на објективни странци. Еве што вели познатиот соработник на американскиот секојдневник "Крисч'н Сајанс Монитор" Р.Х.Маркам, којшто повеќе децении ја проучувал ситуацијата на Балканот, така што денес тој со право може да се смета за еден од најкомпетентните луѓе во западниот свет во врска со проблемите на европскиот Југоисток: "... а зошто не се крева глас на протест во "српска" Македонија, како што тоа се прави во Кроација (Хрватска)? Зошто македонците гласно не ги изнесат своите општествени и етнички барања? И речете ми, зошто не бега врзан коњ? Зошто не гледа човек со избодени очи? Зошто не игра оро човек со исечени нозе? Зошто не свири на виолина човек со врзани раце? Зошто нема политичка партија во Македонија? Затоа што Белград не го дозволува тоа. Таму, дури и на српски јазик, не е дозволено да се зборува за македонското племе. Таму не може да има ниту партија, ниту собир, ниту кандидат за функција или за пратеник. Таму на народот не му е дозволено да гласа за своите луѓе, ниту да ги бара своите права, ниту да се жали, ииту да даде знак дека постои. Секој народ способен да опстане, има право да живее. Македонците, коишто ја зачувале својата самобитност илјада години, се способни да опстанат и затоа имаат право на самостоен живот. И тие ќе се борат за сопственото постоење. Ако Србија дозволи, тие ќе се борат како секоја мирољубива етничка група и ќе претставуваат мошне силен дел од Југославија. Ако пак Србија не дозволи, тие ќе се борат преку тајна организација. Македонците се навикнати на немаштија и не бараат многу од светот. Нивните барања се сосем скромни. Освен тоа, тие барања се неотуѓиви. Тие се душата на народот. Тие се македонството. Со еден збор, тие барања се право на живот. Кога би се откажале од овие минимални права, тие не би биле повеќе луѓе. На еден или на друг начин Македонците ќе се борат за своите права. На каков начин ќе го прават тоа, зависи од Србија. Оние во Белград треба да бидат прашани зошто има македонска организација. Српската влада ќе добие збор".[15] Р.Дејвис, пратеник во британскиот парламент, заедно со неговиот колега пратеникот г-н Бен Рајли, ја посетил Македонија под српска власт за да се запознае со тамошната ситуација. Српската полиција го прекина нивниот престој. Во октомври 1937 година г-н Дејвис одржа говор пред македонската емиграција во Америка, при што рече: "Подлец е оној Македонец, којшто не се наоѓа во редовите на македонските организации и не се бори за урнувањето на тиранијата во Југославија, затоа што секој Македонец знае дека во неговата татковина нема ни трошка слобода, ни трага од правда. Дури и јас како странец не можам да го трпам она што го видов во Југославија".[16] Овде би требало да се запрашаме каков треба да биде односот на македонското движење кон Југославија. Некои македонски пријатели сосем отворено се залагале во корист на голема Југославија, во којашто ќе влезат сите јужнословенски народи, вклучувајќи ја тука и цела Македонија. Погледите на ВМРО, како и на целото македонско ослободително движење, можат да бидат претставени накусо на следниов начин: Не постои југословенска нација, нема југословенска традиција и не може да се зборува за постоење на некаков си југословенски јазик. Така како што, на пример, нема западнословенска нација, традиција или јазик, а постојат Полјаци, Чеси и Словаци со нивните јасно издиференцирани истории, традиции и јазици. Јужнословенските народи имаат самостоен историски развој и различна национална свест. Југословенскиот проблем меѓу двете светски војни не беше ништо друго освен одбрана на повеќето јужнословенски народи од настојувањата на Србите да ги потчинат и постепено да ги асимилираат. Српските власти секогаш ја негираа националната посебност на македонските Бугари, наречувајќи ги "јужни Срби". Ретко кога постоела држава, толку несакана од народите што живеат во неа, како Југославија. Во таа смисла таа може да биде споредена само со Абдул-Хамидова Турција. И двете постоеја единствено поради политичката протекција што им ја даваа некои подалечни држави. Но сепак, во Абдул-Хамидова Турција никогаш немало таква бесправност и гнет, какви што гледаме во Југославија. Никогаш во минатото Македонија немала за свој идеал некакво си југословенство. Ако некогаш некои македонски лидери давале помирувачки изјави во однос на Југославија, тие мислеле на тоа дека ВМРО е готова да се откаже од револуционерната борба и да помине кон легални средства, но под услов да се дадат можности за легално дејствување и ако претходно се исполнат поставените од ВМРО барања во полза на македонската бугарштина и останатото население. Со една голема Југославија судирите и делбите на Балканот уште повеќе ќе ескалираат, наместо да бидат елиминирани, затоа што на полуостровот живеат други народи во таков број, колкав што е и бројот на јужнословенските народи. А ако се земе предвид дека и Турција се смета за балканска држава, заедно со неа бројот на несловенските народи станува двојно поголем. Стремежот кон создавање, по секоја цена, на една Југославија од Трст до Црно Море, ќе предизвика војни од големи размери, а ќе разбуди и сомнежи во соседството, па и подалеку. Македонија никогаш не гравитирала кон север, во насока кон север; ниту Бугарите, ниту пак македонските Турци или Грци имале работа натаму; ниту историските врски, ниту менталитетот, ниту националната свест не ги ставала во контакт со Србија. Да остане Македонија во рамките на Југославија и денес не наложуваат никакви причини - ниту економски, миту културни, ниту психолошки, а тоа не може да се прави и под плаштот за зачуву-вање на мирот и справедливоста или за единство и хармонија на полуостровот. Токму спротивно - да се држи Македонија во прегратката на Југославија, тоа значи да се работи против сите спомнати мотиви, а најповеќе против националниот принцип. Македонија сосила е припоена првин кон Србија, и тоа без никаков повод или вина од страна на нејзиното население, а потоа е вовлечвна во Југославија, при што неа и на нејзиното население на секои десеттина години им е додавано некое ново име: ту Срби, ту Југословени или Македонци; ту Стара Србија, ту Јужна Србија, ту Вардарска бановина, ту Федерална република. Полицискиот режим, националниот гнет, ограбувањето на народот, уииштувањето на се што национално се пројавува, се уште траат. Како што беше под кралска Југославија, така е и под болшевичка Југославија. Имено затоа, идејата за југословенство, за заедиичка југословенска држава, којашто и така во Македонија немала никако историски и традициски корен, поради наведените факти станала само синоним на тиранија, бесправност и ропство. Тоа дека Македонија не се определила ниту за Србија, ниту за Југославија, а само против нив, покажува и незапирната борба на македонските организации. На тоа упатува и однесувањето на македонците, кои служат во српската и во југословенската војска. Тие масовно дезертираа од овие армии со оружје в рака, а кога тоа било можно и војувале против нив. Бранителите на југословенската идеја настојуваат да ги привлечат македонците со идејата за целокупна Македонија во рамките на голема Југославија, т.е. со одземање на завладеаните од Грција и од Бугарија македонски области. За македонците тоа е само обид од страна на Србија или Југославија да го освои и остатокот од Македонија, заедно со Солун. Македонското движење го застапуваше мислењето дека подобро е македонски територии да не се припојуваат дури и кон Бугарија, за да се постигне помирување помеѓу балканските држави со помош на самостојна Македонија. Потполно сфатливо е дека ова движење не може ни да помисли за отстапување на македонска земја на Србија или на некој друг. Не постои ниту една причина која го наложува предавањето на Југославија на оној дел од Македонија, што се наоѓа под бугарска власт, Таму се почитуваат националните права на сите малцинства, а политичките и граѓанските права се обезбедени до таа мера, колку што ги има и за другите граѓани на бугарската држава. Оваа земја може да биде отстапена од страна на Бугарија, само ако биде вклучена во една обединета и независна македонска држава. Подготвеност за ваква постапка најави Бугарија уште пред Париската мирна конференција во 1919 година. Никакви предимства не зборуваат во корист на префрлувањето на Јужна Македонија од едно ропство во друго - од грчко во српско или југословенско. Што се однесува до несловенските националности во Македонија - Турци, Албаици, Власи, Грци и Евреи, очигледно е, дека тие повеќе би сакале да бидат граѓани на независна Македонија отколку на Југославија. За нив уште помал интерес би претставувал некаков си југословенски идеал. Тие, исто како и македонските Бугари, го гледаат балканското помирување и обединување не во голема Југославија, туку повеќе во една балканска федерација или конфедерација. Словенски мотиви не се истакнувани во македонското ослободително движење. Тоа од секогаш си ја замислувало независна Македонија како пријателска на сите блиски и пријателски народи. Ваквиот став и е наложен посебно поради нејзината географска положба и поради фактот што ја населуваат различни народности. *** Дали останаа сите учесници во македонското движење докрај доследни и верни на идеите на ВМРО и посебно на нејзиниот политички идеал за автономија? Дека сите останале доследни во сите ситуации - тоа не можеме да го тврдиме. Но дека огромното мнозинство од водачите на движењето и од народните маси останаа, и по чувство, и по однесување, верни на тие принципи - тоа можеме да го тврдиме. Се случи некои одговорни луѓе да покажат инертност во врска со одбраната на автономниот принцип во текот на војните; други луѓе дури ја напуштија основната идеја и го прифаќаа, во текот на некои од овие војни, присоединувањето на Македонија кон Бугарија. Во овие пројави ние не гледаме ништо чудно, и покрај тоа што ги осудуваме. По многубројните незгоди на бугарското население во Маквдонија во неговиот стремеж да ја извојува автономијата; откако од страна на Грците ниту за момент не се покажа волја за соработка во врска со остварувањето на автономијата, туку обратно - се посакуваше распарчувањето на Македонија; откако српските напади со чети и другите севозможни дејства против македонската кауза не успеа; откако Турција, цели 34 години по Берлинскиот договор, избегнуваше да воведе реформи коишто барем малку ќе потсетуваат на автономија, туку го спомна нејзиното име дури на бојното поле - по својот пораз кај Луле Бургас, сосен разбирливо е зошто во редовите на македонското движење се нашле лица коишто водени од љубов кон својата нација, но никако од омраза кон други нации, водени од силна желба да ги спасат од ропство угнетените свои браќа, во определени моменти го прифатиле и решението да се присоединат кон Бугарија барем поголемиот дел од македонските подрачја, во коишто живеат Бугари. Тие луѓе, меѓутоа, никогаш не ја отфрлија во принцип идејата за автономија, ниту пак идејата за независна Македонија. Тие долго време се бореа за неа; настојуваа преку севозможни начини да ја остварат. Делумните скршнувања од идејата за автономија во некои македонски средини, најчесто, се плод на разочарувањето од Големите сили, коишто не го поткрепија таквото решение, а не на убедувањето, дека тоа ја изгубило својата спасителност за Македонија и за Балканот. Меѓутоа, подвлекуваме, дека движењето како цело никогаш не ја напушти оваа своја идеја. Статутите на сите легални и нелегални организации и ден-денес ја посочуваат истата цел што беше определена во 1893 година. Се разбира, дека причина за неостваруеањето на идејата за автономија до денес сосем не се инцидентните скршнувања на одделни лица од македонската заедница. Овие причини се наоѓаат далеку од македонското движење; тие се наоѓаат, како што веќе рековме, во политиката на балканските земји и на некои големи држави. Македонската заедница не го прифати како разрешување на прашањето она што се случи во 1915-1918 година, ниту пак она од 1941-1944 година т.е. делумното присоединување на македонски области кон Бугарија. Особоено во текот на Втората светска војна, македонската заедница и одговорните македонски раководители стоеја потполно оддалечени од бугарската државна политика. Скршнувањата, за коишто погоре зборувавме, се однесуааат на Првата светска војна. *** По својата долготрајност македонската борба ги надминува ослободителните напори на другите балкански народи, без да заостанува по својата самопожртвуваност и храброст. Меѓутоа, и жртвите што Македонија ги даде се огромни. Којзнае дали некоја друга европска нација дала во текот на војните толкав број убиени, настрадани и прогонети. Само во емиграција заминаа скоро половина милион Бугари, а тоа е 30 насто од нивниот вкупен број. Ако тие останеа во својата татковина, бугарската националност во Македонија денес би била два милиона луѓе. Илјадници борци и невини жители загинаа, без да ги сметаме оние, коишто паднаа како војници во армиите на другите балкански земји што владееле со Македонија. Во времето на турското владеење многу луѓе беа затворани, најчесто во затворите и тврдините низ Мала Азија и егејските острови. Според турски извори, само во текот на подготвителниот период на ВМРО, од 1893-1903 година, биле уапсени 3.764 души, измачувани - 2.503 души, убиени граѓани и селани - 364, заточени – 103, осудени - 503 (меѓу кои има и на смрт), изгорени куќи - 385, ограбени куќи - 825. Во текот на востанието беа разурнати околу 300 села со над 12.000 куќи, силувани се 3122 жени, додека бројот на убиените невини Бугари е 4694 души; без покрив над главата останале 75.000 души. Во борбите учествувале 25 илјади востаници против 250 илјади турски војници; во Бугарија и во Америка емигрираа 30 илјади души; загинаа околу 6.000 македонски востаници и турски војници. Од 1903 до 1912 година во врска со разни провали, вооружени судири и сл. загинаа уште неколку илјади Бугари, а во затворите, исто така, попаднаа илјадници. Во акцијата за разоружување во 1910 година, во некопку околии, масовно беа измачувани голем број возрасни и неполнолетни жители, додека многумина смртно настрадаа или останаа инвалиди. Во времето на српскиот и грчкиот режим десетаци илјади луѓе поминаа низ затворите или беа интернирани. За време на двете српско-грчки ропства - првиот пат од 1912 до 1915 година, а потоа од 1919 до 1941 година, не помалку од сто илјади македонци беа малтретирани; им беа одземени милиони пари, движен и недвижен имот ао аид на казни, конфмскации, јавни грабежи. Српската државна власт организира, исто така, терористички банди коишто јавно, со посебни инструкции со години наред одеа од село на село и тепаа невини мажи и жени, престојуваа и се хранеа бесплатно по куќите, додека на заминување ги полнеа своите ранци со предмети од моминските чеизи. Уште на самиот почеток од својот престој во Македонија, српската власт испрати такви групи коишто, посебно на просторот помеѓу реката Вардар и бугарската граница, ги посетија скоро сите села, малтретирајќи ги нивните жители. Ѕверствата, извршени над бугарското население, се страшни. На повеќе места беа погребувани живи луѓе, при што ги тераа самите да гi ископаат сопствените гробови; има и случаи на живи изгорени луѓе. Не успевајќи да ги фатат нелегалните револуционерни дејци, грчките и српските власти го истураа својот гнев врз недолжното население. Официјалните органи прибегнуваа до безосновани групни убиства. Големи загуби претрпе земјата и поради војните што се одиграа на нејзина територија. Во 1913 година беа изгорени од страна на грчката војска, којашто напредуваше кон север, околу 14 илјади куќи во источните македонски подрачја. Во текот на Првата светска војна се случија нови разурнувања, при што беа оставени без покрив над главата илјадници жители на Македонија. Разурнувања и страдања донесе и Првата Балканска војна против Турција, како и Втората светска војна. Водена е политика на осиромашување и ограбување на народот; упропастени беа сите побогати семејства. Не беше дозволено организирање на економска основа, основање на кооперации и сл. Кредитирањето беше под контрола на службите за безбедност, чиишто соработници беа и банките заради вршење на притисок и денационализација. Доскорешни богати и добри Бугари беа доведени до просјачки стап. Во областа на стопанството не само што не може да се зборува за напредок, туку сосем спротивно - сe се правеше за економското упропастување на земјата. Немаше доволно училишта, а и наставата се изведуааше на непознат за народот јазик. Власта бараше сојузник во незнаењето. На бугарски јазик не можеше да се чита евангелието. Реченото во почетокот на оваа книга во вид на замислена слика на еден угнетувачки режим во Швајцарија, постоеше во Македонија и тоа во многу поголеми размери и посилно изразено. Не остаиа неодземена слобода, ниту непогазено право. Луѓето живееја во постојан страв и вечна потреба, во понижувања, експлоатација и терор. *** Сосем накусо прикажани, еве ги етапите, низ коишто помина македонското ослободително движење од 1893 година до денес: 1. До 1903 година траеше подготвителниот период, во текот на којшто низ земјата се случија повеќе афери, провали и вооружени судири помеѓу револуционери и турската војска. 2. Во 1903 година се крева Илинденското востание, коешто не донесе никакво подобруваље на судбината на македонското население. Големите сили не и посветија соодветно внимание иа пролеаната крв на поробените. Заедно со Бугарите, жртви дадоа и македонските Власи, коишто храбро се вклучија во редовите на ВМРО; тие беа загрозени, а и денес се уште се загрозени од грчки посегнувања по нивната народност. 3. Од 1903 до 1908 година борбата продолжува и во востанатиот револуционерен округ - Битолскиот, како и во останатите области. Меѓународниот печат и натаму е полн со вести од Македонија. Дипломатските претставништва се во постојана напнатост. Се преплетуваат разни оцени. совети и предлози од страна на разни кругови во врска со нестабилната ситуација на балканот. Со ништо не се подобрува положбата и по Мирцштегските реформи, што за Македонија беа изнудени од страна на Австро-Унгарија и Русија. Овие реформи беа наложени по Илинденското и по едно друго востание, што избувна во 1902 година во некои подарачја на североисточна Македонија. 4. Во 1908 година се случува Младотурската револуција, којашто поставува нов султан на престолот и прогласува рамноправност на сите народи во Империјата. На овој начин била спречена интервенцијата на Англија и Русија за воведување на автономна управа во Македонија, каква што беше договорена на средбата меѓу рускиот и британскиот суверен во Ревал. Но само по една година, на сите националности им стана јасно дека и овој пат нема да добијат ништо битно. Останаа незадоволни Арапите, Грците, Ерменците. Албанците, Власите, Бугарите. Власта ја спроведе во 1910 година, веќе спомнатата погоре, акција за разоружување на македонските Бугари; ВМРО одново започна да дејствува. 5 Во 1912 година балканските држави војуваат против Турција. Членовите на ВМРО се ставаат на нивно располагање за да ги потпомогнат во нивните воени дејства. Непосредно по завршувањето на војната против Турција, балканските сојузници стапуваат во меѓусебна војна. Македонија е распарчена на три дела, при што поголемиот дел од македонските Бугари попаѓаат под власта на Грција и Србија и се подложени на денационализација. 6. Од 1913 до 1915 година револуционерната борба во Македонија продолжува против грчкиот, а посебно против српскиот режим. Во Македонија здружени дејствуваат Бугари, Турци и Албанци. На некои места избувнуваат мали востанија против српските власти. 7. Од 1915 до 1918 година Македонија е преземена од бугарската армија. Од источните граници на Македонија до Албанија се протега фронтот на воениот судир, на којшто од една страна се бугарските, турските, австриските и германските војски, а од другата - армиите на сојузничките сили. Бугарското и турското население се мобилизирани во армиите на Бугарија и Турција, додека грчкото население делумно е мобилизирано во грчката армија, а делумно останало под бугарска власт. 8. По Првата светска војна Македонците, демобилизирани од разните армии, се враќаат во своите домови. Српско-грчкиот режим останува непроменет. Продолжува и револуционерната борба во којашто учествуваат и борци од турската, албанската, а до извесна мера и од влашката народност. Легалната борба е потполно невозможна. Сите што се обидоа да организираат ваква борба, мораа да поминат во нелегалност. Незадоволството и протестите на Македонија, како и нејзиниот отпор, продолжија до избувнувањето на Втората светска војна, кога Бугарија одново зазема голем дел од Македонија. 9. По завршувањето на Втората светска војна Македонија одново останува распарчена на три дела. Ново е само тоа што во делот што остана во границите на Југославија е воспоставен болшевички режим, којшто прибегна кон нова денационализација, прогласувајќи ги македонските Бугари за посебна "македонска" нација. Освен ова, ништо друго не се променува; продолжува да царуаа истата бесправност, каква што постоеше во времето на српскиот режим. Македонското прашање пак остана неразрешено - такво какво што беше и по Балканските војни. Сега, притоа, се појавуваат и некои нови моменти, коишто го прават ова прашање уште посложено. *** Не се ретки случаите кога спасоносни идеи биле претставувани во лажна светлина, ругани и одречувани. Препреките од фалсификации и лаги биле постојан придружник и на македонското движење. Сите оние што се стремеле да ја поробат Македонија, лансирале во јавноста по некоја невистина. Приматот во овој однос го држи српската литература, чиешто пишување во врска со Македонија претставуаа вистински зборник од фалсификати. По неа доаѓа грчката пропаганда, а од триесетина години и болшевичката. Прифатена е тактиката: да се фабрикуваат се повеќе и повеќе лаги, така што на крајот мора нешто да се прифати и како вистина. Првенствено се сметало на тоа дека македонското движење е сиромашно и нема да може да се спротивстави на пропаганди од ваков калибар. Непријателите се труделе со финансиски средства, трошени за заблуда, да го помрачат сето она што македонците го придобиле во очите на светската јавност со својата храброст и верност кон идеалот на слободата. Се сметало на тоа што скоро во сите земји просечниот граѓанин, обично, слабо ја познава вистинската ситуација во далечните земји и е готов да му верува на она што му се сервира во печатот. Уште полесно е да се шират заблуди во врска со борби, коишто долго траат. Таков е спучајот со македонската борба. Во првите години на своето постоење таа во западниот свет имаше голем број почитувачи. Но откако дипломатијата го одолжи до бескрајност решавањето на македонското прашање, паралелно со симпатиите, во некои општествени средини постепено се појави и своевидна досада. Има луѓе, на коишто им станува досадно постојано да слушаат за борбени акции, па макар тие биле и ултраслободољубиви. Србија и Грција. како што се докажа, инаа за цел да ја поделат територијата на Македонија; имено затоа, движењето што се стремеше да ја зачува целокупноста и самостојноста на Македонија, според нив, заслужуваше да биде уништено, а пред се дискредитирано. Бугарија од своја страна ја прифаќаше независноста на Македонија и се однесуваше толерантно кон самостојноста на движењето, меѓутоа, не е пројавена доследност во таа насока. Затоа македонското движење доаѓало во конфликт и со бугарски влади или други бугарски средини, коишто оделе дури до таму да ги клеветат македонските организации. Болшевичка Русија оцени дека познатото име и енергичиоста на македонското движење би можеле добро да и послужат за нејзините попитички и револуционерни цели на Балканот и затоа се зафати да го потчини или да го отстрани од својот пат. Откако наиде на отпор, таа им нареди на сите подчинети на неа органи низ целиот свет да ги оцрнуваат, што е можно повеќе, македонските организации. Ако се има првдвид колку свои грижи имаше по војната западниот свет; како таму се промени политичката атмосфера на штета на слободата; како беше замолкнат гласот на одделни авторитетни личности, познати како слободољубиви претставници на јавното мислење, за да може се да и се потчини на контролираната во сите сегменти државна политика; како се намножија пречките за посета на земјите што се борат, каква што е и Македонија - повеќе од јасно станува дека во сферата на пропагандата македонското движење не може да се мери со своите непријатели и затоа во овој домен ќе доживува тешки удари. Освен тоа, македонското движење немаше на своја страна ниту една голема сила, додека Србија и Грција добиваа, прикриено или јавно. поткрепа од страна на некои сили на поверсајскиот политички систем; зад комунистите, пак, стоеше болшевичка Русија. *** Се чини дека е потполно непотребно одново да се занимаваме со искривувањата на вистината, за што веќе беа дадени соодветни појаснувања. Рековме дека движењето се појави самостојно. Истакнавме дека тоа се бореше за автономија во времето на турското владеење и за независност по Балканските војни, наспроти српско-грчките неосновани негирања на овие вистини. Точно е дека нема Срби и Грци, коишто се бореле за оваа идеја, но македонското движење се борело единствено за неа. Непотребно е, исто така, одново да се занимаваме со смешното негирање на бугарската националност и со идејата за некаква си "македонска" националност каква што на светот досега не му беше позната. Болшевичката политика измислува нови нации или негира стари, во зависност од нејзините прикриени намери. Во Германија се зборуваат дијалекти што се неразбирливи за Германците од другите германски области, но и покрај тоа болшевичката политика денес претставува најголем гласноговорник на германското државно и национално обединување. Бугарите од Дунав до Епир зборуваат ист јазик, но болшевичка Русија сака да внесе помеѓу нив национален раздор, независно од тоа што царска Русија, врз основа на националниот принцип, сметаше дека е наполно логично сите Бугари да бидат вклучени во една држава. Веќе рековме, дека производ на странските пропаганди е божемниот "страв" дека Македонија самостојно економски не 6и можела да опстане. Сега пак, од страна на болшевиците се тврди дека македонското прашање веќе било разрешено. Такви тврдења изнесуваа пред саетската јавност Србија и Грција уште во самиот почеток на нивното владеење над Македонија. Се пуштаат гласови, исто така, дека македонското движење божем се борело за разединуаање на балкаиските народи... Се фалсификува и целта на движењето, којашто е потполно јасна - слободиа и независна Македонија. *** Шлекулации се прават и со нелегалниот метод на македонската борба. Ние, меѓутоа, веќе објаснивме дека овој метод е рожба на самите окупаторски режими. Непријателот, исто така, се обидува да ги претстави македонсккте борци како професионални бунтовници. Ако е тоа така, тогаш ирскиот народ би требало да го сметаме за составен исклучиво од професионални бунтари, бунтовници по занимање или поради љубов кон овој "занает", имајќи го предвид фактот дека борбата на овој народ трае веќе векови. Причините што ја предизвикуваат борбата на ВМРО, особено против српскиот и против грчкиот режим, се многу поголеми од оние што предизвикале разни револуции во минатото и во сегашноста на западниот свет. Вистинско злодело би било да се помисли дека македонските борци се жртвуваат за нешто друго, а не за слобода, демократија и мир, не за национално опстојување, творештво и просперитет. Во цивилизираниот свет луѓето прават штрајкови за зголемување на дневниците; покренуваат спорови и водат борба против нарушувања на правото на глас; се случуваат вооружени судири поттикнати од социјални проблеми. Македоиците се изложени на постојана стопанска, морална, физичка и политичка тортура, угнетувани од страна на непроменет терористички режим и бидејќи тие не се робови, ниту по чувство, ниту по свест, ниту по менталитет, неизбежно се доаѓа до нелегална вооружена борба. Ние сме уверени дека уште при првиот обид да им се одземе националното име, националниот јазик или националната свест иа Американците, Бритаиците, Русите, Германците итн., тие како еден ќе востанат со оружје в рака. Македонските Бугари единствено преку нелегална борба можеа да го продолжат своето национално постоење пред очите на светската јавност. Кај непријателот постои голема желба тие да бидат мирни како овчички за да не се слуша повеќе името на Македонија и да се симне од дневен ред нејзиното прашањето и прашање за бугарската народност во неа, и тоа поради застареност. Во врска со македонската борба францускиот писател и општествен деец Алберт Лантоан логично заклучува дека "конспирацијата е неопходна должност кога кај поробувачите нема ни трошка чувство за справедливост; против беззаконието и незаконските средства за борба се дозволени"[17]. Уште во времето на турското владеење, кога македонците имаа книги и весници на свој јазик, имаа училишта, цркви, културно-просветни друштва итн, светската јавност ја сметаше за наполно оправдана нивната нелегална борба. Уште помалку може да се тврди дека тие немаат право да се борат со оружје, кога самите се изложени на терор и убивање. Освен тоа, штом тие самите се убедени дека нивната вистинска иднина е во создавањето иа независна македонска држава, нивно право е и за неа да се борат на нелегален начин, ако веќе легалната борба им е целосно оневозможена. Кога Американците се уверија дека им е потребна независна држава, тие се дигнаа со оружје против нивните браќа по крв - Англичаните; порано ќе го стореа тоа, ако американските колонии не беа под англиска, туку под некоја друга странска аласт. ВМРО по правило ги прогонувал само виновните органи на соодветната окупаторска власт. Во текот на Илинденското востание од нејзина страна јавно се прокламира заштитата на мирното турско и воопшто муслиманско население. Сосем поинакво било однесувањето, на пример, на Грците во слична ситуација. Во 1821 година, откако дознаваат дека нивниот истакнат сонародник Ипсиланти навлегол во Молдавија (Романија) и оти е возможна руска помош, Грците во Пелопонез се побунуваат и за една седмица убиваат петнаесет илјади Турци. Настрадало, пред се, турското населеиие, а не турската војска. Ако пак во текот на некои од војните постоеле обвинувања за дела, спротивни на принципот на ВМРО, да не се посегнува врз мирното население, вината не треба да се бара во ВМРО, туку во одделни личности коишто биле мобилизирани во органите на воените власти или пак во самите туѓи воени власти. Одмаздата никогаш не фигурирала во политичката дејност на ВМРО. При спроведувањето на своите револуционерни мерки и акции ВМРО секогаш водела сметка за избегнување на невини жртви или за смалување иа нивниот број на минимум, дури и во случаите кога тие се наложувале како крајна неопходност. Во таа смисла мошне карактеристично е нејзиното однесуаање во текот на Втората светска војна, кога по 23 годишно српско-грчко ропство во Македонија, таа не насочи ниту еден свој член кон одмазда кон Србите и Грците, коишто беа поразени и можеа лесно да попаднат под ударот иа македонците, ако последните би го посакале тоа. Во македонското движење постоеле и внатрешни судири. Меѓутоа, без основа се претставуваат како виатрешии и борбите коишто тоа ги водело против надворешни политички претензии, па макар биле тие и на фактори од бугарската држава. Внатрешен судир претставува расцепот што група левичари се обидоа да го предизвикаат по 1903 година во еден од револуционерните окрузи. Но и во овој случај, исто така, има обид за мешање на странски партии во македонските работи. На внатрешни можат да личат и судирите коишто се случија околу 1928 година. Но и во тој случај станува збор за надворешни вмешувања. Луѓета, коишто беа отстранети од редовите на движењето, најсетне ги симнаа своите маски и отворено застанаа на страната на болшевиците и на другите надворешии фактори со антимакедонски определби. Секое револуционерно движење, а и секоја легална партија презема мерки и наложува санкции против оние свои членови, коишто не ги почитуваат правилата за однесување. Слични мерки превземаат и сите држави и општествени заедници, посебно во време на војна; ја приложуваат и смртната казна, иако располагаат со затвори. Македонското движе4ње е принудено да води долга одбранбена војна против поробувачот; кога е потребно прибегнува и до строги мерки против одделни родоотстапници, дезертери, поредавници и сл. Во вакви случаи, заинтересираните, пред се поробувачите на Македонија, веднаш дигале врева со цел да го доведат до заблуда јавното мислење дека македонското движење се самоуништувало и сл. Меѓутоа, слични примери, и тоа во голем број, можат да се најдат и во европската историја, од што јасно може да се види неоснованоста на аитимакедонските пропаганди. Не постои ниту една европска земја или нација што не доживувала внатрешни судири. Обична појава се и поделбите од големи размери во политичките партии во светот. Скоро без исклучок, во сите револуционерни движења се случувале внатрешни потреси. Земете ги, на пример, познатите судири во Француската револуција; еден по друг отидоа на гилотина сите поистакиати водачи на разните фракции и илјадници нивни приврзаници. Мошне тешки внатрешни несогласувања постоеле и во редовите на ирските борци. Но да ги оставиме настрана примерите од далечните на Македонија земји. Во редовите на грчките и српските ослободителни движења од почетокот на XIX век постоеја пројави на големи противречности, а доаѓало и до крвави пресметки. Грчките водачи меѓусебно се убиваа. Впрочем, познато е дека ниту еден друг народ не е толку предиспониран кон расцепи, внатрешни пучеви и прогонувања како грчкиот. Во Србија, пак, во внатрешни судири загина нејзиниот најистакнат национален борец, нејзиниот ослободител од турското ропство Караѓорѓе, кого самите Срби го убија со секира. Како пример од најново време да посочиме што се случи во борбата на Србите и Грците во текот на Втората светска војна кога тие започнаа борба против окупаторите на нивните земји. Грците се поделија и започнаа меѓусебна борба во која што животот го загубија исто толку нивни сонародници колку што загинаа во борбите против окупаторот, ако не и повеќе. Тоа, пак, што се случи со Србите е уште потрагично. Сите внатрешни судири, сите жртви во внатрешните борби во редовите на македонското движење, откако тоа постои, собрани заедно, се најобична детска играчка во однос на разурнувањата и жртвите, коишто Србите самите си ги нанесоа во братоубиствените борби во текот на само две-три години за време на Втората светска војна. И во Швајцарија, како што веќе рековме, имало повеќе несогпасувања и судири на социјална, политичка и религиозна основа. Развојот на општествените заедници е придружуван од спорови и борби. Непотребно би бипо да се наведуваат примери, иако некои од нив остануваат запечатени во паметта на секој гимназијалец, како на пример, судирите помеѓу Британците во времето на Кромвел, религиозните судири среде германската нација, во Шпанија итн. И болшевиците во својата пропаганда понекогаш ги посочуваат судирите во македонските средини, преправајќи се дека заборавиле што се случуваше и што уште претстои да се случи во нивните средини. Никој, се разбира, не е во состојба да го дознае бројот на беследно исчезнатите болшевици во Русија, а особено на исчезнатите неболшевици. Меѓутоа, сосем доволно е тоа што се знае за масакрот кај целокупната болшевичка стара гарда, составена од општопознатите комунистички величини како Троцки, Зиновјев, Бухарин, Камењев, Риков, Тухачевски, Раковски и многу други. Слични чистки, спроведувани тајно, се случувале и во другите болшевички партии низ светот. Македонското ослободително движење, за жал, немало свои затвори за да ги затвора во нив виновните. Во таков случај би биле отстранети сите намерни или ненамерни претерувања во врска со неопходните мерки, коишто тоа било приморано да презема за сопствената одбрана. Тогаш би можело дури да се помисли за отстранување на смртната казна, ако тоа воопшто би се покажало возможно за едно револуционерно движење, што се бори против непријатели, чијашто цел е да се упропасти и денационализира цел народ. *** Често ни се приговара дека во Македонија има и ќе има судири помеѓу одделните националности. Целта е да се претстави Македонија како синоним на неред; или дека воопшто нејзините борби се некакви си бесмислени барања. Доколку не се производ на непријателската пропаганда, таквите мислења се резултат на непознавањето на стварноста. Борбите меѓу грчката и бугарската народност во Македонија се остаток од илјадогодишната борба помеѓу Византија и Бугарија и од обидите на грчкото духовенство за денационализација на бугарштината. Откако беше создадена автокефална бугарска црква, сопре и борбата помеѓу Бугари и Грци на национална основа; грчкото духовенство веќе го нема по бугарските земји. Кога би се создала независиа македонска држава, бугарското и грчкото население во неа ќе живеат братски и со заеднички напори ќе ја градат сопствената благосостојба, Тогаш ќе се стави крај на соперништвото помеѓу грчката и бугарската држава, коешто денес не е заради превласт на Балканот, како што беше во времето на Византија. Со еден збор, недоразбирањата меѓу Грците и Бугарите многу изгубиле од старата своја напнатост и острина; постојат сите потребни услови, на нивно место да зацарува грчко-бугарска хармонија. И разумно, и мошне симболично би било, на овие вековни борби да им се стави крај имено таму, кадешто тие најрелјефно го достигнаа својот пароксизам пред илјада години, со ослепувањето на бугарските заробеници - токму во Македонија. Кога ќе се смири грчко-бугарската кавга, може да се каже дека други меѓунационални конфликти таму скоро и да нема. Меѓу Бугари и Турци не постојат судири на национална основа. Судири на ваква основа нема и меѓу Турците и Грците. Доколку Албанците на јужниот крај на земјата би имале мали недоразбирања со Грците, а на други места со Бугарите, тоа се спорови од безначајна природа што не можат да го загрозат единството или постоењето на една независна Македонија. Антагонизмот на национална основа зависел од политичките несредености и од немањето на слобода во земјата. Ако се промени во тој однос ситуацијата, ќе исчезнат и националните недоразбирања, а ќе исчезнат или до минимум ќе се редуцираат и надворешните подбуцнувања. Македонија досега не била самостојна за да може таа, нејзината администрација, и нејзината внатрешна политика, да бидат сметани за виновни за постојните таму непријатности. Кога ќе биде слободна и независна, дури тогаш ќе може да се суди за нејзината способност сама да се управува и уредува. Тогаш нема да има во Македонија туѓа власт, којашто да фалсификува или негира нечиј јазик или нечија национална самосвест. Спротивставувања помеѓу одделни националности или одделни области постоеле во повеќе земји, коишто денес се самостојни држави. Да се потсетиме овде барем на недоразбирањата во Белгија, каде што Фламанците, коишто претставуваат половина од бројот на населението, како десетици години по формирањето и признавањето на белгиската држава се бореа за рамноправност на нивниот јазик и признавањето му како официјален заедно со францускиот. Поради овие недоразбирања никој не се осмелил да тврди дека Белгија не требало да се создава како независна држава. И во Швајцарија не престанаа одеднаш големите спорови. Меѓутоа, овие спорови, како и многу спорни прашања во Белгија, неочекувано брзо се разрешија откако овие земји беа признаени за независни и добија меѓународни гаранции за нивниот неутралитет. И со Македонија да се случи истото; да бидат предвидени санкции за оние што би ја вознемирувале Македонија и тогаш ќе се види дали таа нема да го даде најдобриот пример за спогодување и братство помеѓу балканците. Во Македонија не постојат реални услови и за голема партиска раздробеност, ако таа стане слободна земја и добие исправно уредување. Апсолутно неосовани се сфакањата дека таму луѓето би биле во постојан меѓусебен судир; такво нешто можат да кажат само непријателите на Македонија. Такво нешто не се случувало таму и во времето на ропството и покрај присутните странски интриги, моралното паѓање на послабите луѓе, немаштијата и психолошките притисоци. ВМРО отсекогаш претставувала цврст сојуз на обединетите народни физички и духовни сили. Во времето на турскиот "хуриет", од 1908 до 1910 година, сплотено се организираа во свои конституциони клубови, ги избираа своите пратеници и покажаа дека се способни за мирен општествен живот. Легалните македонски организации од половина век наваму, скоро без никакви проблеми, развиваат добротворна, културна и политичка дејност Во времето на турското владеење бугарското население здружено и дисциплинирано ги следеше своите духовни општини-црковно-национални и општествени здруженија, во коишто се разрешуваа и некои правни проблеми. Македонските занаетчиски здруженија постоеја во ред и дициплина повеќе векови. Слободно може да се констатира дека на политичка и општествена основа во Македонија имало помалку делби, во споредба со некои слободни и демократски европски земји, иако, пак ќе повториме, народот во Македонија живеел во тешко ропство. Откако и во Европа зачестија политичките насилства и откако беше редуцирана политичката слобода и остро се судрија претензиите на силни фактори, гледаме дека и таа започнува да се балканизира. Ако во Македонија настапи ера на справедливост и ако престанат политичките насилства, тогаш ќе исчезнат и политичките остатоци од несогласувањата, коишто во странство се уште се преувеличуваат и злонамерно се толкуваат. *** Како заклучок на изнесеното во оваа глава, произлегуваат следниве констатации:
Сево ова може да се види и во случајот со Швајцарија.
|
||||||||
Подготвува: Цане Ѓорѓиевски |
||||||||