Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Македонија Швајцарија на Балканот

ПЕТТА ГЛАВА

ОБИДИ ЗА ОСАМОСТОЈУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Идејата за политичка самостојност на Македонија не остана само во програмите и во препораките на македонските организации. Поради спасоносните перспективи, зацртани во неа, таа се здоби со толку голема популарност што во некои случаи не можеа целосно да ја одминат ниту оние, на коишто најмалку им се допаѓаше. За неа проговорија дури и српските државници.

1. Во 1904 година меѓу Бугарија и Србија започнаа преговори за зближување. Најистакнатиот српски политичар во она време, Никола Пашиќ, изјави пред бугарските делегати дека е подготвен да започне преговори за сојуз заснован врз идејата за автономна Македонија. Тогаш беше склучен царински договор помеѓу двете држави.

2. Во 1909 година одново се покрена прашањето за нивното зближување. Пред бугарскиот полномошен министер А. Тошев, претседателот на српската влада Миловановиќ изјавува дека и Србите би можеле да го прифатат бугарскиот став за автономијата[18].

3. Во 1907 година грчкиот државник Заимис, исто така, се искажал за автономна Македонија со сфери на влијание[19].

4. При подготовката на балканскиот сојуз, од српска страна одново е изразена подготвеност да се работи за автономија. Ова го потврдува и Ив. Ев. Гешов, претседател на бугарската влада[20]. Но сепак, веќе е присутно залагањето и на двете страни - српската и бугарската, да го избегнат на некој начин евентуалното решение за автономија.

5. Четвртиот член на балканскиот сојуз, Црна Гора, целосно ја подржувала автономијата, при што, од страна на кралот Никита, пред бугарскиот полномошен министер А. Тошев се изнесени аргументи за ползата од неа, наполно идентични со оние на ВМРО.

6. Во склучениот меѓу Бугарија и Грција договор за одбрана на 18 мај 1912 година, се предвидува на населението во Македонија да му бидат загарантирани правата "што произлегуваат од договорите". Се мисли на членот 23 од Берлинскиот договор, којшто предвидува спроведување на реформи во Македонија што водат кон автономија.

7. Нацрт-нотата, којашто балканските сојузници требаше да ја поднесат пред избувнувањето на војната, беше од нивна страна грижливо подготвена, со пригоден текст, за да се придобие светското јавно мислење, а особено да не се дава повод на Австрија и Романија да интервенираат во корист на Турција. Сите биле согласни да се бара по секо]а цена токму автономија на Македонија. По ова прашање има повеќе податоци во делата на балканските политичари[21].

Во нацрт-договорот меѓу Бугарија и Србија, во врска со објавувањето војна на Турција, се вели дека четирите балкански сојузници, со одделни идентични ноти или пак со заедничка нота, ќе бараат од Турција да ги спроведе на дело реформите што се предвидени со Берлинскиот догоаор: а) назначување на генерален гувернер од неутрална земја, потврден од Големите сили; 6) избор на обласни собранија; в) локална џандармерија; г) контрола на амбасадорите на големите сили и полномошните министри на четирите балкански држави при спроведувањето на реформите. Овие барања претставуваат најважниот чекор кон автономија. Очигпледно е, исто така, дека не само македонските дејци туку и балканските држави ја сметале за неопходна контролата на големите сили; од овде до гаранцијата на Големите сили има само еден чекор. Со еден збор, за Македонија, по принцип, се предвидува статус мошне сличен со оној на Швајцарија. Во име на сојузниците Бугарија ја поднесе нотата на 12 октомври 1912 година. Во неа се бара првенствено етничка автономија на народностите; притоа, бидејќи беше општопознато дека во Македонија преовладуваат Бугарите, коишто веќе имаа свои училишта, цркви, културно-просветни и општествени институции, тоа значи дека соседните на Македонија држави, во случајов, формално ја признале бугарската националност во Македонија, заедно со грчката и другите тамошни народности. Во посебна точка на нотата се бара да се признаат сите училишта на христијаните, на ист начин како и турските. Се бара, исто така: Високата порта да преземе обврска да не го менува етничкиот состав на провинциите во Отоманската империја преку населување во нив на муслиманско население.

Првата точка од српскиот нацрт на ултинатумот што требаше да и се предаде на Турција, врачен од српска страна на тогашниот бугарски полиомошен министер во Белград А. Тошев, дословно гласи:

"Портата веднаш да пристапи кон спроведување на реформите предвидени со член 23 од Берлинскиот договор, базирајќи ги врз принципите на етничката автономија на народностите во Европска Турција (автономни области, генерални гувернери од некоја неутрална земја - Швајцарци или Белгијци, изборни обласни собранија, локална џандармерија, финансиска самоуправа, народна војска итн.)".

Втората точка, пак, ја има следнава содржина:

"Амбасадорите на Големите сили и полномошните министри на Србија, Бугарија, Грција и Црна Гора да го контролираат спроведувањето на реформите".

8. По поразот на турската армија се појавија турски пратеници, коишто предложија да и се даде автономија на Македонија, но предлогот беше одбиен.

9. По распадот на балканскиот сојуз и војната помеѓу сојузниците, Турција и Бугарија водат преговори за зближување и одново се залагаат за автономија на Македонија.

10. Пред одржувањето на Париската мировна конференција во 1919 година, бугарската делегација го поднесе следниот официјален предлог:

"Бугарскиот карактер на Македонија е потврден од многу сведоштва и документи... Големите сили во свечени акти и документи, што исчезнале од нивните канцеларии, прокламираат дека Македонија е бугарска, во согласност со благородните принципи, прокламирани од главните сојузнички сили. Бугарската делегација би имала, според тоа, основа да го побара присоединувањето на оваа провинција кон бугарското царство. Меѓутоа, не може да не ги земе во предвид пречките од политичка природа што ќе се појават по едно вакво решение, колку и да е оправдано тоа од гледна точка на идеалните мотиви. Така, длабоко проникнати од идејата дека македонското прашање денес би можело да биде разрешено на начин, истовремено практичен и спроведлив, само преку формула што може да им донесе на етничките заедници режим што ќе им ја гарантира слободата и националниот опстанок, на балканските земји - средство за помирување, на Големите сили - фактор на стабилност и ред, бугарската делегација има чест да и предложи на Конференцијата, Македонија, во нејзините географски граници, да биде прогласена за независна држава и ставена под надзор на главните здружени сојузнички сили или на онаа помеѓу нив, којашто Конференцијата би ја посочила"[22].

Овде одново ја гледаме идејата за меѓународна контрола и гаранција при разрешувањето на македонското прашање. На чело на бугарската делегација, која го врачи горниот предлог, беа Т. Тодоров - лидер на Народната партија, и Александар Стамболиски - водач на Земјоделската партија. Тие се заложиле и за зближување меѓу јужните Словени, но цитираниот тука документ јасно покажува какво било тука нивното мислење во врска со разрешувањето на македонското прашање и за националноста на македонските Словени. Вакво сфаќање по македонското прашање имаат повеќето од партиите во Бугарија, а таму за секого е јасна бугарската припадност на македонските Словени.

11. Овде, се разбира, нема да ги наведеме сите случаи, при коишто балканските влади или нивни официјални претставници се искажувале во корист на македонската автономија. Меѓутоа, посочените примери се доволни секој да се увери дека и според балканските држави осамостојувањето на Македонија не само што е можно, туку е и пожелно. Обидот на болшевиците да создадат во Југославија одделна македонска федератина единица потврдува дека македонското население навистина се стреми кон политичка самостојност. Предвидените права за Македонија во болшевичка Југославија, меѓутоа, постојат само на хартија; затоа што таму не само што не е допуштена национална автономија, туку фактички е воведен режим на денационализација како што беше и во кралска Југославија.

Ќе наведеме и неколку поважни моменти во кои, од страна на Големите сили, исто така, се разгледува или предвидува воведување на автономија во Македонија:

1. Во 1876 година, шесте големи сили, а имено, Англија, Франција, Русија, Италија, Германија и Австро-Унгарија, задолжија свои претставници да се соберат на една конференција во Цариград и, заедно со помошници на Турција, да проучат и предложат мерки за преобразба и смирување на турските провинции во Европа. Конференцијата се одржуваше по бугарското востание во Тракија и во Дунавска Бугарија.

Францускиот делегат поднесе три проекта: а. За Бугарија - како таа да се организира во рамките на турското царство. Во проектот не се зборува посебно за Македонија, туку таа се третира како дел од Бугарија. б. Проект во врска со условите за мир во Србија, којашто во тоа време била во војна со Турција, в. Проект во врска со организацијата на Босна и Херцеговина.

Во врска со бугарските земји Конференцијата решава дека тие треба да се организираат во две големи автономни области. Источната област да го има за главен град Трново, додека западната, којашто ја опфаќаше, пред сe, територијата ма Македонија, да го има за свој главен град Софија. Во западната област беа вклучени како бугарски и подрачјата на денешна југоисточна Србија, околу сливот на реката Морава со градовите Врање, Пирот, Ниш итн.

Ако овој план се оствареше, автономијата во рамките на турската држава одамна би поставила цврсти основи за културен и стопански просперитет на македонското население; никој не би се решил потоа да ја негира бугарската народност во Македонија; ќе се избегнеа војните против Турција и војните меѓу одделните балкански држави.

2. При склучувањето на Берлинскиот договор во 1878 година, Русија прави обид да ја придобие Австро-Унгарија за автономија на Македонија и на Албанија. Австрија не прифатила.

3. На Берлинскиот конгрес е донесено решение во Македонија да се спроведат реформи од страна на Турција. Решението се содржи во членот 23 од Берлинскиот договор, за чиешто спроведување одговорност презедоа и Гопемите сили. Ако беа спроведени предложените мерки, постепено би се дошло до автономија.

4. По востанието од 1902 година во источна Македонија, познато како Горно-Џумајско востание, Големите сили и препорачуваат на Турција да изврши некои реформи. Но во практиката се доби само правото христијаните да имаат само вооружени полјаци од христијанска националност. Некои од Големите сили и тогаш размислувале за автономни реформи, но како резултат се добило само спомнатото.

5. По Илинденското востание од 1903 година, во Мирцштег се одржува средба меѓу рускиот цар и австроунгарскиот кајзер Франц Јосиф. На оваа средба беа договорени главните точки за реформи што и беа предложени на Турција и таа ги прифати на 25 ноември истата година. Меѓутоа, Македонија одново не доби ништо. Беа испратени само инструктори од Големите сили во разните вилаети (области) на Европска Турција за да извршат одредени реформи во турската џандармерија. Надежта за автомомија се одложи.

6. Италија преку својот државник Титони изрази во 1907 година став во полза на автономна Македонија. Титони во парламентот изјави: "Македонското прашање треба да се разреши преку автономна управа базирана врз националностите".

7. Во 1908 година се сретнаа во Ревал англискиот крал и рускиот цар. Двете големи сили постигнаа договор што требаше да доведе до автономија. Англискиот министер за надворешни работи Едуард Греј изјави во домот на општините дека Англија покренала иницијатива за назначување на генерален гувернер во Македонија.

Во Турција, меѓутоа, е извршен воен пуч. Објавено е дека султанот воведува во својата држава современ устав што обезбедува рамноправност и слобода за сите националности и на сите турски граѓани. На овој начин беше спречено од страна на Турција воведувањето на автономија во Македонија. Истата фарса беше одиграна и во 1876 година; прогласен беше уставот, ветени беа големи правдини за народот и на тој начин беше спречено спроведувањето на она што беше решено на Конференцијата на шесте големи сили во Цариград. Дали и во 1908 година некои од големите сили тајно работеле против спроведувањето на спасоносниот план, како што има сознанија дека тоа го правеле во 1876 година, за нас воопшто не е битно. Можеме само да констатираме дека кога се сакало да се постигне смирување на Балканот и да се задоволи Македонија - и Големите сили можеле да ја препорачаат единствено македонската автономија.

8. Рускиот претставник во Софија, Нехлјудов, во октомври 1912 година испратил допис до министерот за надворешни работи во Санкт Петербург, во којшто го искажува мислењето дека најдобро е Албанија и Македонија да бидат автономни и да бидат ставени под закрилата на Големите сили. И во други случаи, додека траеше војната против Турција, руски официјални органи размислуваат врз идејата за автономија. За жал, во тоа време балканските сојузници веќе се беа откажале од оваа идеја[23].

9. На Париската мировна конференција во 1919 година, меѓу Големите сили е разгледувано прашањето за издвојување на оној дел од Македонија што се наоѓа под југословенска власт, како автономна област во границите на Југославија. Италијанската делегација поднесува свој проект; Англичаните, пак, поднесуваат друг проект, кон којшто се придружуваат американската и јапонската делегација. Предлозите пропаѓаат заради спротивставувањето, пред се, на француските претставници, коишто ја подржале српската непомирливост.

***

ВМРО често предупредуваше дека ако се напушти идејата за автономија и се допушта поделбата на Македонија, ќе се дојде до војни меѓу балканските народи и постојана омраза. Во текот на последните триесет и пет години, предвидувањата на ВМРО се потврдија и со многу повеќе факти, отколку што можеше да се очекува.

Видовме дека зборот "автономија" наместо да биде јасно потенциран како цел на војната, во договорот на балканските сојузници едвај е спомнат, и тоа на начин што упатува на намерата да биде игнориран. Во договорот помеѓу Бугарија и Србија е речено дека Македонија ќе биде поделена меѓу потписничките "ако двете страни се уверат дека конституирањето на оваа територија како посебна автономна област е неаозможна заради заедничките интереси на бугарската и на српската народност или поради други внатрешни или надворешни причини". Меѓутоа, овие земји биле однапред одлучени за делба. Затоа и не чекале да се убедуваат допрва, туку уште со самото стапување на нивните војски во Македонија, особено српските, започнаа да се однесуваат кон неа како кон сопствена земја. Во договорот стојат наведените нејасни зборови во врска со автономијата, а линиите на поделбата се опишани опширно и точно. Што се однесува, пак, до општите интереси на Србите и Бугарите, тие категорично наложуваа да се бара имено автономија на Македонија. Ова го бараа и сите "внатрешни и надворешни причини". Погоре наведовме дека и самите балкански влади истакнаа важни аргументи во полза на автономијата во нивната заедничка нота до Турција.

Во тие моменти, исклучиво од балканските влади, пред се од владите на Бугарија и Србија, зависеше каква ќе биде целта на војната. При подготовката на нивниот сојуз, бугарските делегати Станчов и Ризов, на 7 ноември 1911 година, на претседателот на српската влада Миловановиќ му ја понудиле следнава формулација:

"Ако по војна, водена заеднички од двете земји, Србија и Бугарија, се најде за потребно таа да заврши со автономна управа на областите населени со Бугари. двете земји ќе се согласат да склучат мир, само ако постои сигурна гаранција за автономија на спомнатите области"[24].

Значи, овие две земји, а не некој друг, одлучувале дали војната ќе завриш или нема да заврши со автономија. Областите, за коишто станува збор се: од една страна Македонија, населена со Бугари, и од друга страна Новопазарскиот санџак и Косово, каде што има Срби.

Од бугарска страна можело да се настојува за уште поголема јасност во врска со целта на војната и при договарањето со Грција. Меѓутоа, и она што е речено за обезбедувањето на правата "што произлегуваат од договорите" е сосем блиску до автономијата и нема ништо заедиичко со делба на македонската земја.

Потполно е јасно дека како содржината на склучените договори и спогодби така и упатената до Турција нота, сосем не им одговарале на интимните намери на балканските сојузници. Стремежот кон ослободување на поробените христијани и браќа бил потиснат од друг, посилен стремеж - да се освои земја. Во српско-бугарскиот договор алчноста за земја се чувствува силно, особено во желбата на Србите да ги освојат скоро сите албански области. Таквото поробување на Албанците фрла црна дамка воопшто врз ослободителните мотиви на оваа војна. Србија можеше одлично да се задоволи со автономијата на Санџак и Косово и со економски излез на Јадранското море, како што, впрочем, нејзиниот политички лидер Пашиќ и ветувал на Австрија преку проф. Г. Масарик - во тоа време пратеник во австрискиот парламент[25].

Грчката влада, исто така, без желба гледала на автономијата. Турците, пак, со децении го одложуваа нејзиното спроведување.

Бугарската официјална политика има огромна вина како пред ослободените така и пред поробените делови на бугарскиот народ. Таа мораше да го прифата предлогот на поразените Турци, и тоа кога нејзините сојузници веќе беа почнале да ги отвораат картите, одлучни во намерата да не ги напуштаат освоените од нив територии. Бугарија требаше да остане цврсто приврзана кон содржината на нотата поднесена до Турција за автономија; при потреба да им се обрати на Големите сили и до јавното мислење, ќе истакнеше дека се бори за ослободување, а не за освојување на територија. Од сите страни нејзината постапка би била посретната со одобрување; Србија и Грција би биле принудени да ја прифатат автономијата на Македонија. Луле-Бургаската победа го беше подигнала угледот на Бугарија и на нејзината Армија како никогаш досега. Уште повеќе би се подигнал престижот на една умерена бугарска политика по една ваква воена победа и при очигледно бугарско национално право во Македонија. Наместо тоа, раководните луѓе на Бугарија им наредија на своите потчинети, имено по Луле- Бургаската битка, збор да не се рече повеќе за автономија.

Поробениот македонски Бугарин му е благодарен на народот-брат од слободна Бугарија затоа што на неколкупати ја пролевал својата крв низ боиштата, со желба да и помогне на Македонија. Меѓутоа, не само македонскиот Бугарин туку и народот во Бугарија ги осудува и не може да им прости на оние бугарски политичари, коишто ја прокоцкаа неколкупати по ред шансата за македонска автономија, ја туркаа Македонија во ново ропство, а во големи опасности и самата Бугарија. Тие не пројавија желба да се поучат од неуспесите што се случија еден по друг. А не беа заборавиле колку спасоносна е идејата за автономија. Дури и мошне често ја спомнуваат. Меѓутоа, тоа го правеа секогаш, откако се впуштаа во политички и воени авантури, откако се случувале несреќите. Така постапија во 1919 година, поднесувајќи го познатиот предлог за независна Македонија до Конференцијата во Париз, откако четири години беа војувале во текот на Првата светска војна и ја беа изгубиле играта; не се беа сетиле да побараат автономија и во текот на долгите и мачни преговори со силите на сојузниците, пред да отстапат во Првата светска војна. На ист трагикомичен начин тие постапуваат и на крајот од Втората свет-ска војна; и тогаш многумина одговорни бугарски политичари се сетиле за автономија или независност на Македонија.

Ако судиме по изнесените во бугарскиот печат податоци, кон крајот на Втората светска војна и српски одговорни личности си припомниле за истото нешто. Во дневникот на бугарскиот регент проф. Богдан Филов се вели дека на 4 септември 1944 година кај него дошол адмирал Иванов, којшто ја вршел улогата на врска меѓу германската воена команда во Белград и бугарските воени формации во Србија во текот на војната. Адмиралот му соопштил на регентот Филов дека водачот на српското востание, Дража Михајловиќ, нуди соработка со бугарската армија во борбата со болшевиците, но под услов на Македонија да и биде дадена независност.

Прашањето за македонската независност можеше да се постави и успешно да се разреши во текот на војната, само ако беше покренато од страна на балканските држави, а посебно од страна на Бугарија, и тоа за доброто на сите на Балканот.

***

Се разбира, вина има и кај Големите сили. Ослободувањето на балканските земји било следено од многу дипломатски игри. Тие биле најмачни околу македонското прашање. Ако е потребно карактеристично сведоштво за нивото и компетентноста на европската дипломатија од најново време, тоа треба да се бара во врска со Македонија. Подобар пример за потсмејување со народните маки, за егоизам, за ограниченост и за надмудруаање којзнае дали има.

Големите сили се согласија во 1876 година да воведат во Македонија автономна управа, но натаму не направија ниту чекор, и покрај тоа што веднаш станаа јасни турските манипулации во врска со ветениот од нивна страна современ устав. Во 1908 година две од најсилните и највлијателни Големи сили - Англија и Русија, се согласија да се бара автономна управа, но веднаш потоа ја напуштија оваа своја намера, макар што турската власт не ги воведе ветените и очекувани подобрувања во управата на Македонија. Исто така, и во 1912 година, од страна на Големите сили не беше преземено ништо за да се спречат балканските судири со енергична и решителна препорака, да се прифати автономијата којашто, и без тоа, ултимативно беше барана од страна на балканските сојузници од султанот. Во предвечерјето на Првата светска војна, во околности на интензивни дипломатски игри за придобивање на балканските земји кон едната или кон другата страна на завојуваните Големи сили, последниве ниту ја предлагаат ниту ја наложуваат македонската автономија, преку којашто можело многу да се постигне. И по Втората светска војна ниту една голема сила не го предложила единственото среќно разрешување на ова прашање - конституирањето на Македонија во самостојна политичка единица.

Секоја од нив се трудеше да ги зацарстува на Балканот своите политички, економски и стратегиски позиции. Војските, скоро на сите од нив, беа спротивставени во Македонија едни против други. Постојат флагрантни докази дека некои од овие земји покажуваа желба дури и да останат во Македонија како господари. Затоа, не може да се мисли дека Големите сили ги заборавиле своите балкански грижи, или пак, дека македонската автономија е заборавена поради евентуалната неинформираност на политичките камцеларии. Доколку, пак, некои големи сили ја определувале македонската земја како хонорар за наградување на некои свои сателити на Балканот, таквата политика ги покажа своите горчливи резултати во блиското минато; уште погорчливи резултати таа би дала во иднина. На ниту едно друго место не биле повеќе игнорирани етнографијата, стопанските потреби и вистината; недостасувала етика и широчина на ставовите. Ако навистина во Европа и во светот мора да се очекуваат нови ветришта, целосно треба да се променат и политичките методи, преку кои европските Големи сили се пројавувале на Балканскиот Полуостров. На местото на надмудрувањата и себичноста треба да застане зборот на правдата. Повеќето од балканските кризи се плод на соперништво помеѓу големите европски држави. Оваа констатација е најточна во однос на нерешеното македонско прашање.

Овде, се разбира, нема потреба да се осврнуваме врз безбројните постапки пред Организацијата на обединетите нации од страна на македонските организации. Таа никогаш не се интересирала за страдањата на поробените и за нивните желби. Нејзиното однесување можело само да ги зајакне незадоволствата, па дури и револуционерните борби. Обединетите нации беа, божем, и гарант за правата на малцинствата, Меѓутоа, никогаш не се заинтересираа за бугарското малцинство во Југославија. На ист начин неодговорно се однесе и кон проблемите на малцинствата во Грција. Купишта од ветувања и од прокламации на убави принципи се истураа од страна на ОН и неговите создавачи. Апелите на поробените народи, меѓутоа, тие не ги слушаа.

Сметаме оти е потполно јасно дека кога станува збор за македонското прашање, проблемот не е во односите помеѓу македонските националности, а уште помалку во изнаоѓањето средства за нивно подобрување. Тешкотиите се повеќе во работате што се случуваат надвор од Македонија, во неразумните постапки на соседите и во плановите на Големите сили.

Во голема мера таква беше некогаш ситуацијата и со Швајцарија


18. По ова прашање повеќе податоци можат да се најдат во книгата на А.Тошев "Балкански войни", прв дел.
19. А.Тошев, Балкански войни, Т. I, стр. 168-169.
20. Иван Евстатиев Гешов, Балканският съюз, стр. 15. Гешов беше лидер на Народната партија во Бугарија и претседател на бутарската влада за време на Балканската војна против Турција.
21. И по ова прашање детални податоци има во цитираниот труд на А.Тошев. Таму има податоци и за ставот на црногорскиот крал Никита во врска со македонската автономија.
22. Забелешки на Бугарската делегација на нацрт-договорот за мир, Париз-Неј, 19 септември 1919 година, стр. 33 и 34.
23. А.Тошев, Балканските войни, втор дел, стр. 81.
24. Во врска со овие прашања податоци можат да се најдат и во трудовнте на бугарските политички писатели д-р Александар Гиргинов, К. Соларов, П. Тодоров, но најмногу во двотомниот труд на А.Тошев.
25. Во книгата на гроф Сфорца "Пашиќ и обединувањето на Словените" издание на Галимарт на француски јазик, стр. 108-109, се вели, дека Пашиќ ја известил австриската влада преку членот на австрискиот парламент Г. Масарик за некои свои предлози, кон крајот на 1912 година. Притоа, некои од овие пораки на Пашиќ Масарик му ги соопштува иа Уикам Стијд, кој, во тоа време бил дописник на лондонски "Тајмс" во Виена. Во пораката на Пашиќ се вели. Иако ние сме поволно расположени за поделба на Албанија, можеме да ја прифагиме австриската идеја за автономна Албанија, како доказ дека сме подготвени да водиме сметка за желбите на Австрија. И понатаму „Ние сакаме од Австрија едно пристаниште и еден коридор што води до тоа пристаниште"
.

Почеток | <<Назад | Напред>> | Содржина

granicnik