Спомени - Ангел Андреев | ||||||||
I. Биографски податоци. Стрелечко македонско друштво во Варна. Влијанието на Б. Сарафов. Со ревизионата чета на Давидов. Андреев доаѓа во Македонија. Детална маршрута на четата 21 март 1904 г. Роден сум во село Рудари (Преспанско), на 23 април 1867 година. Татко ми беше ѕидар. Учев две години во грчкото училиште во селото Герман. Учител ми беше Мијал, Цинцар од Псодери. И сега пишувам и малку зборувам грчки. Кога имав 15-16 години ме пратија на гурбет во Анадол, во градот Кнак (Пергамска околија). Татко ми таму умре. Тој животот повеќе го помина во Анадол, заедно со брата си. Во Анадол осганав околу 7 години и само еднаш, по 3 години, го посетив родниот крај. Работев, ѕидавме со нашинци, мои роднини. Имав 22 години кога се вратив. Тогаш и се оженив во своето село, а жена ми беше од Герман. Дома останав 4 години, а браќа ми одеа на гурбет. Четворица браќа сме. Откако се оженив, браќа ми го напуштија Анадол н почнаа да одат во Варна, Бугарија. По 4 години, 1892, и јас Дојдов во Варна. Веќе имав две девојчиња; сега се живи и жена ми е уште во Рудари. Околу 3 години работев во Варна, Каварна и Балчик. Во 1895 година се вратив дома и останав 6 месеци, а на Ѓурѓовден пак се вратив во Варна. Помалиот брат, Лазар Андреев во 1895 година бил во Крстовата чета која тргнала кон Македонија, но се вратила од граница. Точно тогаш го отепаа Стамболов. Тогаш од Варна во Македонија се вративме можеби 200 души мајстори. Се подготвував и јас да тргнам, но ја вратија четата. Тогаш сите бевме членови на македонското друштво во Варна. По повторното враќање, во Варна останав околу година и пол и повторно се вратив дома со најмалиот брат. Во своето село ја поминав зимата, а летото дојдов во Варна и останав 5 години. Кога Сарафов стана член на Комитетот, јас се зачленив во Стрелачката дружина во Варна. Набрзо, по двомесечно учење, ме назначија за командир на втората чета, втор вод. Најголемите команданти ни беа полковник Јанков (родум од Костурско) и покојниот Саев. Тие доаѓаа и само ја предаваа командата на Никола Лефтеров, кој тогаш беше постар стражар во Варна и кој ја обучуваше втората чета. Обуката се одвиваше во неделите и празниците. Се обучувавме во стари касарни кои беа празни. Бевме 4 чети по 100 души. Со голем мерак се обучувавме. Друштвото имаше набавено пушки и сабји. Таму учевме марширање, нишанење, гимнастика и песни, исто како и војската. Не однесоа 5 пати на гаѓање. Учевме од 1 септември до Ѓурѓовден. Во делници учевме двапати навечер, од 8 до 12 часот. Низ градот минувавме со песни. На парада излегувавме во празнвци, на пр. кога имаше панахида за Китанчев и за паднатите борци. Имавме униформа - бели кошули и сл. Најнапред се разбудивме кога Китанчев дигна востание, а кога Борис Сарафов неговото дело го заживеја, се разбудивме сосема. Тома Давидов дојде во Варна, ни одржа говор, исто и Сарафов. Со Сарафов не се познавав лично, но неговите дела ми влеваа доверба. Оттогаш јас него го почитувам и знам дека нашето дело од него зеде силен замав. Јас и натаму од него очекувам. Штом дојде тој во Комитетот, нареди да се исчистат шпионите во Македонија. Кога го затворија Сарафов и кога го растурија Стрелачкото друштво, јас си го работев занаетот, но едновремено и со голема ревност учествував во македонското друштво, држев предавања и имав наум и јас да се вратам во Македонија. Нашите - централистите, во Софија имаа таен конгрес, тогаш кога врховистите веќе го имаа зафатено востанието, односно кога Јанков веќе беше во Костурско. Тогаш нашите - Делчев, Сарафов, Ѓорче Петров, Давидов, Ковачев и Герџиков, по тајното советување одлучија да испратат 4 ревизори, да го подготват населението и да нм се спротистават на врховистите, зашто востанието кое тие го дигнаа беше пред време. Македонија не беше подготвена за востание. Затоа и ние го остававме за подоцна. Тие вака ја поделија Македонија: Делчев - во Солунско, Давидов - во Битолско, Герџиков - во Одринско, Ковачев - во Скопско и Кочанско. Ѓорче Петров и Јаворов, не добија никаква мисија. Тоа се случи по решението на Конгресот, на кого претседаваше Станишев. Откако падна Сарафов, јас во Варна со врховистите се борев со најголем бес. Имавме работа со револвери и ками и со скршени стакла. Кога ќе слушнев некој да зборува против Сарафов, умирав од бес и не можев да останам ладнокрвен. Борбата најпосле ја завршивме, си го одржав зборот - го растуривме врховистичкото друштво во Варна и формиравме централистичко. Целта беше да го избереме Сарафов за конгресот, но задоцнивме, а во меѓувреме тој беше избран за делегат од Пловдив. Откако се отцепија од конгресот и формираа свој (во длабока визба) на него тајно се реши за ревизорите. Тогаш од конгресот во Варна се врати покојниот Дечев, резервен офицер, поручник. Тогаш тој се занимаваше со пишување театарски книшки. Се издржуваше со некоја пара од Комитетот. Тој ми донесе писмо од Давидов. Во него Давидов ми пишуваше: „Биди подготвен Ангеле, тргни, сe е подготвено, внимавај да не разбере никој". Дечев усно ми кажа што се случило во Софија. Јас веднаш тргнав за Софија. Од Варна тргнав на 15 август, на Голема Богородица 1902 година. Таму останав еден и пол месец. Давидов ја подготвуваше четата. И други чети тогаш отидоа. Во Одринско отиде Михаил Герџиков, а Ковачев во Штипско. Тогаш работевме со парите на мис Стон. Тргнавме со Давидов на 28 септември од Ќустендил, кај што живеевме во куќата на Марко Секулички, човек кој е многу заслужен за Организацијата. Сарафов не испрати, а тој отиде во странство. Со парите од мис Стон се купија пушки од Србија. На 1 октомври ја минавме границата кај Кустендил, горе накај Кочанско. Курири ни беа Андон Ќосето. кој и сега е жив и Ангел Величков, кого другиот ден, откако замииавме, го отепаа во Кочанско. Бевме околу 50 души. Речиси сите беа Македонци. 5-6 момчиња имаше од Демирхисарско, а од Преспанско бев само јас. Од тие 50 души, 15 оставивме во Кочанско, со војвода Симеон; половината од нив со Ангел Винички ги потепаа другиот ден. Шестмина носевме за велешката чета на Никола Дечев, родум од Сливен, по што останавме 22 души, кои ја сочинувавме т.н. ревизиона чета, која беше вооружеиа со манлихерки и само со две мартинки. Давидов беше во офицерска униформа. Ние бевме добро облечени и вооружени со револвери. Половината пушки ги добивме во Ќустендил, а другата половина внатре, во Македонија, откако ја минавме границата и во првото село ни дадоа пушки од Организацијата. Подоцна, по тајни врски не пречекуваа внатрешните чети. Со курири минавме од Кочанско во Радовишко, огтука во Тиквешко, го минавме Вардар и спиевме во Неготино. Не сретнаа 15 вооружени момчиња и со еден голем кајак не пренесоа преку Вардар. Во Неготино, кај што имаше 400 души аскер, останавме 2 дена во куќата на месниот раководител, кој беше слеп човек. Седевме во неговата куќа која беше на крајот. Кај него пиевме убаво вино. |
||||||||
Подготвува: Цане Ѓорѓиевски |
||||||||