Спомени - Ангел Андреев | ||||||||
II. Давидов со четата во Битолско. Средба со војводите. Геле и Коте, отцепени од Организацијата. Давидов со четата ги посетува селата по цела јуѓозападна Македонија Од Неготино поминавме покрај Кавадарци и Прилепско. Дојдовме во селото Крстец. Нe пресретна војводата Толе. Оттаму се упативме во Крушевско, кон селото Горно Дивјаци, па во Демирхисарско, кај што не сретна Пиперката и најпосле во Смилево. Таму спиевме. Останавме неколку дена. Од битолското раководство ни донесоа кошули, фанели, гуни. По целиот пат кај што минувавме покрстувавме, окуражувавме. Во Битолско агитацијата беше систематска. Задачата на ревизионата чета беше да провери што е направено, да ги отстрани недоразбирањата меѓу четниците и војводите, меѓу селаните и војводите. Сменувавме војводи, разместувавме четници, држевме воена обука. Ги прегледувавме сметките на војводите. Се правеа белешки за планините, местата, каде и како може да се крие храна, брашно и др. Кога стигнавме во Леринско, Давидов имаше расправија со Димитар Дечев, кој беше со нас, и со Георги Асенов, братучед му Иван Асенов и со Петар Тинев (родум од Девња - Варненско). Дечев беше многу храбар, но и многу пиеше. Тогаш Давидов, со одлука на битолското раководство, ги разоружа Дечев и неговите тројца другари, кои не сакаа да се одделат од него и по тајните канали ги врати во Бугарија. Нив ги прифати Сарафов, освен Георги Асенов (железничар од Варна). Потоа влеговме во селата на Леринско. Заедно со реонската чета ги поминавме поглавните села. Војвода на леринската чета беше Георги Попанчев. Преминавме во Кајларско, кај што војвода беше Никола Андреев. Четите на Попанчев и Андреев беа по 5 души. Бидејќи од Кајларско не можевме да поминеме директно во Костурско, кај Чакаларов зашто имаше многу аскер, се вративме назад – во Екшису-Баница-Пополжани кај што ги осгавивме двајцата месни војводи - Папанчев н Андреев и на ден Јордановден, стасавме во село Арменско. Многу време загубивме низ битолското поле, одејќи ннз селата. Бнтолската чета ја водеа Георги Сугарев и Цветков. Таму, по селата одевме околу 1 месец. Во Арменско го сретнавме Геле војвода, другар на Коте (Котева група). Тој ги држеше селата - Арменско, Трсе, Кономлади, Статица - овие 5-6 села беа негово реонче. Со себе ја носеше и жена си. Тој беше од Кономлади. Беше одметник од Организацијата, исто како и Коте. Геле се плашеше да не го отепаме, па по многу тактизирање не прими. Најпосле, по 24 часа, влеговме во селото. Геле беше одметник - немаше во него друго чувство. Ги симпатизираше врховистите, а всушност беше крадец. Од Арменско, со курири од ова село, тргнавме кон Желево. Геле не нe испрати со четата, како што беше ред. Давидов беше премногу добар: „Оставете го, велеше, тие ќе се поправат, не ги тормознте". Подоцна, кога помина Сарафов, Геле беше осуден од Организацијата и отепан. Во Желево беше Коте. Предупреден од Гелета и тој се плашеше да не прими, сe додека не доби гаранции од моите познати во селото. Влеговме и пред нас дојде Коте. Тој се жалеше од центристите, од Сарафов и Чакаларов. Давидов и за него рече дека ќе се поправи. За врховистите тогаш таму никој не знаеше и само Коте со нив ги лажеше селаните и им даваше надеж. Ние велевме дека не знаеме никакви врховисти и гледавме народот да се подготви за борба, да си набави леб, гуни, патрони и пушки. Со Коте се смиривме: Давидов кон Коте се покажа добар и мек, многу му се допадна на Коте, па уште го споменува. Коте не испрати до Желево и се префрливме во Рудари - во нашето село, кај што по 5 години се видов со жена ми, со мајка ми и со најстариот брат Коте Андреев, кој беше селски раководител на Организацијата. Во нашата куќа Давидов ни беше гостин. Кога ме видоа, домашните почнаа да плачат. Седевме два дена и случајно наиде аскер, кој бараше комити. Јузбашијата со 60 души од турското село П`пле, го праша нашиот кмет дали има комити во селото. За да се увери дека нема го натера да го бакне крстот и потоа да го згази. Кметот и тоа го направи - аскерот си замина, а ние останавме дома скриени. Другиот ден вечерта бевме во Љубојно. И таму неочекувано, од Наколец, се јавија 80 души аскер. Проверија само една куќа од која имаше само едно момче излезено комита. И тукашниот кмет го натераа да бакне две вкрстени дрвциња, но афера немаше. Од Љубојно отидовме во Подмочани. Тука се сретнавме со Пенчо, другар на војводата Славејко Арсов. Продолживме кон Болно, од Болно во Лева Река итн. Од Болно одевме заедно со Арсов. За другото Арсов ви кажувал. Од Ресенско се префрливме во Смилево, а отгаму низ полето во Цапари. Се сретнавме со битолските чети, повторно со Сугарев. Потоа повторно во Демирхисарско, заедно со Пиперката и најпосле во Кичевско. Одевме по селата и од Подвис се префрливме во Поречието - во селото Козичино. Таму за првпат во Македонија наидовме на неколку србомани. Влеговме во селото - околу 100 души, со нас беше и Пиперката. Точно тогаш се случи да донесат двајца сувари, еден српски поп и да го избркаат бугарскиот, кој беше поп и во Дупјани. Оттаму се вративме назад - во Демирхисарско, па во Охридско, кај што загина Давидов. Тука не придружуваа војводите Тасе и Дејан. Давидов беше отепан од еден Арнаутин, по име Даут-ќаја. |
||||||||
Подготвува: Цане Ѓорѓиевски |
||||||||