Спомени - Анастас Лозанчев | ||||||||
Спомените на Анастас Лозанчев и на Григор Попев (запишани во текот на 1930 г. и 1932 г.) се однесуваат на почетниот период на организацијата, до првите нејзини чекори. Тие се особено вредни, затоа што ни откриваат некои драматични моменти од револуционерното движење во Македонија. При прочитувањето на спомените на Лозанчев треба да се има предвид, дека тој е најкритикуваниот, посочен како најизразит приврзаник за востание. И таков си остана докрај. На читателот ќе му направи впечаток невоздржливоста, со којашто Лозанчев се нафрлува врз Дамјан Груeв, со кого што на секој чекор сака да дели мегдан. Треба да подвлечам, дека беа нужни големи усилби за да се наговори Анастас Лозанчев да раскаже за својата дејност. Во тој однос ми помогна околноста, што во детските години другарував со неговиот првороден син. И при запишувањето на спомените Лозанчев беше крајно возбуден. По однос на некои дејци тој е остар и до крајна мера објективен. Но тоа нешто не ме вознемируваше, затоа што желбата ми беше да ги пренесам неговите спомени независно од неговиот однос кон некои цели и задачи на македонската револуционерна борба. Така што спомените и во тој однос се вредни, затоа што придонесуваат за објаснување на редица нешта. Треба да се одбележи дека и самиот Анастас Лозанчев како да ја сфаќаше острината на својот расказ по однос на некои дејци и на неколку пати истакнуваше, дека спомените ќе "можат да видат бел свет само по неговата смрт". (тој почина во 1945 г.).
|
||||||||
Подготвува: Цане Ѓорѓиевски |
||||||||