Спомени - Јане Сандански | ||||||||
Родум сум од с. Влаи (Кресничко). Татко ми, Иван Сандански, е од истото село. Роден сум на 18 мај 1872 г. Во време на руско-турската војна живеевме во Џумаја, а потем во Дупннца. Тука го завршив основното училиште и - II клас од класното училиште. Во 1892 год. ме зедоа војнпк. Пред тоа учев занает - чевлар, околу две и половина годнни. Татко ми беше земјоделец. Служсв во 13. полк во Ќустендил до 1894 год. Потоа останав во Дупница, кај вујко ми, Спасе Харизанов, адвокат, како помошник - молбопишувач, две ипол години, н потем бев самостоен пишувач на молби, уште три и пол години - до 1899 година. Уште од малечок, кога маало со маало се тепавме со камења, секогаш ја земав ролјата на комита. Откако завршив училиште, се зафатив со читање револуционерни книги. Најсилен впечаток ми остави биографијата на Левски. Ги прочитав „Записите" на Захариј Стојанов, „Под игото" од Вазов и др.. Милував да читам и потем за микедонското дело. Тогаш од Рилскиот манастир дојде една организирана чета, што ја водеше Стојо од с. Скрижево (Драмско), што порано девет години едноподруго бил ајдук во Македоннја, та во 1892 г. дошол во Бугарија и во Дупница се зафатил со трговија. Кога решиле во 1895 г. да се кренат на востание, му доверија една чета, во која влегов и јас. Четатата набројуваше околу двестемина, со 12 мина офицери, меѓу кои беа Давидов, Жостов, Атанасов, Димитров. Имаше и студенти - Прличев, Мирасчиев и др. Од манастирот четата замина на гранииата, и преку Јакуруда излезе на Доспат. Четата беше одредена за Серско - „Серска чета". Офицерите немаа голема желба да влегувааат подлабоко во Турција така што постојано се врткавме по границата и една ноќ го запаливме селото Доспат, што изгоре за час и половина. Беа убиени неколку Турци, случајно, но масовни убиства немаше. Штом помина во Бугарија четата се распрсна, се растури. Јас пак си се вратив во писарннцата кај вујко ми во Дупница. Оттогаш се заинтересирав посериозно да навлезам во делото, но беше тешко, не знаев ништо поодредено. Знаев само за Комитетот во Софија. Дури во 1896 година разбрав дека и внатре во Македоннја има револуционерна организација. Во 1897 година, во текот на грчко-турската војна, некои офицери - капетан Венедиков и Морфов, не подлагаа, велејќи ни: „Одете сега во Македонија, а потем ќе дојдеме и ние" (разбравме дека тоа се однесува за бугарската армија). Се формира чета под водство на Крсте Захариев (од с. Ореовец, Серско). Тој беше касап во Дупница, Стојов другар што избегал од своето село и дошол во Бугарија. Тој беше благородно момче; во 1895 година зел учество со своја чета, слегол од кај Батак преку Доспат во Пирин, каде се сретнал со четата на Муструк. Новоформираиата чета набројуваше 25-30 мина, а беа вооружени со мартинки и берданки што им ги беа дале Венедиков и Морфов. Јас си купив со свои пари пушка од браќата Иванови и кога четата дојде во Дупница им се приклучив. Го поминавме Пирин, преминавме преку Кресничко, каде не открија Турците, туку таму не се судривме со аскерот; аскерот одеше по нас. Кога стасавме до месноста Дебел Рид над селото Пирин (во јуни месец) наидовме на аскер од 150 мина, и се биевме од утрината до вечерта. Ние не дадовме ниедна жртва. Вечерта се повлековме, поминавме накај Неврокопско, направивме заобиколка до месноста Спанополе, поминавме накај Банска река, каде пак имавме борба од претпладне до вечерта со 250 мина аскер, и пак без да дадеме жртви. Вечерта префрливме над селото Пирин до селото Лопово. Таму аскерот не нападна ненадејно - убија едно момче, Никола (од Петричко) и мене ме ранија во левата рака. Потем четата се врати во Бугарија и јас се лекував (бев погоден под лактот) во Дупница, и се излекував. Пак си бев во писарницата. Тогаш си дадов зарек дека додека не разберам како е токму со делото, дали внатре има организација и слично, нема да му бидам орудие на никого - нема ни да помрднам веќе. Потоа, во крајот на 1897 година, го основавме друштвото „Младост", во кое влегуваа Христо Јарков, (од Дупница, чиновник), Димитар Манојлов (од Дупница, трговец) Александар Млаџов (од Дупница, учител), Никола Златков (од Дупница, со завршена висока школа, сега е во Харманли), Батанов (математичар, со завршена висока школа), Христо Марков (од Трн, завршил виша школа). Тоа беа членовите на друштвото. Имаше читална, библиотека. Јас бев библиотекар. Се одржуваа предавања. Друштвото за цел си имаше поставено самообразование и дружење. Ги испадија учителите, претседател на друштвото останав јас сe до 1899 година. Властите правеа големи пречки затоа што младежта се собираше околу нас. Во тоа време мене веќе работите во Македонија ми беа прилично ујаснети; многу работи узнав од Малешевскн, а од друга страна и од Делчев, со кого за првпат се сретнав во 1899 год. во Дупница, дома кај мене. Делчев убаво ми ги објасни целите на внатрешната организација. Тој беше дојден во Дупница како претставник на внатрешната организација. Веднаш разбрав дека Делчев е навистина човек што потенко и подробио знае за Организацијата и сe за иеа и каква цел си поставува таа. Во февруари 1899 г. влегов во служба - како директор на дупничкиот затвор. Го реорганизиравме македонското друштво во Дупница. Во Дупница тогаш учителствуваа Димитар X. Дммов (од с. Горни Броди, Серско) и Ѓорги Паничаревски (од Дупница), и двајцата имаа завршено педагошка школа во Ќустендил. Ѓорги Зашов од Разлог и Хр.Данаилов од Разлог, и двајцата трговци, нсто така зедоа учество па друштвото го реорганизиравме во септември 1891 година. Претседател стана Паничаревски, јас бев потпретседател, а Димов - деловодител. На учителите им беше даден отказ поради еден нивни штрајк, бидејќи општината не им плаќаше. За благајник го избравме Никола Лазаров (кннжар), а Стојмен Цветков (трговец) - за советник. Со Ѓорче Петров се запознав во 1899 год. во Софија. Во 1900 год., кога почна борбата протнв Сарафов, тогаш веќе застанав на страна на внатрешната организација. Врховниот комитет имаше купено тогаш 500 долги и 75 куси манлихерки. Нив ги испратија до мене, како претседател на друштвото, за да ги скријам. Јас ги сокрив. Потем се скаравме, бидејќи Врховниот комитет тогаш си правеше собрание со Цончев и др.. Нашето друштво имаше собрано во Дупница и околијата 15.000 лева, што ги испративме до Комитетот. Потем, откако се скаравме, дојдов да барам објаснување, зошто за нашите пари не ни испратиле оружје, за да го пратиме во Македонија. Тогаш Сарафов располагаше со големи пари, а ние немавме пари. Тие ни ветија дека ќе ни испратат 6.000 пушки и др., и јас си се вратив назад. Кога се вратив, доаѓа Саев со чета од 15 мина - и ми пишуваат да му дадам пушки и да му го предадам складот со пушките. Јас одбив. Ми испратија телеграми неколкупати, јас одбивав. Во опозиција спрема Комитетот останавме само тројца - јас, Малешевски и Ѓорче Пегров. Започна меѓусебната борба: офицерите беа луѓе нестрпливи, - како да е машина, наполнија со вода и ќе тргне, - а пак Организацијата внатаре имаше потреба од постепена подготовка. Затоа бевме на мислење дека офнцерите не се луѓе погодни за работа со иародните маси, дека се негодни за подготвителниот период на Организацијата. Кога видоа дека ние цврсто им се спротивставуваме, Сарафов тогаш го одложи конгресот; се штрекна, тој не ни помнслуваше дека ќе наиде на толкав огпор од наша страна. Тој се објави и против Цончев, бидејќи и тој беше во оставка, и сакаше да го замени. Сарафов распрати второ циркуларно упатство, за да се одложн конгресот. Тогаш тој беше уапсен од владата. Спорот за пушките остана нерасчистен, јас не ги дадов пушките, тие останаа кај мене. Кога го затворија Сарафов, Саев избега од Дупница во Софија, јас прибрав уште неколку пушки од неговите момчиња, што тогаш исто така избегаа. Меѓу нив имаше и тукашни - подофицери, имаше и Македонци. Со Малешевски бевме делегати на конгресот, отидовме во третиот участок да го видиме Сарафова и таму тој ни раскажа за Цончев дека истиот бил човек на кнезот и сл.. Тој агитираше меѓу нас да застанеме на негова страна, надевајќи се дека ќе го изберат наново. Ние се определивме за средната листа - Михајловски, Кепов, Влад. Димитров и др.. Потем се вратив во Дупница, кај бев подготвил чета и чекав на конгресот. Заминав со 8 мина: Иван Цветков, со завршен VI клас во софиската гимназија, родум од Разлог, Добре Даскалов, од Тиквешко, имаше завршено протестанско училиште во Самоков; Коце Абаџиев, протестант, со завршен 4 клас во Самоков, родум од Пазарџик, и др.. Во протестанското училиште, како и во металското училнште во Самоков, имаше револуционерен кружок. И во Софија имаше револуционерен кружок, а исто така и во Ќустендил, Дупница и Шумен. Овие кружоци беа основани по идеја дадена од Делчев. Во мојата чета имаше еден постар подофицер од с. Влаи (кресенско). Сe на сe бевме 8 мина. Во април 1901 година тргнавме. Цел ни беше агитациона, подготвителна работа во служба на внатрешната организација, и тоа во крајграничните реони - Џумајскиот, разлошкиот и сл.. Во текот на три месеца ги обиколив Цумајско и Разлог, меѓу населението агитиравме да си купуваат пушки, пак и самиот јас за истата цел од тоа население требаше да соберам пари. Туку гледам сиромаштија голема, а пак не се надевав ни на помош од Бугарија, знаејќи колку неразумно беа правосани од Сарафов парите, па затоа во мене созреваше мисла на некој друг начин да се приберат повеќе пари, за да се употребат за ослободителното дело внатре во Македонија. Пред мене низ тие села поминала една мала чета, но таа не вршела никаква агитација. За првпат агитираа во смисла самоотојно да се постави Организацијата, населението да се почувствува слободно, откако ќе се отргне од турските власти и власта да се најде по можност во рацете на Организацијата - па така населението на дело да види троа слобода, да ја почувствува таа слобода и да ја засака. Во секое село се формираа управни тела, се собираа членски вноски, а имено во Бистрица, Х'рсово, Марлево, Градево, Србиново, Мечково, Кресна, Сенокос, Влаи, Оштава, Ораново, Железница, Моштанец и Покровник. Одев и во Банско, туку тие самите си беа поставиле управно тело; Делчев порано имал одено таму. Населението добро не пречекуваше. Внатре уште не беше навлегла спротивната агитација од врховистите. |
||||||||
Подготвува: Цане Ѓорѓиевски |
||||||||