Спомени - Јане Сандански | ||||||||
Кај мене и Чернопеев созреа мислата да грабнеме некого за земање откуп. Одев во Дупница, и со Чернопеева намисливме да грабнеме еден бег - Сулејман бег, син на пашата од Џумаја Ние двајцата се преоблековме, отидовме во Џумаја да ги проучиме улицата и кафеаната во која доаѓаше бегот. Тогаш се вративме и пак влеговме назад со решение да го грабнеме од кафеаната. Туку очигледно случајно тој не се појави два дена, не излезе од дома. Ние бевме со 20 момчиња, од кои 4 мина селани од селата со пушки. Мислевме да нападнеме и со бомби. Туку не можевме да ги задржуваме подолго во градот момчињата, па ги пративме во селата, а јас со Чернопеев и Крсте Асенов останавме да образуваме во градот раководно тело. Тогаш средивме и некои недоразбирања меѓу граѓаните. Натеравме да бидат назначени некои учителн, -Александар Китанов, (од Лешко) и Сава Михајлов, против кои се беа објавиле чорбаџиите. Откако средивме се за два-три дена, Сава Михајлов и Крсте се вратија во Бугарија, а ние со Чернопеев си отидовме кај четите. Веќе обземени од мислата да грабнеме некого, намислив да отидеме во Разлог, па некако да ги натераме протестантите од Организацијата, без да се сетат зошто, да сторат така, што од Солун да дојде мисионерот доктор Хаус. Отидовме двајцата во Банско, момчињата ги оставивме во планината, едно поради тоа што во селото имаше војска, а пак второ и поради тоа што во селото имаше малцина членови на Организацијата. Од разговорите со протестантите разбравме дека би било тешко да се доведе Хаус во Банско, но узнавме дека токму во тоа време дошла некоја Американка, на нме мис Стон. Јас се пораспрашав и разбрав дека таа е важна личност. Му кажав на Чернопеева, и тој се согласи да ја грабнеме. Му се искажав на еден од протестантите од Организацијата дека ќе бараме помош и од нив. Се согласија. Двајца од нив беа од раководното тело - што се состоеше од Јонката Хаџи В'канов, Јонка Колчагов, Минчо Лазаров и Симеон Молеров. Тие ни јавија кога ќе тргнат луѓето со мис Стон. Меѓутоа, 11-мина од нашите момчиња се вратија во Бугарија, па останавме сe на сe петмина. Заминавме за Градево, зедовме уште четворица од тоа село (Нано, Тодор, Христо и Коле), од Покровнпк, - едно момче, Лазо и од Бистрица - Чиме. Ние бевме: јас, Чернопеев, неговиот другар Димитар Ќосето (Макед.), Стојан Просјаков (од Влаи) и Димитар Инев(од Кнежевството). Начекувавме два дена и вечерта на патот на месечина го здогледавме Крсте Асенов како доаѓа со момчињата. Ние бевме напишале да дојдат момчињата: Јуруков (од Карлово) и Шуманов (од Тетовско) за мојата чета, а за Чернопеев - Александар Дрводелски од Враиа, Станиш од Кукушко и Александар Илиев. Последниве беа тргнале да стапат во четите на Организацијата во Петричко. Ги зедовме кај нас, и утредента изутрина ги распоредивме на пусии, без да им кажеме ништо за својата намера. На своите им бевме веќе кажале; тогаш му го кажавме својот план и на Крсте Асенов. Стоевме така цел ден, и квечерина накај 5 часот тие се приближија. Бевме облечени во турски облеки, - аскерски и други. Ги фативме. На една бабичка, што се наоѓаше со нив, и која сакавме да ја земеме за придружничка на мнс Стон, и се слоши. Помнна еден Турчин, за кого потем разбравме дека бил контрабандист, и му реков да запре. Тој слезе од коњот и почна да бега накај пусијата од спротива. Оттаму се кренаа момчињата, и тој испука со револверот, и го рани трошка по темето едно момче, но беше фатен и веднаш убиен. Тргнавме со фатените. Тоа беше на 21 август во 11 часот вечерта по турско време кај „Потпрената карпа", на патот меѓу Банско и Џумаја. По пат зборуваме божем турски, туку не знаеме добро турски, така што уште ноќта решивме да зборуваме бугарски. Утредента фатените не запрашаа, што сме, кои сме; ние им рековме дека меѓу нас има и Турци и секакви. Се исплашија и почнаа да плачат и така речиси сите први 5-6 дена плачеа секој ден. Најпосле решив да им разоткријам сe, но сепак тие не се успокоија. Вративме еден дел од момчнњата и останавме тројца, и Дрводелски и Ќосето. Втората вечер по нивното фаќање јас си ја шинав ногата - ми се изместија глуждовите. Дојдовме во Џумајско, ја поминавме границата кај с. Црвиште и отидов во Дупница, лекар да ми ја прегледа ногата. Откако се уверив дека не може брзо да ми помине, се вратив, и три месеци не можев да стапнам на таа нога. Оттаму отидовме во с. Селиште и таму на жените им откривме дека бараме да ни се даде бездруго за откуп 25.000 лири. Тие почнаа да плачат. Напишаа писма до еден нивни добар пријател, Костаднн Петканич, што го однесоа по канал луѓе од Организацијата. Не смееле да му ги предадат писмата во раце, а му ги оставиле на неговиот праг. Овој, кога ги нашол писмата, се исплашил, па и ги дал на власта. Бидејќи не можеа да се водат преговори во Турско, напишавме едно писмо до Хаскел во Самоков, но и ова писмо не му го предале, та два месеца останавме во неизвесиост. Потем Асенов отиде во Самоков, му го предаде ппсмото на Хаскел, и овој веднаш замина за Цариград. Асенов се врати и ни кажа дека го предал писмото. Тогаш Асенов и Чернопеев дојдоа во Софија кај Дикенсон, американски претставник во Цариград, што беше дојден тука за преговорн. Со него се сретнал Асенов, а Чернопеев однадвор вардел. Дикенсон дал надеж за плаќање, но дека ќе треба уште да чекаме. Тоа беше во ноември. Во тоа време ние се преместувавме од Селиште во Покровник и назад. Па така една вечер во Селиште се случи во куќата на Тоше Мирчев, во соседната до нашата одаја, да спијат тројца заптии. Домаќинот им даде повеќе ракија, тие се опијанија и заспаа. Потем поминавме на Сушичка Планина (на 2 часа до селото Сушица); таму си направивме две колиби и тука преседевме четири дена. Зедовме уште четири момчиња од Петричката чета, во која комитата Александар Илиев беше убиен од Дончо. Чернопеев и Асенов се одделија со шест момчиња да го гонат Дончо, а јас останав со четворица од старите момчиња (Дим. Ќосето, Андон Ќосето, Каравасил и Стефан Мандалов од Гевгелиско, сега убиен во четата на Чернопеев, на 6 сепември). Тогаш јас ги одведов жените во Сушица, таму преспавме и потем отидовме во село Тросково. Таму во текот на денот бевме предадени. Дончо дојде со 78 мина. Небаре нешто ми потскажуваше дека ќе дојде Дончо. Бев сонил сон и бев уверен дека ќе се случи нешто. Вечерта селаните кажуваа дека имало аскер кај месноста „Крстот" та отишле да видат накај ќе сврти аскерот. Веднаш се сетив дека тоа е Дончо. Дојде нашиот курир од Покровник, и потоа дојде еден селанец, што го повнка; овој не се врати и по половина час испратив да го повикаат. Овој се врати и ми призна дека Дончевите луѓе се во близина - во куќата на Спасе. Им заповедав на момчињата да вардат. Отидов со едно момче близу до таа куќа, во темнината изнаскокаа Дончови луѓе, та едвај се избавив. Цела ноќ траеше престрелка и утредента претпладне дојде еден со бела крпа - го убивме. Најпосле се повлековме. Попладнина тргнав со жените накај Лашко. На крајот од селото Тросково се сретнавме со Чернопеев и Крсте, што беа собрале да ни дојдат на помош 40 мина милиција. Тогаш веќе се разбра за запленетите. Ги отпуштивме милиционерите и останавме само ние, 13 мина, и отидовме во Лешко првата вечер, а другата во Дреново. Тогаш ги испратив Чернопеев и Асенов во Бугарија, пак да водат преговори со Дикенсон, велејќи им да прават што ќе прават и како знаат, туку да заврши со тоа, затоа што веќе ни се беше здодеало. Пак се вратив со жените во с. Покровник (во куќата на Стоилко), потем оттаму поминав за Србиново (на 21.12. вечерта). Патуваваме 12 часа и стасавме во куќата на некој што го викаа Никола - што беше на крајот на селото, во лозјата. Тоа беше куќичка во која точат вино. На Цилка и реков дека ќе одиме на пат па ја запрашав дали ќе може, да не и е дојдено времето да се породи. Ние уште пред два месеца бевме подготвиле сe за тоа - ние зедовме материјал, а тие, жените, му подготвуваа облека и пелени, плетеа и сл.. Цилка ми јави по еден час дека е пред породување и оставаше во аманет „сe" на мис Стон, во случај да не остане жива. Таа беше уверена оти по сите овие стресови тешко да може да се породи нормално. Повикав две жени од селото и таа лесно се породи - девојче, здраво, полничко. Го зедовме детето в раце, другарите и честитаа, и јас ги почестив другарите. Прекутредента требаше пак да се патува. Цилка не можеше да јава, а требаше да си отидеме, бидејќи во селото беше дојден аскер. Ја легнавме опружена во еден долг сандак, - го качивме сандакот на коњ, а од другата страна на коњот исто натоваривме за тежина, и така, со потпирање отстрана, поминавме 6-7 часа пат и стасавме во с. Влаи, во кое се сместивме во една куќа. Детето го носевме по пат на раце, - тоа плачеше, а мис Стон јаваше на друг коњ. Во Влаи се задржавме 9 дена. Деветтиот ден од Бугарија дојде Асенов, донесе писмо од рускиот пратеник Бахметјев за мис Стон, со која се познавал, и подарок – благи испратени преку Дикенсон. Му кажале дека ги подготвиле парите за откуп. Ги зедов Асенов и Спиро, кај жените оставив 10 мина, а Чернопеев со 25 мина беше во Дојранско. Отидовме во Банско, а по два дена дојдоа Хаус, Гарџолу, Драгоман во пратеништвото, и Пит, благајник на мисијата. Турците со 250 аскер вардеа на парите и го сардисаа селото. И ние бевме во селото. Го викнавме Костадин Петканин да им каже на комисијата: „Денес дојде еден човек, што ни рече дека квечерина ќе дојдат тројца луѓе да се видат со комисијата. Што имате да им порачам?" Вечерта станавме и со него отидовме кај комисијата, им го предадовме полномошното од мис Стон. Фативме преговори како да ги земеме парите и како да им ги предадеме жените. Им објаснивме на Хаус и другите каква е работата, дека ние сме луѓе на една организација, дека не сакаме да сотруваме никого и сл.. Ги обврзавме да ја натераат да се повлече потерата. И испраќам писмо до мис Стон дека нејзините не се трудат за да бидат ослободени и сл.. Таа им напиша остро писмо. Се договоривме да ги донесат парите на едно место „Арами-бунар". Турците вардеа на парите. По наш совет комисијата ги извлече од сандачињата парите, а наместо нив таму ставија олово. Ни ги дадоа парите, а Турците го натоварија оловото и со војската се повлекоа, а ние со парите, десетмина, поминавме на Јакуруда и оттаму во Бељовски орман. На момчињата им дадов по 2 лири. Го испратив Асенов да ни купи облека. Првин во Пловдив кај едно момче, Михал Бојаџиев, сега учител во гимназијата, Македонец, многу добар, сместивме 2.000 лири. Потем кај Хаџи Димов во Софија оставивме 4.000 лири; кај сестра му на Асенов, докторка по медицина, С`пка Асенова, оставивме 4.000 и други 4.000 лнри оставивме кај Узунов, телеграфист во Софија. Меѓу Ѓорче Петров и Дели Иванов (тие без претставници на Организацијата) имаше несогласувања за парите, па затоа ги оставивме во приватни раце, додека дојде Делчев, па сe да помине другарски, да им се предадат. И потем парите беа предадени на Делчев и на другарите и тие ги употребија. Парите ги примнвме на 18 јануари и му напишавме на Чернопеев да ги ослободи жените. Тој ги испратил од Влаи во Оштава, а оттаму во Сенокос - Србиново - Ораново и преку Струма понатаму. Чернопеев дури ги допратил жените до Малешевско, а понатаму ги предал по канал. Сe едни и истн момчиња ги придружувале - Стефан Мандана, Андон Ќосето, Андреев, Дењу. |
||||||||
Подготвува: Цане Ѓорѓиевски |
||||||||