Спомени - Лазар Димитров | ||||||||
Предавникот Велјан Славков од село Речица, беше фатен уште пред 5-6 дена од Аргировата чета. Тој беше осомничен дека крие некое предавство. Го чуваа затворен за испитување. Четири-пет дена пред битката, четата која го чувала предавникот забелажале дека аскерот оди кон Свиништа и дека тера стадо овци. Неколку четници отвориле оган сакајќи да ги повратат овците. Тоа ја вознемирило четата што му овозможило на Велјан да избега. Подоцна тој е причината за битката од 31 август како и за огромните жртви. На 30 август Дејан со четата сe уште бил во Лешаиско, кај што неколку четници се жалеле од селскиот војвода. И попот Васил, претседател на селската комисија, се жалел за некакви кражби. Дејан му пишал на Узунов, кој бил блиску, да се провери целиот случај. Узунов стасал со својата чета од 60 души. Во исто време дошол и курирот од Велмеј со писмо од селската комисија со барање да им се испрати една чета за да им помогне во собирањето на сноповите од полето, за да можат потоа ноќе да вршат во планината, зашто дење башибозукот не ги оставал да си ја завршат работата. Узунов и Дејан одлучиле таму да оди лешанската чета. Во текот на ноќта подготвивме храна - испековме едно јуне и неколку брави. На 31-ви утрото испративме седуммина стражари да извидат на високите места. Малку подоцна еден се врати и ни соопшти дека слушнал силни пукотници од југозапад, кај Плаке. Следииот кој дојде ии кажа дека пукотници се слушаат и од југ, кај Опеница. Ние почнавме да се подготвувавме, го зедовме месото и уште пред да го разделиме дојде и третиот кој не извести дека од запад и од Куратица сe е полно со аскер. Кога стигнавме до местата на другите стражари аскерот веќе се имаше доближено до нив и тие отворија оган. Аскерот, тргнат да се искачува нагоре, од истрелите на нашите момчиња се повлече назад, кон позициите на Аргира, кај Маркови кули (Грмешница). Ги викнавме старешииите на четите да се посоветуваме кој каде да фати пусија, зашто претходно го имавме видеио движењето на аскерот. Одделивме една група од четата на Дејан да оди кај стражарите кои веќе се бореа, а Узунов отиде на височинката Св. Илија. Дејан со 20 души остана под оваа височинка, на позиции ископани од турскиот аскер. Пред да стигне на врвот, Узунов сретнал едно одделение од 50 души аскер, кои викале „ура!" и кои по грешка пукале кон своите собраќа, аскерот. Ние помисливме дека е Петруш Чанов со беглиската и пласката чета, зашто пред тоа тие беа таму. Долу, Узунов слободно одеше кон тоа одделение на аскерот, не наслутувајќи ја измамата. И тој мислел дека е Петруш Чанов со двете чети. Кога дошол блиску до одделението, сфатил дека не е Петруш Чанов. Сфатил дека е измама. Тоа се разбра од двете одделенија четници на Узунов, испратени како претходница, да фатат позицин. Дел од аскерот веќе ја зазел пусијата Св. Никола, но таму аскерот бил скриен. Другиот дел од аскерот, со цел да ја вовлече четата на позициите, одел по врвот на планината во правец кон другиот аскер постојано пукајќи, Благодарение на тоа што измамата била откриеиа навреме, четата се спасила. Инаку, сите ќе беа убиенн. Тогаш Узунов се враќа и влегува во велмејската планина. - Во меѓувреме, Дејан со својата чета фатил силна битка со аскерот, која траела околу 2 часа. Најпосле, Турците се искачиле на позициите со јуриш; четата се повлече давајќи жртви. а Турците имале 20 до 30 мртви. Расфрлена на 3 места, четата се повлече, а четвртиот ден, измачеии, гладни и жедни се собравме на велмејската планина, над селото Велмеј. Дејан со своето одделение се сретна со Узунов и заедно отидоа во Брежани. Стасаа вечерта и почнаа да подготвуваат храна за четата. Додека се печеа бравовите, испратија неколку четници да видат што се случува кон Куратица. Кога се вратија ни кажаа дека аскерот тргнал од местото кај што беше битката. На 31 бевме принудени да ги натовариме печените бравови на коњи и да заминеме кон повисоките места, посоодветни за таа цел. Отидовме во Чемерскиот дол. Дента, на 1 селтември, останавме таму, ги донесовме бравовите и вечеравме без леб. Продолживме кон големото демирхисарко село Илино. Таму останавме еден ден. Потоа Дејан отиде кон Велмеј, да се сретне со своите растурени одделенија. Таму на 2-ри, навистина се сретнале. Узунов, кој со четата повторно отишол во Брежани, на 3 септември му пишал на Дејан да оди во Куратица, за да ги видат последиците од битката. На 4-ти се сретнавме и отндовме да ги прибереме и да ги закопаме загинатите од нашите чети, кои беа околу 30-тина. Најдовме само 15-16 души и ги прибравме. Во тој час, откај Свииишта се зададе аскер, па бевме принудени да ги оставиме другите незакопани, затоа што требаше да отстапиме. Подоцна со Узунов отидовме во Куратица, ги собравме и мажите и жените да ги окуражиме, зашто беа прилично исплашени. Тогаш ја разоружавме четата од Куратица чиј дух беше паднат. Узунов и Дејан се вратија во Лешани. Тука се разделивме: Узуиов отиде во Преспанско, а Дејан кон Велмејско. Кон средината иа септември, Дејан со Чанов, со околу 80 четници беа во Плакската Планина, во месноста Мазитар. Во една ноќ, пред мугрите, испратија стража да провери да не бидеме нападнати. И војводите беа прииудени да излезат и лично да ја разгледаат месноста. Тогаш забележаа дека откај Речица кон нас доаѓа аскер. Исто и од Куратица. Слеговме под Брежани и влеговме во Велмејската планииа. Тогаш дојде до борба во Лешани. |
||||||||
Подготвува: Цане Ѓорѓиевски |
||||||||