Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Спомени - Лука Џеров

ПРЕДГОВОР

Спомените на Лука Џеров, кои лично ги запишував според неговото раскажување од 17 февруари 1905 годинa натаму, се од посебно значење зашто се однесуваат на револуционерното бугарско движење во Кичевско, планинска област која на северозапад се граничи со непријателското албанско население, под чиј терор бугарскиот елемент таму никогаш не се чувствувал спокоен и сигурен за својот имот и живот. И покрај сe, бугарскиот дух кај народот, кој го зачувал традиционалниот карактер на семејниот живот, живеејќи често и во многубројни семејни задруги, се зачувал силен и здрав, та тамошниот Бугарин не само што отстојал од силните удари иа разннте поробувачи, но дури достигнал и до такви височини што се осмелил да влезе во судбоносна н, според своите последици, страшна револуционерна борба за ослободување од Турците. Во отворената борба со Турците, силно помагани од арнаутското население, бугарскнте борци, според опишувањата на Џеров, се бореле лавовски и со хероизмот го зачудиле и сериозно го исплашиле непријателот. Во боевите гради в гради со нож против Турцнте и Албанците, нашите кичевчани јуначки се бореле и не отстапувале. Во тој поглед спомените на Л. Џеров содржат карактеристични детали. Важни се и сведоштвата кои ги дава Џеров за улогата што во ослободителната борба ја играл големиот бугарски манастир „Пречиста" - народната светост во тој крај и, особено, неколкумината од манастирските браќа.

Спомените на Лука Џеров во еден дел ги зафаќаат и настаните во Поречието, кај што бугарските дејци се судрале со влијанието на српската пропаганда.

Лука Џеров неодамна се врати во Македонија. Тој е жив и сега се наоѓа во Бугарија.

Љ.М

Почеток | <<Назад | Напред>>

granicnik