Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Спомени - Лука Џеров

I.

Биографски податоци. Џеров во Демирхисарско. Првите војводи во Поречието и во Демирхисарско. Улогата на манастирот „Пречиста"

17 март, 1905 г.

Роден сум во Битола, октомври 1870 година. Родителите ми се од Битола, но дедовците се преселени од Охрид. Татко ми беше шивач. Основно училиште завршив во Битола, потоа учев во Солун, од втори до петти клас (1888 година). Следните две годвни учев во Битола, во француското училиште на лазаристите, за да го научам јазикот. Читам, разбирам добро и пишувам француски.

Во 1891 година, во Битола дојде Дамјан Груев. Уште од 1886 година многу се интересирав за комитите, но немав можност да зборувам со некого за тоа. Но кога дојде Груев во Битола, ние се здруживме и почнавме да мислиме на комнтет, дури и организиравме комитет во Битола. Во него влегуваа учителите од одделенијата од селата. Целта беше да се подготвн востание. Комитетот го нарековме - „учителски сојуз". Имаше неколку состаноци. Се изготви устав за пропагирање на идејата по селата. Во почетокот на 1892 година, заминав во Софија за да се запишам на военото училиште. Не отидов во ова училиште, зашто ме разубедија - не чинело човек да стане офицер и да носи железо - бевме социјалисти. Јас бев под влијание на моите другари - Климе Караѓулев, Поп Арсов и др. кои беа студенти. Го издававме списанието „Лоза". Станав чиновник-писар во окружниот суд, кај што работев до 1895 година. Заминав со двете чети на Стефан Поп Георгиев (од Кратово) и Крсте (Од Прилеп) - околу 150 души. Целта беше едната чета да остане одовде Вардар, а другата, прилепската на Крсте, да мине на другата страна. Јас во почетокот се запишав во четата на Стефана. Дојдовме до граница, почна престрелка со аскерот и дојде известување да се вратиме. Се вративме, не се случи ништо. Потоа заедно со Шахов го издававме „Глас македонски". Во учебната 1896/7 година во Македонија бев учител, во Цер -Демирхисарско (Битолско). Егзархијата ме назначи по молба на Дамјан Груев, дојде и настојуваше да одам, зашто таму сме немале сили. Отидов.

Учителствував една година. Знаев дека се работи за организирање на движењето. Даме сe ми објасни. Штом дојдов во Цер се погрижив да се постават основите на Организацијата. Дотогаш ништо не беше средено, Основав комитети во селата Цер, Велмевци, Церско, Спространи и во крушевските села Пуста Река, Горно Дивјаци. Сите учители беа на чело. Идејата на населението му се виде добра и тоа тааа ја прифати. Се разбира, најмногу се агитираше меѓу младите. Луѓето знаеја дека четата е комитлак. Уште во текот на 1889 година, таму се движеле чети испратени од Дијамандиев, за да го поддржуваат духот. Во Поречнето војвода бил некој Стефанов, кој е прочуен и се помни. Бил необичен човек: надарен, умен, со моќ за предвидување, храбар. Тој убаво го организирал Поречието, па ги потепале разбојниците. Во Кичевско војводи биле Мијајле и Мицко, сегашниот србомански војвода. Мицко е родум од село Латово (Кичевско). Мицко, како и Мијајле, во почетокот бил подвојвода, а главен војвода им бил Стефан. Мицко се движел во Кичевско и во Поречието. Во Демирхисарско војвода бил Ангеле (родум од Цер). Населението ги поддржувало четите; тие биле по 7-8 души, не биле разбојнички, туку се однесувале добро. Тие постоеле околу 2 години. Мицко бил жив фатен од Турците (1882), а другите се отепани.

Во Демирхисарско затекнав, донекаде, подготвен терен. Беше се подзаборавило, но постарите луѓе помнеа, уште се пееја песни за Мицко и за Ангеле. Нашата агитација ги разбуди тие спомени, идејата се прифати. Уште во 1897 годнна. во текот на летото, ја организиравме првата чета. Се сеќавам дека тогаш учител во Битола беше Пере Тошев. Тој многу настојуваше дека ќе ни требаат чети. Јас не предвипував дека четите ќе играат некоја особено видна ролја, а повеќе мислев дека е потребно комитетот да има чета за да истреби некој лош Турчин и сл.

Имаше еден ѓакон Јосиф, калуѓерче во манастирот Пречиста, кој се наоѓа до градот Кичево. Тој ѓакон, родум од Крушево, беше идеално момче, умно, чесно, со цела душа предадено на нашата идеја. Се сметавме за подредени на Централниот комитет и дејствувавме во согласност со уставот. Манастирот Пречиста имаше најголемо значење за да успее нашето дело. На ѓакончето Јосиф населението гледаше како на светец и многу му веруваше. Тој агитираше од амвонот, сe врз основа на евангелието. Таму луѓето често одат, таму се даваа клетви, таму го направивме првиот склад со оружје, оттаму тоа се делеше во почетокот итн. Во манастирот имаше четворица калуѓери и двајца свештеници кои не учествуваа во нашата работа. И игуменот Софрониј е светец, родум од Вранештица, Кичевско. И тој беше вклучен, помагаше со пари, дозволуваше сe да се работи во манастирот, помагаше со совети, со молитви. Сите го почитуваат и го сакаат и до ден-денешен. Со помош на ѓакончето и индиректната помош на игуменот, делото успеваше. Следната година заминав за учител во Кичево и истовремено му бев секретар на новоназначениот владика, Козма. Тој дотогаш беше претседател на општината. Во Кичево затекнав организиран комитет од ѓакончето и учителите. Останав во текот на 1897/8, а во текот на учебната 1898/9 и 1899/1900 година бев инспектор на селските училишта во целата епархија. ги обиколував кичевските и дебарските села. Во таа обиколка ја ширев идејата, главно меѓу учителите.

Во текот на 1897 година, во Кичево дојде Пере Тошев. Тој беше претседател на комитетот во Битола.

Со првата чета раководеше еден стар комита, родум од село Јудово, Кичевско, поранешен член во четата на Русинот Калмиков. Во четата влезе и Јордан Пиперката (родум од Козица, Кичевско) и уште двајца - вкупно 4 души. Четата ја надгледуваше ѓаконот.

Треба да се забележи дека во манастирот имаше и едно друго калуѓерче, поп Стојан - уште е жив - од Подвис, Кичевско, немирен, храбар, добар човек. Често, кога имаше потреба, одеше со четата.

Почеток | <<Назад | Напред>> | Содржина

granicnik