Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
За Македонцките работи

ПРЕДГООР

Секој чоек, како член на некоја обшчина или некоје другарство, имат извесен долг и извесни праа кон и од ниф. Народoт не јет нишчо друго, осим једно големо другарство, осноано на крвно родство, на обшч произлез, на обшчи интереси. Паметуајн'ето на тоа родство, тоја произлез и тије интереси, заставуат секој член од некој народ, да се одречит од некоји своји праа и интереси, за да посветит част от своите сили на обшчата арнотија. Тоа јет долгот кон народните интереси, за шчо членот од народноста добијат зашчита на својите лични интереси тамо, каде не сет доста само негоите сили. Долгот кон народот јет тесно врдзан со долгот кон таткоината, зашчо пон'атјето народ јет тесно врдзано со пон'атјето таткоина Долгот кон народот и таткоината зависит от приликите историјцки, који преживуат једен народ и једна страна. Тој се применуат кон приликите. Долгот кон таткоината и народот, до негоото осашчествуајн'е, се велит народен идеал и кон негоото осашчествуајн'е требит да се стремит секој свесен чоек. Народнијот идеал се применуат кон историјцките прилики и тоа, шчо денеска било народен идеал, утре, по негоото осашчествуајн'е, ке остапит место на друг, за кој по напред мало се мислело. Често пак од једен народ историјцките прилики требаат или корено изменуајн'е на народните идеали, коренен обрат на идеалите во друг праец, или угрожаваат нему со полно унишчожаајн'е. Народните идеали, или долгот кон таткоината, се разбираат од разни членои на народот различно. Кој нај верно јет разбрал истинцкијот и нај праијот народен идеал, се видит со порамнуајн'ето на разбирајн'ето на народнијот идеал од разни лица. За да можит да бидит порамнуајн'е и оценуајн'е на различно разбраните народни идеали, требит, тије да бидат искажани устно или на книга. Искажуајн'ето на својето разбирајн'е на народните идеали и критиката на таквија не јет праздна работа, зашчо идеалите сет душата на обшчата народна работа и од здравоста на таја душа зависит и здравоста и плодоитоста на самата обшченародна работа. Лошо разбраните народни идеали само уголемуат народните нестреки, без да донесат полза на народот.

Така разбирајки долгот кон таткоината, јас се решиф, прво, да изложам мојето равбирајн'е на народ-ните идеали на македонците во једен ред расудуајн'а, прочитени во Петроградцкото Македонцко Словенцко Научно-литературно Другарство „Св. Климент", а после и да й напечатам во таја книга, каде сет поместени и расудуајн'а, не прочетени во упоменатото другарство. Со тоа мисл'ам да исполнуам, спроти мојите сили, једен дел од мојот долг кон народот мој и кон таткоината ми.

Мнозина од македонцките читачи ке бидат удивени, от појавуајн'ето на таја книга. За удивуајн'е ке им бидит во неја много. Некоји ке речат: зашчо отцепуајн'е од бугарите, кога није до сега сме се велеле бугари и соединејн'ето, а не расцепуајн'ето праит силата? Друзи ке расудуат, оти со полното отцепуајн'е од једна страна, ке восторжествуваат нашите непријатели, који шчо направуат сите своји сили да ослабат балкан-цките словени, за да си подготват почва за раздел'уајн'е на балканцките земји помег'у ниф, а од друга страна, оти оно ке не натерат нас македонците, да се откажиме од нашијот прв долг, да се бориме за политична слободија, да разрушиме се, до сега напраено и да зафатиме се одноо, така да се речит, од азбука, Треки ке најдат, оти јас проповедуам некаков надеж на попрауај'н'е на турците спроти нас и на европејцки реформи во таткоината ни, кога до сега јасно било докажано, оти ни Турција сакала, сакат и ке сакат реформи во Македонија, ни држаите сет наклонени да је принудат Турција, за да ни дајит некакви, па и нај мали реформи. Држаите вел'ат мнозина, само играат дипломатична игра со реформи, за да не склонат нас, да се откажиме од вооражената борба со Турција, от која се нарушаат нивииот мир, а пошчо се одречиме от таја борба. тије ке ослабат да бараат от Турција реформи за Македонија.

Тија сет нај главвите возразуајн'а, шчо очекуам од мнозина од мојите сонародници. Ми се чинит, оти они не сет праи и ето зашчо: Во ноата книга се зборуат, вистина, и за отцепуајн'е и за соединуајн'е, но за отцепуајн'е от тије, шчо сме веке отцепени и со који никој пат не ке ни позвол'ат да се сојединиме, а за сојединуај'е со тије, со који сме морално задолжени да се сојединиме, и со који сојединејн'ето јет возможно. Ако со нашето отцепуајн'е од балканцките словенцки народи достигниме сојединуајн'ето на сето македонцко словенцко населејн'е во једно цело, није не ке ослабниме, туку ке се усилиме, така да од исполнуајн'ето на идејите, шчо сет развијени во таја книга само ке се оправдат послоицата, да јет силата во сојединејн'ето.

Сега се питат: дали од нашето отцепуајн'е од балканцките народи, ке се восползуат нашите непријатели и који сет тије? Сега во Бугарија јет мода да зборуат, да сет нај големи непријатели на балканцките словени: русите и австро-унгарците, који сакаат на почва на македонцкото прашајн'е да се зафатит и продолжит једна борба мег'у србите и бугарите, која ке ослабит силите и на једните и на друзите до таква степен, шчо ке требит да се набркаат во балканцките работи Русија и Австро-Унгарија и првата ке завојуват Бугарија и Стамбул, а втората Србија и Солун. Јас ке си позвол'ам да не се согласам со такво глабоко политично, „далековидејн'е". Можит, бугарите и сет праи, кога мисл'ат, оти Русија без Бугарија не можит да сашчествуат, ни политично, ни економцки, но тоа јет бугарцка политика, а јас не сум намерен да политиканствуам бугарцки. Јас сум македонец и интересите на мојата таткоина ми се предстауат така: не Русија и Австро-Унгарија сет непријателите на Македонија, а Бугарија, Грција и Србија. Само енергична борба со тија три држаи ке избаит од погубуајне нашата таткоина.

Борбата со трите балканцки држаи не протиоречит на нашите интереси, који се достигаат и со револ'уција и со евол'уција, или постепено развијајн'е на нашијот народ во морално-религиозен праец. Револ'уцијата стана и, ако има иајужасни последици за нас, пак даде некоји благодатни резултати, со кои шчо можат да бидат задоолени нашите борци за национална слободија: тоа сет мјурцштегцките реформи, који ке бидат раширени спроти нуждите, шчо ке се покажат со време. Идејите за полно отцепуајн'е на нашијот народ од друзите балканцки народи, не сет протиоречје на досегашното работејн'е на нашијот народ за слободија, а само продолжејн'е на негоото досегашно работејн'е, на почва евол'уцијна. До сега нашијот народ се интересуал поеке само со полна политична автономија, а во националните наши интереси допушк'ал башибузукци да му се набркуат разни неканени гости, како: бугари, грци и срби. По политичната борба идит значиг националната. Но борбата со пропагандите во Македонија не јет чекор назад, туку напред, зашчо и тука имаме работа со борба за слободија, со борба со мрачните сили, шчо не дозвол'уат на таткоината ни сама со свои очи да гледат своите интереси, ами и наврзуат дзрдзала, шчо омрачуат истината и й придаат бугарцка, србцка и грцка боја. Време јет да отфрлиме од очите наши мрежите, шчо ни й кладоа нациовалните и верцки пропаганди во Македонија.

За нашите односи кон турците јас можам да речам само једно: није сме задолжени да напраиме сe, шчо се барат од нас, за да докажиме на Турција, оти нејното остаајн'е како европејцка држаа стрек'ат во нас полно сочувство. Није сме задолжени да бидиме лојални поданици на Н. Ц. В. Султано. Но при тоа бараме и ке бараме од Негоото праителство цел ред реформи, који ке ни сочуваат нај главните интереси на нашето национално и културно развизајн'е. Јас мисла'м, оти није требит да бидиме лојални кон Турција, но предполагајки, оти турцкото праителство и народ ке разберат нај после, оти интересите на нивната држаа во Европа совпадаат со нашите и зависат нај много од ниф, а не си протиоречат, и затоа турците први ке требит да докажат искреното сакајн'е да сет во мир со нас и со тоа да заслужат нашата поддржка на нивните интереси. Ако пак тије мисл'ат со нас да не се церемонат, и да лажат Европа и нас со реформи, који не ји исполнуат, то не ке се удивит Турција, ако и није обрниме нашите возгледи кон Европа и од неја бараме, да се воведат во таткоината ни со сила тија реформи, шчо се признаваат от силите европејцки за истинцка требност за успејајн'ето на религиозно-националното и културно развијајн'е на македонцките рисјани. Европа јузни држаи: Русија и Австро-Унтарија можит да стретит протиодејство само от Турција и од нас, но нај поеке од нас, зашчо со реформите се бараат, не од нас, а от Турција задолжејн'а и ако није со нашите работи покажиме, оти тија задолжејн'а, шчо се бараат от Турција не не удовлетворуат, то није само ке поможиме на Турција, нишчо да не воведат од реформите, шчо се бараат од неја. Турција ке велит, оти она сe, шчо можит да напраит, ке напраит и напраила, а поеке не можела да напраит за тоа, шчо комитетите не даат на неселејн'ето да се успокоит, а во једна страна, каде јет се на воено положејн'е, сите добри намереј|н'а на праителството се рушат от сопротивуајн'ето на немирното населејн'е; а ако военото положејн'е се продолжит поеке од једна година, реформите ке се состарат по наша вина и ке се закопат. Таква једна служба није сослужифме на Турција по објавуајн'ето на февруарцките реформи. Исто така, ако не сакаме никакви реформи, можиме да и послужиме и за однапред. И после, како и до сега, пак ке фрлиме вината на Големите Сили, који секој пат излегуваат криви за нашите грешки.

Собитијата, шчо се развија до сега ни покажаа јасно, колко није сами можиме да си напакостиме, мислејки, оти постапуаме праилно.

За да се предупредат жртвите од једно секадешно востаајн'е, се изработи февруарцкијот руско-австријцки проект за реформи, вистина ие совршен. но со огоорка, оти тој ке бидит постепено раширен, Поминаа месец, 2, 5, 7 и нишчо од него не излезе. Се прашат: зашчо? Ке одгрорат вашите: зашчо Турција и Европа не сакаат серјозно реформи. Но не јет така. Турција, можит, и не сакат реформи, но сакаат тије, шчо го изработија проектот. Се прашаме само: кому приликите ке дозвол'ат да надделит? А во тије прилики нај важен фактор бефме није. Да се склонефме пред вол'ата на Европа, и четите, или да се предадеа, или да се оттргнеа во Бугарија, или 6арем да се напраија некои прегоори со реформаторцките држаи, во који просто можеше да се речит, оти четите, или ке се оттргнат или ке се предадагг, но нека не мачат турците мирното населејн'е, за тоа, шчо, можит, некаде се имаат пушки, то ке настапеше во Македонија мирно време, кога ке се бараше от Турке обрнит возгледите на нашите барајн'а, зашчо она јет задолжена да напраит тоа со даа мег'ународни актои: проекто за реформи во Македонија от Февруар и мјурцштегцкијот проект. Тије два мег'ународни актои ни обек'аваат потсепено ра]шируајн'е на реформите во Македонија, и со тоа даат ни право да се обрак'аме до двете реформаторцки држаи со меморандуми и по друзи патишча, за да им покажиме на нашите религиозно-национални и економцки нужди, како и на тоа, шчо праит Турција, за да се исполнат тија наши нужди.

Знам многу арну, оти мнозина со иронија ке се однесат кон мојите надежи за европејцки реформи: Но на тија иронији ево со шчо јас ке одгоорам: не јет истина кажуајн'ето, да не ке излезит нишчо од усил'ата на Русија и Австро-Унгарија да се уредат работите во Македонија. Проектите за реформи и усил'ата да се во-ведат тија не сет, како мисл'ат мнозина, само игра да поминит време и да си останит се, како шчо си било. Проектите за реформи на Русија и Австро-Унгарија сет мег'ународни актои, не исполнуајн'ето на који от Турција јет насмешка и оскрбуајн'е за реформаторцките држаи и им даат полно прао за репресалији против нарушаачот на мег'унродното прао. Да било така лесно и безнакажано престапуајн'ето на мег'ународното прао, до сега држаите, денеска ке приимаа на себе разни задолжејн'а и утре ке с откажуаа од ниф. Но не било така.

Реформите руско-австријцки, једно сет мег'ународен акт, ке даат прао секога на македонците да настојаваат пред Големите Сили да се исполнат во полност. Нека не мисл'ат, оти они можат да бидат закопани, како шчо јет закопан берлинцкијот трактат со негоијот 23 член за Македонија. Берлинцкијот догоор вистина јет закопан, но не од Европа, а од Бугарија, која изврши соединуајн'ето со Источна Румелија со насилствен преврат — без согласије на држаите, шчо потписаа берлинцкијот трактат; а со нарушаајн'ето на једен параграф се нарушаат и сет трактат. Сегашните руско-австријцки реформи силно се разликуваат од берлинцкијот трактат со тоа, шчо сет они само мег'ународен акт закл'учен мег'у три држаи. Осим ниф важен фактор се јавуаме само није македонците. Вол'ата на двете соција да се воведат во полност реформите и да се оттегл'ат војските од Македонија. Но шчо напраи комитетот Тој реши 4? месеци да чекат резултатите од воведуајн'ето на реформите и после објави со „чиста совест" востаајн'ето. Во време на објавуајн'ето ва востаајн'ето, комитетот можеше да речит, оти тој не бркал на држаите да воведат реформите. Но тоа не јет токму. Вистина четите избегуаа стражејн'ата, но тоа ушче не значит да не бркаа да се воведат реформите. Тије избегуаа, но турците бараа стражејн'а и успеа поеке од комитето. Комитетот кажуаше да немат чети, нема протиодејство на реформите од негоа страна, а пак турците кажуваа да имат чети, населејн'ето да имат оражје и се готвит за востаајн'е, војската имат постојани столкнуајн'а со четите, четите убиваат мирните жители, шчо не и слушаат и сет верни слуги на Падишаот. Ако земиме ноините од времето на публикуајн'ето на февруарцките реформи до и после објауајн'ето на востаајн'ето во Битолцко на 20 Јули и прегледаме во ниф телеграмите от Стамбул, то ке видиме, ота Портата постојано предстауат на рускијот, австро-унгарцкијот амбасадери списоци от сражејн'а на турцкијот аскер со четите, списоци од најдено при обиските оражје у населејн'ето, списоци од убијства совршени от четите над мирното населејн'е. И нај после списоци од воведени реформи.

Шчо сакаше да речит Турција со тије списоци, јет многу јасну: „Јас сакам да воведам реформите во Ма-кедонија, но наместо реформи сега за сега ке воведам аскер и маки, зашчо страната се готвит за револ'уција, подготвуана от престапното работејн'е на комитетите, који шчо состауат како држаа во држаа; ке ми поз-волите, прво, да усмирам страната и да воведам мир, а после ке се воведат нужните реформи". Со друзи збо-рои: комитетот ми даат возможност за једна година да се извинуам за неисполнуајн'ето на реформите, а после не ке и воведам., зашчо они ке остарат. Ја каква услуга ние напраифме на Турцида, со нашето недове-руајн'е кон австро-рускијот проект од реформи. Сакаме ли ушче једнаш да не послужиме на Туција, и пак да не напраиме криви друзите за нашите грешки? јас мисл'ам, оти нишчо друго не ни остаат да напраиме, осим да се однесеме со полно доверје кон реформаторцките, усил'а на двете заинтересуани Сили, и со тоа да и ангажираме, час по скоро да се воведат обек'аните реформи.

Со тије неколку зборои јас сакаф да појаснам содржајн'ето на предложената на македонцките читачи книга занајважните за нас прашај|н'а. Како последуач на идејата за полно оддел'ајн'е на нашите интереси од интересите на Балканцките народи и за самостојно културно-национално развијајн'е, јас и је написаф на централното македонцко наречје, које за мене от сега на тамо имат да бидит литературен македонцки јазик. Нерамностите, шчо ке се окажат во јазикот на мојата книга, сет сосим природни и ке можеа да се отстранат само при једно по глабоко знајајн'е на централното македонцко наречје, со шчо не можам да се пофал'ам. Но и при тоа се надејам, оти за македонците таков јазик ке бидит по пријатен и по звучен, од јазико на нашите суседи, со који није сега за сега се дигаме на големо.

Почеток | <<Назад | Напред>>

granicnik