За Македонцките работи | ||||||||
СОСТАУАЛА, СОСТАУАТ И МОЖИТ ЛИ МАКЕДОНИЈА ДА СОСТАУАТ ОТ СЕБЕ ОДДЕЛ'НА ЕТНОГРАФЦКА И ПОЛИТИЧНА ЕДИНИЦА Во трите горе изложени статији јас разгледаф нај важните за мене, па ми се чинит, и за сите искрени патриоти прашајн'а. Мисл'ам, оти читачот без коментарији ке разберит, шчо сакаф во ниф јас да речам. Но се, шчо рекоф јас во ниф ке си останит без убав фундамент, ако не се разгледат некоји теоријцки прашајн'а, от праил'ното постаајн'е на који ке зависит успеот во нашето обшчо работејн'е во полза на нашата таткоина и нашијот народ. Мнозина ке се запитаат: за каков национален сепараизм овде се гоорит? не се мислит ли да се создадат сега ноа македонцка народност? Но тоа нешчо јет искуствено и као такво ке трајит ден до пладне. Ами каква ноа т. е. македонцка народност, кога није, нашите татковци, дедои и предедои се велеле бугари? Али македонците во нивната историја пројауале некаква обшча работа политична и дуовна? Како се односуале они кон друзите народности балканцки и обратно? Во таја статија јас ке се постарам да одгоорам на тија и много друз'и подобни прашајн'а, и со тоа по мојата сила да разјаснам научните оснои на националнијот сепаратизм, као и да покажам на непраилноста на тије возразуајн'а, који се стаат од негоите противници, који со тоа сакаат да компромитираат него, као нешчо искуствено. Једно от првите прашајн'а, шчо ке постаат противниците на националното обединуајн'е и возродуајн'е на македонците ке бидит: каква македонцка словенцка народност? Никога немало македонцка народност, ке речат тије, па и сега је немат. Во Македонија секога јет имало, па и сега имат две словенцки народности: бугари и срби. Значит некакво македонцко словенцко национално возродуајн'е јет просто празна работа на неколку фантазери, који при тоа немаат никакво пон'атије за јужно-словенцката историја. Македонија, после ке речат нашите противници, не предстауат ни географцко, ни етнографцко, ни историјцко цело. Она не јет никак повлијала на судбите на соседните народи, а јет била арена на политична и културна борба мег'у разните балканцки народности. Истите расудуајн'а за нашата таткоина, можит, ке чујиме и од некои од нашите сонародници — македонцки словени, шчо се викаат бугари, кога ке се исцрпат сите друзи стредства за борба со македонцкото национално објединуајн'е. Во Македонија немат јазик, ами имат много наречија различни мег'у себе, но сите стродри со бугарцките наречија и со ниф состауваат једно цело — бугарцкијот јазик. Друзи од македонцките наречија сет по блиски до србцкијот јазик, ке продолжат својите возразуајн'а нашите противници. Колко и да сет осноател'ни сите приведени возразуајн'а на нашите противници против обшноста на македонцките словени и принадлежноста нивна кон једно самостојно словенцко цело, па ми се чинит, да можат да им се напраат и не по малечки контра-возразуајн'а, от који ке се видит, да националното самосознајн'е и возродуајн'е на македонцките словени јет нешчо многу обично и разбирливо. * * * На првото забележуајн'е на нашите противници, оти никога немало македонцка словенцка народност, можит много просто да им се одгоорит: шчо немало по напред, можит да се сторит по доцкан, стига да се имаат различни историјцки прилики со своји оддел'ни барајн'а. Некога сите индо-европејци состауале једен народ со једен јазик, шчо востаноуваат сега лингвистите от срамнуајн'е на старите и нои индо-европејцки јазици. Но исчезнаа тија историјцки прилики, при који индо-европејците се разбираа по мег'у ниф и настапија друзи историјцки прилики, при који се зафати цепејн'ето на јазико, на обшчото национално самосознаајн'е, со обшчи јазик, веруајн'а, к'уди, предаајн'а и пр. Но тоа делејн'е пак беше на големи делои, или народни групи, како напр.: индо-иранцка или аријцка, германцко-словенцко-литовцка и пр. Тије групи со стечејн'ето на по доцните историјцки прилики се подразделија на јазични фамилији, како: индијцката, иранцката или персијцката, арменцката, грцката, трако-илирцката, италијцката, кел'тцката, германцката, словенцката и балтијцката или литовцката. Словенцката, приближно од около родејн'ето на И. Хр., се раздели прво: на источно-словенцка или руска, на западно-словенцка и на јужно-словенцка група. И само от последната се оддели бугарцкијот словенцки народ, со името бугари, наврзано на бугарцките словени од несловенцките бугари. Ако сега нашите противници допушчаат образуајн'ето на по мали етнографцки целини од по голема, као последица на историјцка необходност, и ако они досега гледале на македонците како на бугари, то зашчо сега они не можат и не сакаат да, допушчат образуајн'ето от таjа голема етнографцка целина, шчо је велелe сите, па и они, бугарцки народ, две по малечки целини бугарцка и македонцка? А сегашните историјцки прилики тоа го сакаат, како шчо сакале некоаш образуајн'ето на бугарцкијот, србцко-хрватцкијот и словенцкијот народи од jужнословените, или пол'цкијот, чешко-словачкијот и лужичко-србцкијот от западно-словенцката група. Сформируајн'ето нa македонците во оддел'на словенцка народност јет нај обичен историјцки процес подобен на процесот на образуајн'ето на бугарцкијот и србцко-хрватцкијот народ од некогашните јужни словени. Да срамниме тије два процеса. Једни историци и филолози тврдат, оти јужните словени, ушче до дојдуајн'ето нивно на Балканцкијо полуостров, се разликуале по мег'у себе, т. е. состауле два оддел'ни народи: словени (бугари и словинци) и србо-хрвати. Така тврдија Копитар, Миклошич и Шафарик. Друзи историци, особено лингвисти (јазикознајци) тврдат, оти сите јужни словени, во време на својето пресел'уајн'е на Бажанцкијо полуостров, зборуале на разни дијалекти (наречија) од једен јазик, и сите се велеле со једно обшчо име: словени. Словени се велеле и србо-хрватите. Имијн'ата: срби и хрвати се носиле од малечки јужно-словенцки групи и биле племенни, а се сториле народни само, кога нивните носители, т. е. племијн'ата срби и хрвати, образуале големи држаи. Сите словени, подајници на србцката држаа, се велеле на место словени — срби, а на хрватцката држаа — хрвати. Така учит проф. Јагич, а заједно со него и негоите ученици. Тој и на сегашните јужно-словенцки јазици не гледат, како на три-целини, точно разграничени, а како на верига дробни наречија, који шчо се сливаат једно во друго, како шчо влизаат колцата во веригагга, од једна страна во једното саседно, а од друга — во другото саседно колце. Ако се довериме на првата теорија, т. е. бугарите и србо-хрватите да се преселија на Балканцкијо полуостров како готови оддел'ни целини, то се питат, до каде се простираа тије народности во време на преселејн'ето, и дали сите дојдени бугарцки словени останаа и досега таквије или некој дел од ниф се посрби? и дали сите дојдени србохрвати останаа као такви, или дел и од ниф се побугари? При допушчајн'ето, да се доселија готои јужно-словенцките народности на Балканцкијот полуостров, совршено неосветено остаат прашајн'ето за границите мег'у бугарите и србите, особено прашајн'ето, со какво населејн'е беа заселени стредновековните: Мораа, Кучео и Браничео, или, со друзи зборои, денешната кралеина Србија? За, ниф велит Шафарик, на осноајн'е на византијцките историци, особено Константин Порфирородни, да беа они заселени со бугарцки словени, шчо бидоа посрбени во XIII и XIV в. в. Ако се допушчит з верна таја теорија ке бидит јасно, оти једен народ не секога можит да устоит против натискот от туг'и, соседни народи, а губи једен свој дел во корист на по силнијот сасед, и друго, од неја се видит, оти народите можат да се состаат од два блиски народи, слиени во једно, као последица, на историјцка необходност. Шчо имат бидено во стредните векои, зашчо да не можит да бидит и сега? Бугарцкијот народ јет изгубил готоо цела денешна Србија во корист на србите, и се примирил со мисл'ата за таја загуба, и не бројејки је за таква. Зашчо он не можит да се примирит и со мисл'ата за загубуајн'ето на Македонија, кога тоа загубуајн'е јет исто таква неминуана необходност, како шчо беше неминуана необходност и загубуајн'ето на Србија? Историјцките прилики неминуано водеа до изгубуајн'ето на Србија за Бугарија во корист на Неманичите и на србството, прво во политичен, а после и во национален однос; а историјцките прилики, создадени од Берлинцкијот трактат, напраја, Македонија да бидит загубена за бугарите, прво во политичен однос а после и во национален. Ушче једна паралел' со историјата на Србија: да беше Србија недоол'на от својата судба во држаата на Неманичите, она ке праеше опит да се ослободит и да им протиостојит ним со стремејн'ето да се присоединит до Бугарија; но опитот ке беше напраен и ке доведеше до желаните резултати само, ако дозвол'уваа историјцките прилики; но последните не дозволија тоа, и Србија се примири со приликите и биде загубена за бугарите. Истото јет и ке бидит и со Македонија. Македонија напраи опит нај напред да се ослободит от Турцко, но за сожал'уајн'е излезе опитот неудачен. Можит по ослободуајн'ето ке се мислеше и за соединуајн'е со Бугарија. Но таја година ни покажа, оти историјцките прилики никој пат не ке дозвол'ат да се сојединит цела Македонија со Бугарија; сега за македонците и бугарите, остаат једно од двете: или делејн'е на Македонија мег'у Балканцките држаици и со тоа изгубуајн'е за бугарите и македонците ? од Македонија, или полно пресечуајн'е врските со бугарите и постауајн'е на македонцкото прашајн'е на совршено неутрална, чисто македонцка осноа. Кога така го постауат необходноста прашајн'ето, то јасно јет, оти секој пат и от секого ке бидит предпочетено второто. И вистина, зар ке се решит једен искрен патриот македонец да пожртвуат: Костур, Лерин, Битол'а, Охрид, Ресен, Прилеп, Велес, Тетоо, Скопје и пр. за соединуајн'ето на Македонија до левијот брег на Вардар со Бугарија? Зар имат по голема близост мег'у једен македонец од источна Македонија и једен Рушчуклија или једен македонец од источна и западна или северна и јужна Македонија? Кога историјцката необходност категоријцки ни зајавуат: македонци, или се сојединуајте мег'у себе и отчекнејте се од друзите балканцки народи, или готвејте се за дележ на таткоината ви! — сите искрени патријоти македонци ке приимат првото. Па тоа го налагат на македонците и чоешчината: зар јет чоечко сегашното стајн'е во које ја имаат доведено Македонија пропагандите? Во једна кук'а таткото јет од једна народност, једејн'от син од друга, друг'от от трек'а народност, и једен Господ знаит, до кога ке се продолжит да бидит така! Чоешчината го барат од нас да се искоренит во таткоината наша тоа ненормално стајн'е, и да се примират брат со брат, татко и деца. Такво објединејн'е јет необходност, а не ни јет нужно фамил'но неприател'ство за некакво објединејн'е со Бугарија, шчо никој пат не ке бидит допушчено, ни од малите балканцки, ни од големите држаи. Значит во сегашните политични прилики имат, не по малу осноајн'е за загубуајн'е од бугарите Македон'ија, од осноајн'ата за загубуајн'ето нивно во стредните векои денешна Србија. И као шчо загубуајн'ето на Србија во политичен однос повлече по себе загубуајн'ето нејно и во национален однос, исто така раздробуајн'ето на С. Стефанцка Бугарија во политичен однос ке повлечит и раздробуајн'ето нејно во етнографцки однос. Приликите создаат културна и национална близост мег'у л'уг'ето, и приликите и разрознуваат роднинцките елементи. Такво сопостауајн'е можит да бидит мег'у првата, т. е. теоријата за заселејн'ето на Балканцкијот полуостров од јужни словени, сформируани во две народности, строго разграничени во етнографцки и географцки однос и постепеното изменејн'е на етнографцката карта на Балканцкијот полуостров од једна страна, и процесот на современото национално обособуајн'е на Македонија од друга. Сега да видиме, дали од гледишче на другата, т. е. Јагичјевата теорија за образуајн'е на јужно-словенцките народности, можит да се објаснит постаајн'ето, при сегашните политични прилики, на једна ноа македонцка словенцка народаост? Јагич ни велит, јужно-словенцките јазици да сет и да биле верига од наречија; исто така, сите јужни словени, до образуајн'ето на бугарцката, србцката, хрватцката и словенцката држаа, да се велеле со једно име — словени. На протежејн'е на таја верига од јужно-словенцки племијн'а и наречија, као да се образуале 4 јаки возли, ке се речит, 4 држаи со разни имијн'а, т. е.: словинцка, хрватцка, србцка и бугарцка држаа. Тије возли, т. е. држаи, спроти силата, шчо је имаа, кога се оброзуваа, си й разделија мег'у себе сите колца — племијн'а и наречија на јужно-словенцката етнографцка верига и й крстија со нивното име. Возлите си имаа, као свој центр носител'от на националното име; со увеличејн'ето или умалејн'ето на политичното могушчество на носител'от на националното име и последното се рашируат или се умал'аат. Така станали имијн'ата србин и хрватин народни от племени; така се присојединиле до нивните носители механически соседните племијн'а со својите наречија и состаиле со ниф једен народ, постепено асимилируајки се со својите покорители или присојединители. Ако образуајн'ето на јужно-словенцките народности јет механично-политичен процес, то истијот не јет нешчо невозможно и во сегашно време. Во јужно-словенцката јазична верига имат неколку колца надвор от србцкијот и бугарцкијот политични возли: тоа сет македонцките наречија. И вистина, тије колца, бидејки по мег'у себе нај блиски, имаат некоји режки на исток блиски со бугарцките и на север со србцките колца. Тије колца во разни времијн'а беа со разни имишча бојадисани, до кога, во 4-та четвртина на поминатијот XIX век, бојите не зафатија да се клаат једна врз друга и не парализуваа једна друга. И једната и другата боја не се држеше јако за колцата, и малу по малу бојите зафатија да се рушат и под ниф зафати да сијат природната им боја „словенцка“ со одблеск „македонцки“ од географцката област, во која сет распределени. Носителите на тије колца — наречија некога се викале „словени“, а после, то бугари, то срби, до кога конкуренцијата на тија двата имијн'а не й напраи јобите туг'и за македонцките словени, и они не зафатија да се именуваат со старото географцко име на својата таткоина. Името македонец прво се употребуаше од македонцките словени, како географцки термин за покажуајн'е на својот происход. Тоа име јет обшчо известно на македонците словени и сите со него се именуваат. Једно јет така, и једно образуајн'ето на народноста јет политично-механичен процес, то имаат се сите нужни условија за оддел'уајн'е на Македонија во самостојна етнографцка област: македонците имаат обшча таткоина, последната постепено со реформи се оддел'уат во самостојна политична целина, во неја се имаат „неколко колца од јужно-словенцката јазична верига“, тије колца много лесно се објединуваат со обшчото признаајн'е стредното од ниф за обшчо орадје во искажуајн'ето на литературната реч за сите интелегентни л'уг'е во Македонија и за во книгите и сколијите. И така, сите условија за националното возродуајн'е на Македонија се имаат на лице, па и тоа возродујн'е и од гледишче на втората историјцка теорија за образуајн'е на Балканцкијот полуостров на малите етнографцки јединици од једна по голема јет совршено логично. Тоа можит да се забележит на тије, шчо вел'ат да никога немало македонцка народност. — Немало, ама је имат сега и ке бидит за однапред. * * * Сега да се попитаме друго: али ке бидит точно, да се кажуат да имат во Македонија две народности и ако имат једна, то али таја народност можит да бидит наречена србцка или бугарцка? Во Македонија, како и во секоја друга земја, имат многу наречија, блиски једно до друго. Таја блискост од једно наречије се пројавуат, од једна страна до сите друзи македонцки наречија во обшчи фонетични или звуковни, морфологични или формени и лексични или речнички особини; од друга страна секој'е наречије јет нај блиско до негоите соседни наречија, имајки со ниф обшчи особини, који се немаат во по оддалечените од него друзи наречија, и то западнијот дел од наречијето јет по блиско до негоијот западан сасед и со него, туку речи, се сливат, источнијот до источнијот и пр., и така, нречијата као да сет врзани једно со друто, како колцата во једна верига. Сега се питат: који колца од нашата верига наречија ке се наречат србцки, а који бугарцки и на која осноа? При решејн'ето на тоа прашајн'е не требит да се забораат и следните прашајн'а: који наречија от србцкијо и бугарцкијо јазици се признаат за нај типични за тије јазици и који нивни особности се признаваат за нај характерни за једните и другите јазици? Дали тије нај характерни црти се имаат во сите македонцки наречија? Дали македонцките наречија имаат своји обшчи характерни особности, који се немаат, ни во србцкијот, ни во бугарцкијот јазици? Дали во македонцките наречија по оддел'но преобладаваат македонизмите пред србизмите, или бугаризмите, или наопаку? Нај после да ли особините на крајните или периферијцките македонцки наречија и гоори ни дозвол'уваат да й сочитаме за по блиски до стредното и нај типично македонцко наречије Велешко-Прилепцко-Битолцкото или до централните наречија на србцкијот и бугарцкијот јазик? Као нај типичен и раширен србцки дијалект се јавуат Боснијцко-Ерцеговинцкото или јужното србцко наречије, кој шчо јет од времето на Вук Караджич литературен јазик на србо-хрватите. Централното или Велешко-Прилепцкото македонцко наречије никој пат не можит да бидит по својите особини однесено кон србцкијот јазик, зашчо мег'у него и централното србцко-хрватцко наречије или сегашнијот србцко-хрватцки јазик имат исто таква разлика, како и мег'у чешкијот и пол'цкијот јазици. Ке се речит, во стредината на Македонија срби немат. От сегашното признајн'е на сашчествуајн'е на Балканцкијо полуостров само три словенцки народи: словинци, србо-хрвати и бугари, со одричајн'ето во центрот на Македонија срби, као да се признаат косвено имајн'е тамо бугари. Но дали денешното гледишче јет праил'но? Немат срби, значит имат бугари. Но немајн'ето срби дали вистина значит да имат бугари? Во централното македонцко наречије, мег'у другото се имаат таквија фонетични особини: старо-македонцките гласои ъ и ь, во тије места, кај шчо се имаат сочуано, преминуваат во о и е, напр. денот, от старо-македонцкото дьнътъ, преку дьнът; сонот, от сънът; н'мссто старото тј и дј имаме к' и г' или јк' и јг', напра врејк'а и туг'а; на место нј имаме јн' напр. којн' на место конј, на место — а, напр. рака и др. Сите тије особини не сет србцки, но не сет ни бугарцки. Они се немаат во главното бугарцко наречије — источно-бугарцкото које служит и за литературен бугарцки јазик. Ако источно-бугарцкото наречије се признаат за нај типично, то многу јет јасно, оти самата географцка далекост на македонцкијот центр од него јет доста да докажит, оти последнијот не можит да бидит бугарцки. На источно-бугарцкото наречије сега се гледат, како на нај типично и нај чисто от туг' уплив, бугарцко наречије. Оно јет сравнител'но со западно-бугарцкото по распространено. Во последното се имат голема разлика од источното наречије, но се признаат во него, осим оригиналноста негоа, србцки уплив. Македонцките наречија имаат пак своји оригинални особини, а зашчо се наог'аат по саседство со србите, се признаваат пак за не чисти от србизми. Осим тоа тије сет на крајнијот запад. По сите тије причини, а нај главно по тоа, шчо македонците, за својето ослободуајн'е од грцкијот патрик и от Турцко, работеа до последната руско турцка војна заједно со бугарите под името бугари, а местата за таја борба беа около Бугарија, т. е. во Стамбул, Влашко, јужно-западна Русија и Србија, који (места) помагаа во ослободител'ната работа нај многу да бидат застапени бугарите, поможаа да се објаит источното бугарцко наречије за литературен јазик на бугарите и македонците. Сега да допушчиме да сет и македонците бугари, и да сет особините на македонцкото централно наречије исто толку бугарцки, колку и источно-бутарцките. И во таков случај не можит да се зборуат за етнографцка целост мег'у Бугарија и Македонија. И да јет имало некога таква целост, она можит од одот на историјцките прилики да се нарушит. Во секој случај, обшчите интереси можат да се поддржаат со взаимно согласуајн'е мег'у членоите на целината. Интересите на целината требит да сет једнакво скапи за сите членои, шчо је состауваат: од неја требит да имаат сите једнакви згоди, и во нејна полза сите требит да праат једнакви жртви. Ако тоа се немат, и ако од неја, једни имаат голема полза, не праејки никакви жртви, а друзите праат големи бесполезни жртви, целината се раздел'уат. Националната бугарцка целина, во која се односуваа: Бугарија, Тракија и Македонија, не можит да се сочуат, зашчо немат таков етнографцки центр, шчо можит прочно да сојединит тије три страни, као шчо сет сојединени србцко-хрватцките земји, немат постредин на тије земји једно нај распространено, и једнакво оддалечено от сите нивни крајишча наречије, које да притегл'уат около себе периферичните наречија и да распространуат обшчо национално самосознајн'е мег'у сите, шчо зборуваат на тија наречија. Во таков случај секој ке сознааше, оти не само македонците, ами и бутарите од Бугарија и Тракија праат једнаква со ниф отстапка во полза на центрот. Сега пак случајот издигнал за литературен јазик на бугарите источното бугарцко наречије, које се наог'ат на крајната протиоположна страна од Македонија. Оно не можит да служит за обшч литературен јазик на бугарите и македонците, зашчо не можит дуовно да објединит на једнакви праа сите три припаметени области. Тој задаток би можело да исполнит западно-бугарцкото или шопцкото наречије, да не беше мало распространено и со многобројни оригинални особини, који се немаат во друзите наречија во Бугарија, Тракија и Македонија. Нај после за сочувуајн'е на националната целост мег'у Бугарија и Македонија, првата не ке се согласит, за обшч литературен јазик на македонците и бугарите да се изберит македонцкото централно наречие, на место источно-бугарцкото. Ето зашчо прашајн'ето: које наречије требит да бидит обшч литературен јазик за македонците и бугарите, ако првите и за однапред ке се вел'ат бугари, — које, прашајн'е, сега не се постаат на дневен ред, зашчо умоите на сите македонци сега сет зафатени со револ'уционото движејн'е једен ден неми'нуемо ке поведит и без друзи причини кон једно расцепуајне мег'у Бугарија и Македонија, со создаајн'ето от последната свој литературен јазик. А создаајн'ето, редом со србцкијот и бугарцки, одделен македонцки литературен јазик, не јет ли рамносил'но со одел'уајн'ето на македонците во оддел'на ни србцка ни бугарцка, ами македонцка словенцка народност? Бугарите, можит, ке речат, оти ноата словенцка народност со свој литературен јазик ке бидит пак бугарцка, само со друго име. Није македонците, се разбират, да не ке имаме нишчо, не само против бугарите, ако не признаагг нас за бугари, но и против србо-хрватите, ако последните не признаваат нас за чисти срби или хрвати. И така централното македонцко наречије јет једнакво далеко и от србо-хрватцкијот и бугарцкијот литературен јазици и можит да се разгледуат, како нешчо оддел'но од ниф. Ке се речит, најдофме једно неутрално колце на веригата од наречија. Сега остаат да се решит, дали тоа неутрално колце стоит осамотено со оддел'на од друзите колца боја, или имат и друзи колца со истата или по блиска до неја, од колко до друзите, боја? Ако стокмиме наречијата от краијшчата на Македонија., од једна страна со централното македонцко наречије, од друга со источно-бугарцкото наречије или србцкијот јазик кај Вук Караџич, ке видиме, оти сите македонцки наречија сет по блиски до централното македонцко, а не до централните наречија на друзите јужни словени. Значит, во Македонија имат сплошно словенцко, ни србцко, ни бугарцко населејн'е. Тоа го признаваат и србцката и бугарцкага пропаганда, и ако за надворешнијот свет и једната и другата зборуваат, оти во Македонија имало г'оа две вародности: србцка и бугарцка. Србцката пропаганда јет раширена низ цела Македонија без Костурцко, Сереско, Петричко, Драмцко, т. е. без крајнијот југ и крајниот исток. Во Костурцко србите немаат пропаганда, не зашчо не сет костурци срби, ами, добровол'но й отстапуат на грцката пропаганда. Истокот на Македонија србите великодушно го отстапуат на Бугарија. Бугарија јет не по малу великодушна во македонцкото прашајн'е кон Србија: и Бугарија признаат срби на с.-з. от Шар планина; сета друга Македонија јет бугарцка, според бугарите. Значит, двете пропаганди не спорат само за земјите ,на с.-з. од Шар планина и тије части от серцкијот санджак, шчо сет крај бутарцката граница. Во првата живејат једногласно срби, а во другата — пак једно гласно — бугари. Но великодушијето на србите јет само за тоа, да покажат умереноста на својот апетит и справедлиоста на нивните барајн'а: ето не сакаме тоа шчо не јет наше, Истото јет причината на бугарцкото великодушие спроти србите. Бугарите дори излезоа по толерантни: страната зад Шар је призааа за „Стара Србија“. Но от како шчо се искл'учат тије две крајини, сета друга Македонија србите је крстат србцка, бугарите — бугарцка. Каде јет причината на тоа? И шчо можит да закл'учит чоек од двојните претенцији за Македонија? Причините на претенцијите на србите и бугарите сет, се разбират, чисто политични, но осим ниф имат ушче једна: македонцките наречија једно до друго стојат така блиско, једно во друго се сливаат толку незабележено, да, ако се признаит једно од ниф за србцко или бугарцко, ке требит да се признат за такви једно по друго и сите саседни со него. Закл'учок от тоа јет — да самите пропаганди признаваат, да во Македонија имат само једна словенцка народаост; значит, утврдуајн'ето, да Македонија не предстауала етнографцка целина, противоречит на нивните постапоци. * * * И после, сe горереченото, ке се најдат мнозина, који ке речат: можит, вистина јет, да, ако немало до сега македонцка словенцка народност, она можит да бидит создадена од времето, особено от сегашните историјцки прилики; вистина јет, оти македонците по јазико свој не можат со прао да бидат наречени, ни бугари, ни срби, ами сет нешчо оддел'но, т. е. состауваат оддел'на етнографцка јединица но пак, како није сега можиме да се велиме македонци и да создааме оддел'на македонцка народност, кога: није, нашите татковци, нашите дедовци и предедовци сме се велеле бугари? Није не можиме да се откажиме от тоа, зашчо тоа име ни јет свето као и верата. Да видиме, дали јет тоа така. Није се велеме бугари, како шчо једен чоек се велит со једно име, да речиме Петр. Се прашат, кој ни го клал името, шчо сакал да означит тој со него, кога не крстил и шчо разбираме није под името бугарин, кога се велиме со него? На тије прашајн'а ке ни одгоорит крстуајн'ето на чоека и значејн'ето на негоото име за друзите и за самијот него. Некој, шчо носит име Петр, сам не си го клал името, ами му го клале друзи — нунковците. Нунковците цу клаваат једно име на кумчето, тој со него да се разликуат од друзите л'уг'е, деца, жени, моми. Кога ке го викнат Петр, не ке се одзрнит Иван, Лазар, Велика, и прочее. Значит името на једен чоек не јет толку важно за самијот него, колку за друзите, за тоа он не се крстит сам, ами го крстат него друзи. Он сам и не се велит Петр, ами си велит: „јас“. Се ползуат со негоото име, само кога требит да се различит од много друзи л'уг'е подобни на него. Исто така, једен народ долго можит да бидит без народно име, ако на близу од него немат друг народ, от кој шчо ке требит тој да се разликуат со оддел'но народно име. Но тоа народно име, не си измисл'уат народот сам за себе, ами со него го велит саседнијот народ и тој од него си го земат. Значит нај природно јет народното име за једен народ да се појаит у једен саседен со него народ. Саседните народи једен кон друг, значит, се јауваат во вид на нунко и кум. По мисл'ата на проф. И. А. Бодуен-де-Куртенe, словените сет крстени со тоа име од римјаните. Словенцките имијн'а нај често се свршуаат на — слав: Светислав, Венцеслав, Борислав и др. Словените служиле у римјаните као робои и гладиатори, а у тије робои и гладиатори нај много се повторуало збор от „слав“, затоа тој збор зафатил да означуат, од једна страна, чоек, шчо работит нај тешките работи, т. е. роб, а пошчо нај многу робои се земало от словените, то од друга страна, словените биле крстени од римјаните со името слави, које они си го позајмија од ниф и го препраија на слов-000н-и, т. е. словени. Тоа крстејн'е на нашите предедовци стана ушче, кога они одвај влезоа во сносуајн'е со по културните романцки народи. Со тоа име ке се наречеше некој от словените, ако требеше да различит себе од некој романец или германец, и то не секаде само оно се употребуаше. Како и да јет, важно јет само то, да оно не Господ знајит, шчо означуаше, за да не можит да бидит заменено со друго. И така, прво наше народно име ни имат бидено името словенин. Но за тоа име, како за наше народно, није нај много знајиме, не по некакви своји традицији или од романците, ами по византијцките историци. Главната причина, да зборуваат византијците за словените, значит, и за нашите предедовци, беа нивните војни со Византија. Опустошејн'ата, шчо и правеа нашите предедовци во Византија беа таквија фактои, за који не можеше да се молчит; а заједно со прикажуајн'ето за опустошејн'ата се прикажуаше и за опустошуачите, кон који се односуваа византијците со гордост и презрејн'е, као кон варвари. Византијците зборуваа само за опасните за ниф варвари. Колку једен варварцки, т. е. не грцки народ беше по страшен за нивната држаа, толку поеке омразијата кон него беше по голема и толку негоото име добијаше по долно, по презрител'но значејн'е. Нападејн'ата на: вест-готите, ост-гогите, хуните, аварите, антите, словените, србо-хрватите, бугарите, на Византија сменувааа једното другото и за таја, причина византијцките историци зборуваат за сите тије народи, па и за словените и антите. При тоа требит да се не забораат, оти вест-готцките, ост-готцките, хунцките полчишта се состојеа, не од једни ост-готи, вест-готи, хуни, словени, но да во нив господствуаше једната народност, но имаше примеси и од друзите. Важно јет да византијците одбележуваат господствујушчата народност, а за друзите молчат. За словените поеке зборуваат от сите друзи народи, осим србо-хрватите и бугарите, зашчо сите друзи вистина поминаа преко Балканцкијо полуостров, но и си ојдоа од него. Но словените арно се утврдија на целијот полуостров, а особено во Македонија, кај шчо образуваа ушче во VI столетје силна држаа, против која византијците отправија силна војска. Но нај много Византија пострада од народот бугари, од монголцко племе, кој шчо опустошуаше сe шчо ке му се попаднит во Византија. Во полчишчата на тој народ имаше и словени, који се бројеја од византијците пак за бугари. Нај голем удар доби Византија од бугарите, који шчо зедоа од неја голем дел нејни земји, заселени со словени, и од ниф образуваа једна голема и силна држаа, која од VIII век до идејн'ето на турците на Балканцки полуостров, готоо постојано наносеше на неја једен удар за друг. Бугарцката држаа беше поеке со словенцко жител'ство, но со името на нејните образуачи т. е. монголците бугари. Словените од Бугарија и Македонија нај напред беа само сојузници на бугарите во војните со Византија. Но сојузните со бугарите словенцки полчишта беа во очите на непријателите т. е. византијците пак бугарцки. Значит византијците зафатија да прекрстуваат словените ушче од времето на Аспарухоата орда. Постојаната борба рамо за рамо со бугарите и напраи ниф једен народ со бугарцко име, но со словенцки јазик. Бугарцкото име мег'у словените беше попул'аризирано од грците, и оно, прво, означааше само бугарите — монголите, после нивните воени сојузници, после бугарцките поданици и нај после стана етнографцки термин за бугарцките словени. Но тоа име во очите и устата на грците имаше ушче специално значејн'е: нај ненавистни за ниф варвари, л'уг'е не образоани, груби, који граничаат со звероите. За грците се словенцко беше грубо и бугарцко. Со името бугари не крстија грците и нас македонците. Но тоа прекрстуајн'е не јет јединствено. От србите није бефме прекрстени во срби. Во втората полоина на XII век, во времето на србцкијот жупан Немајн'а и бугарцките царои Асеновци или Асановци, Византија беше нападната от крстоносците и разни друзи непријатели. Тогај бугарите се приготвија да востанат и закл'учија догоор со србите против Византија. Последната беше обшч непријател' нивен и двата народа решија да удрат на неја, и секој да земит, кој шчо ке можит да откачит. Во Византија немаше бугарцки и србцки земји, као шчо немаше и некакво национално самознаајн'е у јужните словени. На основание тој догоор бугарите нападнаа на источнијот дел на Балканцкијот полуостров т. е. на Тракија, а србите на западнијот т. е. сегашна Србија, Западна Бугарија и Македонија и малу по малу си й разделија мег'у ниф. Во течејн'е на два векои србцките кралеи присојединуваа кон својата држаа византијцки земји. Но они секога се велеа само кралеи на србите. Цар Душан се нарече: цар на србите, грците и арнаутите, а не и на бугарите. Титулата на цар Душан се објаснуат така: тој признаат на Балканцкијот полуостров две словенцки држаи: Бугарија и Србија и една не словенцка — Византија; Србија со завоевајн'ето на византијцки земји сакат да наследит Византија, но со тоа она земат земји који можат да бидат и србцки и бугарцки но који не сет бугарцки. Македонцкото жител'ство не се односуало со мрзн'а кон србите. Ушче од времето на паг'ајн'ето на Самуилоото царство, македонците не једнаш праија силни востаајн'а против Византија, многу по силни од бугарцкото во време на брајк'а Асановци, но не можаа да се ослободат, зашчо кај ниф сет друзи географцките прилики кај бугарите друзи. За да се ослободат бугарите во горна Бугарија, шчо се оддел'уат од долна со Балканите, доста јет да се избијат византијцките гарнизони во неја и да се фатат од ниф дервентите, за да не пропушк'аат ноа византијцка војска. А во Македонија работите сет сосем инакви. Тука немат таков зид, кој шчо да бранит востаачите, као Балканите во Бугарија. Тука имаме многу високи планини, који имаат разен праец и образуваат котловини, одделени една од друга. Планините затруднуваат сојединејн'ето на сите македонци за обшча борба со непријател'от, а пак олеснуваат работата на византијците, зашчо, со разместуајн'е во ниф гарнизони, они можат да држат македонците во послушајн'е. Осем, тоа на Византија поможуваа да држит македонците во послушајн'е и шосетата или друмишчата, шчо сет напраени за воени требности ушче од римјаните и ја пресечуваат Македонија од исток на запад, т. е. од Белото море кон Сијн'ото и од југ кон север крај Вардар, т. е. од Белото море кон Дунаот. При таквија географцки прилики, јасно јет, оти македонците не можаа да се ослободат од Византија и готои беа да бидат сојузници на секој непријател', шчо ке војуат со Византија. Таков сојузник до Х век беа бугарите, а от ХШ в. беа србите. Македонците станаа сојузници на србите, и со тоа се ослободија од византијците. Они се присојединија кон Србија, но тоа присојединуајн'е не беше насил'ническо, а на осноа на догоор мег'у македонците големци и србцките кралеи. Тоа беше резултат на једен компромис мег'у првите и вторите, компромис згоден и за једните и за друзите. Македонија под србцките кралеи, особено под Душана имаше полна самостојност во натрешните работи, и то таква, со каква не се ползуаше ни једен друг дел од големата империја на Душана. Тоа се видит от титулите, шчо й носеа македонцките големци и од влијајн'ето нивно на имперцките работи. Тоа се видит и од големата приврзаност на македонците кон царцкиот трон. За да се убедит чоек во тоа нешчо, доста јет да прегледат историјата на Немајничната држаа од времето на цар Душана до смртта на Волкашина, особено периодот на распадајн'ето на Душаноата империја. Од овде ке се убедит чоек оти центрот и нај големата рол'а во таја империја принадлежеше на Македонија. От секаде от периферијата на Душаноата империја по негоата смрт отпаг'аат областите једна по једна. Македонија крепит Урошеијот престол и македонцкијот големец крал' Волкашин јет главнијот советник и десна рака на Уроша. Сите го мрзат Волкашина за негоата рол' и влијајн'е на Уроша, но царот му веруат, македонцките големци: 70 кралеи и банои, по народните песни, му веруваат и му даат 70,000 војска, со ниф да умрит на Марица за царот и „србцкото име“. 70,000 цуши војска от 70 кралеи и банои! Како се велеше таја војска? Чије име носеше и кој му гу гладе? Сите се велеа „срби“, но во ниф имаше толку срби, колку во војската на цар Симеона имаше Бугари — монголи; па ми се чинит да й имаше и по малу. Значит во XIV век македонците официално носеа името срби, које немаше зашчо да го презираат и да се срдат на него. Во тоа име они не наог'аа нишчо лошо. Србите беа главната воена сила против византијците. Нашите предедовци беа нивни сојузници. Византијците велеа сите своји противници, т. е., и србите, и нас срби. Малу по малу они не прекрстија од бугари на срби. Истото се поддржа од признајн'ето суверенитетот на Душнаа во Македонија и од рол'ата на нашите големци во негоата држаа. Није станафме за надворешнијот свет срби, после истапифме како србцки подајници и нај после зафати името србин да означуат македонец не грк, не влаф и не арнаутин. Једно нешчо не сочува србцкото име во Македонија; тоа јет карајн'ето мег'у крал' Марко и кнез Лазар. Последнијот истапи као противник на турците со името србин и со тоа турците врзаа со пон'атијето србин и Србија денешното крал'ство и негоите жители. Марко и негоите подајници во очите на турците не можеа да бидат срби, зашчо не се противија и не покажаа таква воинственост против ниф, каква покажаа кнез Лазар и негоите поданици. И така до идејн'ето на турците кај нас није три пати бефме прекрстени: 1, славени, 2, бугари, 3, срби. Но со тоа не се сврши сe. Дојдоа турците: се зафати борба мег'у рисјанството и мусул'манството борба мег'у крст и полумесец. Но со тоа не се пресече борбата мег'у словенството и грцизмот. Турцкото господство на Балканцкијо полуостров беше историјцки период, кога потчинените мисл'ат да сочуваат нивното историјцко наследје. Се разбират, оти се сочува само, шчо можеше да се сочуат и шчо не сакаа да ни го земат, зашчо не им беше нужно, и не беше опасно за ниф. Турците ни зедоа земјата и си ја разделија мег'у ниф. Није се примирифме со таја загуба. Зафатија да ни земаат деца наши, да й потурчуваат и да праат од ниф јаничари. И тука молчефме. Турците видоа зор до кога ја покорат Србија и името србин означуало за ниф разбојник. Није свифме глаа и не се велефме срби, да не го расрдиме агата. Он не сакал да се велиме и бугари; и бугари не се велефме. Турчинот ке ни дојдеше во кук'ата, ке се наједеше, ке се напијеше и ке ни речеше: бре г'аур! ај донеси ми тоа и тоа! — ке му одгоорифме, сега беим! Ако не питаше некој турчин, шчо сме? — ке му одгоорифме да сме или „каури“ т. е. Неверници, или „раја на царот“. Со друзи зборои није пред турците се кажуафме така, како да не се расрдит агата. Пред турците није сме „каури“ и „раја“, и „каури“ зафатифме да се велиме и мег'у нас. Во народните песни не једнаш се употребуат името „каурин“ и „рајатин“, и „земја каурцка“ или „земја, рајатцка“ во етнографцко значејн'е. Значит турците од нас напраија народ „каурцки“ и „рајатцки“, термини осноани на нашата принизеност пред турците, на религиозната разлика мег'у нас и ниф и на обшчественото наше положејн'е. Но осем турците, по изгубуајн'ето на нашата слободија, наши „воспитачи“ и господари станаа грците. Није видофме во грците дуовни господари и верцки началници. Није бефме и кон ниф, исто така принизени, као и кон турците. Грците со црквата не експлоатираа нас и сакаа да извршат под турцкото владичество тоа, шчо не можаа до него. За да не претопат нас, они избегуваа да не вел'ат со народното име. Они ни кажуваа, да сме биле није рисјани, и није тврдефме: абре брате, рисјани сме, ами шчо сме! Кога ке се расрдеа на нас, и ке не наречеа тврдоглаи бугари, није пак ке речефме: е пак така си јет: вистина рисјани сме, ама не сме образуани, као грците! Нашите глаи не разбираат; није сме бугари. Со једен збор во турцко време није потврдуафме и се согласуафме со се, шчо ке ни кажеа турците и грците. Но турците со тоа, шчо не нарекоа нас: рајати и г'аури, гледаа на нас као на л'уг'е, не од известна народност, а шчо сет во известен однос кон ниф, господарите и праоверните. Во истата смисл'а употребуафме и није, односуајки кон себе, тије имијн'а. Значит турците во нивната држаа не признаваа народности. Исто така не знајефме за ниф и није. Грците исто така не разликуваа словенцките народности и сите словени, особено тој дел од ниф, шчо им причини нај големи непријатности и се иаог'аше во турцко време под нивната опека, они го презираа и го велеа со презреното за ниф име „бугари“. Но тоа име искажуаше презрејн'ето на грците, а не и достоинства на бугарите, затоа се сопроводуаше со зборот тврдоглав или „хондро-кефалос". И така дојдофме до националното наше име, шчо го имаат носено нашите татковци, дедовци и нај блиски предедовци. Но видофме, оти онде имаме работа, не со једно, ами со цели 4 имин'а, који означуваат да немало до пред неколку години точно определено народно самосознајн'е. Името бугарин, како се видит, до полоината на XIX век немало за нашите предедовци по големо значејн'е од имијн'ата: рисјанин, рајатин и каурин. До тогај није знајефме да имат и да имало каурцки, рајатцки, и рисјанцки земји и држаи. Но, није се бројефме за каури, рисјани и рајати и паметиме да сме имале наша каурцка и рајатцка царшчина, но сме је изгубиле на Косоо поле, кога се е расрдил Господ на нашите предедовци. Тамо, т. е. на Косоо поле рекал Господ да си загубиме царшчината за наказајн'е за тоа, шчо не сме чуале верата чиста. Тамо нашите каурцки царои извадиле голема војска да се бијат со турчинот, но како рекол Господ да загубиме царшчината, от сите парчијн'а, на који бивале раздробени турците, никнале нои турци. Кога го виделе тоа цароите, рекле, оти Господ сакат да загубат царшчината каурите, и да се потчинат на турчинот. Така турците ни го презеле царството. На Косоо паднале двајца царои. После таквоа „јасно“ предстауајн'е у народот македонцки за негоата „бугарцка“ народност, можит ли да бидит збор за бугарцко национално самосознаајн'е у македонците? Ако јет така, ке возразит бугарцката партија од македонци, то шчо означаат црковното прашајн'е, во које бугари и македонци одеа рамо за рамо, и последните се велеа и работеа со името бугари? Ево шчо означаат: македонците беа крстени со национални имијн'а, со који они се разликуваат од друзите саседни со ниф народности, т. е. од турците и грците, па и власите. Првите не трпеа името срби зарди србцкијот отпор при завоевајн'ето на Балканцкијот полуостров. Во Турција до руско турцките војни збороите „срб-г'аур“ требит да означауле тоа, шчо означаваат сега збороите „москов г'аур“. Се разбират, оти рисјаните не само сами не се велеле срби, но им било непријатно да се вел'ат и од друзи така. Така не й велеа и грците, зашчо последните не видеа големи лошотији от србите. Па и немало зашчо: името србин погости во Македонија, као политичен термин само малу време. Оно се и забораи скоро без чуздо пријатно потсетуаја'е за него. От турцко гледишче и не прао јет да се вел'ат македонците сите поглавно „срб-г'аури“, зашчо они се предадоа на турците. А ако се испразднит од Македонија името србин, то ке останит за македонците само името бугарин, које беше политичен и етнографцки термин ушче до турцкото завоевајн'е. Тој термин не беше лош от турцко гледишче, а од грцкото, беше много удобен, зашчо со него нај убао можеше да бидит искажано презрејн'ето и ненависта на грците кон нас. Ето зашчо није мег'у другото се признафме за бугари т. е. тврдоглавци. Значит, нас со бугарите не врзуаше једно обшчо име. једнаков однос кон нас от страна на грци и турци, једнаква жежда за слободен от фанариоти и турци жиот. Таја обшчност не побуди заједно да се бориме со обшчите непријатели. Но таја обшчност не јет нешчо, које почиват на некакви обшчи воспоминајн'а и обшчи историјцки задаки, који да се сознаваат и да се имаат сознајано од нас и од бугарите једнакво. Нашата обшчност јет проста случајност. До крајот на првата ? на XIX столетије се ослободија от Турција сите балканцки земји, осем Бугарија, Тракија, Македонија, Босна и Ерцегоина. Првите три географцки беа многу близо и једнакво се третираа от турците и грците. Последните две беа одделени от првите три и беа во по инакви односи кон турците и грците. За тоа првите три, једно се пробудија, зафатија да живејат со обшчи идеали, а вторите две со друзи, пак обшчи. Но, ако при националното разбудуајн'е на македонците, имахме друг вид на политичната карта на Балканцкијот полуостров, то македонците ке работеа сосем инак. Ако беше Бугарија со Тракија слободна, а Србија задедно со Македонија поживејеше 50 години при једни исти условија, то македонците ке работеа заједно со србите, а не со бугарите. Исто така македонците можеа да работат и заједно со грците, да можеа грците да работат по умно и да беше само Грција и Македонија под Турцко около 50 години, кога сите друзи балканцки земји би биле слободни. Бугарцкото име во Македонија, значит, јет резултат на лошото третирајн'е на македонците от страна на грцкото дуовенство. Грците унишчија Охридската архиепископија за тоа, шчо се упоминуаше името „бугарцка“, како историјцки reliquium, но употребуваа името бугарин за да воплотат во него својето презрејн'е кон се словенцко. И имено тоа воплотејн'е на грцкото презрејн'е кон нас и јет причината да се велиме „бугари“, а не историјцките традицији. Последните напротив нишчо не ни зборуваат за бугарите, а поеке за србцкото име во Македонија. Значит не крстиле „бугари“ грците без да не питаат нас, и није, немајки време да гледаме и да му најдиме мана на името, си го усвојифме. Ако јет така., а инак и не можит да бидит, то јасно јет, оти името бугарин не зборуат ушче за бугарцка народност во Македонија. Тоа име сега се прддржуат во Македонија искуствено, као шчо и се насадуат тамо во нај ноо време името србин. Името бугарин во Македонија сега немат место, зашчо веке цели 25 години, као живејеме није македонците одделен живот од бугарите. Мег'у бугарите и нас имат многу малу обшчи интереси сега. Македонија јет нужна за Бугарија, затоа последната прајк'ат во првата катагодина милион франкови и содржат на служба многу македонци. Бугарија пак јет нужна за македонците, зашчо во неја македонците ке добијат место и ке експлуатираат со нивните „бугарцки“ чувства. Значит, во течејн'е на последните 25 години односите мег'у Бугарија и Македонија почиваат, не на почва на једнакви традицији и задаки, а на чисто трговцка осноа, т. е. једејн'от го експлуатират другијот. Значит, името бугарин во Македонија, со које сега експлуатираат бугрите, никак не јет национално, и за тоа никој од македонците немат прао со него да експлуатират македонцките интереси во негоа полза. Никој не ни имат дадено прао заради него да ни се набркуваат бугарите во нашите работи. Татко ми, дедо ми, предедо ми, ако се велеле по недоразберија бугари, то ушче не значит, оти и јас требит да сум као ниф во мрак за мојата народност; ако се велеле они бугари, то не значит, оти није ке требит да престаниме да веруаме во русите за атар на разни Стамбуловци и Свирчовци, на место, заједно со нашата пролијена крв, није да си бараме праото от кај шчо требит, да допушчиме да ни се бркаат во работите л'уг'е, који шчо и сами не знајат, шчо бараат; ако се велеле мојите дедовци бугари, ушче не значит, да јас имам прао да експлуатирам македонцките интереси со издаајн'е ноини, који на место да бранат интересите на нашијот народ, и бранат бугарцките и интересите на бугарцкијот кн'аз. Нашите дедовци, велејки се бугари и не мислеле, оти није ке праиме от тоа име капитал, за да се најадиме, напијеме и облечеме со него. Значит, у македонците името бугарин јет фал'шлива монета, со која они плајк'аат на' Бугарија и нејнијот кн'аз и на нивната таткоина и нивнијот народ. Време јет да се раскријет таја фал'ш, за да се престанит да се експлуатират со неја. * * * Од до тука реченото се видит: прво, оти, ако по нашите сегашни етнографцки пон'атија на Балканцкијо полуостров, особено на централнијо и југо-источен негов дел, т. е. во денешна Србија, Бугарија, Тракија и Македонија имало и имат само две словенцки етнографцки јединици: србцки и бугарцки народ, то тоа ушче не значит да немат, немало и не можит да бидит друга словенцка јединица, а напротив, оти нејното сашчествуајн'е јет во пределите на возможното и на дејствител'носта; второ, да во Македонија немат две јужно-словенцки народности: србцка и бугарцка, а напротив, да во неја имат само једна народност со своји особини, који, или претстауваат нешчо оригинално, које се немат, ни кај србите, ни кај бугарите, као шчо јет, да речиме, со много особини на македонцките наречија, или нешчо које се имат, и кај бугарите, и кај собите, или које се имат само кај македонците по краишчата на нивната таткоина и кај србите, или пак по ниф и кај бугарите; и да от тије особини на македонците, као дел от словенцката група народи, нај многобројни, нај распространени, обшчи за сите македонци, значит, и нај важни сет тије особини, со који македонците се одличаваат од друзите словенцки народи: по ниф македонците фактически состауваат оддел'на и самобитна словенцка народност, и ако за неа не се гоорит денеска во науката и во катаденнијот разговор; трек'о, причина на тоа; игнорирајн'е и затемнуајн'е на сашчествуајн'ето на македонцката народност да се кријет во сашчествуајн'ето во Македонија името „бугари“ во етнографцки значај и во експлуатирајн'ето со него от страна на бугарите. Исто така, се запознафме со произлезот на името бугарин во вид на етнографцки термин во Македонија. Со друзи зборои, није се запознафме до сега со тоа, да состаула, состауат и да можит Македонија да состауат от себе оддел'на етнографцка јединица. Сега ни остаат да видиме, али она состауала, состауат и можит да состауат таква јединица во политичен однос? Во одгоорот на тија прашајн'а, ке требит да се продолжат расудуајн'ата за народноста на македонците от тамо, кај шчо и остаифме. Није видофме, оти во Македонија името бугарин јет последната метаморфоза во развијајн'ето на нашето национално самосознаајн'е и да јет резултат на тоа политично и обшчествено положејн'е во које бефме постаени од завојуајн'ето на Балканцкијо полуостров от турците. На осноа на се тоа, шчо рекоф јас за историјата на националните имијн'а који имаат сменуано једно друго, као и за причините на тија сменуајн'а, ке возникнат много злоупотреби. Можит, мнозина ке ме осудат, коа србофил. Можит, самите срби на него ке основаат својите шовинистични претенцији на Македонија. Можит нај после, ке експлуатираат србите сето речено за изменуајн'ето на националното ни име, за да докажат, да македонците никога немале национално самосознаајн'е и не играле никаква самостојна историјцка рол'а, а сет влизаме само, као суров материјал во државнијот организм на бугарцката или србцката држаа. Мег'у другото такви недоразберији можат да се очекуваат, как от тоа, шчо јас категорично осудиф бугарцката политика во македонцкото прашајн'е, от које можат да помисл'ат да сум јас бугарофоб и србофил, исто така и од експлуататорцката тактика на балканцките словени во македонцкото питајн'е. Србите можат да затрубат, да сет македонците срби, једно не сет бугари, зашчо така се викале до турцкото дојдуајн'е на Балкан. полуостров. Исто така, можит, некоји срби во мојите расудуајн'а за непостојанството на народното име кај нас, ке најдат потврдуајн'е на мислите на проф. Милованович, кој шчо докажуал во „Дело“ да требит Македонија да се поделит мег'у балканцките држаици, зашчо не предстауала нито географцка, ни етнографцка, ни историјцка целина. За првото ево шчо можит да се речит: македонците, сите заједно се викале срби не поеке од педесет години, а во некоји, и то северните делои, нека сто и сто и педесет, но не и поеке години. Името србин тогај јет имало поеке државна смисл'а и по малу етнографцка. До тогај и во турцко време го немало кај нас. И ако јет така, то не јет ли шовинистична заслепеност да ви се наврзуат сега нам на сите македонци, па и само на северните наши сонародници, наместо бугарцкото име? За тврдејн'ето на проф. Милованович, да Македонија, не состауала и не состауат географцка, етнографцка и историјцка целина, за које, можит, некоји ке најдат потврдуајн'е во мојите расудуајн'а за изменејн'ето на националното име кај нас, осем тоа, шчо јет речено, кога одеше зборот за прашајн'ето, али имат во Македонија две словенцки народности, ке речам ушче следното: И ако јет Македонија состаена од неколку котлоини, разграничени со високи гори, пак она во днешнијот нејн вид имат живејано оддел'но од Бугарија и Србија, или самостојен жиот, или под друзи држаи. Тоа јет јасна докажуачка, оти нејната стрек'а не јет зависела само от Србија и Бугарија, и оти високите планини, шчо заобикол'уваат македонцките котлоини, ушче не сет таква опасност за заједнични политичен жиот у нивните жители. Така Македонија во денешнијот нејн вид, до образуајн'ето на бугарцката држаа, беше једна полусамостојна византијцка област. После она цела потпадна под Бугарија. Кога последната падна под Византија, Македонија беше слободна држаа на време и со успеф се бореше против Византија и имаше под себе цела денешна Србија. После, Македонија потпадна под Византија и во течејн'е на неколку века во разни нејни делои се дигаа востаајн'а против покорителката. Кога се ослободи Бугарија и се усили држаата на Неманичите, во која влезе прегешнијот дел од Македонија, т. е. денешна Србија, она, т. е. Македонија во денешната нејна големина, ушче остааше византијцка земја, кај шчо продолжаваа да се дигаат востаајн'а против Византија, за који се бараше сојуз и покроител'ство от саседните држаи. После, цела Македонија влезе во држаата на Неманичите. Во неја она као да јет била привилигироана и самостојна во натрешнага политика. При крал' Волкашин, Македонија пак као да се оддел'уат од друзите делои на Неманичеата држаа и као да се состредоточуат около него. Во царуајн'ето на Крали-Марко, она сосем се оддел'уат од србцките земји и се постаат во особен однос кон турцко-србцките односи и војни. Во турцко време, она јет на истите осноајн'а под турцкото владичество. После Берлинцкијот догоор она јет сама од сите друзи јужно-словенцки земји под Турцко и веке живит таков оддел'ен жиот поеке од 25 години. Во тој згорен поглед на историјцките собитија на Македонија, се видит, оти горе-долу у сите македонцки котлоини јет једна и иста историјцка судба, горе-долу сите нивни жители имаат особен, одделен историјцки жиот, не ретко самостојен или пак, закл'учуат во себе обшча борба за политична слободија. Ако се пријимит на вид, оти таја обшча историјцка судба, тије обшчи политични борби и самостојнијот политичен жиот јет удел на једно исто словенцко населејн'е и на једен и исти народ, то ке бидит јасно, оти, тврдејн'ето да Македонија не состауала географцка, етнографцка и историјцка целина јет осноано не на дејетвител'носта, а на србцките есапи за Македонија. Тој згорен поглед на историјата на Македонија ми се чинит, не само да покажуат, да није македонците имаме своја историја и да сме народ, судбите на кој шчо се разијале во врска со судбите на друзите саседни нам народи, но и да имат во нашата историја много самобитно и својеобразно, као шчо јет да речиме самостојната Охридцка архиепископија, со нејното работејн'е на полето на народното просветуајн'е. Исто така тој историјцки поглед покажуат, да готоо во сите времијн'а се забележуат силно работејн'е на народнијо дух на културно-иоторијцка осноа, резултата на која се јауват образуајн'е на силна македонцка држаа од цар Самуил и богата народна литература. А ако Македонија до сега со мали исклу'чејн'а се јет развијала оддел'но од Бугарија и Србија, то она можит да чинит и за однапред, ушче поеке, шчо пропагандите: бугарцка и србцка употребуваат сите и дозволени и не дозволени стретства да искоренат во нашијот народен жиот се самобитно, се чисто македонцко. Самосталното политично развијајн'е на Македонија јет необходност, као нешчо, без које није не ке располагаме со доста стретства да се бориме со пропагандите за сочувуајн'е од ниф нашата национална самобитност. |
||||||||
Подготвува: Цане Ѓорѓиевски |
||||||||