|
Градежништво и урбанизам
|
Развојот на општина Сопиште се случил без никаква регулатива. Во блиското приградско подрачје на Скопје, се развивало како периферија на големиот град, без сериозни стопански активности, практично најмногу само за живеење во мали куќи. Во внатрешноста, развојот со векови одел на традиционално ниво, како типично селски населби. Но, во изминативе 2-3 години територијата на Општина Сопиште станува многу атрактивна за живеење, при што изградени се голем број на куќи со тенденција да прераснат во елитни населби. Тие куќи не се изградени како викенд куќи, туку како места за постојано живеење.
|
Она што е исто така карактеристично е фактот што во поново време се јавуваат голем број нови објекти изградени надвор од постојните граници со урбаниот план. Дел од населбите започнати се да се развиваат како дивоградби, но денес со интензивна акција на Општината, индивидуалните стамбени објекти се легализирани вклопени во ГУП на Општина Сопиште за населено место Сопиште, усвоен со одлука донесена на седницата одржана на 01 јули 1999 година.
|
|
Во Општината застапени се околу 1000 индивидуални градби за повремен престој, односно викенд куќи. Ширењето на куќите е по должина на патот, додека во ширина поретко се движат. Најчесто се градби од модерен сеизмички тип, но има и во традиционален стил. Градбата на објектите е ограничена на минимум 6 метри растојание меѓу два соседни објекти, со прозорци на просториите, како и до 3 метри растојание со прозорци на кујна и помошни објекти. Градежните парцели имаат пристап до јавен пат (особено стопанските). Сите градби се согласно архитектонското и културното наследство. Куќите се со традиционална форма и начин на градба претежно ниски со приземје и 1 кат, типично за македонски урбани куќи од камен и балдрук елементи, дрвен кров, дрвени столбови и косници, како и со дрвен чардак со скали, ориентирани кон југ, од каде се влегува во секоја просторија од катот.
|
Покривите на куќите се со керамиди. Дворовите се оградени со средно висок ѕид од камен, со помошни објекти како штали, шупи и гаражи. Во куќите има 30% нови сеизмички објекти. Односот на стамбени единици кореспондира со бројот на жители. Проблем е што тие зафаќаат плодни површини од атарот.
|
|
Во животниот урбан простор за викенд, спорт и рекреација со површина од 21,20 ха, претежно има само викенд куќи, т.е. не е се изградени терени за спорт и рекреација, со тоа што максимален простор за изградба на локација да е 50% за сите објекти. Во Ракотинци постои површина наменета за спорт и рекреација лоцирана на источниот дел од населбата, но истата не е доволно уредена и не се користи за таа намена.
Исто така, неколку села со слаба сообраќајна телекомуникациска и инфраструктурна комуникација се речиси празни села, со по неколку жители и бројни урнати куќи.
|
|
|
Општина Сопиште
тел/факс: (02) 274 3032
(02) 274 3031
~~~~~~~~~~~~~~~~
Советодавно Биро на Општина Сопиште
тел/факс:(02) 274 2292
~~~~~~~~~~~~~~~~
Еколошки Информативен Центар во Сопиште
тел/факс: |
|
|
|