Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!



 


Проект:
“Локален акционен план за заштита на животна средина на Општина Сопиште”


Страна: |:1:|:2:|:3:|:4:|


Согласно определбите за почитување на сите државни документи, како и настојувањата населбите во општината да бидат простори за постојан пристоен живот, со одлука на Собранието на Општина Сопиште во 2000 започна креирање на нов документ за Локален Акционен План за заштита на животната средина. 

Договорот за изведба на ЛЕАП-Сопиште беше потпишан на 26.05.2000 година помеѓу МЖСПП и Општина Сопиште. Веднаш потоа беше формирана работната група за отпочнување на проектот, со изборот на локалниот координатор. Како позитивен придонес бележиме дека во групата за изработка на ЛЕАП-Сопиште беа ангажирани неколку членови кои во 1995/1996 година активно учествувале во изработката на НЕАП на Македонија.

Документот се базира на досегашните испитувања во рамките на НЕАП, истражувањата во рамките на стручните екипи на Советот, како и врз база на новите трендови во светот за имплементација на стандардот ИСО 14000 и Агендата 21, како и други стандарди за квалитетен живот, од страна на Европска Унија, а со цел доближување до врвниот квалитет.

Основната нормативна регулатива - законска рамка која директно е врзана со прашањето за еколошката проблематика, а е во директна врска со ЛЕАП, е Законот за заштита и унапредување на животната средина и природата (Службен весник на РМ бр. 69/96, 51/2000 (измени и дополнувања), 96/2000 (пречистен текст). Согласно овој фундаметален закон во 1996 година на државно ниво е донесен Национален Еколошки Акционен План, а општините се обврзани да донесат ЛЕАП. 

Во Општината егзистираше вистински политички и социјален интерес за изработка на ЛЕАП. Фактот дека Сопиште стана независна Општина само пред неколку години, ја зголеми желбата на нејзините раководители што поскоро да ги решат отворените проблеми со инфраструктурата и животната средина. 

За да се започне со изработка на Документот, Локалниот Координатор изработи листа на прашања за секоја област и тема за обработка, а кои подоцна ги подели на сите членови на Работните Групи, кои што пак со следење на листата на потреби истите ги обработија и ги внесоа како составен елемент на Документот. 

Документот е направен базирајќи се на следниве потреби:
· дефинирање на рамки и методи за рангирање на приоритетите;
· Идентификација на проблемите во Општината, со анализа на состојбата и загадувањето на животната редина и природата, природно, културното наследство, биодиверзитетот, земјоделието, водоснабдување и комуналното уредување;
· истражување на можностите за развој инициран од програмата;
· проценка на односот на развојот на општината и брзината на постигнување на лимитот на капацитетот на животната редина;
· проценка на степенот на квалитетот на живеењето.

Во изработката на Документот беа вклучени партнери како што се: организации и институции од регионот, а кои што делуваат во општината, општинската администрација, јавните претпријатија, месните заедници, училиштата, лекарите, НВО-и. Населението индивидуално зеде учество и покажа голем интерес за програмата. 

Поставувањето на приоритети и препораки е направен со дефинирање на акционен план за мал прифатлив и лесно финансирачки проект, по принцип:

што јас да направам за твое добро = што ти да направиш за мое добро = што другите да направат за наше добро

ЛЕАП за Сопиште ги анализира проблемите на животната средина и природата и препорачува активности што се однесуваат на општествено-економско-политичкиот и институционален развој на Сопиште. 

ЛЕАП е документ кој чекор по чекор ги дефинира приоритетните проблеми и развива акционен план за решавање на истите, преку серија од најбрзи и најекономични проекти, а со константно вклучување на јавноста. 

ЛЕАП се грижи за одржливоста на капацитетот на природата (caring-capasity) и согласно ги насочува активностите во оштината. 

ЛЕАП овозможува одржлив развој на општината и ќе прерасне во упатство за јавноста да биде постојано вклучена и да презема акции за контрола на одржливиот развој на сопствената општина. 

Страна: |:1:|:2:|:3:|:4:|

Симни брошура

 




Општина Сопиште
тел/факс: (02) 274 3032
(02) 274 3031
~~~~~~~~~~~~~~~~
Советодавно Биро на Општина Сопиште
тел/факс:(02) 274 2292
~~~~~~~~~~~~~~~~
Еколошки Информативен Центар во Сопиште
тел/факс:

 

^ top ^

© 2003 Општина Сопиште, сите права задржани