Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!



 


Проект:
“Локален акционен план за заштита на животна средина на Општина Сопиште”

Страна: |:1:|:2:|:3:|:4:|


Општината преку Локалниот Акционен План за заштита на животна средина има визија да прерасне во место каде :

1. Населението учествува во одлучувањето и креирањето на секојдневието, преку стимулирана двонасочна комуникација на населението и локалната самоуправа и анкетирање на мислењата во рамките на месните заедници и граѓанските совети;

2. Растот и развојот е во корист на заедницата, при што не е неопходен константен раст заради економска виталност, иако има големи потенцијали, туку да се следат лимитите на капацитетот на средината. Сопиште да е место во кое развојот ги исполнува задачите на овој план;

3. Се поддржува развој на популацијата и стимулирање на репопулацијата на поранешните жители од Скопје во општината, преку стимулирање на добрососедството, со чувство за простор, заедништво, традиција, култура и со еднаква шанса за секој богат и сиромашен, млад и стар;

4. Се води грижа за доброто на населението, со изградба на инфраструктура за поедноставен живот на хендикепираните и изнемоштените, со организирање на младински активности, со подобра здравствена заштита и со развивање на културниот живот. Да се развијат институции за помош на населението, преку партнерства на граѓаните јавниот и приватниот сектор;

5. Се развиваат населбите преку урбанизација со одржливо користење на капацитетот на просторот, како и преку соодветна конзервација и искористување на постоечките градби. Ова е заедница каде што луѓето можат слободно да пешачат заштитени од колите со тротоари, асфалтираните улици овозможуват лесен проток на сообраќајот, а има и слободни простори; 

6. Се заштитуваат и конзервираат природните суровини и чува животната средина, се истакнува убавината на природните реткости, природните резервати, се стимулира соработката за намалување на загадувањето, штедењето на енергијата и водата. Општината да е место со чиста вода за пиење, свеж воздух и плодна незагадена земја за земјоделството;

7. Настануваат нови можности за вработување на сите работоспособни лица, со стимулирање на реализацијата на нови идеи и иницијативи за мало стопанство, пазари, продавници, аптеки, детски градинки, државни установи и слично. Како комбинација на градски и селски населби, општината Сопиште да претставува витален економско-стопански регион со деноноќни работни места и услуги, место каде покрај живеењето луѓето ќе имаат работа и услуги за подобар живот.


Цел на Планот

а) Обединување на сите релевантни фактори од научниот, јавниот, приватниот и невладиниот сектор за креирање долготрајна програма за одржлив развој на Опшината Сопиште во место погодно за живеење во наредниот век, на општо задоволство на сите засегнати;

б) Дефинирање на состојбата на животната средина во Сопиште, поставување приоритети и изведба на активности за унапредување на животната средина, преку вклучување на јавноста и сите релевантни институции како претставници на науката, стопанството, власта и невладиниот сектор.


При тоа активностите за изведба на ЛЕАП се:

1. Започнување на програмата;
2. Вклучување на јавноста и институциите во програмата;
3. Создавање на Документот ЛЕАП;
4. Имплементација на Документот и следење на резултатите;
5. Развој на ЛЕАП во долгогодишна програма за одржлив развој на Сопиште.


Очекувани резултати

· Издигната еколошка свест на граѓаните;
· Поголема запознаеност на граѓаните за ЛЕАП;
· Вклучено население во изведба на ЛЕАП;
· Издигната јавна свест за учество на граѓаните во креирање на општината и партиципација во локалната самоуправа.


Имплементација на Документот

· Идентификација на финансиски извори;
· Калкулација на ризиците на загадувањето врз здравјето, животот, животната средина;
· дефинирање на мали, применливи и лесно финансирачки проекти;
· анализа на ЛЕАП преку работилници со ЛУК, Советот на Општина, Градоначалникот и јавноста;
· контрола на листата на проблемите и адаптација на стратегијата на ЛЕАП (предлози за акција);
· донаторски конференции и креирање акции за собирање финансиски средства за малите проекти.

Страна: |:1:|:2:|:3:|:4:|

Симни брошура

 




Општина Сопиште
тел/факс: (02) 274 3032
(02) 274 3031
~~~~~~~~~~~~~~~~
Советодавно Биро на Општина Сопиште
тел/факс:(02) 274 2292
~~~~~~~~~~~~~~~~
Еколошки Информативен Центар во Сопиште
тел/факс:

 

^ top ^

© 2003 Општина Сопиште, сите права задржани