Роден е во с.Нивичино, Струмичко во 1872 година. Нивички бил мошне смел борец и многу верен на национално-ослободителното дело на македонскиот народ. Целото негово семејство било вклучено во ослободителната борба. Бил роден во селото Нивичко, Струмичко. Следбеник на идеите на Г.Делчев. Имал здраво расудување, тактичност и беспримерен хероизам.
Учествува во грабнувањето на Мис Стон во 1901 година и таму го добива прекарот Фратер Атанас. Учествувал во повеќе борби против турскиот аскер во Струмичко и други места.
Доверлив човек на Гоце Делчев и долгогодишен раководител во Нивичино. |