|
Роден е во Охрид. Во редовите на Револуционерната
организација стапил во јануари 1903 година, најнапред како четник,
а потоа како секретар во четата на војводата Парашкев Цветков.
Загинал во борбата со турскиот аскер кај селото Могила, Битолско,
на 21 мај 1903 година, заедно со војводата П. Цветков и целата
негова чета. |