Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Михаил Чаков

Роден е на 16 март 1873 година во Гуменџе (денес Гумениса), Ениџевардарско. По завршувањето VI клас гимназија во Солун бил учител во с.Тумба, Ениџевардарско. Во редовите на ВМОРО влегол во 1897 година. Прво бил во четата на М.Попето а потоа, во 1900 година станал војвода во Поројскиот реон (Серски округ). Тој е еден од приврзаниците на Г. Делчев. Дејствувал во Петричко, Драмско, Серско, Кумановско и Велешко. Во времето кога Гоце се наоѓал на овој терен, Чаков бил во четата на Г. Делчев во борбите кај Баница (Серско), на 4 мај 1903 година.

За време на востанието учествува во повеќе борби, на 30 август 1903 година во Пирин, четите на М.Чаков, Ј.Сандански, капетан Ј.Стојанов и С.Малчанков, водат голема борба со помгубројната рурска војска кај текето „Света Тројца“.  Мелничко.

По востанието во 1905 година е војвода во Кумановско, во Серско 1906 година, во Велешко 1907-1908 година. На 23 април 1906 година, заедно со Атанас Спасов одат во Бсаниц  и ги вадат коските на Г.Делчев и ги оставаат скриени под светиот престол на црквата. Во јули 1907 година учествува во биткатама „Ножот “. По Младотурската револуција се легализира и живее во Гуменџе. Во јуни 1909 е уапсен и затворен во Солун.

Учествувал во Балканските и Прва?та светска војна. По војната му помогнува на Никола Мутафчиев да извади патна исправа и да ги земи коските на Г.Делчев од Баница . До 1923 година, коските во кутија ги чувал во својот дом, а потоа по барање на Т.Александров, се изложени 10 дена во црквата Св.Недела.

Умрел во Софија, на 17 септември 1938 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik