Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

Михаил Наумов Чеков

Роден е на 25 јуни 1873 година во с.Горно Врбени (Екши Су), Леринско.

Во 1892 година завршува педагошки смер во Солунската машка гимназија и станува главен учител во с.Ваташа, Тиквешко, а потоа во с.Горно Врбени, каде станува претседател на месниот револуционерен комитет на ВМОРО. Во јануари 1902 година е уапсен и лежи кратко во Битолскиот затвор.

На 2 мај 1903 година, заедно со Г.Папанчев учествуваат на Смилевскиот конгрес како претставници на Леринскиот реон. Истиот месец организираат средба со сите раководители од Леринско во с.Баница. П ри крај на средбата, на 20 мај селото било опколено од турска војска. Во судирот и повлекувањето од селото, загинале војводата Г.Попанчев, помошникот на војводата В.Попов, секретарот на четрата С.Партов како и 13 други четници. М.Чеков се повлекол во с.Горно Врбени, за потоа, заедно со Г.П.Христов да се вратат во с.Баница и да ги казнат предавниците, благајникот на селото и неговиот помошник. 

За време на Илинденското востание заедно со Г.П.Христов и месните војводи Т.Хаџиев и Г.Чакров со чета од 200 душиу ја напаѓаат железничката станица во с.Горно Врбени. По нападот ги сечат телеграфските жици и потоа се здружуваат со В.Чакаларов и на 12 август заедно ги напаѓаат касарните во с.Невеска и ги заземаат. После неуспехот на востанието, останува до зиматга во с.Горно Врбени, па решава да се повлече во Бугарија преку Грција.

По Првата светска војна се населува во Велинград. Умира во 1957 година во Велинград, Бугарија.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik