Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Михаил Николов Розов

Роден е на 25 август 1874 година во с.Бобишта (денес Верга), Костурско. Брат е на македонскиот револуционер Манол Розов. Се школувбал во Костур, а потоа во Солунската машка гимназија, каде се приклучува во редовите на ВМОРО. По завршувањето учи неколку семестри филозофија на Загрепскиот унуверзитет а потоа учителствува во 1896 година во Дојран, во 1898 година во Воден и во 1899-1902 година е директор во Костурската гимназија.

Бил раководител и благајник на Костурскиот револуционерен регион од 1900-1902 година. Во септември 1902 година, по Јосифовата афера е уапсен и е во Корчанскиот затвор до февруари 1903 година, кога е амнестиран.

Во мај 1903 година учествува на Смилевсакиот конгрес, каде е избран за член на горското началство на Костурскиот револуционерен реон, заедно со Л.П.Трајков, М.Розов, П.Кљашев и В.Чакаларов.

За време на Илинденското востание, во Костурско, заедно со други војводи формираат голема казнена чета од 650 востаници. Четата преку Леринското поле, Мариово, и Прилепско се упатува во Тиквешко каде востанието е мнгу слабо и М.Н.Розов се враќа назад со 400 четници и четата се распушта.

По востанието како претставник на ВМОРО има средба со српски претставници во Белград
Учеасник е во Балканските и Првата светска војна.

По војната се населува во Варна, каде работи како финансиски службеник и учествува во Илинденската организација. Помага и во издавањето на Алманахот Македонија.
Умира на 1 август 1935 година во Варна. 

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik