Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Михаил Даев

Роден е во Балчик, Бугарија, во 1881 година. Образованието го стекнува во Варнерската гимназија. Во 1900 година пристапува во четата на Х.Чернопеев, која дејствува во Струмичко, Поројско и Кукушко. Во 1903 година е во четата на М.Герџиков. Делегат е на конгресот на Одринскиот револуционерен округ на Петрова нива.

За време на Илинденското востание е во четата на Г.Кондолов, а по неговата смрт раководството го презема М.Даев. По востанието преминува во Бугарија.

Во јуни 1905 година, на конгресот на Серскиот револуционерен округ, М.Даев е назначен за реонски војвода во Драмско.

По Рилскиот конгрес, по изборот за задгранични петставници Б.Сарафов, Х.Матов и И.Гарванов, Сандански не ги признава и во август 1907 година решава сите да бидат ликвидирани и го задолжува Даев да ги убие. Меѓутоа, тој е разочаран од Сандански и решава него да го убие. За таа намера му испраќа писмо на Гарванов, Даев му е кум и најблизок пријател. Паница го предава писмото на Сандански и поради заговор Даев е осуден на смрт.

Пресудата е извршен на 30 октомври 1907 година во с.Либјахово, Неврокопско.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik