|
Роден е на 8 јануари 1871 година во с.Дикања, Радомирско. Неговите родители биле бегалци од с.Бистрица, Горноџумајско. По завршувањето на трети клас гимназија во Софија, служи воена служба во Бугарската армија во Софија и стигнал до чин потпоручник. Во 1895 година, привлечен од Г.Делчев влегува во редовите на ВМОРО. Бил близок соработникна Г.Делчев и негов опридружник во обиколкарта на Пиринско. Дејствувал како агитатор и организатор на борбата низ Серско, Демирхисарско, П оројско, Кукушко, Солунско, Гевгелиско, Струмичко, Воденско, Малешевско, Пијанечко и Горноџумајско.
Прв пат како војвода на ВМОРО влегува во Македонија во 1897 година, со дејство во Малешевско, Кочанско, Радовишко и Струмичко. Во 1898 година го обиколува Серско и Кукушко, а во 1899 година Воденско и Ениџевардарско.
Попето е еден од првите војводи на агитационо-организациски вооружени чети во Серско, Гевгелиско и Ениџевардарско.
Загинал во судир со турска војска до селата Чугунци и. Гаваљанци, Кукушко, на 21 април 1902 година. |