Бугарин по народност, роден во Пловдив на 26 јануари 1877 г. Учел во францускиот пансион (Св.Августин) во Пловдив, после во бугарските гимназии во Пловдив и Сливен. Во есе нта 1896 година заминува да се школува во Швајцарија, прво во Лозана па во Женева, каде учествува во Женевската група со амнархистички идеи. Во учебната 1899/1900 година под името Тодор Луканов, бил учител во Битолската гимназија, каде се вклучува во редовите на ВМОРО.. Во октомври 1900 година, по откривањето од властите станува нелегален и четник во четата на Х. Чернопеев, а потоа и војвода на агитациона чета во Кукушко.
Пред востанието во 1903 година бил назначен за главен одрински војвода, а во текот на востанието е назначен за член на Главното боево тело, кое што ги раководи дејствијата во Одринско (Преображенското востание).
По востанието се занимава со публицистика и е близок со ставовите на левицата
Учствува во војните а По Првата светска војна бил избран за член на Времената македонска влада во Бугарија.
По превратот од 1923 година ја напушта Бугарија и заминува за Цариград, а од таму во Берлин од 1924-1931 година. Ја поткрепув идејата за создавање на ВМРО Обединета.
Почина во Софија на 18 март 1947 година.
Сопругата на Герџиков е Јанка Каневчева, поранешна љубов на Г.Делчев. |