Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Никола Дечев

По народност е Бугарин. Роден е во 1880 година во Стара Загора, Бугарија. Завршува 5-ти клас во Стара Загора, а потоа учи во Самоковското железарско училиште од 1895-1898 година. Во ВМОРО пристапил уште додека се школувал, каде формираат Таен ученички кружок раководен од Н.Дечев.

Во почетокот на 1900 година заминува за Македонија и се приклучува во четата на М.А.Попето. Поради конфликтсо А.Ќосето се префрла во четата на Х.Чернопеев, каде брзо станува помошник војвода. Во август 1901 година учествува во аферата Мис Стон. Во 1902 година е назначен за велешки војвода, и определен му е реонот кај с.Азот, каде се водат борби против српската пропаганда.

Учествувал во Илинденското востание како војвода на чета во Велешко, во повеќе борбени судири со турскиот аскер и башибозук.

Загинал на 25 септември 1903 година по 10-часовна борба со турскиot аскер кај селото Луково, Кратовско.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik