Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Никола Карев

Роден е на 23 ноември 1878 година во Крушево. Како млад печалбарски работник, извесно време живеел и работел како ѕидар, а покасно и столар во Софија. По враќањето во септември 1899 година се зафаќа со довршување на образованието. Во 1900 година ја завршува Битолската машка гимназија. Истата година се вклучува во редовите на ВМОРО и станува член на Битолскиот револуционерен окружен комитет. Од 1900-1903 година учителствува во с.Горно Дивјаци и Крушево. Во почетокот на 1903 година застанува на чело на Крушевскиот револуционерна комитет. На Смилевскиот конгрес, Н.Карев е поставен за раководител на Крушевското горско началство.

Во Крушевското востание е началник на Штабот на Крушевските востаници, идеолог и организатор на десетдневната Крушевска Република. Привремената крушевска влада во име на Штабот го испрати Крушевскиот манифест до околното муслиманско население, во кое го повикава да ја поддржи помогне борбата на сите обесправени во Македонија.  По задушувањето на Востанието илегално преминал во Србија, а потоа во Бугарија, каде извесно време работи во социјалистичкото сдвижење.

На 16 март 1905 година, четите на Н.Карев и П.Ацев, преку Ќустендилскиот пункт на ВМОРО преминуваат во Македонија. На пат за Крушевско, на 27 април 1905 година, опсаден од турска војска во Кочанско (кај селото Рајчани) загинува Никола Карев, претседателот на Крушевската Република.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik