Роден е на 18 декември 1880 година во Охрид. Завршил гимназија во Битола, каде учествувал во работата на Ученички револуционерни кружоци. Додека се шолувал во Битола, на 17-горишна возраст, се вклучил во редовите на ВМОРО. Учителствувајќи во Охрид, во исто време станал секретар на организационите чети во Охридско.
Како војвода на селската чета од с.Мешеишта за време на Илинденското востание учествувал во востаничките борби во Охридско и Кичевско. По востанието дејствува со мала чета од 5-6 души во реонот на Галичица.
Во 1907 година бил избран за Охридски реонски војвода. На Ќустендилскиот конгрес во 1908 година учествувал како делегат на Солунскиот револуционерен округ.За време на Младотурската револуција во 1908 година е уапсен и затворен од новата младотурска власт. Во 1911 година заедно со Т. Александров и Х. Чернопеев станува член на ЦК на обновената ВМРО.
Учествувал со чета во Балканските војни. Во јуни 1913 година со своја чета учествувал во Тиквешкото востание. По крвавото задушување на востанието заминал за Охридско, каде по неколку мееци е еден од организаторите на Охридско-Дебарското востание. Во Првата светска војна бил околиски началник на Охрид. По војната одново е член на ЦК на Организацијата, а во 1924 година, заедно со Тодор Александров и Александар Протогереов, го потпишал Мајскиот манифест на ВМРО, за обединување на сите револуционерни сили на македонското национално ослободително дело.
Убиен е на 23 декември 1924 година, во Милано, Италија, од Димитар Стефанов од с.Моричино, Кратовско, егзекутор на ВМРО. |