Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Петар Христов - Германчето

Роден е во с. Герман, Преспанско во 1867 година. Во редовите на ВМОРО стапува во 1899 година и станува селски војвода. Во 1901 година е уапсен и осуден на 6 години затвор. Во март 1903 година е амнестиран.

За време на Илинденското востание е војвода на голема чета и ги брани долнопреспанските села од колежите и пожарите што ги правеле турскиот аскер и башибозук. По Востанието заминал за Америка и оттаму се вратил во 1905 година. Повторно формирал чета со 12 четници, меѓу кои и неколку албанци и како нејзин војвода дејствувал против туркиот аскер и грчките андартски чети. Цели три години со својата чета ги крстосувал преспанските планини. 

На 28 февруари 1907 година бил опколен од турски аскер кај селото Дробитишта. За да не им падне жив во рацете, П.Христов извршил саможртва.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik