Роден е во 1877 година во с.Подлес, Неготинско. Основно образование завршува во Неготино, а занаетчиско училиште (бравар) во Самоков, Бугарија.
Бил член на тајниот револуционерен кружок „Трајко Китанчев“ во Самоков. Во 1900 година влегува во редовите на ВМОРО. Во 1901 година е четник во четата на Ј.Сандански а во 1902 година е четник кај М.А.Попето и Х.Чернопеев.
За време на Илинденското востание е војвода во Тиквешијата во одредот на Х.Чернопеев и води борби кај Витоша и кај Ново Село, Кочанско. По востанието тој е Тиквешки околиски војвода. Како делегат учествува и на Прилепскиот конгрес на ВМОРО во 1904 година.
Во 1905 година неклку месеци дејствува во Струмичко и Тиквешко и на неколку пати учествува во судирите со отоманската војска. Меѓу Неготинои Кавадарци го заробува тиквешкиот кајмакам Албанецот Ибрахим ага и го беси, за што добива смртна казна од воениот суд во Солун, и е објавена награда од 500 лири за неговата глава.
На 21 јуни 1906 година, е начекан во заседа од врховистичка чета, меѓу с.Копривиштица и с.Клисура, Тиквешко, и еубиен. |