Солунскиот атентат и заточениците во Фезан | ||||||||
СОЛУНСКИОТ АТЕНТАТ
Според планот, на 15.04. требаше да се урне пругата на малиот мост меѓу старата и новата железничка станица на линијата Jonction – Salonikue – Constantinople. Димитар Мечев, најопитен за кревање на шини во воздух, се зафати со таа работа. Милан Арсов, (ученик од 4 кл. родум од Велешко) и Илија Трчков (пак велешанец, беше завршил 6 кл.) беа одредени да му помагаат. Тие беа зеле 3 килограма мелинит со петарди (не со фитили), и бидејќи таму пругата правеше свиок, бевме уверени дека возот ќе падне. Избувнува експлозијата, шините се раскинуваат, а возот не се урнува - дннамитот бил недостатен за тежината на локомотивата. Тие во темнина се оддалечуваат оттаму. Беа искршени само прозорците на вагоните. Полицијата се раздвижи, се разбра дека се дојдени комити. Мечев и неговите другари си се прибираат дома на спиење. Изутрината на 16.04. се раздени, - настапи определениот ден за атентат врз банката. Уште на 15. Орце беше влегол во визбата да стои таму до 16. навечер, кога веќе ќе ги запали и фитилите, откако ќе згаснат светилките. Пред два месеца и нешто Делчев беше урнал еден мост на пругата кај Ангиста, и луѓето беа мошне заплашени, па си се прибраа рано; по осум ипол навечер по европско време, улиците веќе стануваа пустеливи. Затоа решивме атентатот да го извршиме меѓу 7 - 8 ч., додека има уште свет. За згаснувањето на светилките скроивме, ако имаме повеќе динамит, да влеземе кај резервоарот за гас, да го запалиме, така што да изгорат и фабриките наоколу. Требаше да се пожртвуваат и повеќе луѓе од нас, уште три лица. За таму беа потребни најмалу 20 килограми мелинит. Затоа се решивме за друго: со 2 кил. мелинит да се урнат под мостот кај серската железничка станица железните цевки низ кои поминуваше вода и гас. Мостот е низичок. Со таа работа се зафати Кирков. Го оставил фитилот подолг (2 дцм.), слегнува под мостот, и се одаалечува. Веднаш згаснуваат светилките. Ние си мислевме, кога ќе биде запален гасот кај цевката, ќе стаса и до резервоарите, и ќе ги запали и нив. Велат дека некој Белгиец кај резервоарот го затворил во клуч кантактот на цевките со резервоарот, па затоа и не дојде до тоа, туку само моментално изгаснаа светилките во целиот Солун. По овој знак требаше веднаш да стапат во акција другите другари. Кога низ прозорците од избага Орце видел дека изгаснале светилките, започнал со акцијата. Милан Арсов оди во летииот театар „АAlhambra" крај морето, и кога згаснале светилките, сета публика почнала да ракоплеска, мислејќи си дека е случајно гаснењето на светилките. Тогаш Арсов, на својата маса ја запалува бомбата, шго ја носел со себеси (бомба со 1 кг. мелинит, завиткан со железни прачки - тел, со фитил, долг 2 дец., со нобелов динамит на крајот). Кога фитилот почнал да гори и прска во темнината, публиката се втурнала да бега, па и самиот Арсов успеал да се оддалечи. Имал црн фитил, што не гори толку брзо како црвениот - човек има време да направи и 20 чекори. Нарочно се оставаше подолг фитил, за да нема човечки жртви. Само еден келнер падна убиен. Детонација на отворен простор (тоа беше во парк - надвор има само сцена), не е опасна. Потоа Илија Трчков оди на австриската пошта, божем да испраќа писмо, но тоа веќе било по 7 часот, и поштата била веќе затворена. Побарал да влезе и да грмне внатре со бомбата. Затоа оди на главната улица, каде што поминува трамвајската пруга, и застанува сред народот, и кога светилките изгаснале, фрла две железни бомби. Тие беа од ќустендилската фабрика, 25 зедовме со капсули, и истите поминаа преку Цариград по истиот канал - преку Марија, дојдоа празни, ги наполнивме со бертолетова сол, ќуќур и шеќер. Со фитил е посигурно, а може и со капсула, но се претпочитува со фитил. На истата улица, пред хотелот »Egipte« Д. Мечев фрла во масата пак две бомби. И на двете места паднаа убиени и ранети. Кирков Константин, откако ја извршнл онаа акција на мостот, доаѓа по пругата до „Grand hotel," и пред него фрла една бомба меѓу луѓето, што во паника трчаат, бегаат. Дим. Мечев и Илија Трчков имаа повеќе од 40 бомби, туку од друг вид, од мелинит со железни прачки. Откако ги фрлиле сите бомби, тие си се прибрале во куќата, каде ги имале и бомбите. Куќата се наоѓаше меѓу главната улица со трамвајската пруга и улицата што води кон влезната врата на Топана, на ќошето. Ѓорѓи Богданов, брат на Тодор Богданов (тој остана во Велес) фрли една бомба пред прозорците на грчката кафеана „Ноија", мелинитна бомба, а потем и тој си отишол дома. Едно пет минути по згаснувањето на светилките Орцето ја фрли банката во воздух. Бидејќи фитилите биле прилично долги (14-15 метра) имал време да излезе од дуќанот, и да ги спушти железните ќепенци, по кое веднаш се качува на горниот кат од банката, и му јавува на семејството од директорот веднаш да се спасува, затоа што по пет минути зградата на банката ќе биде фрлена во воздух. При сето тоа Орце успева да си отиде дома. Тогаш и Димитар Мечев и Трчков почнуваат од прозорцнте во куќата, кај што биле, да фрлаат бомби по улицата. Веднаш стасува војската, од 17. полк, командувана од Хасан Ефенди, араб-бимбаши. Откако била фрлена првата бомба, бимбашијата со војската ја растерал масата од луѓе да се држи подалеку од куќата. Самата војска почнува да пука по прозорците; нашите одвнатре не се покажуваат на прозорците, ами фрлаат од внатре, поднаведнати, од сиот горен кат, од салонот и други простории. Отпрвин паднале дванаесет-тринаесет војници, а потем бимбашијата се досетил, и кога бомбата уште паѓала и фитилот уште шушкал, им извикувал на војниците да легнат, и така експлозијата не ги дофаќала веќе. Борбата продолжила сe до зори, а од улицата и од куќите спротива, војниците постојано пукале. Откако ја фрлиле и последната бомба, и немале веќе, тие биле убиени, откако нарочно се исправиле на прозорците, очевидно да се изложат на истрелите. Куќата потоа е затворена, и потем на судот не покажаа ни една бомба. Истата вечер, пред самата врата на Топаана, Пингов фрлил една бомба, и таму бил застрелан од војниците. А Кирков и Орце си биле дома си. |
||||||||
Подготвува: Цане Ѓорѓиевски |
||||||||