Солунскиот атентат и заточениците во Фезан | ||||||||
СОЛУНСКИОТ АТЕНТАТ
Следниот ден, на 17 април попладнето, Орцето од балконот на куќата (куќа на Антонио Пепе, спроти католич. црква фрла бомба и тоа претставува знак да се струпа војска, која се двнжела од сите улици. Војската надоаѓа. Орце од вториот кат фрла уште две-три бомби, и потоа самиот се застрелува со револвер. Војниците се втурнале да го бодат со штиковите по сета снага, но командантот араб-бимбаши ги запрел, велејќи им дека треба да земат пример од овој бестрашен херој. Помислија, дека ќе се повтори вчерашното, и настана паника. Чаршијата се затвори. Тогаш Турците се наежија, и почнаа да колат секого, што ќе го најдеа на улица, Бугари, Гркоманн и други во Вардарско маало. Милан Арсов бил сведок кога ги носеле труповите на бугарските гробишта, тој ги броел и наброил 65. Ако имало уште 4-5 Грци и 4-5 Евреи, значи сe на сe околу 75-мина. Асан Фехми паша, валија
(сега министер), одел по улиците и ги молел башибозуците да не колат (граѓани),
затоа што ќе биде лошо и за турската држава. Тој успеа да ја запре џганта,
за да не се втурнат врз населението. Уште во зорите Кирков останал дома сe до 8 ч. изутрината. Бидејќи на 17. се движело многу војска, чекал попогоден момент да изврши нешто посероизно со неколкуте бомби, што ги имал кај себеси. На 18. изутрина се облекол во нови алишта (нарочно ги купил), со цилиндер, (инаку носеше фес), и оди на телеграфската станица, божем да прати телеграма. На вратата го пречекува стражар со штик, што му вели дека не може да влезе. Тогаш тој ја вади бомбата, за да ја запали таму за демонстрација, но во тоа време стражарот го избодува со штикот, и овој умира. Со штикот беше прободен од левата страна. Потем го донесоа неговото тело во владиниот дом, и ме запрашаа дали знам кој е овој. Јас реков дека тоа е телото на Константин Кирков. Тој беше на околу 26 години. Имаше еден Цветко Трајков, близок на Борис Сарафов, му бил нешто како телохранител. Цветко е родум од Битолско, и долги години бил во Софија, повеќе од 40 години наполни. Беше разболен од туберкулоза. Него ми го препорача Борис, да му дадеме некаква соодветна работа. Ние планиравме да се убие и валијата Хасан Фехми паша. Таа мисија му ја доверивме на Цветко. Тој сакал да го убие пред атентатот, на скалите во владиниот дом, кога валијата ќе слезе од колата. Ние не се согласивме, за да не се раздвижи премногу полицијата, па да попречи за атентатот, и му рековме таа работа да ја стори ден-два по атентатот. Бидејќи по атентатот пред владиниот дом имало многу војска, и никого не го пуштале да се наближи, Цветко намислил да го убие пашата пред неговата летна вила, кога на пладнина ќе појде, за да оди во владиниот дом. Полицијата, кога го видела дека се вртка таму во близина, се посомневала во него, и сакала да го претресе. Цветко побегнал на извесна далечина, ја запалил бомбата, и седнал врз неа. Така заврши тој. Вечерта на 15. јас останав во хотелот Parthenon. Експлозијата на пругата од некнашната вечер ја раздвижи полицијата. И таа веднаш заповедала патниците во сите хотели, додека не дојде полицаец во хотелот, да не заминуваат никаде надвор од градот. Изуртината јас станав, и си го побарав пасошот од келнерот. Тој ни рече дека пасошот е кај стопанот. Јас настојував дека треба да заминам, па затоа да ми се даде пасошот, и да си ја платам сметката. Му кажав дека вчера сум останал од паробродот, и денес треба да си заминам. Стопанот дојде, и најсетне ми рече дека имал заповед од полицијата, на никого да не му се дава пасошот. Јас му реков дека таа заповед се однесува на оние патници, чии пасоши не се визирани, а мојот пасош беше внзиран на 15. како редовен. Ми го даде пасошот. Јас тргнав накај станицата за Скопје. Бев добро облечен, па не ме запреа и влегов во бифето, божем испраќам некого. Пиев кафе, и чекав да заѕвони по третпат, и тогаш се втурнав во вагонот, без билет, веќе задоцнет. Инаку на станицата бараа пасоши и запишуваа. Требаше да платам глоба 5 гроша. Целта ми беше по можност да го одложам моето апсење, за да може секој од моите другари да го стори она што го решил. Инаку, ако ме уапсат порано, ќе се сетам и за лицата со кои сум се дружел. Кога утредента јас не се појавив во агенцијата, како што ни беше речено на патниците од паробродот (во 8 часот изутрината), францускиот конзул Стег веднаш јавил дека едно лице не се јавило. Јас бев запишан како „Ѓорѓи Манасов", со пасош на еден учител во Ќустендилско, родум од нашиот град. Фехми паша, се посомневал и веднаш телеграфски заповедал да се проверат сите патници во возовите. Кога била испратена телеграмата, возот, очевидно се наоѓал во Велес. Едвај во Скопје ме фатија на железничката станица Уште во возот полицаецот веднаш ми го побара пасошот и го запиша името во списокот. И така додека телеграмата дошла во Велес, и додека се провери списокот, сме стасале во Скопје. Уште не излезен од купето, полицајците влегоа и ме извлекоа надвор. Почнав да негодувам, што значи ова, јас сум патник и слично. Комесарот ми рече дека сака да ме види валијата, и дека со истиот воз ќе бидам вратен во Солун. Возот пристигнува во Солун во 9 часот по европско време. Обично Солун во тоа време е осветлен, а сега беше темно, и на станицата светилките беа згаснати. Разбрав дека атентатот е извршен, зашто гореше и банката и се гледаше огнот оттаму. Ме запреа во участокот при станицата. Таму ме држеа до зори, и ги слушав како трештат бомбите и грмежите на пушките мазурки. Таа ноќ пукаа близу десет илјади пушки. Штом се зазори, двајца полицајци ме однесоа со еден пајтон по главната улица во владиниот дом. Кога минувавме крај куќата на Мечеви, видов една кола со вода и еден човек што ја миеше крвта од плочите на улицата. Во владиниот дом ме оставија во одајата на полицискиот пристав. До 10-11 часот чекав да дојде валијата. Кога пристигна тој, тие ме претставија на валијата. Овој ме запраша како се викам. Си го реков името Ѓорѓи Манасов. Од каде си родум? Од Ќустендил одговорив. Ме погледна и рече да ме одведат. Му го покажале пасошот, што го имаше полицаецот што ме распрашуваше. Ме одведоа во затвор, во привремен затвор во самиот владин дом (тој затвор го викаат „Назарет"). Тој затвор е многу лош, темен, на најдолниот кат, тоа е најгрозниот затвор во Солун, во кој привремено ги затвораат снте престапници. Шест дена не дојде никој да ме испитува. Само ноќно време двапати ме дотераа кај Хајредин Пустина, началник на жандармеријата (бивш разбојник, Албанец). Тој ме запраша само за името, какви јазици знам, од каде сум дојден, но за паробродот и атентатот не ме прашаа ништо. Составија обвинителен акт, и со тоа обвинение ме исправија пред воениот суд, На 21 април се јавив на судот. На првата седница присуствуваше и францускиот конзул Стег, и неговиот секретар оддесно, а одлево беа членовите на воениот суд. Претседателот ми постави прашање. Првото прашање се однесуваше на биографските податоци, и побара да кажам, како патник на паробродог, што знам, како дошло до експлозијата. Јас се сетив дека тие се уверени оти јас сум атентаторот, па затоа реков на француски, за да чуе Стег: „Вие ме обвинувате за пожарот на паробродот. Бидејќи тоа нешто стана под француско знаме, на француска територија, затоа само Франција има право да ми суди, и само таму ќе кажам што треба". По оваа изјава веднаш прекина заседанието на судот. Стег разбра оти признавам, и дека сакам да ми судат во Франција. За него тоа беше достатно, и тој веднаш излезе, очевидно, за да ја извести својата влада дека престапникот веќе е познат и фатен. Мене веднаш, во една од просториите на воениот суд, ми ставија на рацете железа (алки) и ме преместија во Беаз-куле, во една влажна одаја, што недамна ја беа премалтерисале со нов малтер (малтерот беше уште мек како тесто, па влагата беше голема). Затворот беше до самите назабени ѕидини на кулата. Подот беше без штици, имаше само едно рогузинче. Сe до 23 мај на секои два-три дена ме изведуваа пред воениот суд. Стег не се јави, и од мојата рекламација немаше никаков резултат. Воениот суд им судеше на сите обвинети за атентатот. |
||||||||
Подготвува: Цане Ѓорѓиевски |
||||||||