Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Спомени - Христо Куслев

Предговор

Христо Куслев, интелигентен момок, кој ја завршил солунската гимназија и бивш народен учител, е еден од првите кои ме посветија во работите на Внатрешната организација, особено подробно опишувајќи ми ја тажната глетка, која ја претставуваа прогоните меѓу приврзаниците на Централниот комитет и на основаното „Братство" во Солун, како и попосле борбите меѓу врховистите и централистите, главно во Петричкиот регион, каде што Куслев раководел организациона чета. Тогаш особено впечаток ми направи неговото раскажување за жестоките казни, применувани спрема лесните жени од народот, кои не ја исполнувале строгата заповед на организацијата да не одржуваат врски со Турци. Исто така ме зачудија не помалку интересни епизоди во неговите спомени, како видни турци го трпеле јавното мешање на четите во приватниот живот на населението, принудувајќи го да застранува од турците, чувствително правејќи штета на тој начин на нивните интереси и главно на нивниот господарски престиж. Општо земено спомените на Куслев содржат интересни, карактеристични епизоди од животот на населението, среде кое што тогаш дејствувал.

Расказот на Куслев достига до крајот на големото востание, додека дејствувал со чети и во Разлог и Неврокопско. Тој тргнал со Делчев во јануари 1903 г. и по неговата смрт дејствувал во Струмичко, земајќи учество после и во дејствијата за време на востанието. Меѓутоа не раскажува подробности, што што правел во тоа време; очигледно е, дека ништо сериозно не се преземало поради слабата подготовка за востание па и поради убедувањето, кое што сите раководители од оваа страна на Вардар споделувале дека востанието е избрзано, неподготвено. Поради тоа и тука востанието се изразило само во некои посмели акции на реонските чети.

Разочаран од неуспесите, Куслев после продолжи да учи во туѓина и заврши по стоматологија во Женева, каде што во 1907 год. го видов пак. Тој потоа некое време престојуваше во Бугарија и после се изгуби некаде во туѓина.

Љ. М.

Почеток | <<Назад | Напред>>

granicnik