За Македонцките работи | ||||||||
ИМАТ ЛИ СЕ НУЖДА ОД МАКЕДОНЦКИ НАЦИОНАЛНИ НАУЧНО-ЛИТЕРАТУРНИ ДРУГАРСТВА?*) Идејата аа образуајн'ето на нашето друтарство беше — полно оддел'уајн'е на нашите интереси од бугарцките. Со него није сакафме да покажиме на русите, оти у нас во Македонија немат национален антагонизм и јет возможно задружно работејн'е од сите македонцки народности на културна почва. Ушче повеке, није сакафме да докажиме на русите да немат во Македонија неколку словенцки народности, а имат само једна; да македонцките словени можат сами да разрушат таја преграда, шчо јет постаена мег'у ниф од пропагандите и од нивното образуајн'е во Бугарија, Србија или Грција. Није сакафме да покажиме, оти на прекор на нашето образуајн'е и воспитаајн'е во разни држаи или пропаганди, није предпочитаме сите да напраиме отстапки от своја страна за обшчемакедонцките интереси, за да не бидиме орадије во раците на пропапандите и на нивните цели: за да не се стремиме кон сој'единејн'е, ни со Бугарија, ни со Србија, ни со Грција. Но се најдоа мег'у ланцките членои лица, који наог'аат за излишно сашчествуајн'ето на таквоа другарство, зашчо немало оддел'на македонцка народност во Македонија, а имало тамо србцка и бугарцка, и пошчо во Петроград имало бугарцко и Србцко студентцко другарства, то иемало нужда од македонцко. Пред вид на таја критика за нуждата и целесообразноста на нашето овдешно другарство, није сме должни да си дадиме точен отчет за причините, што предизвикаа образуајн'ето негоо. Тоа можит да се напраит, пошчо се одгоорит на главните возразуајн'а на нашите противници, со који они се мачат да покажат да немат нужда од оддел'но македонцко другарство, и да јет негоото сформируајн'е не својевремено. Нашите противници вел'ат, оти сега не му било времето да се подигаат национални прашајн'а во Македонија, кога јет зборот за једно сносно сашчествуајн'е на сите народности. Сега не јет времето да се оддел'уаме од Бугарија, кога она напраила тожу жртви за нашето ослободуајн'е и ке напраит ушче за однапред. Неуместно и неразумно јет да оддел'аме својите интереси од обшчебугарцките, кога во сојединејн'ето, а не во расцепејн'ето јет силата. Ако се подигнит сега прашајн'ето за националноста на македонците, то није ке требит да се врниме назад на 30 и поеке години. Зар и возможно ли јет сега националното објединуајн'е на македонците, кога во Македонија имат многу, а не једна националност, и кога немат једна оддел'на македонцка словенцка нација? Нај напред требит да се речит, да не јет истина тоа шчо вел'ат да сега не му било времето да се подигат прашајн'ето за народноста на македонците? Со игнорирајн'ето на тоа прашајн'е, није не праиме ни једна стапка напред, зашчо, ако го игнорираме није, то не го игнорираат сите, и мали, и големи држаи, осим Бугарија. Није, значит, просто си затвараме очите пред непријатната за нас дејствител'ност. Ако, значит, разгледаме тоа прашајн'е, није не се врајк'аме назад, а одиме напред, сознаајки негоата важност. Вистина со националното прашајн'е није ке се занимааме 20—30 години, но кривината за тоа лежит во нашите предшественици, који не сознаа сета негоа важност, и не го кладоа да здрејит. Да беа тоа напраиле, немаше зашчо није сега да се занимааме со него. Ако прашајн'ето за народноста на македонците имат првостепено значејн'е за, бугарите, србите и грците, и секоја од тије народности го третираат по своему, то зашчо и није тоа прашајн'е да не земиме во своји раци, и да го разгледаме сестрано, и од бугарцко, и од србцко, и грцко гледишче, и критикуајки сите ниф, да не изработиме македонцко гледишче на нашата народност, а се удовлетворуаме спроти местото, каде сме се училе, или со србцкото, или со бугарцкото, или со грцкото гледишче? Да не си изработиме своје, македонцко гледишче на нашата народност, убедител'но и спраедлио за сите Македонци, значит, да није не сме во состојајн'е самостојно, без туг'о влијајн'е да изучиме сами себе. Јас не можам да допушчам последното и го бројам оскрбно за мене, ето зашчо и не се откажуам на прво место да си изработам свој самостојен возглед на прашајн'ето за мојата народност и таја на мојите сонародници. Значит, од моје гледишче нашето другарство во прашајн'ето за нашата народност не напраи никаква нетактнос, и само укажа извесна услуга на дуовните интереси на македонците. Сега ке требит да одгоориме на возразуајн'ето, да не јет уместно и јет не својевремено да оддел'уаме нашите интереси од обшчебугарцките, зашчо од једна страна, силата била во сојединејн'ето, и од друга Бугарија напраила толку жртви за нашето ослободуајн'е и ке напраела и за однапред. Тоа возразуајн'е јет многу сложно, затоа ке требит да се одгоарат на секој дел по оддел'но. Прво нешчо, шчо можит да се речит, тоа јет да није не сега се оддел'уаме од Бупарија, и со тоа раздробуаме једно создадено цело, но сме одделени и живиме веке оддел'но поеке од 25 години. Друзи не разделија и создадоа од нас и бугарите различен жиот, разни потребности, нерамен положај. Друзи и не ни даваат да се сојединиме. Од македонцко гледишче сојединејн'ето на цела Македовија со Бугарија, или Србија, или Грција не јет желател'но, но не јет и страшно. Значит нема зашчо да се бориме со него. Но такво сојединејн'е не ке допушчат, ни малите балканцки, ни големите европејцки држаи. Значит, није, не сакајки да бркаме нашите интереси со бутарцките, дааме својето, согласје и узаконуаме сашчествујушчијо ред. Се питат само, али тоа узаконуајн'е јет во наша полза, зашчо кажуваат, оти Бугарија ни напраила многу арнотији, и ке ни напраела ушче. Да видиме, шчо арно сме виделе није до сега од бугарите? Бугарите усилија бјуджетот на екзархијата от појавуајн'ето на србцката пропаганда; со друзи зборои усилија нивната пропаганда и нивните интереси во Македонија. Кладоа они неколку владици, и отворија неколку трговцки агентства, поддржаа со пари востаајн'ето во Македонија и преранија во Бугарија мнозинство обездомени македонци, избегани во Бугарија. Тије сет арнотијите, шчо и видофме од бугарите. Како ви се чинит: али сет доста? али сет много? али сет поеке од добрините, шчо ни й напраија србите? — Ако не бидиме бугарцки шовинисти и пристрастно не гледаме на работите, не можиме да не констатираме, оти во Македонија бугарите не напраија за нас македонците, нишчо поеке од тоа, шчо напраија србите. Пак и смело можит да се речит, оти напраија по малу от србите. Горе избројените бугарцки добрини не сет напраени во полза на самите македонци, а на интересите на Бугарија во Македовија. За тоа бугарцките милиони за Македонија немаат по големо значејн'е од србцките за тамо. Бугарите ни кладоа владици во Македонија; имајте на ум, оти тије владици сет во поекето случаји и во нај важните места бугари, а не македонци. Преко владиците бугарите сакаа да истребат се, шчо не им јет пријатно, а нај многу црковно-обшчинцката самоупраија. Но таква услуга со србцки владици сакаа да ни окажат и србите. Шчо сет тије криви, шчо није предпочетофме да сме орадија на бугарите, на место да сме орадија на србите, — Бугарите отворија во Македонија трговцки агентства! Но за чији интереси? Се разбират, оти не за македонцки, а за бугарцките. Србите предадоа својите интереси во Македонија на своји консулства и генерални консулства. Ако бугарцките трговцки агенства во Македонија сет благодејајн'е за нас, то србцките генерални консулства сет ушче по големо. — Бугарите ни поддржале востаајн'ето. И србите го поддржуваа. Бугарите го подржуваа поеке, зашчо нивните интереси тоа го сакаа, а не за атарот наш. Србите го поддржуваа, за да не останат по назад од бугарите; но да беа србцките иатереси така врзани со востаајн'ето, то србите сто пати ке објавија до сега војна на Турција, без да чекаат од некаде помок', без да гледаат али ке бидит исходот за ниф благопријатен или не. — Бугарите ранат обездомени македонци, но истото го праат и србите. Тоа јет сета арнотија, шчо ја добифме од Бугарија. Сега да видиме, со шчо зааплатифме није за таја арнотија, или колку ни костуат она? Ако прегледаме собитијата от последната руско-турцка војна до сега, ке видиме, оти секоја арнотија од Бугарија за македонците не јет нишчо, осим једна конпенсација за глупостите, шчо й имат напраено Бугарија во нашето прашајн'е. Македонцкото прашајн'е во раците на бугарцките дипломати и народ јет ред глупости, напраени само на македонцки есап и наречени мег'ународни победи на бугарцката самостојна политика. Тије глупости на бугарцкијо народ сет за нас македонците како прародител'цки греф, који ке поминуваат од поколејн'е на поколејн'е. Ето во шчо се состојит тоја прародител'цки греф: Бугарите сет ослободени од русите. Во тоа време руското обшчество се увличаше со словенофил'ство. Тоа увлечејн'е им зе около 250,000 души војска и милиарди рубли. Но каков беше резултатот от таја војна? Русите и напред војуваа со Турција, и ослободија со своја крв готоо сите балканцки држаици. Но никоаш до тогај русите не се разочаруваа така, како шчо се разочаруваа во време на последната војна. Оно дозде до таква степен, шчо русите сакаа да кладат крст на својето по тамошно увлечејн'е и ослободуајн'е на словените на Балканцки полуостров. Последните секоји од увлечејн'ето на русите и со тоа и надежите на македонците на Русија беја голтнати од Бугарија. Поведејн'ето на бугарцкијот народ кон руската војска, и бугарцката интелегенција кон руските власти и дипломати, беше такво, шчо русите ил'адо пати се кајеа за својето увлечејн'е со „братушките“. Тоа раскајајн'е јет влегло глабоко во душите на сите руси, који сега не сакаат да чујат за некакви „братушки“, а особено за бугарите. Кој плајк'ат сега за повелејн'ето и грешките на бугарите, ако не није македонците? Увлечејн'ата на Русија родија једна Бугарија, но со нејното родејн'е Русија умре за нас. Сите надежи у македонците поминаа на недоносчето — Бутарија. Није помислифме тоа недоносче, ја ке одрастит, ке окрепнит и ке ни дајит рака, и није со него да заживиме слободен жиот. При имајн'е ледна слободна Бугарија није мислифме, чуму ни јет Русија. Нашите надежи се поддржуваа од Бугарија и како да зафатија да се осашчествуваат. Бугарија, како покојнијот србцки крал Александар, ке објаи сама за совршенолетна и зафати самостојен ред глупости, шчо се наричаа од неја само стојна политика: Разруши арните односи со Русија, и повика Стамболова, тој да предаит Бугарија во раците на тројнијот сојуз и Англија, и да ја напраит нивно орадије против Русија. Таја ноа ера во историјата на Бугарија, таја самостојна политика се зафати от присојединуајн'ето од на Бугарија со Источна Румелија и од нарушаајн'ето од Бугарија на Берлинцкијот догоор, на кој шчо почиваше и праото на македонците на автономија со рисјанин генерал-губернатор. Нарушајн'ето на Берлинцкијот догоор и Стамболовцкијот режим, крстени „самостојна национална“ политика на Бугарија, на тоа политично, капризно, несовршенолетно недоносче јет втор удар за политичната слободија на македонците. Европа и Русија настојаваа да се изработит план за реформи во Македонија и во 1882 година, тоја план беше веке готов и ке се настојааше да се воведит, как „ноијот политичен фактор на балканите“ кажуат својето veto, и наместо реформи сакат за Македонија бугарцки владици. Бератите за владици се дадоа и није, заслепените македонци, поверуафме на Бугарија, оти она со нејната „самостојна“ политика нишчо друго не праит, осим одржуат политични победи и облагодетел'ствуат нас, македонците. — Арно ни замажаа очите. — Но не поминаа и 5—6 години, како се отрезвија бугарите од својето увлечејн'е во „самостојната“ политика. Се убедија со напредуајн'ето на србцката пропаганда во Македонија, оти они не сет јединственијот фактор во Македонцкото прашајн'е, а оти имат, осим ниф, и друзи, и оти успеот при конкуренцијата ке бидит тамо, кај шчо ке бидит поддржката на Русија. Бугарите пaк станаа русофили, но тоа го напраија, не со чисто срце, а за да напраат руското праителство орадије на својите интереси во Македонија. При надворешното пријател'ство на Русија, они не можеа да се примират со мисл'ата, зашчо руските консули во Македонија да подржаваат србцката пропаганда тамо. За таја причина некоји од политичните партији клеветеа Русија, како непријател'ка на Бугарија, и на сe бугарцко, нај многу за поддржката од страна на Русија србцката пропаганда. Бугарцките политикани не може да видат, оти поведејн'ето на Русија јет плод на нивните глупости, шчо се вел'ат „самостојна“ и „национална“ политика. Кога таја „самостојна“ и „национална“ политика јет орадије на непријателите на Русија против интересите на последната на Балканцки полуостров, можат ли да бараат тије бугарцки политикани од руското праител'ство, да бидит оно совршено безучастно во собитијата на Балканцки полуостров, кога тоја полуостров јет бил грижата на Русија цело столетје и поеке? Она требит да си сочуат овојите интереси тамо, па и ако тоја сочувуајн'е не ке бидит по вкусо на „сомостојната“ и „национална“ политика. Бугарите во својата надворешна политика станаа русофили и русите си изменија малу политиката кон бугарите. Но бугарцкото русофилство беше со есап, и не беше трајно, значит, и руската политика немаше да се изменит окончателно, једно не се знајеше, до колку јет искрена и трајна бугарцката надворешна политика. Бугарите беа незадоолени од руската политика во последно време особено заради прашајн'ето за ракополагајн'ето на Фирмил'ана и за македонцкото востаајн'е. Они вел'ат: во тоа време, кога министерството на Данев предаде надворешната политика на Бугарија во раците на Русија, последната на место да ни поможит, напраи да се ракоположит Фирмил'ан во Скопје, и друго, не напраи нишчо за Македонија. Бутарија да беше водела „самостојна“ и „национална“ политика она не ке допушчише првото, и ке решеше македонцкото прашајн'е со по големи реформи. Тије сет расудуајн'ата на бугарите. Но није, ако станеме на самостојно македонцко гледишче, ке требит да речиме следното: Бугарија со нејното русофилство не напраи никаква услуга, ни на Русија, ни на Македонија. Но од русофилството она се восползуа со зајамот напраен при руско содејство, а друго, и најглавно, не изарчи позајмените милиони на војени нужди, и со тоа остаи полни државните каси. Бугарија и да водеше „самостојна“ и „национална“ политика т. е. да беше орадије на тројнијот сојуз против Русија, пак немаше да напраит нишчо, зашчо сега й немат тије натегнати односи мег'у ниф, који беа при Стамболова. Сега членоите од тројнијот сојуз имаат оддел'ни соглашејн'а по мег'ународните прашајн'а, работат заједно по ниф и парализуваат сите капризи на малите држаи, који со тије капризи сакаат да изменат политичното разновесје во нивна полза. Сега немат место за Стамболовцка политика. Возродуајн'ето на Стамболовцкијот режим во Бугарија сега не се оправдуат со нишчо и јет једен нов опит на политичното недоносче да покапризничит. Но от тије капризи, не него, а нас македонците, ке не болит глаата, како шчо и не болит веке. Но ноите праители во Бугарија ни вел'ат: тоа јет Русија крива; Русија се боит од једна голема Бугарија и за тоа: таја кладе Фирмил'ана, таја сега не сакат да дајит на Македонија автономија, таја не не остаи нас да се приготвиме, и да војуваме со Турција. Другари! Таквија тврдејн'а, не сет нишчо друго, осим једна лож, једна клевета, фрлена на ослободител'ката Русија од једен ослободен робцки народ, кој шчо ушче не јет слободен од негојте робцки инстинкти, со који се ползуат, за да оправдагг својата глупаа „самостојна“ и „национална“ политика. Тој народ, кој шчо јет првата и последната причина на сите наши нестреки, со својите глупаи постапоци не наведе на једна нерамна борба со турците, и во нај решител'нијот момент не остаји на произвол на судбата. Тој произведе клајн'ето во Македонија, како шчо го произведоа во Ерменија англичаните, и со тоа изгуби својето влијај'не во Македонија. Но тоа влијајн'е му јет нужно, ето зашчо, од једна страна не увераваат, оти до кога имат слободна Бугарија, македонцкото прашајн'е не јет закопано, од друга страна, за да оправдат својето егоистично поведејн'е, сета вина за нестреките кај нас обрнуат на Русија. Брајк'а! зар не јет нелепост, да се мислит, оти Русија се бојела од голема Бугарија и не сакала нашето ослободуајн'е, и оти по тије причини не сакала нашето ослободуајн'е, и помагала да се ракоположит Фирмил'ан? Прво да видиме, кој јет крив во сегашното востаајн'е и на кого паг'ат за него нај голема одгоорност? Не једнаш Русија ни имат речено, оти она не ке пролијет, нито једна капка крв, и не ке ни даит, ни нај мала материјална помок', ако није македонците подигниме востаајн'е. Русија по македонцкото прашајн'е толку пати јет публикуала праител'ствени сообшчуајн'а, толку пати сет праени предстауајн'а на бугарцкото и турцко праител'ства по нашето прашајн'е. Во сите ниф напрао ни се велеше: седејте си мирно, оти, ако напраите брканица, не можам, и не сакам да ви поможам. Со друзи зборои, она си изми раците од сите нестреки од једно востаајн'е во Македонија. Можиме ли није после тоа да обвинуаме Русија во неискреност и поддупуајн'е? Зашчо тогај да се л'утиме на Русија? Ако не се лажам, комитето и организацијата очекуваа помок', не од Русија а од Бугарија, зашчо во Македонија по пон'атјата нивни и на екзархијата бугарцка живејат бугари. Руси тамо немат. Значит Бугарија требеше да поможит, или нај категорично да речит: не чекајте од мене нишчо. Но Бугарија не напраи ни једното, ни другото: не напраи првото, зашчо бугарите сет есапчији, и сет готои да земат Македонија, ак им је подарит некој; а инак, ако сакат, нека бидит запустена. Никој друг од Балканцките народи немаше така спокојн'о да гледат на запустуајн'ето на једен крај, кај шчо се имаат негои сонародници. Да беше инициативата во востаајн'ето грцка или србцка, и да знајеа тије народи, оти востаајн'ето ке бидит така сил'но, не гледајки на никакви неблагопријатни прилики, ке објавија војна, па макар та војна да се свршеше со полна поразија нивна. Но бугарите не сет от таја категорија: они ке објаат војна само тогај, ако имат некоја држаа, која да им обеспечит плодоите на војната. А пошчо такво обеспечејн'е никој пат не јет сигурно, без да се ангажират једна од големите држаи, или неколку од ниф, со оражије во рака да поткрепат тоа обеспечејн'е, то од Бугарија не можеше да се очекуат набркуајн'е во македонцките работи. Но ако беше така, то бугарите можеа да кажат јасно на македонците, на ниф да се не надејат, и можит, не ке се добиеа тије резултати. „Далековидната“ политика на кн'азот и на негоите „самостојни“ и „национални“ помок'ници требеше да предвидит се, и да предупредит нестреките. Но они тоа не го напраија. Оставија да станит востаајн'ето, миспејки, ако не „самостојната“ политика, то крвта на македонците, ке застаит „великата ослободител'ка“ да си остаит својите работи, и да дојдит да војуват за нас, за да је повикаат после во Берлин, и да загубит Манджурија и влијајн'ето во Персија. Тоа беше престапно поведејн'е кон македонцките работи, и главен престапник во ниф се јавуат официална Бугарија и бугарцкиот народ, кој шчо не можа да застаит својето праителство, да се застапит за својите македонцки клиенти. И за тоа престапно поведејн'е се праит сега крива Русија, и то официална Русија, која немала нишчо обшчо со нејнијот народ. Ослободените „братушки“ сега не сакаат да се признаат во својите грешки, ето зашчо зајауваат, да сет они сите русофили, да милуваат рускијот народ, но не милуваат руското праителство, које не изражуало народните чувства кон македонците, и отрицател'но се однесуало кон секоја искажана од народот симпатија кон ниф. За докажуајн'е на последното покажуваат на „тајни“ циркул'ари од праител'ството, да се не печатат поеке статији за македонцките работи. Кај нас, во Македонија, и во Бугарија можат да придаат на таква праител'ствена распоредба непраил'ен звачај, ето зашчо ке требит да се кажат овде некожу зборои и за неја. Нај прво требит да се кажит, оти во македонцкото прашајн'е немат никаква разлика мег'у погледите на него на руското обшчество и народ од једна страна, и праител'ството од друга, а имат само разлика во степента на интересот со него: обшчеството и народот многу по малу се интересуваат от праител'ството, шчо се видит от помоките за македонците. Ако се срамнат тије со помоките на бурите (Трансваал'ците), то ке се добијет голема разлика, а тоа јет затоа, зашчо со борбата на бурите се инересуваа много поеке, од нашата борба. А тоја слаб интерес јет резултат на разочаруајн'ето на русиге од „братушките“. Значит и за тоа требит да речиме на бугарите: сподај ви! Руското праител'ство секој пат даат полна слободија на Руската стамба да стамбосуат статији по сите прашајн'а до тогај, до кога некоје прашајн'е се разгледуат и не јет пријемено никакво решејн'е по него. Откако прашајн'ето бидит исцрпено, и по него јет пријемено некакво решејн'е, се прајк'аат циркул'ари, да јет прашајн'ето исцрпено. Но, тоа се праит, не за да се лишат ноините од слободија да пишат, а за тоа, шчо на Балканцкиот полуостров придаваат големо значејн'е на сите статији, шчо се односат до балканцките работи, и мисл'ат, оти праителството под влијајн'ето на пресата, ке изменит својата политика. Праител'ството просто сакат да не избаит нас од праздни надежи. Ако јет се тоа така, то со шчо можит да се објаснит политиката на Русија во прашајн'ето за Фирмил'ана, ке запитаат некоји. — Јасно јет, оти она јет србофилцка. — Да видиме да ли јет, толку јасно. Причините на ракополагајн'ето на Фирмил'ана ушче једнаш јасно ке ни покажат, каква нестрек'а за нас македонците јет носејн'ето на името бугарин. Од ниф ке се видит, оти политичното недоносче — Бугарија не јет во состојајн'е да зашчишчаат, не само нашите, но и негоите интереси. Бугарија немат дипломати, а ушче по малу — во странство. И тије шчо сет от последните, не сет да чуваат и подигаат значејн'ето на Бугарија, а да умал'уваат и осмејуваат, и себе, и својата држаа. За потврдуајн'а на тоа, доста јет да се потсетит на тројица: г. г. Бешков, секретар и gerant на Трговското Агентство во Битол'а, Цоков, дипломатически агент во Лондон и Станчев, таков во Петроград. За г. Бешков, попрашајте кого сакате во Битол'а, било то от персонало на тамошните консулства, било од бугарцките учители, било од влашките, било од граг'аните, или нај после од циганчијн'ата, со који се имат разгоарано г. Бешков, постојано врвејки по градот без работа, — сите ке ви кажат, кој јет г. Бешков. За тоа србите имаат во Битол'а прекрасен предстаите', који се пол'зуат со полно уважејн'е у консулите. Тоа јет г. Ристич. Сета своја дипломатија си искажа г. Цоков во рзгоорот негов со кореспондентот на Рејтер. Но нај интересен јет г. Станчев, једно, како частно лице, друго, како дипломат и трек'о, како дипломат на нај важното за Бугарија от сите дипломатцки места. Прво нешчо, шчо бијет на очи, тоа јет, шчо г. Станчев си остаат на истото место от сето време, како знајам за него (имат около 9 години). Тоја факт на вид јет многу утешен, зашчо он како да покажуат постојанството во политиката на Бугарија. Србцките посланици вистина седат во Петроград по неколку години со ред, но по 4-5 години се менат. Но тоја утешен факт, јет утешен само на вид. Ушче првата година на моето студентство мене ме запитаа, каков чоек јет г. Станчев? Јас за него не знајеф нишчо, затоа рекоф, оти мало го познаам. Тогај ми дадоа једна немцка книга, со наслов Die Wahrhert uber Bulgarien. Јас замолиф, да ми је дадат да је прочитам дома. Ми је дадоа, и така јас се запознаф прв пат со г. Станчев и со бугарцките работи, особено со положејн'ето и авторитетот на бугарцкијот предстаител' во Петроград. После јас чуф ушче некоји слуои за г. г. Станчеи, од нивнијот жиот во Петроград, подобни на пасажите за ниф во упоменатата книга. Од разгоор со журналисти јас чуф, оти г. Станчев праил опит да повлијајет на ниф, но неуспешио. Вообшче сите тије, со који имаф случај да се видам или зборуам, г. Станчев или не го знаеа, или лошо се одзоуваа за него. Но во последната година г. Станчев, кажуваат се пушчил толку долу, така ниско пушчил бугарцкијот престиж во Петроград, как не ке можеше да напраит и нај големијот непријател' на бугарцките интереси. А знајат ли бугарите, оти во тоа време, кога они имаат во Петроград једен Станчев, србите имаат тамо једен Пашич, или једен Грујич, или једен Новакович? Тије дипломати последовател'но сет, или во Петроград, или во Стамбул; и на једното, и на другото место они остануат по неколку години со ред. Во Петроград они имаат обширни познанства и се ползуваат со многу арен дочек од горните слоеи на руското обшчество и имаат големо влијајн'е на него. Они се знајат со дипломати, професори, редактори и издатели на ноини. Они зборуваат убедител'но и со глабоко знајајн'е на работите. Добаите кон тоа, да јет србцката надворешна политика устаноена, као и то, да имаат они и цел ред друзи, осим упоменатите дипломати, и ке разберите, оти ракополагајн'ето на Фирмил'ана јет победа на србцката дипломатија и поразија на бугарцката; победа, добијена со своји т. е. србцки сили, а не нешчо наврзано од Русите; поразијата пак на бугарите јет резултат на немајн'е бугарцки дипломати, који да разбираат бугарцките интереси и да ги зашчитуат со авторитет и знајајн'е. — Ама г. Зиновјев помагал и сочувствуал на србите. Тоа можит да бидит истана, но тој го праит тоа, не зашчо мрзит бугарите, а зашчо србцките посланици во Стамбул сет логични, знајат арно нивните интереси, и можат да и зашчитуат. Исто така, можит, руските консули зашчитуваат србцките интереси во Македонија, не за атар, а једно, зашчо и србите, како и бугарите сет словени, а друго, зашчо србите по арно имаат разбрано и знајат да бранат нивните интереси. Значит бугарцката надворешна политика не издржуат никаква критика. Ова јет главнијот извор на сите наши нестреки. За тоа не можит и да се зборуат за некакви арнотији од Бугарија за Македонија. Арнотија ли јет материјалната помок' на Бугарија за востаајн'ето, кога таја поддржка само не застаи да си расфрлиме народните сили, со кои није бефме силни, а сега сме нишчо? Арнотија ли јет ранејн'ето на избеганите во Бугарија македонци, кога Бугарија јет првата и последната причина да им се разорат куките? Арнотија ли јет тоа, шчо пријимат она на своја служба македонци, кога последните со службата, или зарди неја, забрауваат својата таткоина, и нејните интереси жртвуваат на бугарцките? Зар не сет македонците, шчо сет на служба или кандидати за служба тије, који изопачуваа мег'у населејн'ето во Македонија значејн'ето на руските праител'ствени постапаци, и й толкуваа пред него стамбуловцки, и го тискаа да востанит, против советите на Русија за благоразумје? Македонци! време јет да се убедиме, оти лошијот демон за Македонија, не јет никој друг, осим Бугарија, ето зашчо час по скоро требит да одделиме интересите наши од бугарцките. Тоа го барат од нас благоразумјето. От сe горереченото се видит, оти бугарцките арнотији за нас македонците ни нај малу не се разликуваат од србцките, но за то ни костуваат сто пати поеке: 1, за бугарцкото име, шчо ни го подари екзархијата, није зедофме на себе сите добрини, шчо сет врзани со него, и со који се украси тоа име во најноата историја на Балканцкијот полуостров. 2, за бугарцките сколији и бугарцкото „покроител'ство" на нашите интереси, није немаме никакво сочувство от страна на русите, не за тоа, шчо тије мрзат бугарите, а по тије сообразуајн'а, шчо они толку многу напраиле за бугарите, колку за никој од словенцките и праославни народи; излегуат, оти они и за нас македонците напраиле многу, и немало зашчо ушче нешчо да очекуаме од ниф. Руското покроител'ство стаат не нужно, кога није имаме „самостојно“ и „национално“ бугарцко покроител'ство. 3, за бугарцките владици, шчо ни и подари Стамболов, није заплатифме со немајн'е автономни праа, предвидени по Берлинцкијот трактат. Таја арнотија добијат ушче по големо значејн'е со тоа, шчо она беше причината да се образуваат комитети, организацији, чети, востаајн'а, да имат убијства, грабежи, колејн'а и пр. и во сe тоа Бугарија ни поможа, и со пари, и со трпејн'е на комитетите на своја земја. 4, верата во бугарцкото чувство кон нас си ја платифме со востаајн'ето, од које Бугарија вистина не не задржа, и не ни поможа, но ...... го испрати Начеича, да прегоарат ...... Исто така Бугарија со својата искусна дипломација не поддржа . . . . ! 5, За ранејн'ето на избеганите македонци во Бугарија и како нај голема награда за името бугарин, шчо го насадија кај нас, ни покажаа барем да знајиме, кој јет причината за сите наши нестреки, а тоа била ...... Русија. И така, значит, Бугарија ни напраи до сега веке сите арнотији, остааше само и у нас да развијит клас „самостојни националисти“, који ке разберат нај после, каде јет коренот на секоје зло во нашето национално развијајн'е, т. е. Бугарија реши, и кај нас да насејет русофобство, та и није да изгубиме секоја вера во праославна Русија. Мисијата на Бугарија јет прекраона, само за жалост није тука во Петроград сме далеко од Бугарија, та русофобското семе не можит да ни западнит глабоко во душата и да дајит арни плодои. От сите пребројени фактои се видит големата вреда за нас македонците от тоа, шчо није, или барем мнозина од нас, отожествуафме до сега нашите интереси со обшчебугарцките. Није се велефме бугари. Со тоа, од једаа страна сакафме тоа име да ни послужит како центр, около кого ке можиме сите да се згрупираме, без да бараме за таја цел'а некој друг, а можит и сосим нов, од друга, није мислефме, оти вистина во сојединејн'ето со бугарите јет нашата сила. И вистина од нашето велејн'е да сме бугари, није имафме прао да очекуаме за нас добрини, а не злини: није можефме да очекуаме од бугарите поддржуајн'е на сите наши дуовни нужди. Бугарија јет слободна држаа. Она располагат со пари, просветејн'е, државни мажи и дипломати. Она требит да сознаат нејните и наши национални интереси и мошно да й бранит. Но видофме да сме горко излажани во нашите надежи и да на место арнотији, није видофме само лошотији. Тије лошотији преминуваат секоје очекуајн'е. Се прашат, кој јет во се тоа крив? — На тоа прашајн'е јас не можам да одгоорам. Не јет моја работа да барам, али некој зол демон на Бугарија имат напраено сите лошотији бугарцки нам македонците. За мене јет јасно само тоа, да голем дел во сите наши нестреки се должит на бугарцкијо народ. Не јет кн'азот крив во тоа, да речиме, шчо немаат бугарите арни дипломати. Ако напр. г. Станчев јет предстаител' на кн'азот, а не на Бугарија, то не сет таквија Цоков, Бешков и др. Не јет извинејн'е за бугарцкијот народ и тоа, шчо недостојните дипломати принадлежат кон таја или друга партија, и кн'азот се ползуат со повикуајн'ето на власт, по лични сообразуајн'а, то једна, то друга партија. Главната нестрек'а за Бугарија и нејните интереси јет, не во тоа, шчо имат многу партији, и не сите знајале арно народните интереси, а во тоа, шчо бугарите малку сет проникнати со народните интереси, особено со надворешните. У бугарите немат национални идеали, који да бидат обшчо достојајн'е и светијн'а за сите бугари. Тије идеали се изработуваат од историјата на народот, но се изработуваат во једен долог историјцки период. Долго време членоите од једен народ требит да се увличаат од једни исти народни идеали, обшчи и св тиза сите членои на народот. Тије идеали требит да бидат изработени од нај видните предстаители на народот и усвојени от сите негои членои. Идеалите народни требеше да бидат једна програма, кон осашчествуајн'его на која ке требеше да бидат напраени сите сили на народот. Народните идеали не одједнаш сите можат да бидит осашчествени, но нивното осашчествуајн'е требит да бидит само резултат на обшчата и самоотвржена народна работа. Трудностите во достижејн'ето на народните идеали служат само како сколија, во која окрепнуат народнијот дух и се готвит за ушче по голема борба. Во замена на тоа, ако једен народ добијет политична слободија или се исполнит нешчо друго важно за народнијот жиот, без негоо, или со мало негоо содејство тогај, кога у него ушче немат изработено народни идеали, или, ако сет изработени, не сет усвојени от сите членои на народот, — то, во таков случај, народот не ценит народните идеали, и како чоек без определена цел'а и програма за работеј'н'е се фрл'ат, то во једна, то во друга страна, праејки тоа, не зашчо тој јет убеден, оти така требит да бидит, а зашчо видит да имат околу него л'уг'е, шчо постапуат така или инак. Шчо видиме није во нај ноата бугарцка историја? Бугарија добијат политична слободија, нај важното нешчо во народнијот жиот, ушче тогај, кога у ниф немаше народни идеали, кога и сами не знајеа, шчо сакаат. Слободијата је добија бугарите со нај мали жртви и усилија; неја им је подарија русите. Ослободејн'ето напраи једна голема пропаст мег'у по прег'ешната бугарцка историја и жиот, и ноата. Во првата бугарите в'идеа само једен мрак, за то'а они се одврнуваа од неја. И така бугарите во ноиот слободен жиот се јавија како народ без традицији, народни идеали, сознајн'е на народните и државни интереси и историјцко наследије. Значит, Бугарија се јави како држаа во вид на историјцко недоносче. Со усил'ата на Русија тоа недоносче окрепна малу, но при првото осек'ајн'е на својите сили зајавуат претенцији на самостојна политика — извор на нестреки за македонците. Но не само во таја самостојна политика се закл'учаваагг нашите нестреки, а следствено и причината за оддел'ајн'е на нашите интереси од бугарцките, па и причината на оддел'ајн'ето на македонците овде во македонцко другарство. Тоа оддел'ајн'е си имат и друзи причини, а имено, употребуајн'ето на нашите умствени сили на изучаајн'ето на себе, како членои на једна таткоина и једен народ. За да се достигнит таја цел'а, требит да се состаит оддел'но другарство од лица, за који изучаајн'ето на Македонија во етнографцки, географцки и исоријцки однос имат првостепен значај; а таквија лица сме није македонците. За да се дотигнит таја цел'а, није требит да се одделиме од друзите балканцки народи и самостојно и критично да погледаме на сами себе и нашите интереси, како и на балканцките народи и нивните интереси. Постапуајки така, није ке се ослободиме од грешките, шчо й праат друзите балканцки народи. За да бидит по јасна ползата от таквоа оддел'уајн'е наше од друзите народи, доста јет једен критичен поглед на работејн'ето на тукашните студентцки другарства: бугарцкото и србцкото. Бугарцките студенти имаат големи претенцији да сет предстаители на нај ноите течејн'а на чоечката мисл'а. За ниф немат никаков значај национализмот, кој шчо се бројит за нешчо, шчо имат одживејано својот век. Они сет интернационалисти. Они сет нај напред л'уг'е, па после, ако им останит за тоа време, сет бугари. За ниф чоечеството имат по голем значај од Бугарија, и за тоа поеке й интересуваат ниф Швејцарија, Сојединените С.-Американцки Држаи и нивната историја, отколку Бугарија со нејните национални интереси. Бугарцката младеж овде употребуат сите своји сили и стредства, да се покажит напредничаа т. е. социалистична: долги и безмислени речи, долги коси, и убао исчешл'ана брада, црвена или сијн'а руска кошул'а и пр. Со национални прашајн'а не се занимаваат и со голема досада слушаат реферати на тема по етнографијата, па и по каква и да бидит друга наука, осим политичната економија,. Но за то секој считат свој долг да критикуат се шчо ке му се попаднит. Со научни прашајн'а не л'убат да се занимаваат, но за то сет убаи организатори: можат да устројаваат лотарији, да пропагандираат некоја работа, да устројат некоја вечеринка со благотворна цел'а, без да му гледаат многу многу, оти со неја ке оскандал'ат и себе и бидното поколејн'е од бугарци студенти во Петроград. У обшче они сет готои да. се занимаваат со работи, шчо бараат малу труд, но зато даваат голема попул'арност и самомнејн'е. Македонија ја признаваат за бугарцка во етнографцки однос, но мисл'ат, да јет излишно да си арчат силите за да научат нешчо за таја страна, за тоа, нишчо не знајат за неја, ни од историјата, ни од географијата и етнографијата нејна, осим да имат тамо чети и востаајн'е, на које требит да се помогнит само со лотарији, и не со сами себе. Тоа платоническо и само платоническо и евтино сочувство кон македонците, тоа неразбирајн'е на националните интереси, тоа отсутство на национал'ни вдеали и таја жажда од попул'арност со приврзаност кон социализмот, јет отражејн'е на дуовното состојајн'е на бугарцкиот народ и негоото обшчество. Оттука многу јасно се видит, до колку бугарите не сет во стајн'е да бранат, не само нашите, но и собствените интереси. Србцките студенти праат совршено друг и проти-оположен упечаток од бугарцките. Србите не сет интернационалисти, а сите буквално, без разлика, дали јет некој от Србија, Босна, Ерцегоина, или, Црна-Гора, сите сет националисти. Они знајат, да сет они прво срби, а после л'уг'е. Секод знајит и се интересуат со србството разместено во разни земји. Они знајат нивната историја и историјата на саседните народи и земји. Они се интересуваат сите главно со културно-историјцките науки и и изучаваат. Изучаваат й како стредство за достигајн'е србцки национални цели. Со цел'а да зашчитат србцките иитереси пред русите, они преводат или состауваат на руски книги со историјцко содржајн'е. Таков утилитарен, тенденциозен и спекул'ативен однос кон науката не јет за одобруајн'е и јет причина и резултат на национален шовинизм, но последнијот јет резултат на тија историјцки прилики, во који попадна србството, особено после Берлинцкијот догоор. Србите можиме да и обвинуаме во шовинизм; но они не сет по големи шовинисти од бугарите. Србите сет националисти, со арно сознајани народни идеали и интереси, који шчо, со труд, наука, перо и дипломатија, сите, како једен чоек, одат по једен обшч за сите пат, и за тоа одржуваат победи над бугарите на секој рачкор. Србите сет шовинисти; они сет отчајани во борбата со својите непријатели за зашчита на нивните национални интереси. Но, ако порамниме србцкијот шовинизм со бугарцкијот национален индиферентизм и й разгледаме од македонцко па и од обшче чоечко гледиште, то ке гребит да признајиме, да србцкијот шовинизм, како резултат на, основно изучените народни интереси, стојит много по високо и много по горе од бугарцкијот национллен индиферентизм, кој јет резултат на отсатствије на секојеразбирајн'е на бугарцките државни интереси. Во тоа време, кога србите од крал'от и министрите до последнијот србцки амалин сет националисти и наогаат за нужно сите да се сплотат во једно, за да достигнат со обшчи сили народните идеали, бугарите се цепат на социалисти и секакви друзи — исти, који нај малу сакаат да оправдаат послоицата, да сојединејн'ето праит силата. — Туку се тоа јет резултат на политичната зрелост на народот: србите во течејн'ето на цел век изработуваат националните идеали и изучуваат националните интереси, а пак бугарите го праат тоа само во ? век. Како и да јет, но одделејн'ето наше од бугарите ке ни дајит возможност критично да се односуаме кон бугарцките работи, а не слепо да и копираме, и да насадуаме во Македонија, на место национализм, социализм, како шчо го праела тоа натрешната македонцка револ'уцијна организација. Значит оддел'уајн'ето на нашите интереси од бугарцките, покрај другото, ке не избијат от положејн'ето, како мајмуни да копираме бугарцките неомислени постапоци, и на вера да пријимаме бугарцките уверејн'а, да јет Бугарија нашата арнотворка, а Русија нашијот нај голем непријател'; оно ке развијет во нас критичен однос кон нашите и туг'и постапоци. А од тоа одвај ли можит да имат по големо оправдајн'е на сашчествуајн'ето и програмата на нашето другарство. Ако јет така, то не ни остаат нишчо друго, осим да му се помолиме на Господ, да умножит македонцки другарства, подобни на Петроградцкото — .,Св. Климент“ на секаде, кај шчо живејат македонци.
|
||||||||
Подготвува: Цане Ѓорѓиевски |
||||||||