Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
За Македонцките работи

НАЦИОНАЛНИЈОТ СЕПАРАТИЗМ: ЗЕМЈИШЧЕТО НА КОЈЕ СЕ ИМАТ РАЗВИЈЕНО И КЕ СЕ РАЗВИЈАТ ЗА ОДНАПРЕД*)

На првото заседаајн'е на Бугарцкото Студентцко Другарство во Петроград от таја година јас рекоф неколку зборои за резултатите на сегашното востаајн'е во Македонија. Тије резултати јас й резјумираф во два пунктои: 1. Македонија после востаајн'ето јет загубена за бугарцката народност, и 2. македонците ке си сознајат грешките, шчо беа причина на нестреките од востаајн'ето, ке се откажат од досегашното направуајн'е на националното нивно самосознајн'е и ке отворат систематична борба на сите национални и верцки пропаганди во Македоаија, во тоа натре, и на бугарцката, за да можат, со оддел'уајн'ето на својите интереси од интересите на пропагандите, да достигнат национално објединуајн'е помег'у себе.

Јас рекоф тогај, оти таква јет дејствител'носта, која не ке се аресит на мнозина, но јас не можам да зборуам, шчо ке се аресит на некого, а тоа, шчо јет свршена работа, со која рано или поздно, ке требит да се бројат јужните словени, па за тоа јет нужно да се знајит ноото течејн'е стред македонците, за да се определ'ат јасно односите на јужние словени кон него, и да се избегнит безполезната и вредител'на борба измег'у ниф.

Мнозина ке речат, оти мојите утврдуаја'а за некакво ноо течејн'е во развијајн'ето на националното самосознаајн'е стред македонците јет само мистификација на неколцина македонци, но да таја мистификација немат под себе земјишче, и за тоа, како што сe имат скоро појавено на белијот свет, исто така скорo ке исчезнит од него.

За да се увериме во тоа, дали мојиве закл'учуајн'a за резултатите на востаајн'ево сет праил'ни, или пак возразуајн'ата на мојите противници, ке требит да се разгледаат тија собитија од нај ноата историја на Македонија, во који нај силно се пројави националното самосознаајн'е, а имено, ке требит да се разгледат: возродуајн'ето на македонците; собитијата, шчо послужија како причина да се пробудит народнијот дух на македонците; какви размери и каков праец зе тоа пробудуајн'е? во какви односи станаа македонците со нивното национално пробудуајн'е кон, балканцките народности, и дали положејн'ето, које земат сега натрешната револуциона организација во прашајн'ето за народноста на македонците словени јет такво, от које не можиг да се идит по тамо, или пак требит од него да се напраит ушче једен рачкор, и македонците да се јават приврженици на националнијот сепаратизм со пријимајн'ето за обшч македонцки литературен јазик, централното македонцко наречје? И нај после, ако организацијата и македонцката емиграција во Бугарија, особено тој дел од неја, шчо имат, или државна служба со убаи плајки, или се занимаат со журналистика, и со тоа имат убаи дооди и големо влијајн'е на бугарцките работи, така да се јауват со кандидатура на министерцки постои во Бугарија, или си имат друзи згодни предпријатија, — дали, вел'ам, и без помок'та на таја наша колонија, јет возможно некако особено пројавуајн'е на нашето возродуајн'е, а имено во таков смисол, како шчо го упоменаф т. е. во полно оддел'уајн'е на нашите интереси от тије на балканцките народи и во развијајн'е мег'у македонцката интелегенција и народ македонцко народно самосознаајн'е?

Згорен поглед на собитијата, шчо изврвеа пред востаајн'ето ни докажуат, оти нај силнијот толчек кон национално собудуајн'е на македонците ни послужи зафатокот на србцката пропаганда во Македонија. До тоа време нашето национално самосознајн'е беше само разбудено на полоина. Специјално со прашајн'ето за нашата народност никој не се занимааше. Се велефме вистина „бугари“ и „рисјани“ во национална смисл'а, но зашчо тоа јет, и али јет на вистина така, није не се запитуафме многу многу.

Врските наши со бугарите станаа многу тесни со обшчето положејн'е во Турцко: није бефме брајк'а по судбата си, и бефме во једнакви односи кон праител'ството и фанариотцкото дуовенство. Обшчноста во судбите наши ни закрепи обшчето име бугари ушче до ослободуајн'ето на Бугарија, које си остана по традиција во Македонија и по ослободуајн'ето на првата. На таја осноа бугарите кладоа својите претенцији на Македонија, и македонците очекуваа ослободуајн'е од Бугарија.

Но конкуренцијата со Бугарија од страна на Србија во македонското прашајн'е од политична и национална страна извика на политичната сцена и самите македонци. Македонците зафатија усилено да се интересуваат со прашајн'ето за нивната народност и нивната судбина.

Одот на тоа национално пробудуајн'е, као и резултатите, кон који приведе оно, се предстауваат приближно во тој вид:

Србите и бугарите зафатија да оспоруваат једен у друг праата на Македонија: и једните и друзите вел'ат, оти цела Македонија била нивна. Једните си викаат како свидетели за спраедлиоста на нивните претенцији једни, друзите друзи авторитети.

Постред тој безкрајен спор мег'у двата братцки саседни народи, македонцкото словенцко населејн'е зарди којо они се караат малце по малце здреет во национално самосознаајн'е, и сакат да се ослободит од опекунството на саседните народи, за да можит само да бидит вршител' на судбите си.

Македонците бараат национално објединуајн'е помег'у ним, но при тоа сакаат тоа објединуајн'е да станит, не на ноа почва, не да се зафатит од ноо, зашчо такоа објединуајн'е ке требит многу време, а објединуајн'ето беше важно, како стредство за достигуајн'е политична слободија. За тоа објединуајн'ето беше зафатено на почва, на тоа, шчо се велеа македонците бугари.

Мисл'ата за национално објединејн'е на македонците, и ако под маската бугарцка, се зафати во 1890 г. Во крајо на 1889 год. се префрлија во Бугарија 30—40 души ученици и студенти македонци од Белград во Софија. Тије ученици сет душата на сите собитија во Македонија од тогај до сега. Они беа запознајани со Србија и Бугарија, со нивните култури и цели во Македонија. Они и сознаа опасноста за дележ на Македонија мег'у тије две држаи, ако да бидит македонците сами да не се вооражат, за да си извојуваат сами, со свои собствени сили и средства слободија, и со тоа да предупредат дележот на Македонија.

По нивна инициатива првен се образуа во зафатоко на деветдесетите години једно национално сепаратистично движејн'е со цел'а да се оддел'ат интересите на македонците од бугарцките со возведуајн'е на једно од македонцките наречија на степен на литературен јазик за сите македонци. Орган на тоа сепаратитстко движејн'е на македонците во Бугарија беше журналот „Лоза“. Но тоа дуовно движејн'е на македонците не се ареса на бугарцкото стамболовцко праител'ство, које забрани да се издаат „Лоза“ и зафати да гонит македонците сепаратисти. От тоа време ушче побегна Дамјан Груев, кој шчо беше во бројо на македонците ученици, шчо поминаа од Белград во Софија и во бројот на сепаратистите.

Немајки во Бугарија почва за национален сепаратизм македонците, шчо пребегаа од Белград во Софија, се зафатија со образуајн'е на револ'уциони организацији во Бугарија и Македонија. Видните македонци револ'уционери сепаратисти, како Дел,чев, беа само ученици на првото поколејн'е македонци, ученици србцки и бугарцки. Исто така и Сарафов и друзите по доцкнашни револ'уционери се јавија само нивни продолжатели и последуатели, но не инициатори на револ'уционата организација.

От самијот зафаток на револ'уционата организација македонците во Бугарија или со бугарцко образуајн'е, работеа под маската бугари, једно за тоа, шчо така се викаше голем дел од населејн'ето, а друго, шчо по тој пат можеше да се добијет поддржката на бугарцкото праителство, на бугарцкијо народ и бугарцката екзархија.

Играта, одиграна од ниф, имаше положни и одрични резултати. Мег'у првите требит да се однесат: 1, македонците, со објединејн'ето си за преследуајн'е интересите на својата таткоина, станаа важен фактор, који шчо на вид влезе во сојуз со бугарцкијот народ и сите негои официјални предстаители за достижејн'е на вид обшчебугарцки интереси во Македонија, а во сашност, со тоа напраи бугарцкијот народ и негоите официјални предстаители и учрежденија орадија за свои собствени чисто македонцки цели и интереси; 2, македонците од сојузници со бугарите во решејн'ето на македонцкото прашајн'е станаа господари на тој сојуз, во који шчо бугарите зафатија услужливо, а по некој пат и со гореч во душата нивна, да исполнуваат барајн'ата на македонците.

Контака и македонците зафатија да зајауваат, оти они сакаат „Македонија за македонците“ оти тије сакаат автономија за Македонија, а не сојединуајн'е со Бугарија. Бугарите, „скрепја серце“, можеа да чујат таква новост, која не можеше да бидит ним пријатна. Но македонците й успокојуваа бугарите: чекајте вие, нека ни даат нам автономија, па ке видите, оти после неколку годита таја Македонија ке бидит бугарцка, зашчо поекето од македонцката интелегенција доби обруазуајн'ето си во Бугарија. Надворешнијо свет пак го уверуваа, оти историјата со Источна Румелија не можит да се повторит и со Македонија, зашчо во Македонија имат многу народности, а не две-три, оти сите тие народности, како и сите саседни балканцки држаици и големите држаици, ке можат да побркаат на сојединуајн'ето на Македонија со Бугарија. Нај после зајауваа: каков интерес имаат македонците да се присојединуат до Бугарија, кога от тоа присојединуајн'е ке имат полза поеке Бугарија, отколку Македонија?

Македонците не се установија на таја двојна игра со различни зајаувуајн'а на бугарите и на Европа. Тије пренесоа центрот на револ'уционата оргнизација заједно со сите национално-политични прашајн'а во Македонија, за да бидат слободни во своите постапоци од бугарцкото праител'ство.

Во комитетите во Бугарија зафатија да пропагандираат полно оддел'уајн'е интересите на Македонија од интересите на Бугарија.

Се зафати енергичната работа на Сарафов, заједно со комитетите, председател'ствувани од него. Сарафов, како председник на Врховнијот комитет во Софија, работеше, сосем не сообразувајки се со бугарцкото праител'ство. На Сарафов не му сочувствуаше бугарцкото праител'тсво и кн'азот, со друзи зборои: комитетот, на кој шчо, председател'ствуаше Сарафов се придржуаше во македонцкото прашајн'е једна таква програма, тогај за тогај само политична, изработена ушче от понапред, на која тије, шчо сет призвани да бранат бугарцките интереси, не сочувствуваа, а тије шчо состауваа толпата, со друзи зборови, бугарцкијот народ, сочувствуваа. Од тука јет јасно, оти бугарите је голтнаа пил'ул'ата и касно јет да си испраат грешката.

Праител'ството напраи усилија да поврнит изгубеното, но уви! било касно. Врховнијот комитет во Софија се кладе под председничеството на ген. Цончев, бугарин, л'убимец на кн'азот. Но македонците во Бугарија убедија бугарцкото населејн'е во праотијата на нивната програма за полно оддел'уајн'е на интересите на Македонија од интересите на Бугарија, покажаа политиката на праител'ството, на кн'азот и на „генералцкијот комитет“ или комитеот на Цончев-Михајловцки, како егоична и добија во Бугарија по голема власт над „генералцкијот комитет“ и над праител'ствената политика во македонцкото прашајн'е. Таја сила главно се поддржуаше со полната солидарност на „Станишевцкијот врховен комитет“ со „Натрешната организација“.

И така комитетите, а заедно со ниф, и уопшче македонците се ослободуваат од влијајн'ето на бугарцкото праител'ство, создаваат своја независна програма за работа, таја програма пропагандираат во Бугарија и со неја добијаат влијајн'е на бугарцкијот народ, а преко него и на праител'ството.

Откако се укорени така македонцкото „дело“ во Бугарија, македонците зафатија да одат и во Србија и тамо да излагаат својата програма на праител'ството и на србцкијот народ. Сарафов, Радев, Јанков, увераваа, оти они се борат со девиз. „Македонија за македонците“, за сите македонци без разлика, и оти никој пат Македонија не ке се сојединит со Бугарија. Не јет ли јасно и от тије постапоци на македонцките водачи, оти македонците зедоа сами да решаваат судбите на Македонија, и оти они во својата дејност сет готои да се столкуваат и да согласат интересите на својата таткоина, не само со Бугарија, но и со друзите блкански држаици, откако се дадат од страна на Македонија некоји задолжејн'а на тије држаици за окажаната неј помок'?

Од дотука реченото јет јасно, оти борбата мег'у Бугарија и Србија за влијајн'е во Македонија во резултат даде развијајн'е на сознајн'ето, да судбите на Македонија требит да сет во раците на македонците. Македонците се организуваат со сознаајн'е својите праа на својата таткоина и својот долг пред неја. Со организуајн'ето си, македонците станаа главнијот фактор во решејн'ето на македонцкото прашајн'е, как во својите очи, така и во очите на Европа. Од востаајн'ето со нас се церемонат; до него на нас гледаа како на једна неопределена маса.

Тије сет сите резултати од досегашното ни самосознаајн'е. Организацијата со постепеното оддел'ајн'е на македонцките интереси од бугарцките, со земајн'ето на македонцкото прашајн'е во своји раци и нај после и нај многу со сегашново востаајн'е во резултат достигна тоа, шчо не предполагаше: на место слободија да бараат, сега во Македонија мнозина сет убедени, да ни требит полно пресечуајн'е на врските со сите балканцки народности и култивирајн'е на се, шчо јет во Македонија оригинално и своје: јазико, обичајите. историјата, писменоста, народната словесност и пр.

Тоа нешчо не се предвидуаше, зашчо се мислеше, оти името „бугарин“ ке ни донесит се, шчо очекуафме од народното движејн'е. Но во расчетите се излагафме. Заједно со арнотијите за интересите на Македонија, избројени по горе, името бугарин донесе и одречни резултати за револ'уционото „дело“: Името бугарин и неједнаквите уверејн'а пред Бугарија и пред Европа за судбата на Македонија по нејното ослободуајн'е состаија пслно недоверие кон нашето „дело“ от страна на европејците, мислејки го за итрост, не македонцка, ами бугарцка, и за маневр на бугарцкото праител'ство да се решит македонцкото прашајн'е по скоро. Сиромашкото бугарцко праител'ство се најде во небрано лојзе во македонцкото прашајн'е: македонците го изиграа и го употребуваа како средство во своите цели, а европејците го обвинуваа во итрости, от који шчо тоа сиромашкото беше далеку. И така името бугарин присвојено от комитетите и организацијата за македонцките словени, и соединуајн'ето на нашите интересн со интересите на Бугарија во агитацијата на комитетите у бугарите, беа причина, сета македонцка работа да се припишит од Европа на Бугарија и бугарите, и като бугарцко надворешно јавуајн'е да се не поддржуат.

Малу тоа: името бугарин, које застауаше да се односуат европејците со недоверје кон работата на организацијата, видејки во неја сакајн'е на Бугарија, со револ'уција да нарушит равновесјето на Балканцкијот полуостров, и непостојанството на бугарцката надворешна политика, напраена, сега против Русија, сега со неја, послужија за причина да се согласат Русија и Австро-Унгарија, заједно со взаимно согласје да решаваат балканцките прашајн'а. Тоа согласуајн'е од 1897 год. беше напраено против Бугарија, како мнима подстрекател'ка на македонците, но негоите резултати беа вредител'ни, не за Бугарија сама, зашчо во бугарцките натрешни работи никој немат прао да се набркуат, а за нас македонците. Тоа јет отрицател'ната страна на првијот период на националното ни самосознајн'е; тоа јет причината на неуспеот на востаајн'ето ни. Неуспеот значит главно се должит на името бугарин, усвоено и пропагандирано од револ'уционерите.

Востаајн'ето напраи епоха во жиотот и националното самосознајн'е на македонците словени. Оно ке натерат нашијот народ и негоата интелегенција да погледат назад на својите упушчејн'а од који произлезе неуспео на востаајн'ето. Оно ке натерат македонцката интелегенција со различно образуајн'е да се сплотит во једно, за да објединит народот ни, но веке, не на таја осноа, шчо си покажа сета своја несостојател'ност, а на друга, на чисто македонцка. Востаајн'ето ни покажа, оти није македонците не можиме да очекуаме помок' од никој од балканцките држаици, оти решејн'ето на нашето прашајн'е јет сето во раците на Големите Сили, и за тоа нам и не ни требит да сојединуаме и збркуаме нашите интереси со чији и да бидит словенцки на Балканцкијот полуостров. Нам ни требит ватрешно објединуајн'е мег'у себе: не ни требат во Македонија ни срби, ни бугари, ни грци, оти не сме ни једното, ни другото, ни трек'ото; не ни требат патриархисти, екзархисти, оти није сме само праославни рисјани. Делејн'ето јет искуствено создадено од балканцките држаици, намерени да дел'ат Македонија со стечен'е на обстојател'ствата. Но македонците, на сегашната степен на нивното национално развитје, не сет материјал во раците на малечките балканцки држаици, ами сет силен етнографцко-политичен фактор, от кој шчо поеке зависит судбите на Македонија, отколку од малечките балканцки држаици. Тије македонци, шчо покажаа таква способност во својето национално-политично организуајн'е, шчо покажаа таквоа примерно жртвуајн'е со својите интереси во полза иа интересите на својата таткоина, не со по малечок успев, ке можат да организират секакви препјаствија на националните и религиозни пропаганди, шчо цепат денеска народот наш на делои враждебни једен кон друг.

Организацијата и македонците до сега на далеко растојајн'е отдалечија интересите на Македонија од бугарцките. Од тоа положејн'е до полното отцепуајн'е од Бугарија и до објавуајн'ето Македонија за оддел'на од Бугарија и Србија етнографцка област имат једен рачкор. Тој рачкор јет необходимо следствије на неуспео на сегашното востаајн'е. Тој јет на полоина напраен. Полното отцепејн'е на Македонија од балканцките држаици во етнографцки однос ке испливит на јава со успокоејн'ето на Македонија.

Набркуајн'ето на бугарите и србите во Македонија беше предизвикано од некоји обстојател'ства: македонците идеа рака за рака со бугарите во црковното прашајн'е от тамо раширејн'ето власта на екзархијата во Македонија. Србија се набрка во Македонија откако изгуби надеж да си присојединит Босна и Ерцегоина.

Но сега и за нас македонците настапија нои обстојател'ство, који ке не потресат, и ке ни кажат кои патишча, по који шчо ке требит да одиме однапред. Претенцијите на Србија и Бугарија од једна страна, ни покажаа, оти само конкуренцијата на тије две држаи не застауат да робуаме ушче на неопределен срок; од друга — тије претенцији ни подтврдија и без тоа известната истина, оти во цела Македонија имат само једна а не неколку словенцки народности. Значит делејн'ето јет искуствено и од борбата со него нај напред ке требит да се зафатит нашата ноа работа во по натамошното развитије на националното ни самосознајн'е.

И така имин'ата: србин, бугарин и грк си изслужија својата служба во Македонија и за ниф там немат поеке место. Време јет да и заменит једно обшчо за сите македонцки словени име — името „македонец“. Таја смена јет само логично следствије на досегашната работа на македонцките комитети, организацији и интелегенција и се барат од обстојател'ствата. Таја смена частично веке јет настапила и не јет далеко тоја време, кога таја ке торжествуат.

При сe горереченото за ноото течејн'е во развијајн'ето на националното самосознаајн'е у нас, ми се чинит, оти пак мнозина од вас, ке видат во мојите мнејн'а и зборои само једна мистификација. Можит, мнозина ке се запитаат: 1, ако до сега комитетите имаат играно двојна рол'а: на бугарите им имаат вел'ано, оти македонците сет бугари и једен ден Македонија, како и да бидит, ке се сојединит со Бугарија, а на европејците им вел'ат, оти они бараат автономна Македонија само за македонците, оти се немат никаква мисл'а за соединуајн'е, со Бугарија, то откаде јас знам, оти комитетите ја лажат Бугарија, а не Европа? Можит да бидит сосим противното на тоа, шчо рекоф јас по горе за комитетите т. е. тије сет готои да дадат на Европа секакви гарантији, Македонија да не се сојединит со Бугарија, но они никој пат не ке склонат да се упразднит во Макадонија бугарцкијот јазик и бугарцкото име во полза на централното македонцко наречје и името „македонец“, со друзи зборои, то, шчо кажуаф јас, да имало само једен чекор од тоа положејн'е шчо се држаат македонците и македонцките комитети во македонцкото прашајн'е кон Бугарија, до полното отцепуајн'е на Македонија и македонците од бугарцките национални интереси, не јет прао, зашчо, не једен чекор, ами цела пропаст оддел'уат једното од другото, и комитетите ке покажат нај силно сопротивуајн'е на ноото течен'е; 2, ако се допушчит, оти комитетите никој пат немат да се согласат на упразднуан'ето на бугарцкото име и јазик од Македонија, а задедно со него ке бидит против ноото течејн'е и сета македонцка интелегенција со бугарцко образуајн'е, то откаде ке поцрпуат ноото течејн'е, сила за себе? Који ке бидат теоретиците на ноото течејн'е, каде тије теоретици ке развиваат својата дејност, каде и каква ке бидит нивната аудиторија, откаде ке се зимаат средствата за пропагандирајн'ето на идејата, како ке прониквит таја во народот и како ке се поддржуат во него? Откаде ке се најдат стредства за нои учебници, кој ке и приготвуат, на чији стредства ке се содржуат сколијите со македонцки јазик? — Очигледно, једно комитетите и македонцката интелегенција во Бугарија зафатат да се противат на ноото течејн'е, или, ако не му се противат, просто не го поддржуваат, јасно јет, оти од него немат да останит нишчо: фантазијите на неколцина македонци ке бидат осмејани и поеке нишчо.

Така ли јет, во сашчност? Да разгледаме до колку можат да бидат осноани таквија предполагајн'а и сообразуајн'а?

Прво ке прегледаме прашајн'ето: во каков однос комитетите и македонцката интелегенција ке станат кон једно ноо национално течејн'е стреди македонците, које барат не само политично, ами и национално и религиозно ослободуајн'е на Македонија т. е. кон једно течејн'е, шчо прокламират „Македонија за македонците“ против сите претенденти на Македонија, во истијо број и против Бугарија и бугарите? Да си предстаиме, оти тоа ноо течејн'е јет незначител'но. И во тој случај требит да се решит прашајн'ето за односот кон него. Ако ноото течејн'е од гледишче на комитетите јет нешчо опасно и нежел'но то тоа требит да се искорнит ушче во самијот зафаток; ако тоа само по себе немат почва, то требит да се предостаит само од себе да исчезнит; а ако јет полезно за Македонија, то ке требит да се поддржит од ниф.

Прашајн'ето, дали ноото течејн'е имат биднина или не, ке се разгледит по долу, откаде ке се видит, оти оно, ако се предостаат на само себе и се игнорират, ке се развиват само, а не ке опагат. За тоа, имајки пред вид, оти ноото течејн'е само от себе ке растит, требит да се разгледат прашајн'ето, али комитетите ке се борат со него, или пак ке го поддржуваат?

Прво се питат: дали комитетите, разсудуајки логично, можат да објаат војна на ноото течејн'е? Можит да се допушчит, оти таква војна можит да се очекуат, зашчо во комитетите имат членои, не само македонци, ами и бугари, и последните некој пат не ке се согласат со ноото течејн'е, оти со него ке се закопаат бугарцките интереси во Македонија; исто така имат и мег'у македонците, членои на комитетите, лица, који ке расудуат така: сега на старост није не можиме да учиме нов јазик: бугарцки знајиме и бугарцки ке зборуаме, — није сме бугари.

Малу тоа. Мнозина, па и нај големијот дел од македонцката емиграција во Бугарија ке се противит на ноото течејн'е по чисто егоистични сообразуајн'а. Поеке од 5.000 души македонци имат на државна служба само во Софија. Не по малу имат кандидати на служба. Измег'у таја македонцка интелегентна емиграција имат мнозина, или шчо имале, или имаат високи должности, пак и који сет претеденти и кандидати на ниф, во тој број и на министерцки портфејл'. Се знајит, оти сите тије господиновци имаат нај горе от сe својите лични интереси. За ниф интересите на Македонија сет једно стредство да добијат служба и да се одржат на неја. И интересите на Бугарија, не Господ знајит, шчо означаваат. Но за да се исполнат нивните егоистични планои за убаа служба, они сет готои да се покажат поеке бугари от самите бугари, да играат от себе рол'а на бугарцки шовинисти, со неја да експлоаатираат и бугарцкиот кн'аз и интересите на Македонија, и на бугарцкијот народ, и европејцкото обшчествено мнејн'е, со једен збор, да лажат, и на десно, и на лево, под вид да исполнуваат некаков патриотцки долг, а во сашчност да добијат служба, власт и попул'арност. Једно македонцката интелегентна емиграција се состојит главно от таквија лица, шчо си имаат сојединено својите интереси со Бугарија и се облизуваат около бугарцкијот кн'аз, кој шчо по кефот си клаат и сфал'ат министрите, и кој шчо можит да клаит за министри, не само луг'е, који шчо имаат малу попул'арност стред бугарцкијот народ, но и таквија, шчо немаат сосим партија и сет „независими“ т. е. „и тука го клаваат и тамо го клаваат“, — једно имаме луг'е, шчо мисл'ат, оти главното достоинство на чоека јет, не честно да служит на својот народ, ами да итруат т. е. да лажит, и десно, и лево, — то природно јет, оти ноото течејн'е во развијајн'ето на националното самосознаајн'е на македонците не ке стретит поддржка во нашата емиграција во Бугарија.

Немат шчо да се зборит за учените македонци во Бугарија: тије једногласно ке речат, оти ноото течејн'е јет просто апсурд, оти никој пат немало македонцка народност и сега ја немат; оти македонците сет бугари и пр. Секој пат и на секаде јет бивало така и така ке бидит сега и кај нас. Учените, аристократијата, интелегенцијата и вообшче обшчествените класои, кај шчо се имаат лични интереси, стари традицији и предубедејн'а се борат со ноите течејн'а, кај шчо се наог'ат истината и праината. Тија течејн'а се укоренуваат прво во долните класои и уопшче во л'уг'ето без предубедејн'а, готои да се борат со тија предубедејн'а во зашчита на ноите идеи, од осашчествуајн'ето на који ке зависит, не само нивната, но и стрек'ата на нивнијот народ. За илустрација на одот и на резултатите на борбата мег'у стари и нои течејн'а, доста јет да си припаметиме борбата на рисјанството со јазичеството, реформирајн'ето на Русија от Петр Велики, возродуајн'ето на чехите, литовците, праописната реформа на Вук Караджич и пр.

Туку да остаиме излезот на борбата мег'у старото и ноо македонцко национално течејн'е, да се задржиме на прашајн'ето за односот на комитетите кон ноото течејн'е. Јас по горе рекоф, оти по големијот дел от членоите на комитетите ке бидат за борба со ноото течејн'е. Но иако ви се чинит, али таја борба ке бидит победоносна за ниф? — Не. — Она само ним ке им ископат гробот. Она ке компрометират и бугарцката политика во Македонија. И ето зашчо.

До сега комитетите кажуваа на надворешнијот свет, оти они работат само за „Македонија за македонците“ и сет готои да дадат секакви гаранцији да не станит присојединуајн'е на Македонија со Бутарија. Бугарија искажуат истата политика во македонцкото прашајн'е. Комитетите вел'ат, оти се готвеше и стана обшчо македонцко востаајн'е от сите македонцки народности заједно, а не само од „бугарите“. А кога им кажуате: једно востаајн'ето јет обшчо от сите македонцки народности, то зашчо комитетот заседаат само во Бугарија, а не и во Србија, Влашко и на друго место, тије одговараат така: от тоа, шчо комитетите заседаваат во Бугарија, грешно јет да се праит закл'учок, македонцките комитети да сет бугарцки; за македонцките комитети Бугарија не јет нишчо поеке од једна држаа, шчо окажуат гостеприемство на македонците и им даат слободија да работат слободно до колку таја работа не наносит вреда на држаата; т. е. Бугарија во македонцкото востаајн'е играт само рол'ата на Каравлашко во бугарцкото востаајн'е. Бугарија кажуаше истото. Европејците, се разбир'ат, не веруваа на тоа. Ами сега, колку лажовни ке излезат тија уверејн'а и на македонцките комитети и на Бугарија, ако и једните и друзите, от пасивен однос кон једно ноо течејн'е, шчо барат „Македонија за македонците“ а не за бугарите, или од иронизируајн'е со него, стапит во борба со него? Таја борба ке свалит маската и од једните и од другата и ке востаноит симпатијите на европејцкото обшчество и европејцките праител'ства во полза на ноото течејн'е и против лажливците. А без Европа и Русија, ни комитетите, ни Бугарија, не можи ни на јота да изменат судбините на Македонија.

А једно јет така, комитетите од ироничен и пасивен однос кон ноото течејн'е ке трибит непостредствено да преминат до негоото поддржуајн'е. Ето го одгоорот на прашајн'ето, каков можит да бидит односот на комитетите кон ноото течејн'е?

Сега да поминиме до другото прашајн'е: от каде ноото течејн'е ке зимат сила, ако македонцката интелегенција и комитетите во Бугарија зафатат борба со него? Со шчо располагат оно?

За одгоор на тоа прашајн'е требит во неколку рески да се одбележит рол'ата на Србија во македонцкото национално возродуајн'е. Да пренебрегуат чоек со положејн'ето, шчо го имат земено Србија во македонцкото прашајн'е и со нејната рол'а во македонцкото национално возродуајн'е јет лесномислено. Даже можит да се речит, Србија да изигра во нај ноата историја на Македонија по голема рол'а од Бугарија. Кога Бугарија со шум сакаше да решит македонцкото прашајн'е, водена за носот од македонцката емиграција, Србија тио, со голем успеф работеше во Македонија наполно согласно со србцката погоорка: „тиха вода брег рони“. Беше време, кога ролите на тије две држаи беа обратни т, е. Србија шумеше а Бугарија работеше.

Да бидиме по јасни.

До србцко-бугарската војна во 1885 г. бугарите тио работеа во Македонија, Сливница им покажа на србите, оти ако једна Бугарија со Источна Румелија можат да покажат на Ср6ија једна Сливничка поразија, то сојединената Бугарија, заједно со присојединената до неја Македонија во бидно време, можит и сосем да победит и поробит Србија. Сливница натера Сртбија да зафатит једна ноа борба со Бугарија за Македонија. Нај напред таја борба беше на книга: србите докажуваа со громки и плитки фрази, оти они имаат по големо прао на Македонија од бугарите. От тоа поминаа пак на громка, но безрезултатна пропатанда во Македонија: наобек'аа на македонци, млади ученици, од бугарцки и грцки сколији златни гори за во Србија. Патриотичното пропагандно другарство „Св. Сава“ од 1888 година отвори пансион за својите ученици стипендијати. Во 1889 година бројот на стипендијатите на тоа другарство се уголеми, за да се умалит по неколку месеци: во ноември месец на таја година около 40 души ученици македонци, једни тајно, друзи јавно и демонстративно поминаа од Белград во Софија, за тамо да се учат (се разбират со бугарцки пари). Тој неуспеф не обескуражи одважните срби: другарството „Св. Сава“ отвори патриотична подписка во Србија за постројуајн'е ноо здајн'е на другарство за пансијон и за своја пропагандцка околија, Во 1890 год. се издигна големо трикатно здајн'е, во које од јануари 1891 год. се отвори пропагандцката „Богословцко-учител'цка сколија“, за да се затворит по полоина година. Но за тоа Светосавцкото Другарство за таја полоина година напраи доста шум: ко неја осим науките имаше и воена гимнастика и маршеи на учениците со музика по Белград и негоите околији и патуајн'е на летото по Србија, каде се произносуваа громки тостои. Со тоа се сврши шумот во Србија, и србите зафатија да работат тио и упорно: пропагандата помина от патриотцкото другарство во раците на министерството на надворешните работи. Министерството првно й прајк'аше својите стипендијати во србцките провинциални градишча, за да се учат, а после й собираше во Белград во специални или великата сколија.

Работејн'ето на србите не остана без резултати при решаајн'ето на македонцкото прашајн'е. Србите со својите сколији во Македонија успеа да создадат во европејцкото и руско обшчествено мнејн'е ил'узија, да имат срби во Македонија. Једно подобна ил'узија поминуат пред праител'ствата на Великите Сили за факт, то јасно јет, оти при решејн'ето на македонцкото прашајн'е требит да се имаат пред очи и барајн'ата на србцкото праител'ство. Следствено, Србија при таја борба достигна поеке од Бугарија, која со шумот, шчо подигна остана со загуби, а не со добит. Ако да не се јавеше ноото течејн'е во развитијето на националното самосознаајн'е мег'у македонците, које ке приравнит загубите на Србија со загубите на Бугарија, то можит посложно да се тврдит, оти од востаајн'ето бугарцките интереси во Македонија само пострадаа, а србцките само се уголемија.

Но србцката пропаганда осем ил'узијата за србцка народност во Македонија и побркуајн'ето да се решит македонцкото прашајн'е во полза на бугарите, имат и друзи резултати.

Во зафатокот на нивната пропапанда, србите и не мислеа да й праат македонците срби; тије сакаа просто да создадат во Македонија, редом со бугарцките, и србцки интереси, така, да во време решејн'ето на македонцкото прашајн'е, да добијат колку се можит по голем дел од неја. Таја цел'а се достигаше, једно со изјавуајн'е историјцки и друзи праа и сообразуајн'а, а друго и главно со инакво постаајн'е прашајн'ето за народноста на македонцките словени. Последните можеа да се истаат, или како нешчо стредно мег'у србите и бугарите т. е. ни срби, ни бугари, а просто македонци или македонцки словени, или како срби. Првата теорија имаше по малу последуачи и беше предназначена за пред европејцкото обшчествено мнејн'е. Но на таја теорија беше затворен входот во Македонија, како и во сите тије стредини, откаде излизаа пропагандистите. Таја теорија беше опасна за србцките интереси во Македонија, зашчо ке повлечеше по себе согласјето на Србија да се образуат оддел'на македонцка држаа и со тоа Србија не ке добијеше ни једен дел од неја. Втората теорија, т. е. сите македонцки словени сет исто таквије срби, како и бошн'ацие, црногорците и пр., се укорени во Србија. Со тоа србите лажеа, не само европејцкото обшчествено мнејн'е и македонците, но и сами себе: тије зафатија да пропагандираат истата идеја и стред србите со помок'та на сколији и книги. Последните беа и сет сите тенденциозни во прашајн'ето за народноста на македонците. Ил'узиите на европејцкото обшчествено мнејн'е за србцки интереси донесе својите плодои. Ил'узијите на самијот србцки народ пак не сет без резултатно: во случај на војна за Македонија со кого и да јет, србите, како једен, сите ке се наврл'ат на непријател'от, — србцката војска со нај силно патриотцко осек'ајн'е ке се бијет за Македонија.

Србцките усил'а, да се прегледат од научно гледишче македонцкото прашајн'е се увенчаа со успеф. Бугарите можат да се утешаваат да јет прашајн'ето за народноста на македонците решено во нивна полза. Они можат да му турат нему крст. Но не го праат тоа друзите учени. Сега веке имат предстаители од науката, како проф. проф. И. А. Бодуен-де-Куртене, П. А. Лавов и В. Јагич, који гледаат на македонцките наречија, како на одделен предстаител' на словенцката фамилија од јазици. Тоа прегледуајн'е и такво решејн'е јет србцка научна победа.

Србите напраија преврат и во пон'атијата и стремежите на македонците, преврат вистина не и во нивна полза, но ушче по малу во бугарцка. Они сакаат да й напраат македонците срби, забрануајки да се обрајк'ат пропагандата со ниф инак, осем како со „праи“ и „чисти“ срби. Тоа не стана. Македонците зафатија да се задолбочуваат во прашајн'ето за нивната народност и интереси, и дојдоа до закл'учок, да не сет они, ни срби, ни бугари; да немат за ниф, ни бугарцки, ни србцки, ни грцки интереси, а да имат само македонцки. Србите не достигнаа крајнијот предел на нивните стремежи, но достигнаа таков предел, от кој шчо вистина не можит да се одит контака, но кој шчо можит да успокоит по умерените елементи во србцкото обшчество и напред.

Одот на србцкото влијајн'е во развивајн'ето на народното самосознаајн'е у македонците и негоите резултати се предстауваат во тој вид:

Во 1889 год. во Белград во пансионо на Св. Савцкото Другарство на Космајцка улица имаше сколо 50—60 души млади македонци. Мег'у ниф немаше „старосрбијанци“, а сите беа само од Македонија и по нивното образуајн'е до идејн'ето нивно во Србија, во бугарцки или грцки сколији, се делеа на: „бугараши“ и „гркомани“. Мег'у ниф „србомани“ немаше.

Старите „бугараши“ заједно со ноопристигнатите таја година и со некоји „гркомани“, на број около 30—40 души, једни тајно, друзи јавно и демонстративно, заминаа во Бугарија. Тије млади македонци, воспитани во Србија во народен, т. е. во дух да, л'убат нај напред својата таткоина и својот народ, па после човечеството, заминаајки во странаата, кај шчо немат националн'о самознаајн'е, а на место него полон индеферентизм кон народните интереси, внесоа во неја ноа струја од национално воодушевејн'е и работејн'е за ослободуајн'ето на Македонија. Они состаија во Бугарија осноата на работејн'ето во полза на Македонија.

„Гркоманите“ во Белград од година на година се уголемуваа со нои „гркомани“ и „бугаромани“, но и једните и друзите натре во Србија мачно се преобрнуваа во „србомани“. „Србомани“ се чинеа они само со заминуајн'ето во Македонија како србцки чиновници и органи на србцката пропаганда. „Србомани“ македонци имаше само за надворешнијот свет и за друзите пропаганди во Македонија. Органите на србцката пропаганда во душата си никој пат не се осек'аа како „срби“ или „србомани“, особено првите 10 години и ако имаат они живејано во Србија.

Живејн'ето на млади македонци во Србија секој пат имаше многу арно влијајн'е на интересите на Македонија. Тука они се заинтересуваа со прашајн'ето за нивната народност, со србцките филологијцки и историјцки аргументи за народноста нивна, со србцкијот патриотизм и со крајното негоо изражуајн'е во вид на шовинизм или слепо предпочитуајн'е на својето пред чуздото, со причините на србцкијот шовинизм, со рол'ата на Србија во сегашно и бидно време во македонцкото прашајн'е, и со много друзи важни и интересни прашајн'а.

Искуственоста на создаајн'е србцки ивтереси во Македонија беше јасна за сите. Но исто чака македонците сознаваат да јет Србнја држаа, шчо разполагат со војска, дипломатија, једен народ и једна интелегенција, који шчо ке зашчитуваа србцките интереси во Македонија со примерна преданост и крајен фанатизм.

Борбата со србцките интереси во Македонија јет непосил'на, не само за македонците, који шчо не распо'лагаат со држаа и државен бјуджет, војска, дипломатија и пр., но и за слободна Бугарија. Затоа македонците во Србија се одрекоа од једна јавна борба со србите, но со тоа они не се откажаа од интересите на нивната таткоина.

Од избегуајн'ето на првата група македонци ученици во 1889 година, за које напоменаф, сe до 1895/6 уч. г. избегуваа, које по мали групи от 5—10 души, које оддел'но от по 1—2. Но по големијот дел македонци остануваа во Србија и бараа пат, како ке се можит да се работит во полза на Мкедонија без да се влегуат во отворен конфликт со србите.

За да се изработит једна таква програма, македонците ученици во Белград во 1893/4 уч. г., во време на инспекторството над, ниф на директорот на III гимназија Г'уро Милијашевич, решија да состаат македотацко друтарство во Белград. Цел'ата на другарствого беше, негоите членои да се запознајат и да си изработат једнапрограма, која ке је осашчествуваат во Македонија тајно от србцката пропаганда. Јавната цел'а на другарството беше изучуајн'ето на Македонија во етнографцки, географцки, филологијцки и историјцки однос.

Се разбират, оти от тоа другарство не излезе нишчо, зашчо србите не доверуваа на македонците и зафатија да прајк'аат во него „старосрбијанци“, црно-горци, боснијци, ерцеговинци и пр. Оообено тоа недоверије и наплив от срби во македонцкото другарство настапи на II година него сашчествуајн'е при инспекторот, гимназијцкијот проф. Јуришич. Но со растурајн'ето на другарството не се изменија чувстаата и стремежите на македонците во Србија. Они зафатија да следат револ'уционата организација, создадена од македонци со бугарцко-србцко образуајн'е као и односот на србите кон неја. Они си дадоа отчет од рол'ата на Србија во македонцкото прашајн'е до сега и за однапред, затоа и ним принадлежит честта да сет создаачи на националнијот сепаратизм стред македонците. Они сет и главните негои последуачи. Мег'у ним имат луг'е со висок патриотизм и со здрао разбирајн'е на националните македонцки интереси.

Тије македонци и дадоа израз на својите убедејн'а за македонцкото прашајн'е со издаајн'ето во Белград во 1902 год. ноината „Балкански Гласник“. Издаајн'ето на таја ноина не можеше да се аресит на србцките шовинисти, за тоа србцките ноини подигнаа шум против издаајн'ето ва „Балкански Гласник“, обвинуајки негоијот редактор во сочувство на македонцките комитети, во резултат на које тој беше претеран от Србија.

Таквије сет резултатите на србцката пропаганда мег'у нејните воспитаници и органи, родом од Македонија. Во прашајн'ето за народноста на македонците србите пред македонците се придржуваа до втората од упоменатите две тероији, т. е. да сет македрнците срби, и токмо со тоа у ниф се добија противии резултати. Србите сакаа да напраат македонците да служат на србцките интереси, т. е. сами да се мисл'ат, и на својите сонародници да им вел'ат, да сет срби. Но на место тоа македонците зафатија да гледаат на себе како на македонци со своји оддел'ни цели, и сакаа, не да служат како орадија за србцки цели, но да употребат србцката политика како средство за достижејн'е на чисто македонцки цели.

Ни једен србцки воопитаник, особено, ако тој имат живејано во Србија, не само не веруат на србите, да јет он србин, но й мрзит за нивнијот шовинизм, и й лажит, за да си достигнит оамо цел'ата, да добијет образуајн'е. По свршуајн'ето на учејн'ето, можит да бидит и чиновник на пропагандата, но при тоа тој й мрзит, и проклинат судбата си за тоа, шчо јет орадие на једна пропаганда, која си имат своји цели, совршено противни на интересите на негоата таткоина — Македонија.

Таков македонец, обично до постапуејн'ето во србцка сколија, јет бил и во бугарцка, или грцка, или и во једната, и во другата. Тој си припаметуат, како во једната сколија го уверавале, да јет он грк, во дру гата — да јет бугарин, а тука — да јет србин. За него јет прашајн'е, каде јет истината, зашчо сите имаат свои аргументи. Протиоположните аргументацији не даваат возможност да се наит, која јет нај праата, и за тоа македонецот решаат да сет сите ложни и да имат само једна неопровргната истина: македонцките словени сет македонци и словени, следствено требит секој македонец да чуат интересите на својата таткоина и на својот народ, а не интересите на пропагандите.

Да покажиме и на друг тип македонец со србцко образуајн'е. Он можит се бројит бугарин, и по проживуајн'ето во Србија 4—5 год. Откако сврши тој своето образуајн'е во Србија, каде тој требит да одит: во Бугарија или Македонија? И во једната, и во другата шчо ке праит? Бугарија и екзархијата во Македонија имаат чиновници поеке от колку им сет нужни. Пак и да имат место, то него не ке му го даат на једен, шчо свршил во Србија, ами на једен свој кандидат. Да допушчиме ушче и тоа, да он добијат бугарцка служба. Но ке се чувствуат ли он на местото му? — Не. Тој за време на поминатите негои години во Србија се наог'ал под влијајн'е на цел ред приики, шчо отсатствуваат но Бугарија, и за тоа негоото мировозрејн'е се разликуат од мировозрејн'ето на тије, шчо се образуваа само во Бугарија и јет слободно от цел ред предземени мисли и предрасудоци. Нај малу во ноата обшчествена стредина тој ке се осек'ат не на својето место.

И така Србија, со својето набркуајн'е во македонцкото прашајн'е, напраи грмаден успеф и требит да си го признаиме да јет тој, не толку во нејна, колку во наша полза. Она отвори сколији, кладе консулства, ракоположи Фирмил'ана и со се тоа даде нов праец на нашето прашајн'е. Она создаде во европејцкото обшчествено мнејн'е и во самата Србија ил'узија да имат срби во Македонија и таја ил'узија минуат во очите на европејците за факт. Она застаи, да се прегледат од ноо прашајн'ето за народноста на македонците, и да се решит, ни во полза на бугарите, ни во полза. на србите, а во полза на оддел'на македонцка народност. Она воспита цело поколејн'е македонци, који имаа, имаат и ке имаат нај решител'но значејн'е во ноата историја на Македонија. Србцките воспитаници играат важна рол'а во македонцкото прашајн'е без да се обрак'ат внимајн'е на тоа, али они работат под бугарцка, србцка или македонцка фирма, као и без разлика. али сет они во морален однос л'уг'е високи или не. Србцки воспитаници имат от сите тије категорији, и во сите ниф се покажуат србцкото влијајн'е благодатно за Македонија. Србцките воспитаници, шчо работеа под бугарцка фирма, создадоа и поткрепија македонцката револ'уција; на ниф се должит и политическијот сепаратизм. Националнијот сепаратизм се должит на србцки воспитаници идеалисти, шчо работаат под србска маска, а во душата своја се признаваат за македонци; србцките воспитаници, со својеето образуајн'е во Србија, се образуваа во национален дух, наместо во национален индеферентизм во Бугарија, и ако некоји од ниф сецело не престанаа да се вел'ат бугари, но мег'у ниф и македонците со чисто бугарцко образуајн'е и самите бугари се отвори једна голема пропаст: они со својето образуајн'е станаа на стредината мег'у бугарите и србите, т. е., велејки се по традиција бугари, они престанаа во душата своја да сет такви: они станаа македонци. Нај после нај долните, нај отчајаните органи на србцката пропаганда, родом македонци, пак сет полезни за Македонија: од ниф се образуат клас од недоол'ни со србцката пропаганда, за који шчо немат пат кон бугарите; они ке уголемуваат класот од националните сепаратисти.

Значит, ако није се лажиме во претположејн'ето, оти националнијот сепаратизм ке бидит поддржан от комитетите, организацијата и македонцката интелегентна колонија во Бугарија, то, и во таков случај, доста јет једна силна србцка пропаганда во Македонија, за да земит националнијот сепаратизм нај големи размери.

Но ноото течејн'е стрек'ат и ке стретит арен пријем ушче во зафатокот негов и во нај арната, нај интелегентната и непродадената македонцка интелегенција, како шчо и јет резултат на умственото и нравствено развијајн'е на последната. Имат, и ке се најдат, мнозина интелегентни македонци, кој шчо сет готои да дадат животта своја за интересите на својата таткоина и својот народ, који ке се запитаат: шчо јет по важно за нас македонците: обшчебугарцките, обшчесрбцките, обшчегрцките или македонцките интереси? И ке одгоорат, да сет интересите на таткоината секоаш по горе од интересите обшченародни, и да сет последните само стредство за првите, а не наопаку. Мала набл'удател'ност требит, за да се убедит чоек во таја истина. Нај напред се знаит от секого, оти није милуаме нашата таткоина Македонија и нашијот народ, зашчо катаден й видиме и й изучуаме со својите органи на чувствата. Во неја и стред него сме изл'упени. Од детинство сe, шчо јет мило ним и нам ни јет мило; сe, со шчо се радуваат они, и није се радуаме; они плакаат и није дост и жалост, обшчите предајн'а и обичаји не праат сите нас једно цело, — једен народ. Но једно поминиме границите на Македонија, или на јут, или на североисток, или на север, т. е. во Грција, Бугарија, Србија, наједнаш ке осетиме, оти дујет на нас веке друг ветар; ке осетиме да сме није тамо само неканени гости, и оти, ако сакаат тамо да ни се покажат брајк'а, но тоа го праат, за да не ограбат нас и да не експлуатираат. Грците, бугарите, србите, сите заједно не уверуваат нас, да није сите сме само од нивната народност, и оти нашето спасејн'е јет само во сојединејн'ето на цела Македонија, или барем на једен голем дел од неја, кон нивната држаа. Секој од нас ке забележит, оти тије л'уг'е, за који није знајефме само от книга, и й знајефме како л'уг'е, шчо сакаат да ни поможат да се ослободиме, ни се покажуваат нам за пријатели и сонародници и ни се присторуваат за наши покроители, не зато, шчо сме није грци или бугари, или срби, не зашчо се грижат за некакви обшченародни интереси, во који флизаат и нашите, не зашчо сакаат да ни поможат и да не избаат нас, а само со чисто егоистични цели, т. е. они експлуатираат со тоа, шчо се велиме није со нивните народни имијн'а, и сакаат, на осноа на. сашчествуајн'ето на тије народни имијн'а во таткоината ни, да уголемат својата таткоина, да обеспечат својите интереси со завладуајн'ето, ако не на цела Македонија, то барем на голем дел од неја. Не ни покажуат ли тоа, оти малите држаи, па и секоја једна страна, со преследуајн'ето обшченародни цели, преследуат не хумани цели: ослободејн'ето на поробените, а чисто материјални и егоистични, т. е. уголемуајн'ето нивно за нејн интерес, без да се гледат, али ке настапит подобруајн'е во судбата на Македонија, или не. Значит месните ингсереси се јауватт главни, а обшченародните второстепени; првите сет цел'а, вторите — стредство. Имијн'ата: бугарин, србин, грк во Македонија сет стредство на малите држаи да не заробат нас. Ако и није милуаме нашата таткоина и сами себе, то и није требит да претпочитаме нашите местни македонцки интереси пред обшчебугарцките, обшчесрбцките, обшчегрцките. Није требит да создадиме такво положејн'е, да немат во Македонија, ни бугарцки, ни србцки, ни грцки интереси, зашчо тамо немат бугари, срби и грци, а имат само македонци от словенцки происход и некоји друзи македонцки народности. Нашите интереси требит да си и изучиме и да си и зашчитуаме сами, а не да и дааме во туг'и раци, за да експлуатираат со ниф малите балканцки држаици.

После, националнијот сепаратизм ке имат место и у л'уг'е, шчо гледаат от практично гледишче на работите, без да се занимаваат многу со теоријата за народноста ни. Така, они ке расудуваат: ако једна Канада можит да се срдит на Англија за тоа, шчо последната, за да си бидит во арни односи со Сев.-Американцките Сојединени Држаи, пожртвуала ним интересите на Канада, и последната сега сакат да се ослободит од Англија и сама да си бранит својите државни интереси, зашчо по арно си й разбирала; — то зашчо Македонија да се не срдит на Бугарија за тоа, шчо она не можит да бранит македонцките интереси, ами само експлуатират со ниф, и зашчо Македонија да не речит: јас проливав крв од моји синои, нека бранат мојите интереси они сами, а не твој Начович, Цоков, Станчев и С-је.

Исто така, мнозина ке забележат, оти малите држаи се односуваат со таквоа недоверуајн'е кон рол'ата иа Бугарија во Македонија, као шчо се односуваа Големите Сили кон рол'ата на Русија во бугарцкото ослободуајн'е. Последните се бојеа од једна „С.-Стефанцка Бугарија“, зашчо мислеа, оти Русија ке си ја присвојит. Исто така, малите држаи мисл'ат сега, оти Бугарија сакат да се ослободит Македонија, за да си ја присвојит. Но кога видоа западните држаи, оти сет излажани и оти Бугарија рог'ат таквије л'уг'е, као покојнијот Стамболов и живијот Свирчо, се успокојија и зедоа да праат против вол'ата на Русија тоа, шчо сами расипаа во Берлин. Не ке се најдат ли и кај нас л'уг'е, који ке разберат, оти доверјето на малите држаи кон нашата таткоина ке зависит од наши Стамболовци и Свирчовци, но који ке видат опасноста за нашите национални интереси, не во Русија, ами во Бугарија? Поеке јет од за веруајн'е, оти ке се наддат и таквије. И тије ке бидат крајните сепаратисти.

Нај после мнозина ке забележат, оти нај големата нестрек'а наша се кријет во тоа, шчо немат у нас местен македонцки патриотизм. Да беше у нас тој, није, кај и да сме, ке мислефме и ке работефме само за Македонија. А сега једни од нас гледаат на себе како на бугари, и сојединуваат нашите интереси со бугарцките и на место да изучуваат Македонија во секаков однос, на место да изучуваат историјата на Македонија во сите времијн'а изучуваат бугарцките интереси и бугарцката историја, и често пати тије периоди од неја, шчо немаат никаков однос кон Македонија. Така н. пр. г. Баласчев, ориг'анец родом, на место да се занимаат специално со историјата и интересите на Македонија, ми изучуат бугарцките интереси и „вешчествената култура на бугарцкото ханство“, нешчо, које имат за Македонија истијо значај, као и историјата на Абисинија до покрстуајн'ето на абисинците. Друзи од нас сет во Грција и изучуваат грцките интереси и историја. Друг ориг'анец, Димица, се подвизаат во Грција и за него имат значејн'е историјата на Македонија само до нејното завојувајн'е од римјаните. Друзи македонци во Србија се чинат србцки патриоти и работат, на место за Македонија, за србцките интереси. Така једен богат кожарцки тргоец по име Коста Шуменкович по смртта своја пожртвува за србцките сколији 500.000 франкои. Такви печал'ни резултати, од врзуајн'ето на нашите интереси со туг'ите, доста сет, за да се убедат мнозина, да јет нашето спасејн'е само во националнијот и религиозен сепаратизм.

Во л'уг'е со таквија убедејн'а, као и во сите недоол'ни от пропагандите македонци бидит првоначално силата на ноото течејн'е. Но така ке бидит само во зафатоко. Бројо на приврженците јавни и тајни ке растит, не по дни, а по часои. Важно јет, то, шчо, до кога ке имат во Македонија бугарцка пропаганда' ке имат и србцка. И двете пропаганди се држат само со бугарцки и србцки пари. Недоол'ните од втората до востаајн'ето беа поеке. По востајн'ето бројот на недоол'ните од јобите пропаганди ке се израмнит со увеличаајн'ето на недоол'ните од бугарцката пропаганда. Но и да не бидит тоа, једна србцка пропатанда јет доста да создаит превосходна почва на ноото течејн'е. Сите македонци от србцката пропаганда ке бидит на страната на ноото течејн'е: органите на пропагандата ке сочувствуваат тајно, а не платените срби ке исповедуваат својата македонцка народност јавно.

Напоследок и мнозина македонци словени со грцко образуајне ке се признаат за словени. Сега тије не го праат тоа, оти требит да се вел'ат бугари, а името бугарин у грците се стаит многу долу. После сите од македонците сет готои да напраат отстапки от своја страна за објединуајн'е во једно национално цело, но ни једен от последуачите на трите национални пропаганди немат да изменит на својата пропаганда, за да капитулират пред друга. Националното објединуајн'е на македонците можит да станит само со компромис мег'у ниф, а не со капитулирајн'е на једните пред друзите. А тој компромис и јет ноото национално македонцко течејн'е.

Оттука јет јасно, оти, ако ноото течејн'е и не добијет некаква поддржка од многобројната интелегентна македонцка колонија во Бугарија, пак ке се развијат, само ке се развијат веке како течејн'е напраено специално против бугарцките интереси во Македонија. При големото развитје на ноото течејн'е и при силнијот отпор од Бугарија, можит да се очекууат за него поддржка от страна на Србија. Колку и да се покажуат оно неарно и опасно за Србија, се оно не протиоречит на србцките интереси. За Србија јет важно, Македонија, ако не бидит србцка, да не бидит и бугарцка. Једнаш се виде, оти она никој пат немат да бидит србцка, србите ке можат да се одвртат от своите утврдуајн'а, да сет македонците срби, и ке и признајат за одделно словенцко племе, једнакво блиско до србите и бугарите.

И така, македонцкото национално возродуајн'е јет настапен историјцки процес, шчо имат под себе јака почва и голема биднина. Оно се должит главно на конкуренцијата мег'у Бугарија и Србија во македонцкото прашајн'е. Како преодни стадији кон полното оддел'ајн'е на македонцките интереси од бугарцките и србцките т. е. кон националнијот сепаратизм, служат политическите револ'уциони организацији и политическијот сепаратизм, пропагандиран од ниф. Као главен извор за уголемуајн'ето на бројот на националните сепаратисти ке служит уголемуајн'ето на конкуренцијата мег'у бугарцката и србцка пропаганди во Македонија и бројот од лица недоол'ни от тије пропаганди. Нациналнијот сепаратизм ке се уголемит исто и од лица, шчо сознаваат сета вреда од националните и верцки пропаганди, који под вид да бранат нашите интереси, безбожно експлуатираат со ниф, и који шчо ке се решат на борба за националното објединуајн'е на македонците со сите тије пропаганди. Борбата со него јет опасна, не за него а за негоите противници. От таја борба он ке излезит победник, ушче поеке, шчо реформите во Македонија, ке дадат на неја возможност да се ослободит от туг'ите влијајн'а, и да пренесит центрот на возродуајн'ето натре во неја.


*) Прочетено на III-та седница на Петроградцкото Македонцко Научао литературно Другарство „Св. Климент" на 19 Октом.1903г.

Почеток | <<Назад | Напред>> | Содржина

granicnik