Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
За Македонцките работи

НЕКОЛКУ ЗБОРОИ ЗА МАКЕДОНЦКИЈОТ ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК

Во четирите горни статији на оваа книга јас сакаф да обрнам погледите на мојите сонародници на нуждата од једно корено изменуајн'е на досегашнијот процес на нашето дуовно развијајн'е, као и на тоа, да мојите возгледи во тој случај не сет нешчо ноо и безосновно, а сет само чекор напред во досегашното развијајн'е на нашето национално самосознајн'е и да сет затоа сосем природни и осноател'ни.

Се разбират, оти во једна мала книга, као шчо јет оваа мојата, не се можат подробно да се разгледаат сите задирнати прашајн'а. За секоје од ниф би се можела да напишит по једна цела книга. Но сега за сега от таквија подробни разгледуајн'а за задирнатите питајн'а се немат ушче голема и неотложна нужда; за тоа требаше за сите од ниф да се кажит по неколку зборои, зашчо они једно без друго сет нејасни и неразбирливи. Осем разгледуајн'ето на сите задирнати прашајн'а, за да бидит јасно појауајн'ето на книгата., сега ке требит да се кажит неколку зборои за својевременоста на книгата и нашијот литературен јазик.

Мнозина, можит, ке речат, оти вистина арно јет чоек да се позамислит над прашајн'ата, задирнати во таја книга, но сега ушче не му јет времето. Со оваа книга, ке речат они, се носит раздор и разјединуајн'е мег'у нас, на место сојединуајн'ето, које сега за сега ни јет така нужно. За македонцка народност, македонцка литература и литературен јазик није ке можиме да му мислиме само, кога ке заживејеме једнаш слободен политичен жиот; а до тогај нам ни требит, није да сме сојединени и да остаиме на страна националното прашајн'е.

На тоа јас можам да одгоорам само ово: по мојето мислејн'е, сегашните, т. е. мјурштегцките реформи сет максимум, шчо можа да ископчит од Европа револуцијата. Револуцијата на пролет ке бидит нај глупаото, шчо можиме није да напраиме. Со револуцијата на пролет ке се користат само нашите непријатели, који си имаат само есапи, противни на, нашите национални интереои. Револуцијата на пролет само ке ни уиишчит совршено нас и ке унишчит плодоите, добијени од неја до сега, оти она ке бидит напраена не против Турцко, а против него и Реформаторцките Сили, и оти тоа ке бидит не по наши есапи, а по есапите на некоја Голема Сил'а и некоји мали балканцки држаји, који ке не натераат нас да се дигниме, а после ке не остаат на стред пат; нај после, оти није, ако против сите аргументи на здравијот смисл пак подигииме востаајн'е, ке бидиме само осноа на дипломатцка борба мег'у реформаторцките држаи и некоја трека, која борба ке се свршит само нашето понишчуајн'е. За тоа бије, требит, да се откажиме от секоја мисл'а за револуција на пролет, ушче поеке, шчо реформите ке се воведат, зашчо со ниф јет врзана честта на две Големи Сили, који сет во стајн'е да постаат сe на својето, — и да се зафатиме за ноа т. е. културна борба, во која прво место, ке требит да зимат прашајн'ето за нашата народност и нашето национално-религиозно развијајн'е. Значит, истом сега му јет времето да се мислит за јазико наш, нашата национална литература и воспитаајн'е во национален дух. Сега настапуат време за интерес со национално-религиозни прашајн'а.

Тој интерес малу јет задоцнел, но од тоа ушче не следуат, да он си немат сега место мег'у нас и да можит да ни напакостит.

Ако сме логични, то требит да признајиме, оти автономијата на Македонија, за која до сега револуционерите се бореа имат смисл'а само во тој случај, ако револуционерите согледуваа во нашијот народ таквија качества и особини, који се немаат у друзите балканцки народи, а сет само наша характерна црта. Само согледуајн'ето на тије својеобразни црти во характерот, нравите, обичајите, жиотот, предајн'ата и јазикот на нашијот народ јет важна причина да сме није против делејн'ето на нашата таткоина и за нејната автономија, зашчо дележот ке ни искоренит се, шчо ни јет мило и ке ни наврзит много противно нешчо на нашијот народен дух. Само оддел'ното македонцко национално самосознаајн'е кај нас ни даат морално прао, да се бориме против барајн'ето на малите балканцки држаи, да се разделит нашата таткоина, и да се бориме против пропагандите, шчо готват почва за дележ. А ако не можит да се добијет автономија, требит ли није равнодушно да гледаме на работајн'ето на пропагандите и да се бориме со једно ноо течејн'е, шчо јет напраено само против ниф, за тоа само, шчо тоа течејн'е ке ослабело нај силната пропаганда? Никак не, зашчо ни једна пропаганда, колку и да јет она силна, не можит да ни даит тоа, шчо очакуаме није од неја. Сите пропаганди сет пропаганди само на своји, но никак не и на наши интереси, и од ниф никоаш немало нишчо особено за народот. Спасејн'ето от пропагандите никој пат не ке ни дојдит, зашчо, ако јет денеска једната по силна, утре ке се чинит и другата таква, а првата ке ослабнит. Пропагандите само нај после можат да достигнат крајната своја цел'а — дележот, које не го сакаат и тије, шчо сет против националнијот сепаратизм. Значит, последнијот не јет неуместен во сегашните прилики, и можит да ни даит само арни плодои, но не и да ни напакостит.

Једно си имат местото националнијот сепаратизм, то требит да се пројавит он во милоста кон сe, шчо јет, народно, и на прво место, во милоста кон народнијот јазик.

Јазикот јет стредство, со које није познааме, шчо мислит, шчо осек'ат и шчо сакат нашијот собеседник. Во јазикот се имаат оддел'ни гласовни знакои или зборои за сите мисли, осек'ајн'а и сакајн'а на једен чоек, за тоа јазикот на једен народ јет негоо дуовно богатство и наследство, во које се закл'учуваат, отпечатани во гласовни знакои или зборои, сите народни мисли, осек'ајн'а и сакајн'а, со који имат живено и живит једен народ и који се предаваат, као нешчо свето од једно поколејн'е на друго. Да сочуат некој својот народен јазик и да го бранит као светијн'а, значит, да останит он верен на дуот на својите предедовци и да уважаат сe, шчо имаат они напраено за својето потомство. Да се откажит чоек от својо народен јазик, значит, да се откажит он и од народнијот дух. Со тоа само се објаснуат сакајн'ето и усилијата на покорителите, да напраат покорените, да се откажат от својот јазик и да изучат на негоо место нивнијот; исто така со тоа се објаснуат упорството на покорените народи да сочуваат сето своје духовно народно наследство, а особито јазикот.

Таква милост кон нашијо народен јазик требит да имаме и није, ако сакаме да останиме верни на дуот на нашите предедовци. Милоста кон народнијо јазик јет наш долг и наше прао. Није сме должни да милуаме нашијот јазик, зашчо тој јет наш, исто така, као шчо ни јет наша таткоината ни. Првите гласои, шчо и имаме чуено, сет гласоите на нашите татковци и мајки, гласоите и збороите на нивнијот народен јазик. Преко ниф није добифме нашата прва дуовна храна, зашчо со ниф се осмисл'уаше се, шчо видефме со нашите очи. Со народнијот јазик није освојуаме психологијата на нашите татковци и предедовци и се чиниме нивни дуовни последници, као шчо сме со снагата нивни телесни продолжаачи. Ако се односуаме со презрејн'е кон народнијот наш јазик, није само врајк'аме со неблагодарност на нашите родители за сето нивно дуовно гледајн'е и воспитајн'е. — Није имаме и прао, осем долгот, да браниме нашијот јазик и тоа прао ни јет свешчено. Секој, кој шчо напаг'ат на наш'ијот јазик, ни јет исто таков наш непријател' као и нападачот на нашата вера. Верата и јазикот, тоа сет душата на једен народ, со изменуајн'ето на који, једен народ праит коренен душевен преврат: он се откажуат од се прег'ашно и земат се ноо. Тој коренен преврат, ако стаат постепено во течејн'е на цели векои не јет опасен, зашчо једни делои од него се односуваат до једни поколејн'а, друзи до друзи поколејн'а, така да једни делои преминаваат по наслетство, као народно наследије, и само некоји сет нои. Тој коренен преврат не јет опасен само, ако јет резултат на самостојното развијајн'е на народот.

Но, ако једен народ изменуат својот јазик и својата вера во једно касо време и под силно чуздо влијајн'е, сам без сазнаајн'е однесуајки се кон таја измена, то он се откажуат од сам себе и од негоите интереси и предаат и себе и наф на једен по силен народ, кој шчо ке постапит со него и ниф, како шчо ке му се заблагорасудит. Значит, да се откажит једен народ от својот јазик, се велит, да се откажит он и од сам себе и својте интереси; се вели'т, да престанит да гледат на себе со своји очи, да судит за себе и за друзите со својот ум и разум, а да чекат укажајн'е за се от страна. једен народ, кој шчо изгубил својот јазик, мјасат на једен чоек, кој што изгубил патот и не знајит от кај идит и кај одит, и кој шчо не знајит, зашчо одит вамо а не онамо или тамо. Колко во по скоро време једен народ изменуат својот јазик, толко по опасно и отчајано јет негоото положејн'е.

Опасноста, која угрожаат на нашијот народ и негоите интереси от страна на пропагандите, који шчо употребуваат сите и дозволени и недозволени стредства, за да исчистат од Македонија нашијот јазик и со него нашите дуовни интереси, и да насадат на нивно место нивните јазици со нивни интереси, не само не задолжуат нас, но и ни даат полно прао да употребиме сите и дозволени и недозволени средства, за да сочуаме нашијот народен јазик, и со него нашите народни интереси. При тоа није не сакаме туг'о, а си браниме својето.

Јазикат јет акустичен резултат од физиолошко работејн'е на органите на чоечката реча, на кој шчо му се приписуат извесно значејн'е. Главните елементи на јазикот или чоечката реча сет: органите на речата, нивното физиолошко работејн'е, слуот, псиолошкото воспријимајн'е на физиолошкото работејн'е на органите преко слуот, и присојединуајн'ето кон воспријиманијот резултат на физиолошкото работејн'е на органите на речата или гласот, или зборот, некоје значејн'е. Значит, јазикот главно јет физиолошко-психолошка способност на чоека, и као таква зависит од, се тоа, шчо праит да се менит чоек, т. е. со развијајн'ето на једен чоек и једен народ се раавијат и негоијот јазик, со нивното опаг'ајн'е опаг'ат и нивнијот јазик. Чоек се менит во време и пространство: исто така се менит и негоијот јазик. Променејн'ата во јазикот на једен народ во време состауваат историјата на јазикот на тој народ, а променејн'ата негои во пространство составуваат негоите современи вариацији или дијалекти, поддијалекти, гоори, подгоори и пр.

Секој народен јазик имат овоја историја и своји совремеви вариацији или дијалекти, поддијалекти и пр. Своја историја и вариацији имат и нашијот јазик. По таја историја можит да се изучит, како сегашните вариацији се добија от по стари и последните од једен обшч македонцки јазик, а тој од једна јужно-словенцка група и пр. Исто така, по неја можит да се проследит на која вариација, или на кој диалект, во које време имало по голема литература.

Историјата, како на нашијот, исто така и, на друзите јазици, ни покажуат, оти секој диалект, поддиалект, гоор и подгоор, можит да се опотребуат во литературни произведејн'а. Таја привилегија на једен диалект, поддиалект и пр. — да бидит орган на литературна реча — по учејн'ето на историјата на јазиците, се даат ним, не по некакви особени естетични преимушчества, а по чисто практични причини, т. е. по стечејн'ето на историко-културните прилики. Тије прилики денеска подигаат једно наречије на степен на литературен јазик, утре друго и пр.

Историко-културните прилики во создаајн'ето на литературни јазици господствуваа секоаш, господствуваат они и сега. Благодарејн'е ним во нај ноо време се откажафме да си избериме једно од нашите ннречија за наш о'бшч литературен јазик, а наместо тоа зедофме да се учиме и да пишиме на туг'ите саседни јазици, нај поеке на бугарцкијот. Благодарејн'е на приликите сега није си избираме за обшч литературен јазик, централното македонцко, т. е. Велешко-Прилепцко-Битол'цко-Охридцкото наречије.

Који сет тије историјцко-културни прилики, шчо не застауваат: прво, да си создааме свој литературен јазик и второ, да избираме имено централното наречије?

Ето који.

Није видофме колку сет народните интереси тесно врзани со јазикот, а последнијот со характерот и дуот народен. Није видиме сега, оти три нациоиални и религиозни пропаганди во нашата таткоина се борат једна против друга и сите заједно се борат против нас и нашите интереси, сакајки да им нанесат смртен удар и да си и потчинат под себе, зимајки со таја цел'а религиозното и сколијцко работејн'е кај нас, во своји раци преко црквата и сколијата за да нанесат смртен удар на нашата народност, ни налагаат на нас нивнијот, наместо нашијот јазик. Народните интереси ни налагаат за да и зашчитиме ниф, да браниме нашијот јазик от пропагандите. Тоа бранејн'е ке бидит успешно и ке размрсит сите планои на пропагандите, ако бидит задружно и обшчо. А за да бидит такво, требит со обшчо согласије да се изберит једно наречије за обшч македонцки литературен јазик. Согласије ке имат, ми се чинит, само ако секој од нас праит избор, не по некакви естетични сообразуајн'а и не по чисто местни причини, а од гладишче на обшчите интереси. Последните пак налагаат: периферијцките наречија, да отстапат место на централното. Како шчо во једна држаа се имат држаен центр, кој шчо нај арно јет да се наог'ат во стредината на држаата, и кон кој шчо се собираат сите конци од државнијот жиот, исто така и во јазиковните или области от сродни наречија требит да се имат једен центр, кој шчо по значејн'ето негоо требит да се односуат кон периферијцките наречија и гоори, као шчо се односуат центрот и столицата на држаата кон крајните окрази и околији. Около централното наречије требит да се групираат сите наши научни и литературни сили, за да го очистат и обогатат со сокроишча од друзите-македонцки наречија и да создадат од него једен убав литературеи јазик. На него требит да се создадит једна богата сколијцка, научна и убаа литература, за да можит преко ниф да се раширит низ цела Македоиија во вид на литературен јазик, кој шчо ке изместит од неја пропагандцките јазици. А заједно со изместуајн'ето на пропагандцките јазици и со создаајн'ето наш литературен јазик, се изместуваат од Македонија и интересите на балканцките држаици и нивното место ке го застапат создадените со јазикот македонцки интереси.

И така, користа, шчо ке ни ја даит нашијот обшч литературен јазик, ни служит за мерило при избирајн'е наречије за таја цел'а, и она јет главнијот фактор при, создаајн'ето на нашијот нов литературен јазик.

При возвишаајн'ето на једно наречије на степен на литературен јазик, никога, немаат играно важна рол'а негоите естетични својства. Тоа јет једно, зашчо практичните сообразуајн'а зимаат врф над естетичните, а друго, зашчо последните сет односител'ни и поеке субјективни. По таја причина, по убаи се чинат на чоека готоо само тије наречија и гоори, шчо й слушат он или и имат слушано по често. За тоа и не можит да се зборит за, естетичност во јазикот, диалектите и гоорите.

Значит, једен македонец од источна, или северна или јужна, или западна Македонија немат прао да се противит да бидит избрано централното македонцко наречије за литературен јазик само зато, шчо не им се чинело убао. Немаат прао они да протестираат против централното наречије и за тоа, шчо јет оно централно као и зашчо изборот се праит по практични соображејн'а.

Сега да видиме, али избирајн'ето на централнота наречије за литературен јазик се оправдаат от практично гледишче?

Битол'а се избират за резиденција на Генералнијот Инспектор за Македонија и негоите советници — цивилни агенти. Она се обрајк'ат во престолнина на Македонија. Таја ноа престолнина не јет далеку от старите: Преспа и Прилеп, и од седалишчето на до неодамна автокефалнијот Оридцки Архиепископ. Значит, централното наречије имат зад себе, така да се речит, историјцки праа. Последните се осноаваат и на негоото централно положејн'е, које јет, како во географцки, така и во етнографцки однос. Централен град во Македонија ни јет Велес. От тој центр географцки, није само мало се оддалечуаме, идејки преко Прилеп кон Битол'а и Орид. Таков праец при оддалечуајн'ето од географцкијот центр се објаснуат со тоа, оти тије крајишча сет от по големо историјцко значејн'е за Македонија, а од друга, сет по оддалечени и от србцкијот и бугарцкијот јазикои центрои, состауајки от себе македонцки јазиков центр. И вистина диалектот Велешко-Прилепцко-Битол'цко Оридцки јет јатката на македонцкијот јазик, зашчо на запад од него јет Дебранцкијот (рока), на југ — Костурцкијот (ронка), на исток — источнијот или Солунскијот (ръка) и на север — Скопцкијот или севернијот (рука).

Создаајн'ето литературен јазик јет дуовна потребност кај нас, со која се мислит да се клаит крај на злоупотребите на пропагандите со нашите интереси, и со која требит да се создаит свој литературен и научен центр, за да се немат нужда од Белград и Софија. А та тешка задак'а ке се достигнит само, ако македонецот от северна Македонија подаит рака на својот брат од јужна Македонија и македонецот од источна Македонија подаит рака на тој од западна. Подадените раци ке се прекрстат около Прилеп—Битол'а.

И така: стремејн'ето на македонците да создадат свој културен центр; тоа, шчо сега Битол'а се чинит престолнина на Македонија; шчо Битол'а, Орид, Прилеп сет историјцки места за македонците; као и тоа, шчо состауваат они географцки и јазичен центр; сите заједно праат да се пријимит, као обшч македонцки литературен јазик, централното македонцко наречије.

Откако се изберит наречијето, које имат да бидит македонцки литературен јазик, ке требит да се разгледат и прашајн'ето за македонцкијот праопис.

За праописот као и за праецот на нашето културно развијајн'е ке требит тука да се напраат неколку забелешки. Праописот на једен јазик, као и изработуајн'ето на једен литературен јазик можит да идит постепено и полусознател'но. Једен чоек од једен народ, шчо немат писменост, можит да изучит азбуката од једен народ по културен од негоијот. Тој чоек можит да употребуат туг'ата азбука и за гласои од негоијот јазик, или да изложит своите мисли со помок'та на туг'а азбука. Но ако во негоијот јазик се имаат гласои који се немаат во јазикот, от кој шчо се позајмуат азбуката, тогај позајмуачот на туг'ата азбука ке напраит некои изменејн'а и дополнејн'а во неја, со који ке бидит означена разликата во гласоите мег'у двата јазика. Таја позајмена и преработена азбука се предаат от колено на колено и со предајн'ето сe се изменут и се дотеруат до својствата на јазикот на позајмуачите. Така постепено и неосетно се изработуваат азбуките у по некултурните народи од додир со по културни народи. Но таква постепеност имат место, ако два саседни народи сет во не једнакви политични прилики, ке се речит, једнијот, т. е. по културнијот народ господаруат, а другијот, по некултурнијот народ јет заробен, или нај малу немат полна политична слободија. Но инак одат работите, ако двата народи имаат своји држаи. Во таков случај позајмуајн'ата, особено културните, биваат по сознател'но и по скоро. Така рисјанството и писменоста кај нас македонците се имат зафатено нај рано от сите словенцки народи. Они се распространуаваа, со векои и идеа одоздолу на горе. За тоа во историјата нишчо не се зборуат за покрстуајн'ето на нашијот народ. Но со покрстуајн'ето секој пат имат идено и писменоста. Со замолчуајн'ето на нашето покрстуајн'е се замолчуат и процесот на образуајн'ето на нашата писменост.

И така нашето дуовно прјепородуајн'е и просветејн'ето кај нас, па и изработуајн'ето на нашата писменост, заради географцките и историјцки прилики, имаат земено во првагга ил'адогодишнина по Р. Хр. инаков ход, а у друзите праославни словени инаков. Кај нас то се извршуат постепено и незабележено, кај ниф брзо и со извесна тендеција.

От турцкото завојуајн'е на Балканцкијот полуостров стана једна премена. Турцкото господство ни пресече сите вроки со нашата старина. Нај тешко се отрази оно на Македонија, као централна провинција, па затоа во тоа време, кога у друзите праославни словени постепено се изработуаше писменијот јазик и праописот, није се поеке се обезличаафме и готоо сосем се откажафме од нашијот јазик, као орган на литературна реча. Од време на време во течејн'е на цел XIX век није имаме опитуачки да се пишит на македонцки, но зарди некоји историјцки причини тије опитуачки не се овенчаа со успеф, каков би можело да се очекуат од ниф.

Литературните опитуачки на македонцките писачи во XIX век немаа за жалост таков значај, да задобијат последуачи, затоа, ако и сега во XX в. видиме некоји опитуачки да се пишит на македонцки, то тоа се не праит сознател'но и од некакви патриотични влечејн'а и цели, а само за забаа. Во тоа се состоит разликата во нашето, т. е. Македонцкото дуовно-национално возродуајн'е, от тоа на друзите праославни словенцки народи, со друзи зборои: као шчо по напред није постепено и први се просветуафме со рисјанство и со писмо, а друзите словени — после нас и на брзо, така пак сега, во тоа време, кога сите праославни словени постепено си изработија своји литературни јазици, своји богати литератури и постепено изработени праописи, није остааме назад от сите, туку речи, без литературни традицији, не зато, шчо и немаме, а зашчо заборааме својето, изучаајки туг'ето.

Није сега со брзина ке требит да разработиме нашијот литературен јазик, да установиме нашијот праопис и да создадиме једна, наша литература, која ке одгоарат на сите наши нужди. Со нашето сегашно национално возродуаја'е није се протиостааме на друзите праославни словени, као шчо се протиостаафме и напред: тогај бефме први во дуовното препородуајн'е, које кај нас беше бавно, а кај ниф скоро сега наопаку; тогај они нас сакаа да не достигнат и работеа со извесна тенденција и брзина, сега наопаку.

Во зависност от тоа, како се имат развијано једен народ и негоијот јазик и праописот можит да бидит различен. Ако једин народ само постепено си изработуат својето писмо и него го преработуат и при тоа во негоата историја се немаат таквија собитија, шчо ја преполоуваат и праат цела пропаст мег'у једната, т. е. старата и другата или ноата нејна полоина, — писменијот јазик и праописот содржаат во себе много таквија особини, који немаат реална вредност во гласоите на сегашното стајн'е на јазикот. Но, ако во историјата на културното развијајн'е на једен народ се имаат два периода, мег'у који се имат једен, као треки, но кој шчо јет период од застој и јет као непрелазна стена, мег'у ниф, — тогај во новијот период на развијајн'ето на националното самосознајн'е имаме препородуајн'е на народнијот дух, које стаат вистина на стара осноа, но во него влизаат много нои начела, согласно со дуот на времето и со специалните потреби на народнијот жиот и негоите пројауајн'а. Тоа препородуајн'е се одбележуат и во книжнијот јазик и праописот: како једнијот, така и другијот сет горе долу слободни од некоји традицији, који не сет согласни со современото стајн'е на разгоорнијот јазик.

И така историјата на културното развијајн'е на народите, согласно со нејнијот ход, содејствуат: или на чисто етимологијцки или историјцки праопис, или на бркан — етимологијцко-фонетичен или историјцко-фонетичен, или нај после на чисто фонетичен праопис. Трите вида от праопис зависат от по големата или по малата приврзаност кон старото или ноото стајн'е на једен разгоорен или литературен јазик. Једејн'от от трите праописа се усвојуат за једен литературен јазик у једен народ, шчо се возродуат, главно во зависност от та тенденција, шчо господствуат при народното возродуајн'е.

Једно јет тако, то и нашијот праопис и праецот на нашијот литературен јазик ке требит да бидит во полна заисност от та тенденција, која ке не раководит нас при нашето национално возродуајн'е. Каква можит да бидит таја тенденција се видит от таја книга.. Но јас ке си дозвол'ам да повторам. Она јет: прво, Македонија да се неутралисат за Бугарија и Србија и да се оддалечит једнакво од двете држаи и друго, она требит да се објединит на јазична осноа. Тије принципи ке ракоодат изработуајн'ето на литературнијот наш јазик; они ке ракоодат и праописот.

На тије два принципа одгоарат: 1, Прилепцко — Битолцкото наречије за литературен јазик, као једнак во далеко и от србцкијот и бугарцкијот јазици, и централно во Македонија. 2, фонетичнијот праопис со употребените во таја книга писмени знакои и со мали отстапки на етимологијата и 3, речничнијот материјал да јет собрајн'е от сите македонцки наречија.

Почеток | <<Назад | Напред>> | Содржина

granicnik