Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
За Македонцките работи

БЕЛЕШКА ЗА ЈАЗИКОТ ВО КНИГАВА

Во книгава е запазен наполно јазикот на авторот, како што е печатена прв пат. Затоа во неа к'е се најдат некои колебанија и недоследности во термини и правопис. Така на пример, има: нестреки — нестрек'и, нестрекја — нестрек'а, прочетени — прочитани, нарушаат — нарушаваат, вистина — истина, пагубна, — погубна, равнодушно — рамнодушно, зависеа — заисеа, можиме — можеме, безсмислени — бессмислени, стреден — среден, дали — да ли, от колку — отколку, суседни — соседни — саседни, религјозни — религијозни — религиозни, офицјални — официјални — официални, Балканцки — балканцки, врдзани — врзани итн. Исправени се само некои груби очигледни печатни грешки.
Предлогот од е пишан со две форми: от и од. Формата од е употребена пред зборови што почнуат со звучна согласка, со самогласка и обично пред н, л, м. Формата от, пак, е употребена пред зборови што почнуат со безвучна согласка.
По технички причини знакот i насекаде е заменен со ј.

Почеток | <<Назад | Содржина

granicnik