Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!



ТИПИК - ПРАВИЛО ЗА БОГОСЛУЖБА


Човек дома кога се моли, секоја молитва што ќе ја прочита е чудотворна, утешителна
И секогаш срцето се исполнува со многу радост и љубов, како и целиот свет околу тебе

Но во Црква (Храмот) постои строг редослед и правило, за секоја молитва и песна
Ова правило за читање и пеење на молитвите и песните во Православната Црква се вика ТИПИК

Постојат повеќе начини човек да учествува во тајните на молитвата

- Секој може дома да ги чита и да ги проучува молитвите и песните, читајки во себе, без редослед
  Со тоа ќе си ја насладува душата, и срцето ќе си го исполни со многу радост, вистина и благодат

- Во секој молитвеник постојат мали молитвени правила за дома и за различни потреби
  Утрински, Вечерни, Пред Јадење, Пред Работа ....
  Овие треба да се кажуваат на глас, тивко, внимателно и со страв Божји 

- Секој може дома или во храмот да изврши богослужба, сам, или заедно во заедница, без присуство на свештеник презвитер
  Утрена, вечерна, часови, акатист, ...  Освен Литургија. За Литургија мора да биде присутен Свештеник
  Кога ќе изврши служба, треба да се знае точнниот редослед за читање и пеење
  Словото на молитвите и песните треба да се чита и пее на глас, со големо внимание и страв Божји
  Ектениите и молитвите на Презвитерите да не се кажуваат
  Наместо голема ектенија се кажува Господи Помилуј 12 пати, наместо мала ектенија се кажува Господи Помилуј 3 пати
  Место возгласот * зашто твое е царството силата и славата на Отецот ....
  Да се кажува * По молитвите на светите отци наши Господи Исусе Христе Боже наш, помилуј не.
  Бијдеќи за ова е потребно познавање на типик како и повеќе големи книги, верниоте ретко богослужат дома.

- Заедничка богослужба на верните во Храмот
  Литургијата е чин на преобразување на лебот и виното во Тело и Крв Христова
  Со овие тајни сите верни треба да се причестат за учество во Вечниот Живот и Царството Христово
  Чинот на Литургија може да го изврат единствено ракоположени Презвитери и Ѓакони во Православната Црква
  Литургијата е најголема и најстрашна тајна на целиот свет, кон ова треба да се пристапи со најголема сериозност



Денот во Православна Црква започнува со Вечерна Служба, кога ќе зајде сонцето
Според денешната пракса, следниот ден Утрена, и веднаш по утрената Литургија
Оваа страна дава пример за редоследот на молитвите од Вечерна, Утрена и Литургија

Секоја служба започнува со Царе Небесен и Трисвето, т.е. вака:

Свештеникот: Благословен е нашиот Бог... 
Хорот или Псалтот: Слава ти Боже наш салва ти.
Царе Небесен, Утешителу, Дух на вистината кој си на секаде и се исполнуваш, ризницо на добрините животодавче  
Дојди, вселисе во нас, очисти не од секаква нечистотија и спаси ги Благи, душите наши

Трисвето:
Свети Боже Свети Силни Св Бесмртни Помилуј не (3) 
П
ресвета Троице помилуј не, Господи очисти ги гревовите наши
Владико прости ги беззаконијата наши. Свети посети не и исцелиги нашите слабости заради твоето име. Господи Помилуј 3
Слава на Отецот и Синот и Св Дух, сега секогаш и во вечни векови, Амин. (кратенка С:И:)
Оче наш кој си на небесата, да се свети името твое да дојде царството твое да биде вољата твоја како на небото така и на земјата
Лебот наш насуштен дај ни го денес, и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштаваме и ние на нашите должници
И не воведувај не во искушение, но избави не од лукавиот. 
Св: Зошто твое е царството и силата и славата на Отца и Сина ... 
Х:  АМИН Господи, помилуј
(12)

СИ: Пријдете да Му се поклониме на царот, нашиот Бог
        Пријдете да му се поклониме и да паднеме пред Христа Царот и нашиот Бог
        Пријдете да му се поклониме и да паднеме пред самиот Христос, нашиот цар и Бог                
                   

ОТПУСТ:
Повеќето од слубите завршуваат со Отпуст, т.е. вака:


Св: Премудрост.
Х:   Благослови.
Св: Благословен е Христос, нашиот Бог, постојано сега секогаш и во вечни векови
Х:   Амин, Утврди ја Боже, светата православна вера на православните христијани, во вечни векови.
Св: Пресвета Богородице, спаси не .
Х:   Почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите
      Нетлено Бога Словото, што го роди, вистинска Богородице, тебе ние те величаме.
Св: Слава Ти, Боже, надеж наша, слава Ти.
Х.   СИ: Господи Помилуј (3) Оче Благослови.
      Свештеникот прави Отпуст и го спомнува светителот чиј што е храм, и светиот, на кого се пее службата

ВАЖНО:
АКО СЛУЖБИТЕ СЕ СПОЕНИ: на пример утрена, па веднаш часови
Тогаш следната сужба (часовите) не започнува со: Царе небесни ... но веднаш: Придете да му се поклониме ...

Слава: значи дека се пее: Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух
И Сега:
значи дека се пее: И сега и секогаш и во сите векови Амин
Слва и Ниње: Слава на Отецот ..... и сега и секогаш и во сите векови, Амин

Во богослужбените книги често може да се сретне терминот
** АКО Е БОГ ГОСПОД -
Тоа значе ако не е пост, бидејќи на утрена кога не е пост се пее Бог Господ ни се јави ... по шестопсалмие
** АКО Е АЛИЛУИА -
Тоа значи ако е пост, бидејќи на утрена кога е пост се пее Алилуиа со Стиховите, по шестопсалмие

Тропар, Кондак, Икос, Ирмос ... сите овие се имиња на песни, во зависност од тоа каде и кога се пеат на служба
На пример постојат Воскресни Тропари, песни кои се пеат на утрена во недела по Бог Господ
Тропари на Празник, на утрена по Бог Господ на Празник пр: Си се вознесол во Слава ... (Тропар на Вознесение)

ЕКТЕНИИ

Тоа се молитви за целиот свет, на Свештеникот и Ѓаконот, на кои Хорот одговара со Господи Помилуј или Подај Господи
Постојат големи и мали ектении. Овие често се повторуваат во сите служби

Пример за голема ектениа
Св:
Во мир на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
За вишен мир и за спасение на нашите души, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
За мир на целиот свет, добросостојба на светите Божји цркви, и за соединување на сите, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
За овој свет храм, и за оние што со вера, побожност и благоговение влегуваат во него, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
За блажењејшиот архиепископ наш (името), високопреосвештениот наш митрополит (името), за чесното презвитерство, во Христа ѓаконството, за сиот црковен клир и народ на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
За благочестивиот и Христољубив народ наш и за православните христијани, да им помогне и да одолеат на секој непријател и противник, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
За овој град (или: ова село; или: оваа света обител), за секој град, земја и за оние што со вера живеат во нив, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
За благорастворување на воздухот, за изобилие на земни плодови и мирни времиња, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
За оние што пловат, патуваат, боледуваат, страдаат, што се заробени, и за нивно спасение, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
Да се избавиме од секаква скрб, гнев и опасност, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
Заштити, спаси, помилуј и запази нé, Боже, со Твојата благодат.
Народот: Господи, помилуј.
Спомнувајќи ја Пресветата, Пречиста, Преблагословена, Славна Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија со сите Светии, самите себе, еден друг и сиот наш живот на Христа Бога да го предадеме.
Народот: Тебе, Господи.


Пример за Мала Ектениа
Св:
Пак и пак во мир на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
Св: Заштити, спаси, помилуј и запази нé, Боже, со Твојата благодат.
Народот: Господи, помилуј.
Св: Спомнувајќи ја Пресветата, Пречиста, Преблагословена, славна Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија со сите Светии
Н: Пресвета Богородице спаси не
Св: самите себе, еден друг и сиот наш живот на Христа Бога да го предадеме.
Народот: Тебе, Господи.


БОГОСЛУЖБЕНИ КНИГИ
Пеачот или Хорот, користи Часослов, Минеи, Осмогласник (Октиох), а Свештеникот и Ѓаконот користат Служебник
Зборот Октиох и Осмогласник имаат исто значење
И пеачот и клирот (свештенството) пред секоја служба треба да го видат точниот редослед, од книгата ТИПИК
Постојат два типика: Ерусалимски и Цариградски
Ерусалимскиот е постар, службите од овој се пообемни, и затоа има поголем авторитет.
Двата може да се купат во Скопска Митрополија како и сите останати Богослужбени Книги
Еве како изгледа книгата ТИПИК, дел за празникот Благовештение
Сите гореспоменати книги се обемни и содржат огромен број информации за службите
Затоа оваа страна, како и секој совет од искусен пеач или свештеник е важен за секој што сака да навлезе во оваа наука

Ова е пример како излгеда книгата МИНЕИ, службата на Св Три Светители
Во минејот се наогаат Стихири, Канон, Седални, Тропари, Светилни .. за секој празник посебно
Во осмогласник, истите песни, за секој глас посебно. (кој глас е денес, може да се види од календарче)
Постојат  Гласови, овие се менуваат секоја недела, кога ќе заврши 8 от почнува 1 от
Пример. Ако е Недела 4 глас, псалтот отвора Осмогласник, во делот за 4 Глас
И ги пее сите песни, седални, кокндаци, тропари, канонот... од тој глас
Ако е празник отвора минеј, го бара празникот во минејот и тука ги пее сите песни за тој Светител (троапри, кондаци, седални ....)
Постојат 12 минеи со празник за секој ден
Во овој период МПЦ ги преведе поголемите празници
Така во Митрополијија може да се купат два Минеи со големите празници од целата година
Овие два ги има и секоја Црква, каде што има редовни служби со певница
Во нашиот случај за приемер го земавме празникот Св Три Светители
Пеачот покрај себе на певница секогаш ја има книгата Часослов и Минеј отворен на денешниот празник, ако е празник
Ако е Недела, тогаш покрај себе има Часослов и Воскресник (за воскр. малку подоле ќе објасниме)
Ако е Недела и Празник во исто време, ги има сите три Часослов, Минеи и Воскресник

Пример за вечерна служба на празникот Св Три Светители
Редослед на Вечерна     Download 
Св Три Светители            Download


- Свештеникот возгласува: Благословен е нашиот Бог постојано сега секогаш и во сите векови !
  Пеачот (Псалот) или Хорот:             Амин
- Псалтот чита Царе небесен со Трисвето (види погоре)
- Псалот го отвора Часословот, ова е пример од Часослов на делот за Вечерна, и тука чита Псалм 103
- Св: Голема ектениа
- Пс: Го пее Псалм 1
- Св: Мала ектенија
- Пс: Пее Господи Повикав кон тебе (по гласот, дел од Псалм 140, од часословот)
                                                           Слушни
- Пс: Последните стихови ги пее наизменично, прво стих од псалмот (од часослов) потоа стихира од Минеј
               види голема вечерна, стихири на Господи возвах
- Пс: Пее Тивка Светлина, види во Часослов                                                                                                   
Слушни
- Св. Да внимаваме
- Пс: Пее Прокимен на Денот
- Св: Ектениа
- Пс: Чита молитвата Удостојне Господи од Часослов
- Св: Ектениа
- Пс: Пее Стиховни Стихири од Минеи ако е Празник, или Воскресен Осмогласник ако е Недела
                                                     Денес постојано да ги прославиме .....
- Пс: Чита молитвата: Сега го отпушташ со мир твојот слуга ... од Часослов
- Пс: Чита Трисвето и Оче наш од Часослов, пее Тропар од Минеот и воскресен богородичен од Часослов
- Св: Прави отпуст, како што пишува погоре на страната

УТРЕНА БОГОСЛУЖБА
Посојат повеќе видови на Утрнена
1. Воскресна, во Недела
2. Празнична, ако е голем празник, пример Богородичен, Св Никола, Св Ѓорѓија
3. Во пост, пример за време на 7 неделниот велигденски пост
4. Ако е Господов Празник или Богородичен, тогаш за редоследот има детално објаснување во Минеот
Секоја утрена започнува исто, со Шестопсалмие се до Бог Господ ни се јави
Додека псалтот го чита Шестопсалмието, Презвитерот ги чита овие 10 молитви
Потоа за секоја ќе треба посебно да се научи редоследот

  УТРЕНА ВОСКРЕСНА - ВО НЕДЕЛА
- Пс 19 и 20
(Овие во пракса не ги читаат во нашата Црква)
- Шестопсалмие
(се чита, за разлика од другите текстови кои се пеат)
- Бог Господ, Тропар Воскресен (2) Слава и Ниње: Богородичен (според гласот)
- Ек - 1 Седален - Ек - 2 Седален (седалните се песни од воскресен Осмогласник по гласот)
- Благословен си Господи (овие песни се нарекуваат НЕПОРОЧНИ ТРОПАРИ)
- Ек - Ипакој Степена Прокимен (од Осмогласник, по гласот)
- Откако го Видовме христовото Воскресение (се чита)
- Пс 50 (се чита)
- По молитвите на Богородица
- Ек - Канон (канон се 9 големи песни. Во недела се пее од новиот воскресен осмогласник во два дела, може да се набави во Митрополија)
По 3 песна Ек - Седален - По 6 песна Ек - Кондак - По 8 Песна Мојата Душа го Велича Господ
- Светилен (песна од Осмогласник)
- Фалитни Стихири (на секој стих од Часослов се пее стихира. т.е песна од Осмогласник во изд. на Митр.)
- Велико Славословие (Слава на Тебе Кој ни ја покажа Светлината ...)
- Денес ... или Воскреснат ... . Ако е Непарен Глас се пее (денес е спасението на Светот) ако е парен (воскреснат од гробот)
- Овде започнува Литургијата со возгласот на презвитерот (Благословено е Царството на Отецот Синот и Св Дух ...)

ЛИТУРГИЈА Воскресна - Во недела (мал преглед на редоследот)
- Благословено е Царството ... Амин
- Ек - Пс 102
- Ек - Пс 145 - Единородни
- Блаженства
- Придете да се поклониме
- Тропар и Кондак
- Ек - Трисвета Песна
- Прокимен Апостол Евангелие
- Ек Сугуба - Ек за Упокоени - Ек за Огласени
- Ние кои Херувимите ...
- Ек - Отца и Сина ...
- Симбол
- Милост на Мирот - И со Духот Твој - Ги имаме кон Господа - Достојно и Праведно - Свет - Тебе ти пееме
- Достојно
- Ек - Оче Наш
- Еден Свет - Причесен (Избран Псалм)
- Благословен е Оној кој доаѓа во Името Господово ... Тука следува причестување на Верните
- Видовме вистинска светлина
- Да се исполнат устите наши
- Ек - Нека биде Името Господово благословено - Отпуст



Во Црквата постојат повеќе служби, утрена, часови, вечерна, изобразителна, канон, акатист, повечерие, полноќна ....
Сите овие се долги, и во пракса во градските цркви се служи само во недела и во празник, утрена со литургија
А во манастирите секој ден се служи утрена со литургија, и навечер Повечерие
Сите од овие служби се многу долги, така денес во целиот свет постои пракса делови од службата не се читаат или пеат
Пример, од утрена не се читаат првите два псалми 19 и 20, песните од канонот, и често песните и псалмите по канонот се прескокнуваат
На вечерна 2 и 3 псалм, на литургија тропарите на блаженствата, како и благодарствените молитви по причест

Бдение значи Утрена Вечерна и Литургија споени заедно во една подолга служба
Понекогаш, ако е голем празник се служи Бдение, во Скопје обично во црквата Св Ѓорѓија во Кривидол
и во Марков Манастир
Бдението започнува околу 11 пред полноќ, и завршува во раните утрински часови
За разлика од редовните служби, на Бдение се читаат и се пеат сите молитви, песни и псалми





 

              

                 
     Мистична Теологиа
              www.angelfire.com/falcon/voznesenie