Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!



 


Приоритетни проекти

2. Водоснабдување во село и населба Горно Соње


Селото и населбата Горно Соње имаат 3 000 жители, со дефинирана урбанизација, но без водоводна и канализациона мрежа. Домаќинствата се снабдуваат со вода за пиење од индивидуални бунари, кои што во последниве години се слаби и се со степен на ризик по здравјето на населението заради појава на подземни загадени води. Со решавање на овој проблем би се решиле не само цивилизациските потреби туку и проблемот со здравствената безбедност на жителите.


Општа цел

Целта е изградба на водоводна мрежа за селото и населбата Горно Соње со приклучување на градската водоводна мрежа од примарниот цевовод во село Сопиште.


Конкретни задачи

1. Изведба на техничко-технолошка студија за водоводна мрежа во должина од 5 км примарна и 7 км секундарна мрежа за селото и населбата Горно Соње;
2. Изработка на техничка студија за изведба на пумпна станица во с. Сопиште и резервоар од 300 м3 во населбата Горно Соње;
3. Посочување на најдобрите еколошко-економски решенија за изведба на примарната и секундарната водоводна мрежа за Горно Солње и воведување на пумпната станица;
4. Изградба на дадените решенија.


Досегашни чекори

На ова поле до сега е изведен проект за резервоар со пумпна станица кај село Добри Дол, но истиот треба да се ревидира заради новите потреби на селото. На ниво на Советот е веќе одобрено спроведување на ова решение. 


Буџет

Директната инвестиција ќе биде проценета со изведба на проектот, но очекуваме буџетот да е 40 000 ЕУРО. 


Резултати

Со воведување на водоводна мрежа ќе овозможиме жителите да добијат поквалитетни услови за живот, ќе се намалат макотрпните напори за набвка на чиста вода за пиење и ќе се елиминраат сите појави на болести добивани од нечиста вода.


|
проект 1 | проект 2 | проект 3 | проект 4 | проект 5 | проект 6 |

 




Општина Сопиште
тел/факс: (02) 274 3032
(02) 274 3031
~~~~~~~~~~~~~~~~
Советодавно Биро на Општина Сопиште
тел/факс:(02) 274 2292
~~~~~~~~~~~~~~~~
Еколошки Информативен Центар во Сопиште
тел/факс:

 

^ top ^

© 2003 Општина Сопиште, сите права задржани