|
Приоритетни проекти
|
3. Изработка на студија за интегрално управување со цврстиот отпад во општина Сопиште
|
Сегашната состојба за постапувањето со цврстиот отпад може да се квалификува како нерегуларна и хаотична. Цврстиот отпад создаден претежно во домаќинствата е расфрлан насекаде. Евидентирани се и повеќе локации со буништа односно диви депонии во близина на сообраќајниците и во разни теренски влабднатини. Само за 1/3 од домаќинствата (од населените места во близина на Скопје) е обезбедено организирано згрижување на цврстиот отпад, иако единствената регионална депонија во Р. Македонија Дрисла се наоѓа на подрачјето на оваа Општина. Ваквата неповолна состојба со постапувањето со цврстиот отпад се должи на непостоењето на систем за интегрално управување со цврстиот отпад во Општината. Рамковните поставки за создавање на овој систем можат да бидат определени со изработка на наменска (физибилити) студија за интегрално управување со цврстиот отпад.
Постојната воспоставена состојба при постапувањето со цврстиот отпад предизвикува повеќе штетни последици.
Ветерот, атмосферските води и процесите на распаѓање на отпадот овозможуваат загадување на медиумите на животната средина и природните богатства, воздухот, водите, земјиштето, растителниот и животинскиот свет.
Со неконтролираното фрлање на цврстиот отпад од различни видови и потекло, се создаваат услови за развој на патогени микроорганизми и на штетници - нивни разнесувачи. Дистрибуцијата на штетните и опасни материи настанати од отпадот, ги контаминира водите, земјоделските и сточарските производи, односно негативното влијание во синџирот на исхраната. Со навлегувањето на овие материи, како и со патогените микроорганизми во човечкиот организам, се нарушува здравјето на населението.
Расфрлениот отпад ги нагрдува убавите пејсажи и амбиенталната околина, а локациите на диви депонии ангажираат корисен простор и употребливо земјиште. Неугодните реи, прашина, чадот од запален отпад, дополнително ги надразнува сетилата на луѓето.
|
Цел на проектот
|
|
Целта на овој проект е изработка на Студија за интегрално управување со цврстиот отпад во општина Сопиште.
|
Потреби
|
|
1. Да се определат тековите на цврстиот отпад, од неговото создавање до конечното згрижување;
2. Да се утврдат реалните рамки на управување со цврстиот отпад на подрачјето на општината;
3. Да се предвиди ефикасен систем за интегрално управување со цврстиот отпад, со определување на постапки, активности и субјекти реализатори, според објективните можности на локалната заедница.
|
Задачи на студијата
|
Со студијата треба да се определат и утврдат:
|
|
· гравитациското подрачје и продукцијата на цврст отпад;
· количините и видовите на создаден цврст отпад,;
· постапките со разните видови на отпад;
· институционалните рамки и организациската поставеност на управувањето со цврстиот отпад;
· економските ефекти: рентабилност, ефикасност и финансиски добивки и трошоци од функцијата на системот според интегралното или фазно управување со цврстиот отпад.
|
Определувањето на задачите ќе обезбеди услови за континуиран севкупен развој на системот, чиј составен дел е изработка на потребна инвестициона техничка, заштитна и друга документација.
|
Очекувани ефекти
|
Со имплементацијата на фазите од студијата се очекуваат повеќе поволни ефекти:
|
|
1. смалување на количините и видовите на создаден цврст отпад, со спроведување на регуларни постапки;
2. спречување на загадувањето на животната средина и природата;
3. елеминирање на можноста за нарушување на здравјето на луѓето;
4. подобрување на квалитетот на животот со отстранување и рекултивирање на дивите депонии;
5. економска корист од повторна употреба и рециклирање на отпадот;
6. финансиски добивки од работата на сопствено јавно комунално претпријатие за управување со цврстиот отпад.
|
|проект 1 |
проект 2 |
проект 3 |
проект 4 |
проект 5 |
проект 6 |
|
|
|
Општина Сопиште
тел/факс: (02) 274 3032
(02) 274 3031
~~~~~~~~~~~~~~~~
Советодавно Биро на Општина Сопиште
тел/факс:(02) 274 2292
~~~~~~~~~~~~~~~~
Еколошки Информативен Центар во Сопиште
тел/факс: |
|
|
|